
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Рестрикции на струја не се опција и не се предвидени во овој период на годината, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во „Студио 10“ на Телевизија 24. Тој истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова, како што рече, се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро ...
На текстилните компании во државава потребно им е да воспостават свои брендови за да, од една страна, произведуваат производи со поголема додадена вредност, а од друга страна да можат да исплаќаат поголеми плати на своите вработени. Ангел Димитров, менаџер на текстилната компанија „Мода“ и Претседател на Собранието на Организацијата на Работодавачи на Македонија, во изјава за порталот Работник, вели дека со години наназад се зборува за потребата ...
Оваа недела, од 14-ти до 20-ти ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот како и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите на Глобалната недела се претставници ...
Комора на сметководители на Македонија денеска го одбележува своето 13 годишно постоење. На одбележувањето ќе се говори за активните заложби за унапредување на сметководствената професија, за сите минати и идни успеси. – На овој ден, пред 526 години, Лука Пачоли прв пат издал опис на двојно сметководство. Повеќе од половина милениум подоцна сметководството е клучната алка за непречено функционирање на економијата, а Комората на сметководители на ...
Цените на горивата се намалуваат вечерва од полноќ, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91,5 денари по литар, Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за два денари, и според новата цена ќе изнесува 94 денари. Дизел горивото се намалува за три денари, и според новата цена ќе се продава по 93 денари по литар. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за ...
Милица Стојановиќ се потпишува како одговорно лице на фирмата „Хем алијанс“ на договорот со ЕСМ заверен на 20 октомври вреден 632 илјади евр. Нејзиниот сопруг е Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино. Од РЕК Битола велат дека нема некаков конфликт на интереси и дека за тоа била потпишана дури и изјава, пишува порталот МКД.мк. На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки во директна спогодба со ...
Новиот сопственик на компанијата сопственик на популарната социјална мрежа за микроблогирање „Twitter“, Илон Маск, предупреди во средата дека целиот персонал мора да биде „крајно тврдокорен“ и „напорно да работат“ или му се заканува отказ и единствено дека „исклучителните перформанси ќе бидат задоволувачки“. Вработените во Twitter во полноќната (по локално време) порака преку електронска пошта, која била на увид на весникот The Washington Post, ...
Добивката на Еос матрикс во 2020 година беше 375.000 евра, а во 2021 година 1 милион евра Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. Постојат различни причини за овие лоши практики на ...
Колумна на Адвокат Персида Отовиќ-Стојановска Во Министерството за внатрешни работи има вработени со различен статус : – овластени службени лица – административни службеници – работници согласно Законот за работни односи. Посебен дел од вработените со статус на овластените службени лица се полициските службеници кои применуваат полициски овластувања и постапуваат под услови утврдени во Законот за внатрешни работи, Законот за полиција и други ...
Холандската репрезентација која ќе настапи на претстојното Светско првенство во фудбал ќе ги продаде своите дресови на аукција и приходот ќе го донира на работниците мигранти во Катар. Кралската холандска фудбалска федерација (KNVB) соопшти дека собраните средства ќе бидат наменети за заштита на правата на работниците мигранти, правна помош и нивен личен развој, како и за финансирање на општествени активности, како на пример фудбалот. Капитенот ...
Согорувањето или т.н. „burnout“ на работното место не е нова појава. Терминот за првпат е искован во 1970-тите за да се опише исцрпеноста која вработените ја чувствуваат на работните места. Но, дури после три години Светската здравствена организација официјално го признала како професионална болест која е резултат на „хроничен стрес во работното опкржување кое не е успешно контролирано“. Сепак, согорувањето може да има безброј симптоми. Меѓутоа, ...
Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина за тоа е немањето доволно педијатри. Двајца доктори вршат само амбулантски прегледи од 8 до 20 часот, во работни денови. Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува ...
Владата, на седницата, ја усвои и Информацијата за Предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино и донесе Одлуката за давање согласност за Договорот. Согласно деловниот план којшто се однесува на реализација на инвестициски проект во ТИРЗ Тетово за производство на седишта за автобуси и возови, како што информираше Министерството за економија, друштвото се обврзува да ...
Енергетската криза, односно високите сметки за струја остануваат најголемиот проблем за стопанството, сметаат германските бизнисмени. Сепак, според нив, и во време на криза мора се носат мерки за подобра бизнис клима за инвеститорите, иако лани добар дел од нив, кои што работат во земјава сметаа дека екномската состојба била лоша. За да се подобри, мора сериозно да се вложи во дуалното стручно образование, проблем со кој се соочува цела Европа, ...
Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски очекува што поскоро на слободниот пазар да се вратат фирмите кои нелегално се префрлени на регулираниот пазар. Тој признава дека тие можат да ја оптоварат цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи. – Да, се согласувам. Тоа треба да биде брзо затоа што тие потрошувачи можат да ја оптоварат и цената на граѓаните и на малите потрошувачи. Она што ние го правиме како ЕСМ ...
