Министерството за образование и наука (МОН) денеска ќе промовира нов Информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник. Новото софтверско решение треба да ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочувале во изминатиот период, бидејќи, како што информираше неодамна МОН, сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на ...

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во 2022 година 47 отсто од вкупниот број починати таа година живото го загубиле поради кардиоваскуларни заболувања. Втора најчеста причина за смрт била – малигнен тумор, пренесе Бета. Во изјава за РТС тој рече дека загрижува тоа што речиси две третини од починатите во 2022 година починале од болести што може да се спречат. Тој најави дека од 1 септември до крајот на годината ...

Реконструиран кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид со донација на локални фирми. Во текот на процесот на реконструкција, освен што се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови. Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија, биохемиска ...

Реконструиран кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид со донација на локални фирми. Во текот на процесот на реконструкција, освен што се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови. Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија, биохемиска ...

Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен со секојдневни активности во насока на обновување и одржување на јавното зеленило во градот. Се продолжи со садење на сезонско цвеќе (џунџуле и салвија) од сопствено производство од расадник во Градскиот парк, се спроведе косење на Градскиот парк, косење и чистење на неуредна вегетација на улиците „Железничка“ и „Галичица“, кај игралиштето на улица „Радојца Новичич“, плажите Лагадин и Парк ...

Времето претпладне ќе биде топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени, а УВ индекс 7. Во Охрид претпладне сончево, ...

Без голови завршија двата последни натпревара од Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2024 одиграни вечерва. Резултати: Данска – Србија 0:0 Англија – Словенија 0:0. Овие резултати најмногу им одговараа на Словенија и на Данска кои успеаја да изборат учество во плејофот, додека за Србија заврши Европското првенство. Табела: Англија 5 бодови, Данска 3, Словенија 3, Србија 2. Репрезентацијата на Австрија ја победи Холандија со 3:2 вечерва ...

Деветнаесет гола донесоа трите натпревари што се одиграа вечерва на традиционалниот турнир во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта . Најефикасно беше на средбата помеѓу АСП ПАК и Американо која заврши со 11:0, што е највисока победа во досегашниот тек на турнирот. Резултати 25.06.2024 Дипсакус Вевчани – Велио Компани 3:0 АСП ПАК – Американо 11:0 Гостилница Кај Мече – Требеништа 4:1 Турнирот продолжува во среда со нови три средби. Распоред на ...

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на излезот од Охрид. И покрај првичните информации дека се повредени четири лица, од СВР Охрид појаснуваат дека само две од лицата учествувале во сообраќајката, додека другите две лица биле во нивна придружба. Во несреќата учествувале две патнички моторни возила. Повредени се две лица кои беа пренесени во болницата “Св. Еразмо” и констатирани им се лесни телесни повреди. ...

Андон Чибишев е новиот директор на Клиниката за токсикологија, а утре ќе биде назначен нов директор на Клиниката за онкологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството. Професор Чибишев ќе биде новиот директор на Токсикологија. Исто така се надевам дека утре ќе го назначиме и новиот директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. ...

Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.68 м.н.в, односно три сантиметри над просекот за јуни кој изнесува 693.65 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Истото моментално е 51 сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в), односно 58 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в). Температурата на водата денес е 25 степени што е пет степени ...

Италија и денеска, од север до југ, е погодена од невреме проследено со пороен дожд, па цивилната заштита издаде портокалово предупредување за областите Емилија-Ромања, каде што реките Секија, Енца и Панаро предизвикуваат посебна загриженост, како и за Сардинија. Жолтото предупредување е на сила во уште 10 региони, Пиемонте, Ломбардија, Венето, Тоскана, Лацио, Умбрија, Марке, Пуља, Базиликата и Сицилија, пренесува tg24.sky. Во Емилија-Ромања, ...

Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Изградбата се очекува да започне во втората половина на 2025 година, а со оваа странска инвестиција на „Алказар Енерџи“, вредна над 500 милиони долари, се очекува да се отворат нови 630 работни места. Ветерниот парк, како што беше посочено на денешната промоција на инвестицијата, ќе произведува електрична енергија со ...

