На 08.07.2024 година во 13.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Пожарот настанал додека возилото се движело на кружната крстосница на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, управувано од 31 годишно лице од Тетово. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. На 08.07.2024 година во 17.20 часот, ...

Повелба за негување и унапредување на македонската хорска музика доби градскиот хор Vox Lychnidos од 29-то издание на еден од најпрестижните хорски фестивали со натпреварувачки карактер во регионот „Блистави гласови“, што изминатиот викенд се одржа на летната сцена во Нишката тврдина во Србија. Моќно и емотивно звучеа композициите Ubi caritas, Bum ta ka bum од охридскиот композитор Гоце Гавриловски, Konj и Besame mucho, а публиката со овации ...

Десет пожари на отворен простор се регистрирани во јуни и јули заклучно со денешниот ден на територијата на Охрид и Дебрца. Според командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски најчесто има опожарување на ниска вегетација, сува трева, стрништа, депонии… Палењето оган на отворен простор е казниво по закон! Со оглед на тоа што во наредниот период не очекуваат високи температури, а со самото тоа и можноста за пожари е голема, упатуваме апел жителите ...

2535 лица се регистрирани за невработени во Охрид согласно статистиката од Агенцијата за вработување на РСМ заклучно со јуни годинава. Од нив, 1191 се жени, а 1344 мажи. Податоци од анализи направени од страна на Агенцијата според степенот на образование и возраста достапни се заклучно со мај 2024 кога бројката на невработени лица изнесува 2543. Статистиката, заклучно со овој месец покажува дека најмногу од невработените имале завршено основно ...

Внесот на вода е важен за целокупната благосостојба на организмот, а може позитивно да влијае и на слабеењето. При активни обиди да се намали тежина, зголемувањето на внесот на вода може значително да влијае на губењето килограми. Нутриционистката и диететичарка Сушма Џајсвал за „Дејли мејл“ вели дека кога се пие вода во текот на денот треба да се земат предвид факторите на возраст, пол и тежина, но советот и препораката е да се пијат четири до ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи ...

На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“. Станува збор за филм од 2019 година, во режија на Борјан Зафировски, додека главните улоги ги играат Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска. Во филмот се ...

Предадени документи од Секторот Урбанизам при Општина Охрид во средена и обработена форма во Охридскиот Архив. Оваа активност, како што посочуваат од Архивот, е резултат на Меморандумот за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид. Од денес во средена и обработена форма се предадени документи од „Урбанизам“ за периодот од 1991 до 2000 година со што имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Голем и значаен чекор во ...

Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.63 м.н.в што е за 5 сантиметри над просекот за јули (693.58 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 53 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 46 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в) Неделната анализа ...

Предадени документи од Секторот Урбанизам при Општина Охрид во средена и обработена форма во Охридскиот Архив. Оваа активност, како што посочуваат од Архивот, е резултат на Меморандумот за соработка помеѓу Државен Архив и Општина Охрид. Од денес во средена и обработена форма се предадени документи од „Урбанизам“ за перидот од 1991 до 2000 година со што имаме континуитет на документација од 1964 до 2000 година. Голем и значаен чекор во ...

Екипите на АСП ПАК и Кафе бар 9 обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Во првите четвртфинални средби што се одиграа синоќа, бранителот на трофејот, екипата на АСП ПАК, беше поуспешна од Брумел со 4:1, додека Кафе бар 9 ја совлада екипата на Др. Баткоски со 2:1. Преостанатите патници во полуфиналето ќе бидат познати вечерва, кога ќе бидат комплетирани четвртфиналните пресметки на турнирот. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде 9. Во ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Од РКЕ додаваат дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 денари за ...

Основен кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост. Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. ...

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша Конкурс за најдобар расказ. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ. Авторското право се ...

