Искршен асфалт, сообраќајни знаци, банкини и купиша земја има проголтано провалијата што се појави на регионалниот пат Новаци-Маково. Свлечиштето е длабоко над 10 метри, велат работниците кои екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК ги затекна на терен при денешната посета на местото. Сликата која ја видовме таму е навистина лоша. Се претпоставува дека ова е најголемо свлечиште во Битолскиот Регион во последните 20 години. Јамата е долга нешто помалку од ...

По неколкуте апели до Собранието да избере Народен правобранител, откако во јули се пензионираше Омбудсманот Насер Зибери, вработените во институцијата, која во секоја демократска држава постои за да ги штити правата на граѓаните, денеска се обратија до медиумите. Бараат Собранието да си ја врши работата и да избере Народен правобранител кој ќе ја потпише завршната сметка и ќе обезбеди постоење на институцијата Омбудсман, плати за ...

Средношколци од училиштето „Никола Карев“ од Струмица од дрвопреработувачка струка ќе ги поправаат оштетените и демолирани клупи во градскиот парк и низ градот. Тие заедно со професорот Никола Узунов, извршија мапирање на клупите во Струмица, при што акцент беше ставен на демолираните и оние на кои им недостасува или им е уништена дрвената подлога. „Мапирани се околу 190 клупи за одмор на кои треба да се интеревенира. Некои ќе бидат фарбани ...

Проруска хакерска група ја презеде одговорноста за голем сајбернапад што ги запре испораките на пакети на француската национална поштенска служба само неколку дена пред Божиќ, соопштија обвинителите. По тврдењето групата за сајберкриминал позната како Ноунејм057 (Noname057), француската разузнавачка агенција ДГСИ ја презеде истрагата за хакерскиот напад, соопшти канцеларијата на парискиот обвинител. Групата е обвинета за други сајбернапади во ...

Играч на американската лотарија Пауербол во Арканзас освои џекпот од 1,817 милијарди долари на вчерашното извлекување, со што заврши тримесечниот период без добитник на главната награда. Добитните броеви беа 04, 25, 31, 52 и 59, а бројот на Пауебол беше 19. Конечната продажба на лозови го зголеми џекпотот повеќе од претходно очекуваното, што го прави втор по големина во историјата на САД и најголемата Пауербол награда за 2025 година. Џекпотот ...

Изборните власти на Хондурас го прогласија Насри „Тито“ Асфура за победник на претседателските избори во земјата повеќе од три недели по гласањето, по продолжено броење обележано со обвинувања за нерегуларности. Асфура, кандидатот на десничарската Национална партија и поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, освои 40,27% од гласовите, соопшти изборната власт. Неговиот најблизок ривал, Салвадор Насрала од центристичката Либерална ...

„Зошто пајак- службата не е во функција 5-6 месеци и дали по опис и попис на работно место на тие што управуваа со пајак- возилото е да фарбаат канделабри во Општина Битола“, праша совеникот од Понаку Никола Гагоски на панел-дускусијата во Битола со директорите на јавните претпријатија за подобрување на услугите. „Пајакот е старо возило, со чести дефекти и скапи поправки. Економски неодржливо беше да го поправаме. Наместо да инвестираме во ...

„Димитар Кондовски и ‘Македонските бајки’ – калеидоскоп од светот на бајките на Димитар Кондовски“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 19 часот во Музејот на Македонија. Кондовски (1927–1993) е еден од клучните автори во современото македонско сликарство: сликар, илустратор, сценограф и професор, со опус што маестрално ја вкрстува модерната стилизација со средновековно-византиската традиција, орнамент и симбол. Како што вели ...

Русија планира да го пренесе својот одговор на најновиот нацрт-план за мир во Украина до Вашингтон во блиска иднина, соопшти Кремљ. Рускиот претседател Владимир Путин е информиран по разговорите меѓу американските и руските преговарачи во Мајами минатиот викенд, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков, цитиран од руската новинска агенција Интерфакс. Русија сега го изготвува својот став, додека останува во контакт со американските ...

