Актерка Шенон Доерти, позната по улогата на Бренда во популарната серија „Беверли Хилс 90210“, почина на 54-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката. Со тешко срце ја објавуваме смртта на Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби долгата битка со ракот на дојката, изјави нејзината соработничка и пријателка Лесли Слоун. На актерката во 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка, но и покрај дијагнозата, таа продолжи ...

Во рамки на Купот за едрење, на Охридското Езеро денеска се одржа едриличарска регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС од Охрид, на која учествуваа екипи од Охрид, Струга и Скопје. Победник во категоријата “One design” беше екипата “Timless love” на Акватика Јахтинг – Охрид составена од четири млади девојки предводени од скипер Софија Ставрева. Првото место во категоријата „Минитонци“ (над 23 feet) е екипата на Јахтинг клуб ЦЗГ со скипер ...

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2024 година – 6:2, 6:2, 7:6 (7:4). Средбата траеше 2 часа и 30 минути. Алкараз сервираше пет пати ас, направи шест двојни грешки и реализираше пет брејк топки од 14 шанси. Ѓоковиќ имаше осум асови, четири двојки и еден претворен брејк од три можности. Алкараз вторпат по ред стана шампион на Вимблдон. Во минатогодишното ...

Синоќаво 21.45 часот, на паркинг простор во близина на плажа во Охрид, приведени биде две лица од Струга и Прилеп на возраст од 25 и 30 години. При извршен преглед, полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај нив, пронајдоа и одзедоа марихуана, како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР ...

Предворје на Св. Софија Од 14.07.2024 - 21:00 до 14.07.2024 - 00:30 Првата содржина од драмскиот дел на програмата на Фестивалот „Охридско лето“ е театарската претстава „Безгрешна“, поставка на Театарот Марибор од Словенија. „Безгрешна“ (Immaculata) бара смисла во раните кои никогаш не можат да зараснат. Марија, мајката на Исус, се обидува да се сети на некои од зборовите, лицата и деловите од приказната во врска со смртта на нејзиниот син. ...

ШК Ласкер Охрид, од 06 до 13 јули учествуваше во Втората машка лига на Македонија во која се натпреваруваат 10 екипи. Натпреварите се играа на шест табли по Бергеров систем (секој со секого), ШК Ласкер Охрид кој настапи исклучиво со шахисти од Охрид, со една победа, три нерешени и пет порази освои 5 бода и вкупно 22 поена, со што го освои 7 место, со што обезбеди опстанок во втората лига каде ќе се натпреварува и во 2025 год. За ШК Ласкер ...

Во финалето на Европското првенство во фудбал вечерва во Берлин. Германија, ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Шпанија. За Англија која нема европска титула ова е второ финале едно по друго. На претходното како домаќини загубија на пенали од Италија. Шпанците, пак, со евентуален триумф ќе стигнат до рекордна четврта титула. Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте ги сподели своите очекувања за натпреварот со ...

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Денес во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а промена на временската состојба се очекува дури од петок. За денеска синоптичарите ...

Селекцијата на Уругвај ноќеска ја победи селекцијата на Канада во мечот за третото место на Купот на Америка. Средбата одиграна на „Банк оф Америка“ во Шарлот беше решена по изведување на пенали (4:3), откако по основниот дел немаше победник (2:2). Уругвај поведе во 8. минута преку Родриго Бентанкур, во 22. минута Исмаел Коне го израмни резултатот. Во второто полувреме Џонатан Дејвид погоди за Канада (80. минута), а Луис Суарез за Уругвај ...

Легендарниот бразилски фудбалер и селектор, Карлос Дунга доживеа тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во регионот на Коритиба, а Дунга бил во автомобилот со сопругата. По несреќата тие биле пренесени во болница, а со алкотест било утврдено дека фудбалската легенда не возел под дејство на алкохол, објави „Глобо Еспорте“. Автомобилот е целосно уништен, завршил на покривот, а не се знае точно како настанал овој инцидент. Дунга играше ...

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години синоќа доживеа тежок пораз од Шпанија со 93:38 во првиот свој настап на Евробаскет 2024 А-дивизија во Полска. Шпанија која важеше за апсолутен фаворит, доминираше во текот на сите 40 минути. Шанса да го поправат впечатокот избраниците на селекторот Боро Смилковски ќе имаат вечер за кога е закажан дуелот со Турција. Натпреварот е закажан за 20:30 часот. Во Ц-групата се наоѓа и селекцијата на ...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија. ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ. Трамп е повреден во десното уво, но како ...

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. Сè уште сме сведоци на неприфатливи акти на насилство врз политиката, напиша на Икс високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Додека претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека е „длабоко шокирана“ од инцидентот. Политичкото насилство ...

Се уште одекнува ехото од песните на стотиците распеани охриѓани кои на оригинален начин го одбележаа празникот Петровден со традиционалната староградска пловидба со ВИС „Билјана“. Настанот „Ој љубов, љубов“ со кој заврши Алтернтаивното културно лето што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12 зрачеше со позитивна енергија која преку социјалните мрежи стигна до сите светески меридијани. Охриѓани, пак, покажаа како треба да се негува ...

