Бившиот албански претседател Илир Мета е уапсен денеска под обвиненија за корупција. Неговиот портпарол Теди Блуши кажа дека апсењето е несоодветно и дека ќе биде осудено од сите патриотски и чесни Албанци. Блуши појасни дека автомобилот на Мета бил пресретнат од маскирани полицајци, при што тој давал отпор при приведувањето. „Оваа влада ќе плати цена на секоја улица и секој плоштад“, додаде Блуши запрашан дали би можело да има протести. ...

Пол Ди‘Ано, првиот пејач на легендите на хеви металот „Ајрон мејдн“, почина на 66 години во својот дом во Салисбури, потврдија од неговото семејство. Роден во Лондон во 1958, Ди‘Ано беше член на „Ајрон мејдн“ од 1978 до 1981 година, по што беше заменет со Брус Дикинсон, под чие водство групата сe издигна во една од најголемите и најпопуларни во хеви металот. Ди‘Ано пееше на првите два албума на групата, „Ајрон мејдн“ (Iron Maiden) и „Убијци“ ...

Во Битола лани се лекувале 1.600 пациентки од рак на дојка, болеста е се‛ уште табу тема, а голем дел од жените избегнуваат да прават прегледи на гради стравувајќи од лоша дијагноза. Состојбата со свесноста тешко се менува, иако здравствените работници апелираат за редовни самопрегледи и срининг, се дел од заклучоците на трибината „Грижа за себе- образование и превенција од рак на дојка“ што се одржа во Битола, а на која покрај другите , ...

По 600 граѓани на ден се пријавени за вакцинација против сезонски грип во скопските поликлиники Идадија и Бит Пазар, а во Букурешт по 200, бидејќи за сезонски грип се вакцинира само втора смена, рече д-р Сања Цилевска-Младеновска. Денеска почна бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани. Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, ...

Михаил Ренџов беше народен поет, немаше место каде ќе одиме заедно да на настан, а луѓето што доаѓаа да го слушаат него, и не само да го слушнат, туку и да ја кажуваат неговата поезија. Затоа беше народен поет, рече поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска на денешната комеморација за еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач кој на 88 години почина на 8 октомври. „Михаил Ренџов беше мој не долгогодишен пријател, туку ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кажа дека со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, премиерот Христијан Мицкоски и Владата направиле партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата на безбедноста. „Сметаме дека тоа што го направија премиерот и Владата со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, го направија во еден манир на ...

Идната година, во Струмица во соработка со полицијата се очекува да бидат поставени камери за видеонадзор во рамките на проектот „Струмица безбеден град“. На тој начин, полесно ќе се откриваат лицата кои праваат прекршоци и вандалски се однесуваат кон урбаната опрема. Ова го предвидува проектот што струмичани го изгласаа како приоритетен на Форумот на заедницата. Градоначалникот Костадин Костадинов кажа дека ќе бидат поставени камери насекаде во ...

Во присуство на цел безбедносен сектор, на чело со директорите на АНБ и на ОТА, денеска во Собранието беше промовирана заштитената соба, т.н. глува соба, направена од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување. Овде ќе можат собраниските комисии за следење на прислушувањето и на разузнавањето, да разгледуваат класифицирани и доверливи информации, без да може некој однадвор да ги снима. Во претставувањето на перформансите на ...

Стружанецот Димче Димоски, кој 19 години работел како физиотерапевт со договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија д-р Јетмир Зиба не му го продолжил договорот. Вели дека на неговото работно место се донесени тројца надворешни физиотерапевти кои се без работно искуство за работата што треба да ја извршуваат. „Работните задачи сум ги извршувал професионално, навремено и коректно, без ниту една ...

Рано изутринава, пред Клубот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, кој се наоѓа во кафуле во Тетово, била фрлена рачна бомба која за среќа не експлодирала. Сторителот првин го искршил едното стакло од вратата и тука ја оставил бомбата. Но бидејќи таа не експлодирала, тој се повратил да провери дали бомбата е активирана. Откако не успеал да ја активира си заминал. Сето ова било забележано на безбедносните камери од околните објекти. ...

Молдавските гласачи сепак ја поддржаа промената на уставот, со цел во него да биде вградено дека земјата е посветена на членството во Европска Унија. Разликата на вчерашниот референдум е само неколку илјади гласови во полза на ЕУ, што беше проследено со обвинувања за руско мешање во гласањето. По нешто повеќе од 99% пребројани гласови, резултатите велат дека 50,3% Молдавци се изјасниле „за“, а 49,7% биле „против“. Молдавските медиуми велат дека ...

