Задоволен сум тоа како работеа националните установи од областа на културата со делегираниот буџет, кој за првпат беше воведен оваа година и уште неколку институции ќе добијат годинава делегиран буџет, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на вчерашната средба со медиумите. Годинава стартуваше пилот-проектот на Министерството за култура и туризам, според кој 18 установи добија делегиран буџет, а беше најавено дека „со овие промени ...

Патниците што пристигнуваат на аеродромот „Умберто Делгадо“ во Лисабон, Португалија, чекаат и до шест часа на пасошка контрола поради нововоспоставениот европски систем за управување со границите. Дури и во мирните ноемвриски утра чекањето достигнуваше три часа, далеку над капацитетот на Терминал 1. Локалните бизниси го чувствуваат притисокот, а туроператорите пријавуваат откажувања во последен момент на градски тури. Приходите од туризмот ...

По повеќе од едно столетие континуирана работа, иновации и силно присуство во македонската економија, Пивара Скопје започнува ново поглавје во својот одржлив развој. На чело на компанијата неодамна дојде Огњен Лазиќ, менаџер со богато искуство во FMCG индустријата, познат по стратегиите за раст, маркетинг иновации и градење силни комерцијални партнерства. Лазиќ дојде во период кога Пивара Скопје дополнително ја зацврстува својата позиција на ...

Тајланд и Камбоџа денеска се согласија да ги прекинат жестоките гранични судири што траат неколку недели, најтешките борби во последните години меѓу земјите од Југоисточна Азија, во кои имаше напади со борбени авиони, размена на ракетен оган и артилериски баражи. „Двете страни се согласуваат да го одржат сегашното распоредување на трупите без понатамошно движење“, изјавија нивните министри за одбрана во заедничка изјава за прекинот на огнот, ...

На една година затвор е осуден 46-годишен кавадарчанец кој намерно прегази полицаец при обид за легитимирање. На 21 декември по полноќ, возејќи „фолксваген“, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. Кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила за да го запрат, осомничениот со возилото сакал да прегази полициски службеник, вели Обвинителството. Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе ...

Русија денеска ги нападна Киев и другите региони на Украина со ракети и беспилотни летала, пред она за што претседателот Володимир Зеленски рече дека ќе биде клучен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп за да се изработи договор за ставање крај на речиси четиригодишната војна. Пред нападите во текот на ноќта, Зеленски рече дека неговите разговори во Флорида планирани за утре ќе се фокусираат на територијата што ќе ја контролираат ...

1 Во празнична еуфорија и особено што сме пред прагот на нова година што треба да ни донесе нова надеж, целосно го разбирам премиерот Христијан Мицкоски кога вели дека треба да зборуваме само за убави работи. Треба да има убави вести. Ама не и да ги измислуваме. Мицкоски прво ни кажа дека сѐ повеќе иселеници се враќаат во татковината. А потоа викна неколкумина иселеници и смисли Форум во Владата за да си го потврди тоа што ни го кажа. Ни ...

Влијателниот поранешен премиер на Малезија, Наџиб Разак, е осуден на дополнителни 15 години затвор и казнет со 2,8 милијарди долари за злоупотреба на службена должност и перење пари во најголемото судење за скандалот со мултимилијардерската компанија 1МДБ, пресуда што би можела да има големи политички последици. Истражителите на Малезија и САД велат дека најмалку 4,5 милијарди долари биле украдени од 1Malaysia Development Berhad (1МДБ), ...

Постапката за дислокација на скопската цементарница „Усје“ е исклучително комплексна и би можела да трае пет до шест години, дури и ако се започне веднаш, вели поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, за Дојче веле. Советот на Град Скопје на вчерашната седница со 41 глас „за“ од вкупно 45 советници, донесе одлука со која се задолжува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да побара од Владата да се дислоцира ...

Стотина кумановци, кои некогаш работеле во американските бази на Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред канцеларијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Куманово, незадоволни од одлуката за ретроактивно оданочување на приходи остварени од странство од 2020 година наваму. Тие тврдат дека данокот го платиле фирмите кои ги ангажирале во земјите каде што работеле, а сега државата во време на празници сака да им наплати уште еднаш. „Ние не ...