„Скршен терариум“ од Филипа Сара Попова е добитник на наградата „Млада Струга“ за необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант за 2024 година, што ја доделува националата установа „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со „Европската куќа“ и со поддршка на делегацијата на Европската Унија. На конкурсoт, како што истакна на денешната прес-конференција на која беше соопштен добитникот, претседателот на жири комисијата Славе Ѓорѓо Димоски, ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓанката Анастасија Мојсовска, која ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз 2024, во категоријата спортско стрелаштво. Градоначалникот изрази големо задоволство што Охрид е горд на уште еден талентиран спортист со охридско потекло, кој ќе настапи на најпрестижниот спортски настан во светот. Тој упати честитки до Мојсовска за нејзиниот пласман на Олимписките игри ...

На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди“, удрил во мотоцикл што го управувало 47 годишно лице од Охрид. Веднаш потоа, возачот на аудито заедно со лице од охридското село Косел и лице од селото Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во ...

Во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19 часот во вторник до шест часот в среда, а со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска. Заради тоа се известуваат граѓаните кои одгледуваат ...

Над 130 учесници од целата држава, се запознаа и уживаа во убавините на Вевчани, планината Јабланица и Споменикот на природа Вевчански Извори на Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва која се одржа изминатиов викенд во организација на Еко-свест Вевчани и Велосипедско друштво Рупикапра MТБ Струга. Турата која има за цел промоција на природните убавини и потенцијалот за велосипедски туризам на планината Јабланица ги освои импресиите на ...

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, собори голем број рекорди со вчерашната победата на Силверстоун. По Британското Гран при, Луис Хамилтон стана најстариот победник на Формула 1 трка во 21 век (39 години и шест месеци), надминувајќи го достигнувањето на Кими Раиконен (39 години и 4 дена), поставено во 2018 година. Пилотот на Мерцедес го собори и рекордот за интервал помеѓу првата и последната победа – 17 години и 27 дена. Луис ...

Во просториите на Европска куќа во Струга денеска ќе биде прогласен добитникот на наградата „Млада Струга“ за 2024 година. Оваа награда се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, на возраст од 18 до 30 години. Наградата се доделува во рамките на Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), а во соработка со Европска куќа и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во земјава. Конкурсот за поетската ...

Во организација на месната заедница на село Велгошти и МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот „Св. Петка” во с. Велгошти се одржа чествување по повод 123-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета. На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој ...

На 07.07.2024 година во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост“ на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од 68 годишно лице од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од 23 годишно лице од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал ...

Денес (08.07) и утре (09.07) започнува летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“. И оваа година, дозволете си да отпатувате назад во времето, на нашиот специјален настан – летно кино со автомобили. Придружете ни се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Охрид времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне ...

Екипите на Бел Мерцедес и Инекс Олгица се последните патници во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал Петровден во Мешеишта. Бел Мерцедес вечерва ја совлада екипата на Дипсакус Вевчани со 5:1, додека Инекс Олгица славеше со 7:2 над Еко Шпар. Распоред на 1/4финални натпревари: Понеделник 08.07.2024 21:00 Асп Пак – Брумел 22:00 Др. Баткоски – Кафе Бар 9 Вторник 09.07.2024 21:00 Сатеска – Бел Мерцедес 22:00 Инекс Олгица – Ресторан Станица ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва нешто пред 20 часот на патниот правец Охрид – Ресен, во близина на Прентов мост. Како што дознаваме, од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и автомобил. Од здобиените повреди возачот на моторциклот починал. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски потврди дека се случила тешка сообраќајна несреќа и дека во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција. Повеќе детали за трагичниот ...

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија и ја забележа својата 104. победа во кариерата. За британскиот возач ова беше прв триумф во Формула 1 по трката во Саудиска Арабија во 2021 година. Второто место го зазеде актуелниот светски првак Макс Ферстапен (Ред Бул) со заостанување од 1,4 секунди, а трет Ландо Норис од Мекларен со заостанување од 7,5 ...

Владата сериозно ја разгледува можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор објави денеска на социјалните мрежи министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57