Фетулах Ѓулен, турскиот клерик кој беше обвинет дека го организирал крвавиот обид за државен удар во 2016, почина на 83 години, објавија турските медиуми. Ѓулен, кој живееше во егзил во САД, починал во болница во Пенсилванија. Понекогаш нарекуван вториот најмоќен човек во Турција, тој беше духовниот водач на движењето Ѓулен, моќна исламска заедница со следбеници во Турција и низ светот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини движењето ...

Камала Харис и Доналд Трамп ги засилија меѓусебните лични напади додека двајцата кандидати за Белата куќа ги обиколуваат клучните сојузни држави на нешто повеќе од две недели до изборите. Во Пенсилванија, Трамп служеше помфрит во ресторан на „Мекдоналдс“, фрлајќи сомнеж врз детал од биографијата на Харис дека пред повеќе децении работела во овој ланец за брза храна. Тој се појави во „Мекдоналдс“ во предградие на Филаделфија, каде што учеше да ...

Прозападната претседателка Маја Санду ги обвини странските сили за мешање во молдавската политика зашто висат резултатите од вчерашниот референдум за придружување на земјата кон Европска Унија. По 97% пребројани гласови, резултатите велат дека 49,9% Молдавци гласале „за“, а 50,1% биле „против“, што е голем пресврт откако неколку претходни анкети покажаа дека референдумот убедливо ќе помине. Молдавците во исто време гласаа на претседателските ...

Еден вработен во скопската Зоолошка градина утре ќе се тестира за птичји грип откако пројавил симптоми на покачена температура и дијареа, кажа директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. По извршената епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кај 15 вработени, на уште три лица ќе им бидат издадени решенија за здравствен надзор. „Здравствен надзор, ...

Да одгледуваме производи од старите сорти и да ги вратиме вкусовите од детството беше мотото на првиот Саем на автохтони сорти „Везенка“, кој денеска се одржа во кумановското село Пчиња. Идејата беше пред земјоделците од регионот и пошироката јавност да се промовира вредноста на локалните сорти, кои полека ја губат битката под напливот на хибридните семиња. Организатор на манифестацијата беше Здружението за екологија и заштита на животната ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со Владимир Путин за првпат по две и пол години, во моментите кога се очекува одлуката на Србија дали ќе присуствува на самитот на блокот БРИКС, што го предводат Русија и Кина. „Особено му се заблагодарив на претседателот Путин што не увери дека Русија оваа зима ќе ѝ испорача на Србија доволни количини гас. Иако е кандидат за членство во Европска Унија, Србија нема да го промени својот ...

Општина Велес бара помош од Владата за спас на езерото Младост. Иако концесионер на водата е ЈВП „Лисиче“, а на рибниот фонд здружението на спортски риболовци „Бабуна“, постапувајќи по заклучотот на Советот на Општина Велес, таа се јавува како институција која ќе ги координира работите за санација на езерото. „Испративме писмо до Владата со повеќе барања и мерки, како и финански план за помош околу спас на езерото Младост. Добивме одговор дека ...

Стружанецот Димче Димоски, кој 19 години работел како физиотерапевт со договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија д-р Јетмир Зиба не му го продолжил договорот. Вели дека на неговото работно место се донесени тројца надворешни физиотерапевти кои се без работно искуство за работата што треба да ја извршуваат. „Работните задачи сум ги извршувал професионално, навремено и коректно, без ниту една ...

На 15 октомври, за време на втората меѓувладина конференција, Албанија официјално го отвори првиот кластер од пристапните преговори со ЕУ. На овој начин, Албанија беше одвоена од Македонија во евроинтегративниот процес и сама ќе продолжи напред. Истовремено, италијанскиот брод „Либра“ тргна од пристаништето во Лампедуза, носејќи 16 мигранти од Бангладеш и Египет, кои беа пресретнати од италијанските власти на пат од Либија за Италија. „Либра“ ги ...

Со два концерта во Националната опера и балет вечерва се затвора 43. издание на Скопскиот џез фестивал. Од 20 часот настапува легендарната американска флејтистка Никол Мичел, во придружба на тапанарот Марк Сандерс. Покрај тоа што компонира и предава на универзитет, Мичел е креативна флејтистка која успеа да развие уникатен импровизаторски јазик што во повеќе наврати ѝ ја донесе титулата флејтист на годината во изборот на списанието „Даунбит“. Во ...