Собранието вчера напладне со 70 гласа „за“, ниту еден воздржан или против, го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, предложен од Министерството за труд и социјална политика. Според предлагачот, целта на законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Пратениците од опозицијата ...
Министерката за грижа за семејства и демографија на Србија Дарија Кисиќ изјавила дека се размислува за поместување на точката од која се пресметува родителското отсуство. „Идната мајка денес го отвора родителското отуство 28 дена пред терминот за раѓање, но искуството покажало дека настанува проблем кога после 11 месеци од раѓањето на детот треба да се врати на работа“, рекла таа за Вечерни новости. Истакнала дека „во пракса, сега, голем број на ...
Состаноците се нешто што во компаниите во главно се применува на секојдневно ниво: менаџерите се состануваат со клиентите, со своите вработени, вработените едни со други итн. Оние кои најмногу се однесуваат на вработените во една компанија се состаноците кои се одржуваат со менаџерите/работодавачите, бидејќи тука се решаваат и унапредуваат важни сегменти од работењето, како функционирањето на тимот, иднината, плановите итн. Речиси сите сме биле ...
Речиси една година откако стапија на сила законските измени со кои неделата стана неработен ден, ова законско решение и натаму предизвикува контроверзи. Измените кои се однесуваат на неделата како неработен ден почнаа со примена на 1 јануари 2022 година со што неделата стана неработен ден за поголемиот број работници во државата, со исклучок на оние работни места каде работниот процес не може да се прекине. Но, веднаш потоа започнаа и проблемите ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осуди вчерашниот напад врз снимателот Љубиша Игнатов од ТВ 24 и дава целосна поддршка на снимателите, кои денеска уште еднаш потенцираа дека неказнивоста на нападите врз новинарите и медиумските работници мора да престане за да се создадат услови за намалување на нападите врз медиумските професионалци што претставува и напад врз јавноста. „ССНМ уште еднаш ги повикува пратениците ...
Мора да има закон со којшто ќе се стави ред и конзистентност во примањата особено на раководните лица. И затоа предложив и е во изработка закон за плати во којшто ќе се дефинира најголемата плата во државата и сите плати потоа ќе бидат врз основа на таа највисока плата унифицирани, односно ставени во една конзистентна рамка, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Висината на платите, според Ковачевски, се решава со правење на закон за ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови. На мерките, нагласи Бектеши, се работело заедно со стопанските комори. Се соочуваме со енергетска и економска криза. Секојдневно институциите се подготвени да им излезат во пресрет на потребите на компаниите, направивме за производителите на основните ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, Бектеши уште еднаш напомена дека нема да се дозволи никаква злоупотреба на кризата врз грбот на граѓаните, инспекциските контроли се засилени, а веќе се, како што рече, и ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2022 за долгови доспеани до 31.07.2022 и неплатени до 31.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност иповисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува ...
ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари. Најверојатно, како што рече ...
Дали поранешниот министер за странски инвестиции, а сега адвокат на „Еуромакс”, Арленд Зекири со помош на ДУИ и Владата, ќе издејствува повторно враќање на претходно одземената концесија на рудникот на смртта? Според неофицијални информации, сопственикот на „Еколог”, Љазим Дестани (кој е близок до ДУИ) се подготвува да го купи „Еуромакс”, иако рудниот е нерентабилен и со одземена концесија. Жителите на Општинатa Босилово, кои во повеќе наврати ...
Според стапката на инфлација и стапката на невработеност кои го даваат т.н. Индекс на мизеријата во септември Македонија е втора на листата во Европа. Преку индексот на мизерија се утврдува економското страдање на една земја според стапките на инфлацијата и на невработеноста. Овие податоци даваат најдобра слика за доходот во целина и за трошоците за живот. Високата инфлација ја има и во балтичките земји, но таму стапката на невработеност е ...
Се поголемите изгледи некогашниот градежен гигант „Бетон“ да влезе во стечај, и додадоа аргумет плус на Берзата уште повеќе да им ги отвори очите на инвеститорите кои евентуално би решиле да купуваат акции на оваа компанија, објави Фактор. Пед неколку дена Берзата објави дека ги прпширува причините поради кои „Бетон“ се наоѓа на нејзината Листа на набљудување, токму каде што се наоѓаат и другите компании кои имаат некаква „ситуација“, а поради ...
„Твитер“ се соочува со колективна тужба поради масовни отпуштања кои потенцијално би можеле да ја преполоват неговата работна сила. Според законот за работни односи, компаниите со 100 или повеќе вработени се обврзани да ги известат за масовните отпуштања 60 дена однапред. Обвинителите прават се што можат за да ги заштитат поранешните вработени на „Твитер“ „Њујорк тајмс“ претходно објави дека „Твитер“ ќе започне со отпуштања и дека околу половина ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести. Нападите врз медиумските работници претставуваат особено сериозни повреди на основните човекови права и слободи кои истовремено го загрозуваат правото на информирање на граѓаните и ја ограничуваат јавната дискусија која е во сржта на секоја плуралистичка демократија. Агенцијата како и во повеќе ...