За незаконската набавка на „мерцедесот“ од 600.000 евра со пари на полицијата, поранешниот премиер Никола Груевски никогаш нема да лежи затвор. Денеска таа казна му застаре. Одлежа Гордана Јанкулоска, а Ѓоко Поповски уште е во „Идризово“ за истата незаконска јавна набавка. Упатниот акт за во затвор по изречената двегодишна затворска казна токму за „мерцедесот“, беше итната причина Груевски да избега од Македонија на 8 ноември 2018. Набргу доби ...

Поплави со катастрофални последици го погодија Херцеговско-неретванскиот кантон во БиХ, првенствено општините Јабланица и Коњиц, при што има загинати и исчезнати. Јабланица е целосно отсечена, а полицијата го блокираше патот од Мостар кон овој град поради тешките услови. „Засега непотврдените информации велат дека има петмина загинати во невремето во Јабланица. Врнежите во изминатите 24 часа им создадоа големи потешкотии на жителите во неколку ...

Знамињата пред општинската зграда во Прилеп, на влезовите од градот и на јарболот во центарот денеска се на половина копје. Прилеп го прогласи 4 октомври за Ден на жалост поради сообраќајна несреќа во која вчера загинаа три медицински лица на магистралниот пат Битола-Прилеп. Додека патуваа на работа за болницата „Плодност“ во Битола загинаа прим. д-р Александар Ристески, специјалист-радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска, ...

Дваесет и едногодишна жена која била киднапирана од Исламска држава во Ирак пред една деценија е ослободена од Газа во тајна операција што со месеци ја подготвувале Израел, САД и Ирак. Жената е припадничка на древното верско малцинство Езиди, кое главно живее во Ирак и Сирија. Повеќе од 5.000 членови на оваа заедница се убиени и илјадници други беа киднапирани за време на теророт на Исламска држава во 2014, што Обединетите нации го прогласија за ...

Големи експлозии се регистрирани близу меѓународниот аеродром во Бејрут во уште една ноќ на израелски напади врз Хезболах. Извор од Хезболах изјави дека Израел извел 11 последователни напади врз упориштата на групата во градот, вклучувајќи ја населбата Дахиех, која се граничи со аеродромот. Повикувајќи се на израелски функционер, американските медиуми објавија дека мета на нападот бил Хашем Сафиедин, веројатниот наследник на убиениот Хасан ...

Велика Британија ќе му го врати архипелагот Чагос на Маврициус, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор околу иднината на последната британска колонија во Африка. Исклучок од договорот е островот Диего Гарсија, што Велика Британија и САД го користат како воена база. Двете влади се договорија островот да остане во надлежност на Велика Британија и САД и во следните 99 години. Чагос се состои од 60 зафрлени острови стратешки групирани во Индискиот ...

Поради трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа три медицински лица на магистралниот пат Битола- Прилеп, утрешниот ден, 4 октомври, Општина Прилеп ќе го прогласи за Ден на жалост. Оваа одлука е донесена на вечерашната вонредна седница на Советот на Општина Прилеп. Во сообраќајката која денес се случи нешто пред осум часот загинаа прим. д-р Александар Ристески, радиолог, специјалист гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог ...

Пред стартот на грејната сезона, енергетскиот стожер на Македонија, РЕК „Битола“, е оставен без доволни количини јаглен, а затекнатата руда на депонијата е со исклучително лош квалитет, соопшти новото раководство на АД ЕСМ и РЕК, кои извршија сеопфатна анализа на состојбите во рударско-енергетскиот комбинат. Констатирано е дека нема доволно откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран ископ за потребите на термоблоковите. Од ...

Скопските пожарникари вчера навреме стигнале на пожарот во скопски Чаир каде гореше зграда, но половина час не можеле да пристапат од паркирани коли. Според информациите на истрагата, пред зградата во која се запали магацин на продавница за домаќинство имало паркирано десетина коли. Морало да интервенира пајак службата, но и кога дошле пајаците сопственците на возилата не им дозволувале да ги кренат. Пожарот бил тежок за гасење оти во магацинот ...

