Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија и митрополитот Дамаскин од Грчката црква, денеска биле на средба со Архиепископот Стефан во архиеокопијата во Скопје. Нa средбата присуствувал и епископот Климент, секретар на САС на МПЦ-ОА. За средбата извести Скопската епархија на МПЦ-ОА; но нема детали за што е разговарано. -На 8.4.2024 Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со Нивните ...

Московската епархија на Руската православна црква му изрече тригодишна суспензија на свештеникот кој одржа парастос за починатиот опозиционер Алексеј Навални. Епархијата не кажа која е причината за суспензијата на Дмитри Сафронов, на кого му се забранува да ги врши сите свештенички должности до 2027 година. Сафронов исто така е преместен во друга црква во Москва. „По завршувањето на периодот на покајание, ќе се донесе одлука за можноста за ...

Во издание на Макавеј, излезе новата стухозбирка на епископот Дремвитски Давид. Насловена е Насекаде, а како што во предговорот на книгата, Јанинка Невчева го опишува како непоимливо поимлив -Очигледно, Епископот дремвитски г. Давид (Нинов), никогаш не престанал да пишува и ги пишувал стиховите од оваа збирка насекаде кадешто патувал, од Атина и Јерусалим, потоа Света Гора и Синај, преку Лос Анџелес и Чикаго, до на пр., Сиднеј и ...

На десетина дена пред големиот православен празник Велигден сѐ уште е неизвесно дали македонска државно – црковна делегација ќе тргне за Ерусалим на церемонијата за преземање на Благодатниот оган поради воените дејства во Израел, објави Слободен Печат. Тоа го потврдил во изјава за медиумот, Дарјан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници. -До овој момент заедно со МПЦ-ОА сѐ уште немаме одлука дали ќе се оди во Израел ...

Шпанија ќе формира фонд, финансиран претежно од Католичката црква, за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, персонал близок до нив и наставници, објави денеска министерот за правда Феликс Боланос. Ваква оценка даде и извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по спроведена анкета меѓу осум илјади луѓе. Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а црквата ...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе патува во посета на Португалија. Ќе пристигне во Лисабон на покана од Меѓународниот центар за дијалог, во рамки на Свтскиот форум за дијалог, кој ќе се одржи од 14 до 16 мај. Веста ја објави Митрополијата на Шпанија и Портигалија. ВАртоломеј ќе отслужи Света лиургија на 16 мај во спомен на свети Николај Мистик, патријарх Цариградски. Ова е прав, историска посета на Вселенски патријарх на Португалија и ...

Само 4200 верници ќе можат да влезат во Црквата на Светиот Гроб, заедно со нејзиниот надворешен двор за време на велигденските празнувања во Ерусалим. Ерусалимската патријаршија објави дека според проценките на архитектите оваа 2024 година максималниот број на поединци кои ќе можат да бидат во Црквата н Светиот гроб е 4200. Информацијата е по анализа на архитектот Теодосиос Митропулос. На Велика Сабота, кога во оваа црква слегува Благодатниот ...

Српскиот патријарх Порфириј разговарал со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. На средбата во патријаршиската резиденција во Белград бил и Кристофер Хил, амнасадор на САД во Србија. СПЦ соопшти дека главниот фокус на разговори била иницијативата за резолуција за Сребреница, но и ситуацијата на Косово. -Истакнувајќи ја важноста за унапредување на односите на Србија со САД, во духот на пријателството, кое ...

Eпископот Константин Бонабинги за прв епископ на новооснованата епископија на Џумба и на Јужен Судан. Тој беше востоличен за епископ со благослов на Александрискиот Патријарх Теодор II. Јужен Судан се наоѓаше под јурисдикција на митрополијата на Хартум но по поделбата на Северен и Јужен Судан и поради политичките тензии и немири, беше основана нова епархија. На чинот присуствуваа православни верници од Јужен Судан, како и претставници на ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа е злуоупотребата на религијата што Владимир Путин и Руската православна црква ја прават во името на идеологијата „Руски свет“. Во резолуцијата од 17 април оваа година што ја усвои парламентарното собрание на Советото на Европа ги повика сите држави да го третираат патријархот Кирил и руската православна црква како идеолошко продолжување на режимот на Владимир Путин, соучесник во воените злосторства и ...