Кај една гуска која угинала во скопската Зоолошка градина е утврдено присуство на птичји грип и затоа е спроведен надзор, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство откако од утрово градината е затворена. Заради мерки на безбедност извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, а градината ќе биде затворена 21 ден. „Забранет е влез и излез на животни од Зоолошката градина, ограничено е движењето ...

Милијардерот Илон Маск вети дека секој ден до претседателските избори во САД во ноември ќе подарува милион долари на еден потписник на неговата петиција за поддршка на американскиот устав. Тој не губеше време, па веќе го додели првиот чек на еден од присутните на неговиот настан во Пенсилванија кој имаше за цел да собере поддржувачи на Доналд Трамп. Добитникот беше именуван како Џон Дрехер. „Патем, Џон немаше поим. Така што, сите сте ...

Најголемиот дел на Куба, вклучувајќи го и главниот град Хавана, и натаму е без струја, откако националната енергетска мрежа колабираше двапати за период од 24 часа, што ги остави во мрак сите десет милиони жители. Кубанските власти кажаа дека речиси една петина од населението добила струја во меѓувреме. Целосното затемнување во петокот се случи откако се исклучи електраната „Антонио Гуитерас“ во Матансас, најголемата во земјата, а откако ...

Доналд Трамп вели дека Кина нема да се осмели да го провоцира ако се врати во Белата куќа зашто Шји Џинпинг знае дека тој е луд. Тој исто така најави дека би вовел високи тарифи ако Кина изврши блокада на Тајван. „Ако одите на Тајван, ќе ви воведам такси од 150% до 200%“, кажа Трамп за „Вол стрит џурнал“. Трамп смета дека непријателите на САД нема да дејствуваат против американските интереси ако тој се врати во Белата куќа зашто ќе се соочат со ...

До крајот на месецов планинарскиот дом во Папрадиште треба да се испразни и досегашниот корисник, еколошкото друштво „Зелена сила“, да се исели. Така пишува во писмото што локалната власт, која е сопственик на објектот, го испратила до невладината организација. „Објектот на старото, ограбено, заборавено, уништено и повеќе од четири децении напуштено поранешно училиште блесна во прекрасен планинарски дом, кој низ децениите стана прибежиште на ...

Без никакви докази, утрово инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство по наредба на директорот Оливер Миланов со оружје убиваа птици во градината, реагираат од скопската Зоолошка градина. Во соопштението до медиумите, во кое се испратени и видеа од убивањето на птиците, се вели дека оваа акција е измислен проблем на премиерот Христијан Мицкоски, со цел да ја затвори Зоолошката. „Повторно се потврдува секташката политика на владата на ...

Современа противпожарна станица во западна Германија која чинела десетици милиони евра изгоре до темел зашто не била опремена со противпожарен аларм. Градот Штадталендорф гордо ја отвори станицата пред повеќе од една година, но таа сега целосно изгоре откако огнот брзо се проширил од едно возило на целата зграда. Околу 170 пожарникари учествувале во гаснењето, додека пламен од десет метри излегувал од покривот. Никој не бил повреден, но биле ...

Десет компании кои се лоцирани на улицата 808 во индустриската зона во Општина Гази Баба бараат од Град Скопје итно да ја доврши улицата која стои раскопана една година. Во писмото испратено до Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ се потпишани компаниите „Европа“, „Алкалоид“, „Пивара Скопје“, „Меркур“, „Вилиџер“, „Алфи Техноцентар“, „Бурт Македонија“, „Клевер МК“, „Симакс шпедиција“ и „Годсмин“. Велат дека тие, но и граѓаните секојдневно трпат ...

Молдавците утре излегуваат на гласачките места не само за претседателските избори, туку и на референдум на кој ќе одлучат дали ја сакаат својата иднина со Европска Унија или со Русија. Прозападната претседателка Маја Санду се надева дека ќе ја продолжи својата агенда со освојување втор мандат и со обезбедување „да“ на референдумот, за да се потврди пристапот кон ЕУ како неповратна цел во уставот. Од отцепувањето од Советскиот Сојуз, Молдавија ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.73
75%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
1.21
86%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.13
62%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
76%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52