Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Дел од превозниците не се придржуваат до договорените обврски во општинскиот линиски превоз во однос на саатница и број на возила. Некои, иако пријавиле одредени локации, биле затекнати дека не возат дотаму. Откако надлежната комисија им направила записник, извесен период го почитувале правилникот, но се појавувал друг транспортер кој грешел. Потребни се три записници во еден месец за ист прекршок за Општината да го раскине договорот, беше ...
Албин Курти вети брзо формирање влада откако неговата партија Самоопределување победи на вчерашните вонредни парламентарни избори во Косово. Според речиси 100% пребројани гласови, Самоопределување освои 49,3% гласови, што му носи трет мандат на Курти. Двете главни опозициски партии Демократска партија на Косово и Демократска лига на Косово (ЛДК) добија 21%, односно 13,6% гласови, со што има големи шанси да се стави крај на политичката криза ...
Доналд Трамп и Володимир Зеленски кажаа дека направиле прогрес во напорите да се заврши војната во Украина, но „остануваат едно-две спорни прашања“. Иако двајцата ги опишаа разговорите во Флорида како одлични, Трамп повтори дека клучното проблематично прашање е територија. По разговорите во Мар-а-Лаго, Зеленски изјави дека договориле 90% од мировен план од 20 точки, додека Трамп кажа дека безбедносните гаранции за Украина се договорени 95%. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Флорида на разговори за крај на војната меѓу Русија и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп во неговата резиденција во Мар-а-Лаго. „Склучуваме договор“, рече Трамп, додека двајцата се сретнаа на влезот. Зеленски рече дека се надева оти разговорите „ќе донесат мир што е можно побрзо“. Се очекува двајцата да разговараат за ажурирана верзија на мировниот план од 20 точки, посредуван од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Трут соушал дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа пред средбата со Зеленски што е закажана за денеска во Мар-а Лаго на Флорида. „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија“, објави Трамп и додаде дека средбата со Зеленски ќе се одржи во главната трпезарија на Мар-а-Лаго и дека новинарите се ...
Лицата со темна кожа и муслиманите се дискриминирани на германскиот пазар на недвижности, покажува ново истражување кое го објави Дојче веле. Ако нивното име звучи странско, значително е помала веројатноста да бидат поканети да разгледаат стан. Наоѓањето соодветно домување во Германија може да биде тешко, а уште е потешко за оние кои не се Германци и белци, откри студијата на Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција ...
Кога ќе се гради новата зграда на Драмскиот театар во Скопје, вработените времено ќе се преселат во новиот објект на Турскиот театар, најави министерот за култура Зоран Љутков на средбата со медиумите на 26 декември. Зборувајќи за инвестициите и реконтрукциите на институциите, министерот кажа дека се надева оти до крајот на 2026 ќе биде готова новата зграда на Турскиот театар, која се гради од 2014 година. Ансамблот и вработените на Турски ...
Силниот ветар кој дува од утринава, откорна дел од кров на зграда во центарот на Куманово. Кровот паднал на тротоар во еден од најфреквентните делови на градот, на крстосницата на улилвата Гоце Делчев и булеварот Трета македонска ударна бригада, па среќа е што нема повредени. Причинета е само материјална штета. „Во 10.50 часот било пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Куманово паднал дел од кров од зграда. Повредени лица нема, екипа од ...
Раководителот на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон побара 1 милион долари отштета од музичарот кој го откажа концертот откако името на претседателот Доналд Трамп беше додадено на објектот. Чак Ред го откажа својот настап на Бадник, кој го води секоја година од 2006, наведувајќи го гласањето на одборот за преименување на објектот во Центар „Трамп Кенеди“. Во своето писмо, раководителот на одборот Ричард Гренел рече дека откажувањето е „политички ...
Македонија стагнира во приближувањето кон ЕУ стандардите за животна средина и климатски промени. Ова е констатација во четвртиот „Извештај во сенка за Поглавје 27“ од Платформа 27, за периодот 2024-2025. Тој се однесува на 2 години, на периодот од почетокот на 2024 до крајот на ноември 2025 и насловен е „Напредок во место“. Анализата покажува минимален или никаков напредок во клучните сектори. Во извештајот е констатирано дека клучните Закони ...