Неправосилно осудениот Љупчо Палевски и тројцата соучесници во грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годиниот Панче Жежовски од Велес, поднесоа жалби против доживотните затворски казни. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, тие од Апелациониот суд Скопје не бараат ослободителни пресуди, туку укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката отпочеток, во Кривичниот суд Скопје. Судија-известител ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денес кажа дека Владата ќе купи 100 нови возила за АД Пошта на Македонија . Целта, како што кажа Николоски, е да се заштити државниот капитал и да се издигне Пошта на Македонија на поквалитетно ниво. „Работиме државната Пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Мојата намера е да се крене Пошта, а не вака да пропаѓа како што пропаѓа и во таа ...

Собранието денеска ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Хоџа да биде министер за животна средина и Сали за министер за евроинтеграции. За Хоџа рече дека располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, ...

Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР откри случај на трговија со дете од полнолетно машко лице кое откако ќе го издрогирал детето, го продавал за сексуални услуги на четворица мажи кои знаеле дека општат со дете. Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите за определување притвор и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи ...

Апелациониот суд од Гостивар двојно ги зголеми затворските казни на обвинетите Флорим Бесими и Артан Етеми за пожарот на 8 септември 2021 година во модуларната ковид-болница во Тетово. Тие добија по три години затвор, а во првостепената пресуда на Основен суд Тетово по година и пол. Во пожарот во модуларната болница починаа 14 пациенти и членови на семејствата. Бесими како тогашен дирекот на Клиничка болница Тетово, а Етеми како економски ...

Втор ден нема настава во основното училиште „26 Јули“ во скопско Шуто Оризари. Децата од вчера се враќаат дома, бидејќи наставниците протестираат и бараат да биде разрешена директорката Бесаре Сејди поради која, како што велат, е нарушен воспитно-образовниот процес. Пред година и пол, на Општината ѝ беа одземени ингеренциите за ова училиште од Државниот просветен инспекторат, Сејди беше разрешена и за нов директор на беше поставен Дритан ...

Затворени се девет новогодишни куќарки во Градската чаршија во Струга, поради неисполнување на основни хигиенски услови, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). „Агенцијата спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни по 200 евра во денарска ...

Направен е алтернативен земјен пат во должина од половина километар, за да не останат отцепени селата од битолскиот дел на Мариово и да може ѓубрето до Битола да се депонира во „Мегленци“, откако свлечиштето што се појави на регионален пат Р 1311 Новаци-Маково пред еден месец, деновиве предизвика сериозни деформации на постојниот пат. Свлечиштето e на кривината од патот кој водеше за депонијата „Мегленци“. „На терен направивме девијација, ...

Лазе Манасковски беше голем другар, колега, актер кој уживаше во спремањето на улогите, рекоа актерите од скопскиот Драмски театар, на денешната комеморација за Манасковски, кој почина на 20 декември на 67 години. Актерката Катарина Коцевска рече дека дека со Лазе студирале заедно, биле иста класа, се вработиле ист ден и година во Драмскиот театар. Целиот работен век го поминале во Драмски, играјќи многу претстави заедно, се дружеле и ...

Нема дополнителни 55 автобуси од приватните превозници на улиците низ Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веднаш по стапување на функцијата на 7 ноември одржа прес-конференција на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на која рече дека во јавниот превоз се пуштаат нови 55 автобуси. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто нема повеќе автобуси на улиците каде што најави ...

СВР Тетово и ОВР Гостивар вчера заплениле 14.500 парчиња пиротехнички средства. Поголемиот дел од пиротениката била затекната во продажан објект во Тетово во кој полицијата вршела контрола. „На 23.12.2025 во 14:20 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А. З. (52) од Тетово. При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени 12.507 парчиња разновидни пиротехнички ...

