Утре на подрачјето на општина Струга ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци. Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 часот, до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски ...

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на Балканските египќани, упати честитка до припадниците на оваа заедница во Општина Охрид. Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани, да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска ...

Советот за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург усвои нови санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон области од висока вредност за руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и имаат за цел да го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ. Санкции се воведени и за 116 физички и правни лица. ЕУ ги забранува услугите за претовар на руски течен гас на територијата ...

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери. На примопредавањето во Владата, Мицкоски и Џафери имаа кратка средба, без изјава за медиумите. На церемонијата во просториите на Владата, како новоизбран премиер, акцентирав дека ќе ги почитувам принципите на транспарентност, одговорност и напредок. Мојата визија е насочена кон економски раст, ...

Охриѓани апсолутни победници и во екипна и во поединечна конкуренција на Државно првенство во спортски риболов за деца У15 (кадети) во дисциплина „ПЛИВКА“ кое викендов се одржа на кејот на Охридско Езеро. Во категоријата екипно првото место му припадна на тимот од „Свети Апостол Петар“ од Охрид во состав Христијан Булески, Христијан Илијовски и Јован Петровски, додека второ место освои тимот од „Оскар 2“ од Кавадарци, а 3 место „Оскар 1“ од ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата. Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата. Лидер е италијанскиот тенисер Јаник Синер. Десетте најдобри на најновата ...

Општините Поградец, Охрид и Струга ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона, објави Ора њуз, во прилогот под наслов „Едно езеро, две држави, три општини/ Охридско Езеро, туризмот се развива во Поградец, Струга, Охрид”. Соработката се чини ќе биде поголема годинава и поради договорот на туристичките оператори за продолжување на деновите на престој во овој прекуграничен регион, наведува телевизијата. Илир Џаколи, градоначалник на ...

Младински Центар Охрид Од 03.07.2024 - 10:00 до 07.06.2024 - 20:00 Во просториите на Младинскиот Центар Охрид, со почеток од 3ти јули ќе се оддржи филмски курс „Филмски колаж“, кој е дизајниран како алатка за сите средношколци и студенти со интерес кон филмската уметност. Целта е да им овозможи на младите да се запознаат со различни аспекти на филмската продукција и да ги развијат своите критички и креативни способности, информираат од ...

Општините Подградец, Охрид и Струга ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона, објави Ора њуз, во прилогот под наслов „Едно езеро, две држави, три општини/ Охридско Езеро, туризмот се развива во Подградец, Струга, Охрид”. Соработката се чини ќе биде поголема годинава и поради договорот на туристичките оператори за продолжување на деновите на престој во овој прекуграничен регион, наведува телевизијата. Илир Џаколи, градоначалник на ...

Во скопскиот и тетовскиот регион се санираат штетите од вчерашното невреме проследено со ветер, дожд и град. Пријавени се штети за поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, фасади….. Центарот за управување со кризи утринава информира дека во тетовскиот регион на терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени ...

Во Владата на Реепублика Северна Македонија денеска во 10 часот новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја преземе функцијата од досегашниот технички претседател на Владата, Талат Џафери. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски и Џафери ќе имаат кратка средба. По преземањето на функцијата, Мицкоски ќе замине за Штип каде ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова спортска сала „Џексон”, а потоа ќе направи увид во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Охрид сончево со умерена ...

Со пригодна свеченост што се одржа синоќа во селото Белчишта, општина Дебрца, беше отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, чија богата архива содржи над 700, досега, создадени дела. Пред љубители на ликовната уметност, почитувачи и гости се обрати Мартина Целеска, претседател на здружението-организатор, која се осврна на историјата на манифестацијата. Во пресрет на јубилејот – 4 децении постоење, со чувство ...

Триесеттина познати уметници од земјава и странство во наредните две недели ќе творат во живописното Вевчани. Тие се дел од 13 ликовна колонија „Вевчански видувања“, која свечено беше отворена синоќа во ресторанот „Виа игнација“. И оваа година во соработка со „Шпаркасе банка“ го организираме проектот за млади и талентирани сликари. На конкурс беа избрани 10 млади уметници кои заедно со нивните повозрасни колеги ќе учат и творат во Вевчани. ...