Сѐ уште не се вработени инспектори во Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, бидејќи се чека согласност за вработување од Министерството за финансии, рече директорката на Инспекторатот, Менче Андреева, на брифингот со новинарите организиран од Министерството за култура и туризам. После цела година откако беше изгласан Законот за употреба на македонскиот јазик, Владата на крајот на март ја назначи Андреева за директорка на ...

Во првото полугодие од учебната 2025/2026 години, 35 деца кои се на подолготрајно лекување биле вклучени во наставата, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Од септември стартуваше новото системско решение според кое, учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, ...

Со 29 гласа „за“ од вкупно 45 советници Советот на Град Скопје вчера го усвои Буџетот за 2026 година. Останатите советници кои беа во салата воопшто не гласаа. Буџетот на Градот за наредната година е околу 85 милиони евра, но не се знае за кои точно проекти ќе се трошат парите на граѓаните и колку пари за кој проект ќе бидат потрошени. Во Буџетот кој беше доставен до советниците не се наведени проектите туку само колку пари по програма се ...

Советот на Град Скопје на вчерашната седница со 41 глас „за“ од вкупно 45 советници, донесе одлука со која се задолжува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да побара од Владата да се дислоцира фабриката „Усје“. Град Скопје нема ингеренции со кои може да направи дислокација на фабриката. Оваа точка беше ставена на дневен ред по барање на советникот од „Зелен хуман град“ Марјан Калевски, кој рече дека цементарницата „Усје“ ги труе граѓаните и затоа ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи. Понатаму, премиерот кажа дека посакува возилата да се користат што е можно ...

Од контролите што заедно ги спроведоа Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Упрвата за јавни приходи (УЈП) кај 49 приватни здравствени установи (ПЗУ)-матични гинеколози, дури кај 23, или 46 проценти, се утврдени неправилности. „Од тие 23 ПЗУ, неправилности само кон Фондот имаат 3, кон УЈП 11, а кон ФЗО и УЈП заедно 9 установи. Од утврдените 12 неправилности кон Фондот, главната неправилност е наплата на дополнителни средства од осигурани ...

Рускиот претседател Владимир Путин им рекол на некои од водечките руски бизнисмени дека можеби е отворен за размена на дел од територијата контролирана од руските сили во Украина, но дека го сака целиот Донбас, објави весникот „Комерсант“. Андреј Колесников, дописник од Кремљ за „Комерсант“, еден од водечките руски весници, рече дека Путин ги информирал водечките бизнисмени за деталите од планот на состанокот во Кремљ доцна во ноќта на 24 ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сигнализираше дека земјата ќе продолжи да развива ракети во следните пет години, при посетите на големите претпријатија за муниција во последниот квартал од 2025 година, соопшти државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА). Ким рече дека „секторот за производство на ракети и гранати во земјата е од огромно значење за зајакнување на одвраќањето од војна“, според КЦНА. Ким ги ратификуваше ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД изведоа „моќен и смртоносен напад“ против групата Исламска држава (ИД) во северозападна Нигерија.Трамп ја нарече ИД „терористичко ѓубре“, обвинувајќи ја групата дека „ги таргетира и злобно убива, првенствено, невини христијани“. Трамп рече дека американската војска „извршила бројни совршени напади“, додека Африканската команда на САД (Африком) подоцна објави дека вчера нападот бил извршен во ...

Дејан Николов, првиот сведок откако завршија воведните зборови на 35-темина обвинети за страотната трагедија во диско клубот „Пулс“ во Кочани, денеска беше викнат од Обвинителството да одговара на прашања пред Судот. Тој е сопственик на автолимарски сервис, лоциран веднаш до диско клубот кој изгоре на 16 март, во кој пожар загинаа 63 млади луѓе, а над 213 се повредени. „Газдата Дејан Јованов го изнајми соседниот објект во 2012 година. Порано ...

Дислокација на фабриката „Усје“ надвор од градот, побараа денеска граѓаните на протестот на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија“ во Скопје, на околу 5 километри од центарот на градот. Како што рекоа организаторите на протестот, граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, цементарницата континуираното го загадува воздухот во Скопје. „Последните месеци го истражувавме работењето на фабриката и дојдовме до заклучоци дека ‘Титан‘ е ...