До крајот на годинава ќе бидат готови експресните патишта Прилеп-Градско и Ранковце-Крива Паланка, кажа денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски на прес-конференцијата за работењето на Министерството во првите 100 дена на Владата. Николоски рече дека затекнал катастрофална состојба, со блокирани проекти и без никаква динамика за изведување на градежните работи на патиштата. „Кинеската ‘Синохидро‘ со засилена динамика работи ...

За еден месец од почетокот на учебната година, шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука (МОН), рече денеска министерката Весна Јаневска, додавајќи дека по нив се постапува. Според министерката, државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите, преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но и таа и заменик-министерот за социјална политика, демографија ...

Прим. д-р Александар Ристески, радиолог, специјалист гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска утринава загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Во несреќата е повредено и едно лице. Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти дека дежурен јавен обвинител од ОЈО Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. „Според првичните сознанија, до несреќата дошло при ...

По тримесечно истражување, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) следната недела ќе гласа дали синот на премиерот Христијан Мицкоски патувал со него во САД на товар на Буџетот, или авионската карта и престојот си ги платил сам, односно родителите. „Во однос предметот во врска со патувањето на синот на премиерот Христијан Мицковски во САД, постапката е во тек, обезбедена е комплетната документација во насока на утврдување на ...

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека Македонија е земја каде најмалку се чека за да се направи магнентна резонанца. Денес во Поликлиниката Идадија во Скопје, Таравари заедно со директорот на Здравствен дом Скопје, Самир Исени, и премиерот Христијан Мицкоски промовираа нов апарат за магнетна резонанца кој е пуштен во употреба на 17 јули. Купен е со сопствени средства на Здравствен дом Скопје, во вредност од 83 милиони денари (околу ...

Пожарот во зграда во скопски Чаир е изгаснат утрово, после ден и пол горење. Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), цела ноќ пожарот бил активен и на терен биле три пожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. „Околу 9.30 часот пожарот бил доизгаснат. Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ке се утврдува“, велат ...

Обвинетиот Ф. Г. кој претепа учесник на граѓанскиот протест на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје пред две години за силуваното 11-годишно девојче во Косово, доби пресуда од Кривичниот суд Скопје. Делото се водеше како кривично дело од омраза, зашто жртвата е припадник на ЛГБТ-заедницата. Тепачот Ф.Г. признал вина, добил условна пресуда, но и дополнителен надзор во следните неколку години по правосилност на пресудата. Ако постапи спротивно на она ...

Изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка, вели Институтот за јавно здравје, во чест на одбележувањето на Октомври- Месец против рак на дојка. Новиот извештај вели дека во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка. Од рак на дојка во 2010 починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 ...

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави повик за регрутирање доушници во Кина, Иран и Северна Кореја. Агенцијата објави пораки на социјалните мрежи на мандарински, корејски и фарси јазик, оставајќи инструкции како да се контактира безбедно. Во пресрет на војната во Украина, ЦИА распишала ваков оглас и за Русија, за кој кажа дека бил успешен. „Сакаме да им дадеме на знаење на поединците во другите авторитарни режими дека сме ...

Министерството за култура и туризам ја назначи Марија Причкова-Митева за в. д. директорка на Завод и Музеј Штип. Причкова-Митева речиси десет години работи во Музејот како стручна советничка по геологија, а доаѓа на местото на Митко Штерјов. „Планирам да ги реализирам проектите што ќе бидат одобрени и за 2025 за што веќе постои наша апликација, а за наредната 2026 имам визија и за други нови проекти затоа што нашето подрачје не е докрај ...

Фирмата „Адора инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец почна да град станбено-деловен објект на паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Паркингот од пред неколку дена е заграден со тараби и се подготвува старт на градежните работи, откако на 27 септември Општина Центар му издаде градежна дозвола на градежникот. Според Деталниот урбанистички план (ДУП) Крњево 2, максимално дозволена висина на објектот е приземје плус 18 ката. ...