Министерството за здравство ќе набави 100 нови амбулантни возила, вредни 7,5 милиони евра, со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата. „Со оваа одлука обезбедуваме средства за набавка на 100 нови амбулантни возила, со вкупна вредност од 461.250.000 денари, со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави детали за ажурираниот мировен план од 20 точки, изработен од американски и украински преговарачи на Флорида, кој треба да послужи како рамка за крај на војната. Планот предвидува силни безбедносни гаранции од САД, НАТО и Европа, со цел да се обезбеди координиран воен одговор доколку Русија во иднина повторно изврши агресија. Зеленски кажа дека Русија ќе го даде својот одговор на предлогот ...

Три лица, од кои двајца полицајци загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Москва, откако двајцата полицајци му се приближиле на маж кој се однесувал сомнително во близина на местото каде што висок генерал беше убиен пред два дена со автомобил-бомба, за која Русија изјави дека била поставена од украинската разузнавачка служба. Голем број руски воени личности и поддржувачи на војната во Украина беа убиени за време на речиси четиригодишниот ...

Светот на луксузот и премиум привилегиите сега е достапен на бројни места на кои сигурно многумина од нас поминуваат време додека патуваат, се среќаваат со бизнис партнери и пријатели или уживаат со семејството. Влезницата за овој свет денес е прашање на избор со кој добиваш удобности и бенефити какви што бара твојот животен стил. И многу повеќе од тоа – статусен симбол препознаен секаде во светот и време исполнето со задоволства и привилегии ...

Поранешен близок соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху вели дека веднаш по нападот на Хамас во октомври 2023, кој ја предизвика двегодишната војна на Израел во Газа, израелскиот лидер му наложил да открие како премиерот би можел да избегне одговорност за нарушувањето на безбедноста. Поранешниот портпарол на Нетанјаху, Ели Фелдштајн, кој се соочува со судење за наводно протекување на класифицирани информации на медиумите, го изнесе ...

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ќе им одбие визи на пет лица, меѓу кои и поранешниот комесар на ЕУ Тјери Бретон, поради обид да ги „присилат“ американските платформи на социјалните медиуми да ги потиснат спротивните ставови. „Овие радикални активисти и вооружени невладини организации имаат напредни мерки за цензура од страна на странски држави – во секој случај насочени кон американски говорници и американски компании“, изјави ...

Лековитата моќ на музиката, композиторот Кирил Македонски ја открил на 7 години кога бил многу болен и се излекувал слушајќи музика. Откако го исполнил албумот со сликички, имал право да избира награда. Од велосипед, рачен часовник и други награди, малиот Кирил избрал грамофон. Подоцна музикотерапијата ја практикувал целиот живот, крунисувајќи ја таа љубов со диплома на престижниот конзерваториум во Аризона, САД. Грамофонот и овој сегмент од ...

Шефот на либиската војска загина во авионска несреќа во Турција, изјави либискиот премиер. Генералот Мохамед Али Ахмед ал-Хадад и уште четворица други биле во авионот „фалкон 50“ што летал од Анкара кон Триполи. Во објава на Икс, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека сигналот со авионот бил изгубен во 20:52 часот по локално време, околу 42 минути откако полетал од аеродромот во Анкара. Авионот побарал итно слетување ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги повика скопјани да пријават потенцијални загадувачи на е-поштата: [email protected] . Во објава на својот фејсбук профил, Ѓорѓиевски вели дека во изминатите два дена се спроведени „силни и координирани инспекциски надзори на терен“, а Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица загадувачи. Тој не прецизира колку правни лица и со какви казни се казнети. „Но за она што е во ...

Учениците нема да одат порано на зимски распуст поради загадениот воздух, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Денеска, на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на Унивезритетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, дали поради загадениот воздух Министерството за образование и наука (МОН) размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, Јаневска изјави дека ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.27
21%
1017
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.58
34%
1017
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.67
37%
1018
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.39
35%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.7
32%
1017
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
0.89
53%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.36
35%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
1.58
22%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.8
23%
1016
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
39%
1018
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 37ᴼ
7.6
28%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.76
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Злато

131072.82

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Калај

50.56

Бакар

12.33

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Кобалт

56.29