Планираниот божикен џез концерт во Центарот „Кенеди“ во Њујорк, празнична традиција стара над 20 години, е откажан. Водителот на концертот, музичарот Чак Ред, вели дека го откажал настапот откако Белата куќа минатата недела објави оти името на претседателот Доналд Трамп ќе биде додадено на објектот. Од 19 декември, на фасадата на зградата пишува „Доналд Џ. Трамп и Меморијалниот центар за сценски уметности Џон Ф. Кенеди“. Според Белата куќа, ...

Израел никогаш нема да ги повлече сите свои трупи од Појасот Газа, изјави денеска министерот за одбрана Израел Кац на конференцијата организирана од продоселенички весник. „Во Газа, Израел никогаш нема целосно да се повлече. Ќе има значајна безбедносна зона во Појасот Газа“, рече Кац на конференцијата организирана од весникот „Макор Ришон“. Ова ќе остане така, дури и во случај на премин кон втората фаза од мировниот план на американскиот ...

Директорот на Јавното претрпријатие (ЈП) „Паркинзи“ Зоран Михајловски, смета дека корекција на цените на паркинг услугите во Битола е неминовна, не само од економски туку и од еколошки аспект. Ставот на директорот Општина Битола го пренесе преку соопштение до медиумите. Михајловски истакнува дека корекцијата е задолжително неопходна, „зашто веќе на сите им е јасно дека ова води кон потенцијално згаснување на претпријатието, а незамисливо е ...

Турските власти соопштија дека спречиле напади планирани за време на божиќните и новогодишните прослави откако уапсиле повеќе од 100 осомничени членови на групата Исламска држава (ИД). Масовни рации биле извршени на 124 локации низ Истанбул, при што биле запленети огнено оружје, муниција и документи поврзани со организацијата. Власта изјави дека поддржувачите на ИД активно планирале напади низ Турција оваа недела, особено против немуслимани. ...

Во скопската Зоолошка градина денеска се славеше 30. роденден на шимпанзото Коко. Неговата зоо негувателка Александра му подготви специјална роденденска торта направена исклучиво од овошје. „Коко доби и кутии со изненадувања кои ги отвораше заедно со другарот Изи. Хартијата во која беа завиткани подароците е од целулоза и е целосно безбедна и нештетна за шимпанзата“, велат од скопската Зоолошка градина. Коко се врати во Зоолошката во 2019 ...

Американските власти, според сопствени информации, пронашле повеќе од еден милион дополнителни документи кои можат да бидат поврзани со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин. Содржината и потеклото на новите документи сè уште се нејасни. Обвинителството за јужниот округ на Њујорк и федералната полиција ФБИ откриле „повеќе од еден милион дополнителни документи кои можеби се поврзани со случајот Џефри Епстин“, соопшти Министерство за ...

Здравствена услуга за која сега граѓанинот плаќа 40 денари, од 1 јануари ќе чини 60 денари, најави денеска Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на средбата со медиумите. Клековски кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи во јавниот и во приватниот сектор. Специјалистички преглед ...

Лани во земјава имало за 23 отсто зголемување во издавањето на лекот „сумамед“, кој треба да биде антибиотик за последна линија за лекување, и затоа планираме повеќе мерки за ограничување на издавањето антибиотици, рече денеска директорот на Фондот за здравствео осигурвање (ФЗО) Сашо Клековски. На брифингот со медиумите за работата на Фондот за годинава и за плановите за следната година, Клековски меѓудругото кажа и дека во 2026 треба да ...

Два месеци трае блокадата во Советот на Општина Струга оти не може да избере претседател, поради што Советот е нефункционален и нема кој формално да ги води седниците и да го координира донесувањето одлуки. Ако опозицијата продолжи со блокадит,е градоначалникот Менди Ќира најави нови избори за советници. „Доколку опозицијата продолжи со блокирање и методи кои го парализираат Советот, а кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.27
21%
1017
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.58
34%
1017
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.67
37%
1018
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.39
35%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.7
32%
1017
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
0.89
53%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.36
35%
1014
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
1.58
22%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.8
23%
1016
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
2.68
39%
1018
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 37ᴼ
7.6
28%
1018
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.76
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Калај

50.56

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46