„Јас сум верник, но не сум религиозен. Што значи тоа? Тоа значи дека верувам, но малку сум скептичен за организираната религија, бидејќи организираната религија е многу блиску до политиката и е многу блиску до контролирање на луѓето и нивните мислења и ставови“, вели музичарот Влатко Стефановски во интервјуто на Хрватската телелевизија. „Порано можев да речам дека сум атеист и тоа порано го велев, но тоа не е точно. Јас стигнав до фазата на ...

На 4 април, русенскиот митрополит од БПЦ бил гостин на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар. БПЦ во Вселенската патријаршија организиарала официјална промоција на превод на бугарски јазик од книгата Средба со таинството, чиј автор е Патријархот Вартоломеј. Изданието на книгата е на Русенската митрополија од 2023 година. Во предговорот митрополитот Наум пишува дека за неговата митрополија е чест, одговорност и радост да ја издаде оваа книга. ...

Естонија ќе ја прогласи Руската црква за терористичка организиација. Иницијативата доаѓа од Министерот за внатрешни работи на Естонија, Лаури Лаенемец, кој изјави дека има намера да му предложи на естонскиот парламент да ја прогласи Московската патријаршија за терористичка организација. -Според евиденцијата што ја имам како министер за внатрешни работи, јас немам друг избор, освен да предложам на Парламентот да ја прогласи Московската ...

Украина е единственото отворено прашање кое стои на патот до Томос за автокефалност на МПЦ-ОА. Ова го потврди Митрополитот на Имврос од Вселенската патријаршија во интервјуто за 360 Степени. Во целосното интервју, што 360 степени го објави, Владиката Кирил јасно дефинира дека сите останати теми кои се пласирани овде се неточни и дека клучно е односот што МПЦ-ОА го има кон автокефалната црква на Украина. -Дозволете ми да го кажам и ова за кое не ...

Украина е единственото отворено прашање кое стои на патот до Томос за автокефалност на МПЦ-ОА. Ова го потврди Митрополитот на Имврос од Вселенската патријаршија во интервјуто за 360 Степени. Во целосното интервју, што 360 степени го објави, Владиката Кирил јасно дефинира дека сите останати теми кои се пласирани овде се неточни и дека клучно е односот што МПЦ-ОА го има кон автокефалната црква на Украина. -Дозволете ми да го кажам и ова за кое не ...

Архиепископот Стефан им го честиташе Рамазан бајрам на муслиманите во Македонија, преку честитката што ја испрати до поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху. Во честитката Архиепископот пишува: -Почитуван Ефенди Фетахи, Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска ...

Митрополитот на Имврос, Кирил од Вселенската патријаршија во интервју за 360 Степени ја обеодени целокупната постапка како течел процесот на прифаќање на МПЦ-ОА во канонско единство, посочувајќи дека во ниту еден момент Вселенскиот патријарх не ја игнорирал СПЦ, напротив, токму СПЦ го игнорирала решавањето на црковното прашање во Македонија. Митрополитот Кирил, кој важи за исклучително близок до Вартоломеј и кој во моментов е задолжен за ...

Српскиот патријарх Порфириј им го честите Рамазан бајрам на Муслиманите во Србија. Во честитката Порфириј вели: „На сите верници од исламска вероисповест, драги браќа и сестри муслимани, испраќаме искрени и сречни честитки по повод Рамазанскиот бајрам, со желба овој голем празник да го прослават во мир, здравје и благосостојба. Ние христијаните и муслиманите, прославувајќи ги нашите празници, го прославуваме Бог Творецот и се утврдуваме во ...

Денес, го завршуваме месецот Рамазан, кој е почетна точка на нашето вечно патување кон Божествената Светлина, која се појави токму во овој месец и која ќе свети засекогаш. Во овие моменти жалиме затоа што се одвојуваме од овој благословен месец, но истовремено сме и многу горди, бидејќи со пост и намаз, со молитви и добрина, триумфирајќи над злото и лошото успеавме да бидеме попосветени на нашиот Милостив Творец. Денес се молиме на Господ, како ...

Тетовско-гостиварската епархија, втора година по ред ја одбележа манастирската слава на Лешочкиот манастир, по канонизацијата на Свтеи Кирил Лешочки во 2022 година. Празничната литургија ја отслужи надлежниот Митрополит Јосиф, во молитвено присуство на Архиепископот Стефан. Главен гостин на славата беше ректорот на богословското школо во Сремски Карловци, Јован Милановиќ од СПЦ. Со него допатувал и хорот на средното богословско училиште, кој ...