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не е импресиониран што стана најстариот голгетер во историјата на Европските првенства. Триесет и осумгодишниот фудбалер синоќа погоди против репрезентацијата на Италија (1:1) во натпреварот од 3. коло на Европското првенство. Мојот рекорд? Тоа не ми значи ништо бидејќи не му помогна на тимот. Тажна ноќ, изјави Модриќ за „Madrid Xtra“. Модриќ (38 години и 289 дена) го собори рекордот ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на Алказар енерџи за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност. Струја за 100 000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард, објави Владата на својот ...

Македонската олимпијка Милијана Рељиќ нема сала за подготовки, ниту финансиска поддршка од државата, за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот професионален тренер Александар Ефтимов, кој објасни дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени. Веќе една недела сме без сала за подготовки. И покрај упатените повици до надлежните институции, Милијана се уште нема можност да ја користи салата за ...

На 24.06.2024 во 17.30 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 34 годишно лице од селото Горенци, Општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „црвена застава“ и три куршуми кои, нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија ...

Од петок, 28 јуни 2024 ќе почне да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”. Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од ...

Отсуството на систем за управување со јавни инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните. Ова се резултатите од ревизијата на успешност на тема „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот ...

Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 ...

Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...

Во издание на ПНВ Публикации од Скопје од печат излезе новата книга од Славе Ѓорѓо Димоски „Грозје од кукавица“. Книгата претставува завршен дел од трилогијата со неоангажирана (терминот е од авторот) поезија (другите две книги се „Извештаи на Рисот, 2016 г. и „Јазик и леб“,2019 г.), бидејќи во однос на класичната анагажирана поезија, која често е и патетична, овде се пародираат општочовечки и национални теми како стравот, сомнежот, свеста дека ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ...

На турнирот „Петровден“ во Мешеишта вечерва се одиграа три натпревари на кои публиката виде 18 голови. Во првиот натпревар Инекс Олгиса со 5:2 ја совлада екипата на Дооел Ноче. Во вториот меч Сатеска со 5:1 беше поуспешна од Хацеган Елит, додека во последната средба вечерва екипата на Дамјан, Климент и Михаил загуби од Бомбаши 1:4. Турнирот продолжуваат во вторник со 3 натпревари. Распоред на натпревари 25 јуни: 20:30 ч. Дипсакус Вевчани – ...

Бранителот на титулата Италија со гол во последната минута избегна пораз (1-1) од Хрватска и обезбеди пласман во осминафиналето на ЕВРО2024 како второпласирана во групата Б во која Шпанија го освои првото место со максимален ефект по вечерашниот триумф над Албанија (1-0). Хрватска на дуелот во Лајпциг беше на чекор до осминафиналето, откако Лука Модриќ донесе водство во 55 минута, само шеесетина секунди откако Луиџи Донарума му го одбрани ...

Компанијата dm дрогерие маркт во текот на месец јуни спроведе кампања за бесплатни дерматолошки прегледи во Скопје и Охрид, која траеше вкупно пет дена. Прегледите беа спроведени во соработка со Д-р Елизабета Ризова и Д-р Радмила Ончева – Специјалисти по дерматовенерологија и беа насочени кон рано откривање на сомнителни промени на кожата, конкретно на бенките на кожата, но имаа и за цел да се информира јавноста за соодветна заштита од сонце, ...

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, зборуваше за потенцијалот на неговиот болид и шансите за победа. Тој смета дека неговиот тим напредувал, но се уште е тешко да се натпреварува со Ред Бул, Мекларен и Ферари. Мислам дека во моментов ова е максимумот што го имаме. Значи, ние постојано дотеруваме, правиме мали промени, но ни требаат некои нови делови за да се бориме со најдобрите. Мерцедес ја зголеми брзината? Несомнено. Дефинитивно станавме ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик министерката за здравство Маја Манолева само со нејзиниот потпис и дека ја одобрува таквата одлука. Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), нормално го вратила стариот директор. ...

Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
76%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
95%
1010
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
63%
1008
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
73%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
68%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61