Лекар обвинет за смртта на актерот Метју Пери се изјасни како виновен. Марк Чавес, еден од петтемина луѓе обвинети во случајот, ја призна вината во судот во Лос Анџелес за заговор за дистрибуција на анестетикот кетамин. Чавес му продал кетамински пастили на лекарот Салвадор Пласенсија, кој потоа му ги дал на Пери, кој беше пронајден мртов во џакузито во својот дом во октомври 2023. Една од причините за смртта беше предозирање со кетамин, кој се ...

Проф. д-р Билјана Кузмановска е именувана за в. д. Национална координаторка за трансплантација, изјави Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК. Проф. Кузмановска предава на Катедрата за анестезиологија, а работи а Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). На 5 јули, Владата ја разреши д-р Маја Мојсова-Мијовска од должноста Национална координаторка за трансплантација, на предлог на министерот за здравство Арбен Таравари. Разрешена ...

Израел го бомбардираше централниот Бејрут, убивајќи најмалку шестмина луѓе, што уследи по најсмртоносниот ден за израелските вооружени сили во едногодишните борби со Хезболах. Израел соопшти дека извел прецизен воздушен напад врз Бејрут и извор од безбедносните служби кажа дека мета била зграда во центарот на градот близу парламентот. Либанските власти кажаа дека загинале шестмина луѓе, а уште седуммина се ранети. Три проектили го погодија и ...

Пожарот во скопски Чаир е активен и по 20 часа откако избувна ноќеска во 01:55, а пожарникарите не можат да го изгаснат оти во подрумот има складирано запаливи материјали. Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), гаснењето се одвива отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. „Дополнително, како помош на скопските пожарникари, ќе ...

Одлуката на Иран да лансира 180 балистички проектили во вчерашниот напад врз Израел покажува дека Техеран сакал да нанесе сериозна штета, за разлика од нападот во април, кој однапред беше најавен. Израел потврди дека Иран успеал да погоди некои воени бази, но штетата била минимална. Бидејќи станува збор за балистички проектили, тие тешко се пресретнуваат. За разлика од претходно користените проектили „емад“ и „гадр“, кои патуваат шест пати ...

Неколку стебла долгогодишни дрвја деновиве се исечени во дворот на Националната установа Завод и Музеј во Битола зашто, како што вели новиот в. д. директор Зоран Николовски, биле оштетени и претставувале закана за фасадата на објектот и посетителите. Дрвјата биле исечени преку работна акција на вработените на која присуствувал и Николовски, а „Комуналец“ го исчистил сметот. Сега, вели директорот, како дополнителона добивка е тоа што се гледа и ...

Четириесет и три лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во скопски Чаир што избувна утринава. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување, објави агенцијата МИА, а на Клиниката за детски болести биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Според директорот на Клиниката за токсикологија д-р Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент ...

Нема прикачено известување на чешмата кај новиот парк во Довлеџик во Битола дека водата е техничка и не е за пиење. Паркот цело лето е во функција и е едно од најпосетените рекреативни зони во Битола од деца и возрасни. Битолчани кои денес ги затекнавме во паркот велат дека цело лето пијат вода од чешмата. Опкружувањето на чешмата е каскадно уредено со делкан камен и коцка, а во нејзина близина има уште две други чешми. На последната редовна ...

Годишно по 35.000 туристи од Германија, Франција и Велика Британија ќе доаѓаат во земјава. Како што кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски туристите ќе се носат со чартер летови, а турите ќе ги организира германската компанија „РСД“. Првите туристи се очекуваат во февруaри и секој ден ќе има по еден чартер лет со по околу 190 патници. „Тие имаат намера да развиваат културен туризам и да ние ги покажеме нашите културни капацитети коишто ги ...

Ноември ќе биде месец на Џакомо Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, рече денеска генералниот директор на Националната опера и балет (НОБ), Оливер Арсовски. Сезоната ќе се отвори со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 16 октомври, а Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што ќе бидат изведени дела и од македонски автори. Ќе има и две изведби на балетот „Дамата ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
87%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.92
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
75%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
87%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52