Брижит Бардо, француската актерка и пејачка која стана меѓународен секс симбол пред да се откаже од филмската индустрија за да стане активистка за права на животните, почина на 91 година. Бардо стекна меѓународна слава со филмот од 1956 „И Бог ја создаде жената“, напишан и режиран од нејзиниот тогашен сопруг Роже Вадим, и во следните две децении ја отелотворуваше идејата за архетипското „секси маче“. Сепак, во раните 1970-ти години таа се ...
Новоизградениот зимски базен во Штип ќе биде пуштен во употреба на 29 декември. Објектот се наоѓа во непосредна близина на новиот „Дино парк“ и спортско-рекреативните центри „Суитлак“ и „Бриони“. Првите капачи во зимскиот базен ќе бидат ученици од неколку основни училишта во градот, по што следува и професионална промоција на пливањето од членовите на пливачките клубови. Зимскиот базен имаше јавна презентација кон крајот на септември ...
Отстранета е бетонската препрека долга 50 метри и широка 30 метри на реката Пчиња, кај месноста Шупљи Камен, Кумановско, која го попречуваше природниот водотек на реката. Бетонската бариера била изградена за време на Втората светска војна, како премин за тенкови од едната на другата страна на реката Пчиња. Со текот на годините, конструкцијата постепено се оштетувала и поради дотраеноста претставуваше опасност и за локалното население, а ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на Украина не ѝ се брза за мир и дека ако не сака мирно да го реши конфликтот, Москва ќе ги постигне сите свои цели со сила. Забелешките на Путин од вчера, пренесени од државната новинска агенција ТАСС, следеа по огромниот руски напад со беспилотни летала и ракети поради што украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Русија ја покажува својата желба да ја продолжи војната, додека Киев ...
Локалот во Кавадарци во кој на 22 ноември настапуваше Аца Лукас е казнет со парична глоба од 100 евра, иста казна добило и одговорното лице, поради тоа што во објектот имало трипати повеќе гости од дозволениот број во моментот на инспекциската контрола на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според законот, за ваков прекршок – вршење угостителска дејност без исполнување на минимално-техничките услови, што во овој случај се однесува на ...
Парламентот на Италија одобри реформа со која се олабавуваат контролите и санкциите во врска со јавните тендери, и покрај протестите на судиите и пратениците од опозицијата кои велат дека тоа ќе поттикне расипничко трошење и можна незаконитост. Реформата, презентирана од коалицијата на Џорџа Мелони пред две години, ги ограничува овластувањата на моќниот италијански суд на ревизори, одговорен за обезбедување усогласеност со италијанските и ...
Најмалку 300 гнезда на големиот бел пеликан и десетици други заедно со пилиња на далматинскиот пеликан се напуштени во Преспа од грчката страна на езерото. Климатските промени и повлекувањето на водата во областа на Преспанското Езеро во Северна Грција ги остави гнездата на пеликаните изложени на предатори, што доведе до нивно масовно напуштање од птиците во оваа сезона на размножување, соопшти Друштвото за заштита на Преспа (СПП) од Грција. ...
Над 645 илјади килограми отпад беше собран низ цела држава на петтата еколошка акција „Генералка викенд“, која се одржа од 9 до 11 мај. Учествуваа 55.627 волонтери, а беа вклучени повеќе од 600 владини и невладини организации и институции. Главен стратешки партнер на „Генералк викенд“ четврта година по ред е „Пивара Скопје“. Акцијата, која е во организација на „Мен енд маунтен“, беше поддржана и од ЗЕЛС и Црвен крст на Македонија. Почнувајќи ...
Надлежните органи треба да преземат итни и дополнителни мерки за справување со климатските промени, бидејќи во државата недостасува јасно дефинирана структура, координација и комуникација меѓу инволвираните страни, а сè уште не е донесен ниту Национален план за адаптација, констатирал Државниот завод за ревизија во најновиот извештај за подготвеноста на земјата да се соочи со овој глобален предизвик. Ревизорите утврдиле дека иако е направен ...
Со оглед на климатските промени, важно е да се потсетиме на основните причинители на екстремните појави, кои со текот на времето се наметнуваат како сè почести климатски тренд. Исцрпената почва и намалените природни ресурси сѐ почесто не можат да апсорбираат дури ни обични количини на врнежи, што создава ризик од поплави, додека за штетните последици од суша за земјоделието, шумите и екосистемот најчесто се зборува дури кога проблемите станат ...