Македонската црковна делегација од синоќа е во Софија, каде денеска присуствува на погребот на починатиот Патријарх Неофит. Владиците Тимотеј, Петар и Иларион, синоќа му оддадоа почит на Патријархот Неофит, а од утрово се на литургијата која ја мслужи БПЦ за покој на Патријархот. Таму е и Вселенскиот Патријарх, како и поглаварот на Православна црква на Украина, Епифаниј Гости има од руската, романската, српската, албанската црква… Од видео ...

Митрополитот Тетоваско-гостиварски Јосиф беше гостин на традиционалниот ифтар, што го организира поглаварот на ИВЗм Шаќир Фетаи. Владиката Јосиф бил гостин, со благослов на Архиепископот како неког претставник. Меѓу гостите кои годинава дојдоа на ифтар беше и премиерот Талад Џафери, претседателот на Собранието, Јован Митревски, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, министерот за надворешни Бујар Османи, претсавници на политичките партии, ...

Црковниот портал на МПЦ-ОА, Литургија.мк се обиде да ја изманипулира јавноста за фактичката состојба во која се наоѓа МПЦ-ОА и две години подоцна откако СПЦ изададе Томос за наводна автокефалност. Во веста, во која се аналоизираат одлуките на останатите помесни православни цркви, во групата цркви кои го прифаќаат Томосот на СПЦ се наброени и Црквата на Чешка и Словачка, но и Украинската православна црква – Московска Патријаршија. УПЦ-МП, воопшто ...

Драги браќа и сестри! Велигден е најстариот и најголемиот христијански празник, кој веќе Раната црква го слави како спомен на Исусовото воскресение. Овој подвижен празник нема одреден датум и секоја година не се слави во исто време, а се паѓа во недела по првата полна месечина во пролетта. Првата полна месечина во пролетта може да биде помеѓу 22 март и 25 април, така што овој празник се сместува токму во тоа време. Во историјата на ...

Чесната и осветена икона на Свети Георгиј Победоносец, попладнево пристигна во својот дом – манастирот во дебарското село Рајчица, каде беше пречекана од неколку илјади верници од сите делови на државава. Со благослов на Епископ Антаниски г. Партениј, претставници од Свештената бигорска Обител иконата ја однесоа и беше осветена во Света Гора, во двата манастира на Великиот Победоносец, Ксенофонт и Зограф и од денеска е моќен чувар на Раичкото ...

Секој сериозен истражувач на црковната политика и историја во денешно време со право се прашува за веродостојноста на официјалниот руски наратив за црковните настани од подалечното, но и од поблиското минатото. Скептицизмот произлегува од непрекинатите обиди на исполитизираниот руски новинарски мејнстрим да фалсификува и первертира податоци и настани, не само од минатото, туку, што е уште потрагично, и од сегашноста. Овој коментар е поттикнат од ...

Томосот за автокефалност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на многумина во оваа држава им ги расипа плановите. Разумната братска постапка на архијереите од Српската православна црква и на неговата светост, патријархот г.г. Порфириј, им дојде некако неочекувано и ненадејно, како гром од ведро небо. Невообичаено им беше два балкански православни народи да ги напуштат конфронтацијата и политичките притисоци и да се согласат ...

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“, во обемна анализа за улогата на Руската црква и политиките на Путин. Во анализата значајно место е посветено на МПЦ-ОА и ...

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ вчера соопшти дека пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета. Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава. – Ова е време на големиот пост кога христијаните ...

Народски се вели „повторувањето е мајка на знаеењето“. Тоа значи, дека ако нешто го повторуваш неколку пати, тогаш мора и да го научиш. Нема шанси да не го научиш. Повторуваш и учиш. Е да, ама оваа народска мудрост (во суштина латинска) во пракса не е така. Напротив. Оние кои обично повторувале (понављале по нашки), особено во основното, или средното образование, никогаш ништо не научиле. Што значи праксата ја побива мудроста. Колку и да ...

Скопје

15ᴼ/15ᴼ
0.51
67%
1014

Белград

16ᴼ/14ᴼ
2.57
47%
1013

Софија

14ᴼ/13ᴼ
3.09
58%
1014

Сараево

17ᴼ/17ᴼ
4.62
39%
1014

Љубљана

13ᴼ/9ᴼ
1.54
68%
1002

Атина

23ᴼ/19ᴼ
3.6
42%
1013

Тирана

16ᴼ/16ᴼ
2.57
59%
1015

Подгорица

14ᴼ/12ᴼ
0.51
58%
1015
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $