Алек Радуловиќ пред четири години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Мајката на починатиот 14 годишен Алек, Мирјана Радуловиќ, во Претрес со Ландов рече дека точно пред 4 години го загуби синот возејќи мопед од Марино кон Миладиновци. 32 годишна жена му го препречила патот. „Таа до ден денес не ни се приближи ниту извини. Нашиот живот тогаш згасна. Прв пат ја видов на првото рочиште. Алек беше дете кое секоја мајка би го посакала за ...

Мртвите не зборуваат, вели во поткастот „Претрес со Ландов“, мајката на загинатиот 14 годишен Алек. Таа се плаши дека четири годишното талкање низ судските лавиринти и одложените 21 судско рочиште се со цел нејзиниот загинат син да биде прогласен за виновен. ,,Нема да дозволам да ми го сквернават загинатиот син.Не се предавам. Се обидоа секого да поткупат, мене не можат.Не бараме никаква парична оштета. Сакам само оваа голгота да заврши да ...