Се уште одекнува ехото од песните на стотиците распеани охриѓани кои на оригинален начин го одбележаа празникот Петровден со традиционалната староградска пловидба со ВИС „Билјана“. Настанот „Ој љубов, љубов“ со кој заврши Алтернтаивното културно лето што го организира Културолошка иницијатива 5 до 12 зрачеше со позитивна енергија која преку социјалните мрежи стигна до сите светески меридијани. Охриѓани, пак, покажаа како треба да се негува ...

Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари. Во оваа насока и ЈУНП Галичица апелира на внимателност при однесување во природа и почитување на препораките. Мора да се грижиме за природата и да внимаваме како се однесуваме. Според нашето искуство со секоја година како одминува се повеќе се почитуваат препораки кои ги укажуваме ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11:00 од 17:00 часот – мерка која не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките партии, стои ...

Високите температури, враќањето на печалбарите, како и големиот број туристи, двојно ги зголемија повиците во Итната медицинска помош во Струга, информира раководителот д-р Ѓорги Терпо. Најчесто, според него, интервенирале на колапси предизвикани од топлото време, но неизостанувале ниту повиците за вирусни инфекции и инфаркти. Ако анализираме на дневно ниво, бројот на повици во Итната медицинска помош е зголемен за 50 отсто, додека за викендите ...

На 13.07.2024 година во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 36 и 25 годишни лица од една и 22 годишно лице од друга страна, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 13.07.2024 година во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски Просветители“ во Охрид, градежни ...

Во мај годинава издадени се 260 одобренија за градење, што е за 18.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 869 263 илјади денари, што е за 10.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Охрид биле издадени 14 одобренија за градба на пет физички лица и девет деловни субјекти. ...

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи денес, 13 јули, во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид со почеток во 19:30 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, а прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10. Во Охрид времето денес сончево. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6(2), 6:4. Вториот тенисер во светот до победата над 25. на АТП листата дојде по два часа и 51 минута игра. За Ѓоковиќ ова е десетто финале на Вимблдон во кариерата. Во финалето кое ќе се игра в недела, Ѓоковиќ ќе игра против третопласираниот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз. ...

Екипата на Сатеска од Волино го освои 49 турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта откако вечерва во финалето ја совлада екипата на АСП ПАК со 2:1. Сатеска поведе во првото полувреме со голот на Никола Секулоски. Израмни Никола Угриноски, а Никола Секулоски со вториот гол на мечот по индиректен удар и донесе победа на екипата на Сатеска. Победникот на турнирот ќе инкасира 120 000 денари. Најдобар стрелец на турнирот со 7 гола е Никола ...

Екипата на Сатеска од Волино го освои 49 турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта откако вечерва во финалето ја совлада екипата на АСП ПАК со 2:1. Сатеска поведе во првото полувреме со голот на Никола Секулоски. Израмни Никола Угриноски, а Никола Секулоски со вториот гол на мечот по индиректен удар и донесе победа на екипата на Сатеска. Победникот на турнирот ќе инкасира 120 000 денари. Најдобар стрелец на турнирот со 7 гола е Никола ...

Со концерт на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин и уметниците од оркестарот на Македонската филхармонија, вечерва на сцената на Античкиот театар беше отворено 64-тото издание на фестивалот „Охридско лето“, нашата најголема и најрепрезентативна музичко-сценска манифестација. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која пред исполнетиот аудиториум на Антички посочи дека културниот настан ...

Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“ финасиран од Европската унија и УНДП. Проектот, како што истакна на денешната промоција во Ресен, евроамбасадорт Дејвид Гир, а на која присуствуваа и претставник на УНДП, Армен Григориан, градоначалникот Јован ...

Во изминативе седум години, за жал, нашето културно наследство е тотално загрозено, воопшто немало никаква грижа, не се одвојувале никакви финансиски средства и оставено е на забот на времето. Недоволната грижа може да остави трајни последици на дел од културно-историските споменици и археолошките локалитети, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со директорите на Управата за заштита на културното наследство ...

Ќе има ревизија скоро на сите универзитети, пријави веќе има за неколку и се постапува по истите, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска од Охрид. Ќе почнеме од таму кадешто се пријавуваат неправилности и со тек на време ќе направиме ревизија на сите. Ревизијата на издавање на дипломи е прилично долг и макотрпен процес, но за се што ќе има пријава ќе се постапува. А веќе имаме и почнуваме да постапуваме, меѓу нив за т.н. ...

Екипите на АСП ПАК и Сатеска вечерва ќе ги одмерат силите во финалето на 49-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2024“ во Мешеишта, со што ќе биде спуштена завесата на уште едно успешно издание на оваа позната споортска манифестација. АСП ПАК до финалето стигна по победата над Инекс Олгица со резултат 3:1, додека втората полуфинална драма ја доби екипата на Сатеска која славеше во мечот со Кафе бар 9 со 3:2 по ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57