Напредок е што Собранието на 11 февруари го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, со кој се укинува дискреционото право на директорот при вработувања, но тоа не е доволно, потребни се уште измени, вели Никола Димитров од Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. Центарот, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на ...

Нема гаранција дека докторите и сестрите во јавното здравство нема и натаму да се бираат партиски, а да извисуваат најдобрите кандидати се додека целосно не се смени постапката за вработување, реагираат од Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. Минатата недела во Собранието пратениците изгласаа измени на Законот за здравствена заштита со кои на директорите на јавните здравствени установи им беше одземено дискреционото право ...