Три натпревари се одиграа вечерва на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, а стрелците повторно беа расположени. Во првиот натпревар Др. Баткоски ја совлада екипата на Кутлеш со 5:3. Во вториот меч Ресторан Станица Викса Пром беа подобри од Волино со 4:2, додека во последната средба вечерва Виена Комерц ја совлада екипата на „Ри-Сте-Ви-Бој“ со 2:1. Турнирот продолжува во понеделник со три средби. Распоред на натпревари, понеделник, ...

На Европското фудбалско првенство во Германија вечерва се одигра последното, трето коло во А-групата. Германија се спаси од пораз со Швајцарија, додека Унгарија со гол во 100. минута ја победи Шкотска и ги задржа шансите за плејоф. Швајцарија со голот на Ндиаје во 28 минута долго водеше во мечот со домаќинот на шампионатот. Спасител на Германија беше напаѓачот на Борусија Дортмунд Филкруг кој донесе израмнување во 92 минута. Собот во ...

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија ...

Невремето кое вечерва го зафати Скопје предизвика штети во повеќе населби, информира Центарот за управување со кризи- ЦУК. На бројот 112 во оперативниот центар на ЦУК стигнале околу 70 пријави, претежно за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици. Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за ...

Новинарот Исуф Кадриу, заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат, ненадејно почина денеска на 52-годишна возраст, во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде бил на одмор со семејството. Кадриу средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана. Од 2008 година беше заменик-главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат во информативната програма. Исуф Кадриу ...

Викендов на акумулацијата Мавровица се одржа 3-то, последно коло од Државното првенство од крапската лига, воедно и квалификационо за учество на Светско првенство. Екипата на „Св. Апостол Петар“ во состав: Марио Петковски, Јован Јолакоски и Александар Илиоски, го освои второто место, со што севкупно обезбеди пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Хрватска. Екипата на „Св. Апостол Петар“ во третото коло улови 303,54 килограми крап, ...

Специјален едукативен камп за планинарење за деца со попречености, се одржа вчера во организација на ЗП „Великамен“ одржа . Настанот започна со кратка планинарска акција од с. Горно Коњско до планинарскиот дом Троуглеш. Децата беа придружувани од двајца лиценцирани водичи, дефектолог и нивните родители. Во дворот на домот преку активности децата учеа како се поставува шатор, како безбедно да се запали логорски оган и многу други вештини за ...

Попладнево Тетово и околината ги зафати големо невреме проследено со силен дожд и град во големина на лешник. Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош. Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските ...

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација. По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците. Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло и ќе го пропушти 1/8-финалето на турнирот ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија во Барселона. Дваесет и шестгодишниот Холанѓанец ја постигна седмата победа оваа сезона и 61 во кариерата. Ландо Норис, претставник на Мекларен, заврши на второто место. Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои третото место. Со 219 бодови, Верстапен продолжува да води во поредокот во Формула 1 за возачи оваа сезона. ...

УХМР најавува дека во текот на следната недела, претежно во попладневните часови, ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура. Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, ...

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман го критикуваше теренот на стадионот во Франкфурт. Германија вечер во Франкфурт ќе игра против Швајцарија. Германците во март на овој стадион одиграа пријателски натпревар со Холандија (2:1), кога играчите често се лизгаа. За време на средбата меѓу Данска и Англија во четвртокот, играчите често се лизгаа и беа искинати парчиња трева. Не сакам никого да навредам, но тревникот едноставно не е добар. ...

Со натпреварите од А групата, вечерва започнува финалната разврска по групи на Европското првенство, по што ќе бидат познати патниците во елиминациската фаза. Германија во битка за 1 место се среќава со Швајцарија, а Унгарија и Шкотска ќе бараат шанса за пласнам понатаму во директен дуел. Германија има 6 бода, Швајцарија 4, Шкотска 1, а Унгарија е последна без бодови. Натпреварите од последното коло се играат во ист термин од 21 часот. Г.М. ...

Компјутерска измама е направена во Албанија каде граѓани се оштетени од лажни пораки наводно упатени, претходно од институции, а сега и од познати јавни личности. Премиерот Еди Рама преку реакција на социјалната мрежа „Икс“ ги повикува граѓаните кои добиле пораки на име на јавни личности однапред да ја проверат автентичноста на испраќачот, за да ја избегнат замката на оваа криминална игра. Рама пишува дека државната полиција приведе и изведе ...

Вчера УТРОТО во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, на место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 35-годишен тетовчанец излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот (32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил ...

Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
76%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
95%
1010
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
63%
1008
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
73%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
68%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61