На 4 јануари во 20:30 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе се прикаже документарниот филм „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, соопшти продукцијата. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 29 декември преку платформата на drugastrana.mk. По празниците, филмот ќе продолжи да се прикажува во Скопје и низ останатите македонски градови. Од продукцијата велат дека сѐ уште се во преговори, штом се потпишат договорите, ...
Денеска во Скопје почина професорот по филозофија, етика и естетика Кирил Темков, потврди семејството за САКАМДАКАЖАМ.МК. Имаше 82 години. Темков бешев врвен филозоф и етичар со светско реноме, беше автор на голем број книги, учебници и научни дела од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката, џез музиката. Беше поборник за воведување на предметот Етика во училиштата. Според неговите учебници се изведува наставата ...
Бистата на народниот херој Вера Јоциќ била украдена од Градскиот парк во скопската Општина Центар, соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР). Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот во непосредна близина на Владата на РСМ. Според полицискиот билтен, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од паркот е одземена спомен-бистата посветена на Вера Јоциќ. Полицијата презема мерки за ...
Собранието на Алжир изгласа да се прогласи француската колонизација на земјата за кривично дело, одобрувајќи закон кој бара враќање на имотот одземен од Франција за време на нејзиното 130-годишно владеење, меѓу другите барања за исправка на историските неправди. Франција го критикуваше законот како „непријателски чин“ што ги загрозува билатералните напори за заздравување на раните од минатото. Двете земји одржуваат блиски културни и економски ...
Италијанските власти уапсија девет лица поврзани со три добротворни организации под сомнение дека собрале милиони евра за палестинската милитантна група Хамас, соопштија обвинителите за антитерористички активности. Осомничените се обвинети дека испратиле околу 7 милиони евра до „здруженија со седиште во Газа, палестинските територии или Израел, во сопственост, контролирани или поврзани со Хамас“, се вели во соопштението. Меѓу уапсените е и ...
Загрижувачка е состојбата со питачењето во туристичките центри. Децата ги носат и ги транспортираат од Велес, Кичево, Струмица, Битола, Штип и останатите градови. Сега најголемата бројка повторно ја имаме во Охрид, а откако ќе поминат празниците и си заминат сите туристи бројката се намалува, рече денеска во Охрид Илија Јовановиќ, претседател на Здружението „Градиме иднина“, а по повод четиригодишнината од почетокот на проектот „Стоп против ...
На Градскиот плоштад во Тетово, Дедо Мраз денеска делеше новогодишни пакетчиња на децата. Со музика и забава беа поделени околу 1.000 пакетчиња кои се донација од анонимен донатор. „Ќе поделиме околу 1.000 новогодишни пакетчиња. Сите се донација од анонимен донатор. Зошто сака да биде анонимен? Затоа што за него не е важно кој ги дава пакетчињата, важно му децата да бидат радосни и среќни во овие новогодишни празници. Тоа за донаторот е хуман ...
Задоволен сум тоа како работеа националните установи од областа на културата со делегираниот буџет, кој за првпат беше воведен оваа година и уште неколку институции ќе добијат годинава делегиран буџет, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на вчерашната средба со медиумите. Годинава стартуваше пилот-проектот на Министерството за култура и туризам, според кој 18 установи добија делегиран буџет, а беше најавено дека „со овие промени ...
Патниците што пристигнуваат на аеродромот „Умберто Делгадо“ во Лисабон, Португалија, чекаат и до шест часа на пасошка контрола поради нововоспоставениот европски систем за управување со границите. Дури и во мирните ноемвриски утра чекањето достигнуваше три часа, далеку над капацитетот на Терминал 1. Локалните бизниси го чувствуваат притисокот, а туроператорите пријавуваат откажувања во последен момент на градски тури. Приходите од туризмот ...
По повеќе од едно столетие континуирана работа, иновации и силно присуство во македонската економија, Пивара Скопје започнува ново поглавје во својот одржлив развој. На чело на компанијата неодамна дојде Огњен Лазиќ, менаџер со богато искуство во FMCG индустријата, познат по стратегиите за раст, маркетинг иновации и градење силни комерцијални партнерства. Лазиќ дојде во период кога Пивара Скопје дополнително ја зацврстува својата позиција на ...