Утрово е затворена скопската Зоолошка градина. Како што велат вработени во градината за САКАМДАКАЖАМ.МК, од Агенцијата за храна и ветеринарство е утврден птичји грип кај гуска што долетата во езерцето однадвор. Инспектори од Агенцијата извршиле увид, по што, како што раскажуваат вработените, убиени се сите птици кои се наоѓале во езерото поради контакт со заразената гуска. Во моментов во Зоолошката градина не може да се влезе, а вработените ...

Општина Охрид доби поддршка за сите 10 проекти со кои аплицираше на јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти на Владата. „Со реализацијата на овие проекти ќе се подобри животот на граѓаните, без разлика дали станува збор за реконструкција или изградба на локални патишта или, пак, за водоводи и канализации. На територијата на Општина Охрид има патишта во села кои не се чепнати“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. ...

Скопскиот џез фестивал продолжува вечерва со три ексклузивни концерти. Американскиот пијанист со кубанско потекло Давид Вирејес ќе свири во Националната опера и балет од 20 часот. Од СЏФ велат дека тој доаѓа специјално од Њујорк за да изведе соло пијано рецитал. По него, од 22 часот настапува групата на американскиот трубач Роб Мазурек, „Експлодинг стар оркестра“. Дополнителна ексклузива на овој настан е што бендот ќе одржи светска концертна ...

Не постои законска можност општините да го финансираат здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за државната агенција МИА. По најавите на општините Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на академијата, Перински вели дека посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на животот на граѓаните, место да ...

Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје денес за првпат во земјава се изведе истовремена операција на двете рамена со имплантација на протези додека е буден пациентот, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК специјалистот-ортопед д-р Ненад Петков и анестезиологот д-р Силвана Кралева. Станува збор за интервенција кај 35-годишна пациентка со тешки оштетувања на двата рамени зглоба, последица на реуматидоден артритис, автоимуно воспалително ...

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, вчера ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и во Турција. Првата награда ја доби новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти. „Искрено се надевам дека, малку од малку, оваа приказна успеа да им помогне на ...

Цела Куба падна во мрак по дефект на главната електрана, поради што десет милиони жители останаа без струја. Властите кажаа дека не знаат колку ќе биде потребно за да се обнови електроснабдувањето. На целиот остров имаше редукции на струјата во изминатите месеци, поради што владата во четвртокот прогласи вонредна енергетска состојба. Вчерашното тотално затемнување уследи по исклучувањето на електраната „Антонио Гуитерас“ во Матансас, која е ...

1 И сега, што? Премиерот Мицкоски вели дека има дилема дали воопшто да праќа писмо до Европската унија со неговите предлози за откочување на преговарачкиот процес. Беше во Берлин, таму се видел со германскиот канцелар Олаф Шолц, плус и некој министер од Франција му пренел и лична порака од Макрон, па и со други некои европски лидери претходно се имаше сретнато и сега вели: „Имам лична дилема, бидејќи таму имав можност сите да ги запознаам со ...

Хамас ја потврди смртта на својот лидер Јахја Синвар, додавајќи дека тоа само ќе ја зајакне групата. Заменик-шефот Халил ал-Хаја кажа дека групата ќе продолжи по патот на остварувањето на амбициите на палестинскиот народ. „Израелските заложници нема да бидат вратени додека не заврши агресијата врз Газа и не дојде до целосно повлекување на израелските сили од појасот. Ја продолжуваме борбата до ослободувањето на Палестина“, изјави Ал-Хаја, кој ...

Суспендирани се од работа двајцата здравствени работници – доктори-специјалисти кои на 3 октомври биле дежурни и извршиле преглед на 14-месечното девојче кое почина на 5 октомври, соопшти Клиниката за детски болести. Клиниката донесе одлука за времено отстранување на докторите и за формирање Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност. Лекарската комора денеска кажа нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за ...

Судењето за двојното свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи денеска со вкрстени прашања за сведокот Дејан Димовски, полициски началник кој бил вклучен во потрагата и пронаоѓањето на телото на 14-годишната Ѓорчевска. Првообвинетиот Љупчо Палевски го праша: „Како утврдивте само на кажување дека јас сум организаторот на грабнувањата и убиствата?”. „Еве затоа има судење. Ние не тврдиме ништо”, му одговори сведокот. „Кога ги ...

Унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“ формираше своја фирма во земјава со што ја почна постапката да стане трет мобилен оператор, соопшти компанијата. Регистрацијата на фирмата „Оне Македонија Телекомуникејшн“ е завршена, а целта, како што велат од унгарската компанија, е да влезе што поскоро на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Веќе се започнати консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело и ...

Судскиот процес за киднапирање и свирепо убиство, прво на Панче Жежовски (77) од Велес на 22.11.2023 година, а по пет дена и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, продолжи денеска со сведочењето на Дејан Димовски, началник за насилен криминал во СВР Скопје (убиства, силување, грабнување, семејно насилство). На 27 ноември, кратко време по грабнувањето меѓу 7 и 7.30 часот тоа утро, Вања е убиена и закопана. Во досегашните сведочења, ...

Северна Кореја започнала да испраќа војници да се борат со Русија против Украина, објавија јужнокорејските разузнавачи, што доаѓа ден откако Володимир Зеленски предупреди дека 10.000 војници од Северна Кореја наскоро би можеле да се вклучат во војната. Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, кажа дека меѓународната заедница мора да одговари на ова со сите расположиви средства. Според шпионската агенција на Јужна Кореја, во Русија веќе ...

Лекарската комора вели нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор за лекувањето на 14-месечното девојче кое почина на Клиниката за детски болести и ќе чека решение од министерот за здравство за Арбен Таравари со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. На 5 октомври, на Детска клиника почина 14-месечно девојче, кое претходно било ...

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска го нарече премиерот Христијан Мицкоски суетен и рече дека предводи Влада со „секташко ментална состојба“. Реакцијата на Арсовска следи откако Владата не прифати ниту еден од 20 проекти со кои Град Скопје аплицираше на повикот за помош на Општините. Одбиени се и проектите на Општините Струмица, Сарај и Теарце оти не ги исполнувале условите. Арсовска вели дека на Мицкоски суетата му е поважна од ...

Во Македонија според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР) во 2023 идентификувани се 7 домашни жртви на трговија со луѓе од кои 4 девојчиња, 2 момчиња и 1 жена жртва, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вчерашниот ден, 18 октомври се одбележува како Европски ден за борба против трговија со луѓе и е ден посветен на јавно-здравствениот и социјален проблем со големо значење , трговијата со луѓе. Трговијата со луѓе е ...

Два концерта во Националната опера и балет се на програмата на втората вечер на 43. Скопски џез фестивал. Од 20 часот настапува квартетот на португалскиот саксофонист Родриго Амадо, опишан како еден од најзначајните европски импровизатори во моментов. Тој во Скопје ќе го претстави својот нов, меѓународен бенд „Бриџ“ (The Bridge), во кој членуваат тројца ветерани на џезот: германскиот пијанист Александер фон Шлипенбах, норвешкиот контрабасист ...

Володимир Зеленски го претстави својот план за победа пред Европска Унија и НАТО, добивајќи ветувања за континуирана поддршка, но не и одобрување за неговиот повик Украина веднаш да добие покана за членство во западната воена алијанса. Зеленски кажа дека поддржувачите на Украина ќе направат голема грешка и ќе ѝ дадат сила на Русија ако не застанат зад неговиот план, кој содржи пет точки, меѓу кои и напади врз Русија со проектили со долг дострел. ...

Хезболах објави дека преминува на нова, засилена фаза од војната со Израел по убиството на шефот на Хамас, Јахја Синвар. Израелската војска кажа дека најбараниот човек во Израел бил убиен во средата во копнена акција во Рафа во јужна Газа и неговото тело вчера и официјално беше идентификувано со ДНК анализа. Синвар важеше за главен архитект на упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023, што ја покрена војната во Газа, која потоа се прошиири и ...

Сопругата на британски конзервативен советник е осудена на 31 месец затвор откако повикала да се запалат хотелите во кои што се сместуваат баратели на азил. Луси Коноли (41), чиј сопруг Рејмонд Коноли е член на советот на Вест Нортхемпшир, објави вакви пораки на социјалната мрежа Икс по убиството на три девојчиња во Саутпорт на 5 август. „Потребни се масовни депортации веднаш. Ако тоа ме прави расист, тогаш нека биде така“, рекла Коноли. ...

Утре, 18 октомври, ќе биде ден на жалост поради смртта на тројцата велешани кои вчера попладне враќајќи се од работа во Скопје загинаа во сообраќајната несреќа кај тунелот во Катланово. Во превртеното комбе на лице место починаа лица на 37, 47 и 66-годишна возраст. Петмина се повредени, две се во животозагрозувачка состојба, тројца се со тешки телесни повреди. Знамињата во Општина Велес утре ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и ...

Град Скопје не доби пари од Владата за ниту еден од 20 проекти со кои аплицираше на огласот за помош на Општините за реализација на инфраструктурни проекти. Одбиени се и проектите на Општините Струмица, Сарај и Теарце оти не ги исполнувале условите. На огласот на Владата аплицираа 80 Општини со 357 проекти. Евалуционата комисија составена од претставници од шест ресорни министерства оценила дека условите ги исполнуваат 77 Општини, а финансирани ...

Израел кажа дека многу веројатно го убил лидерот на Хамас, Јахја Синвар, за што моментално се врши ДНК анализа. Синвар се сметаше за архитект на упадот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023, што ја покрена војната во Газа, која во меѓувреме се прошири и на Либан. Двајца израелски функционери изјавија дека Синвар е елиминиран во операција во Појасот Газа, чија мета биле тројца милитанти. Израел уби бројни заповедници на Хамас во изминатите 12 ...

Обвинителството за организиран криминал и Министерстоцо за внатрешни работи (МВР) денеска во голема акција со претреси на 17 локации во Тетово и во Охрид, разбија злосторничко здружение, група која одреден временски период се занимавала со посредување во вршење проституција и со недозволена трговија со дрога. Незаконски стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело. ...

Почина легендарниот македонски композитор Љупчо Константинов, потврди семејството. Имаше 78 години. Константинов, кој дипломирал на Музичката академија во Белград, е автор на музиката за бројни играни, документарни и анимирани филмови, ТВ-филмови, серии и драми, како и за над 60 театарски претстави. Меѓу другите, автор е и на музиката за филмовите „Среќна Нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и ...

Четири населени места во Општина Босилово добија забрана за користење на водата за пиење. Како што соопшти јавното комунално претпријатие „Огражден“ од Босилово, поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата во однос на физичко-хемиските параметри забрана се воведува во населените места Босилово, Радово, Секирник и Робово. Причината е лошата вода што доаѓа од браната Иловица и тамошната филтер-станица не може да ја ...

Поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски е годинашен добитник на државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија. Министерството за култура соопшти дека претседател на Одборот за доделување на наградата е Блаже Миневски, а наградата ќе ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Здружението на контролори на летање на Македонија, што се одржува за првпат кај нас, кажа дека Владата размислува за воведување на интерконтинентални летови. Идејата е од Меѓународниот аеродром Скопје да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови и тој да биде ...

Да причекаме да видиме какви мерки ќе преземат директорите на Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, но очекувам од нив да има одговорност, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На 5 октомври, на Детска клиника почина 14-месечно девојче, кое претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52