Во Основниот суд во Тетово продолжи судењето за злоупотребите при изградбата на новиот театар и библиотеката во Тетово. На обвинителната клупа се Сејди Шашивари, сопственик и управител на правното лице од Тетово „Урбан план констракшн“, самото правно лице, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово, Артан Арслани, претседател на Комисијата за јавни набавки и потоа в. д. директор на Центарот за култура и ...
Тие пред судот претставија подготвен наод и мислење за економскиот и градежниот дел во изградбата на новиот театар и библиотека во Тетово. Вештачењето е направено по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. За економскиот дел вештите лица Гордана Анѓелковска и Кире Костов објаснува ставови околу начинот и висината на исплатата на парите поврзано со пресметката на ДДВ. Исто така на барање на Основното ...

