Реконструкцијата на западната трибина на стадионот Билјанини Извори официјално почнува во понеделник. На настанот предвидено е да бидат присутни претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и градоначалникот Кирил Пецаков. Проектот за изградба на новата западна трибина беше предаден од страна на ФФМ до Општина Охрид во октомври годинава. Според истиот, новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и ...

Непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по посетата на канцелариите за контакт со граѓаните во Охрид, каде беше во придружба на охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа. Избраниот пратеник мора и најдобро е да се види во граѓаните не само во изборните циклуси, туку и во текот на мандатот. Тоа е и смислата ...

Трите лица од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши кои утрово имаат сообраќајна несреќа на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца се во добра здравствена состојба. Веднаш отидовме во болница и ги видовме. Има тројца припадници од безбедносните сили кои се дел од обезбедувањето. Се прават сите снимки и анализи. Од докторот и директорот на болницата сме информирани дека нема некоја потешка повреда, но ќе ...

Сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца. Неофицијално, д засега непознати приличи возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во незгодата повредени се три лица кои се пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. На ...

Центар за култура „Григор Прличев“ Од 16.12.2024 - 20:00 до 16.12.2024 - 22:00 Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ во режијата на Билге Емин повторно на репертоарот во понеделник 16.12.2024 година. Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има ...

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски. Жири –комисијата одлучи први награди да им бидат доделени на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во П.Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Утрово најстудено е на Попова Шапка, -2 степена, а максимални 8 степени се измерени во Демир Капија и Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -1 степен во Лазарополе, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 3 во Тетово и Дебар, 4 во Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор и Прилеп, 5 ...

Променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени. Во Охрид претежно облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне ...

На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското Езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ од слобода лишија 67, 64 и 77 годишни лица, сите од охридското село Трпејца. При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското Езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба охридска белвица и грунец со ...

Регионалната депонија во Новаци се очекува да биде изградена до крајот на 2027 година, доцнат активностите, но сепак има интерес и на национално и локално ниво за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад. Од општините се очекува јакнење на меѓусебната соработка, формирање што поскоро заедничкото регионално претпријатие, како и зајакнување на капацитетите на локалните јавни комунални претпријатија. Во моментов се работат ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2024 година, во споредба со октомври 2024 година, е зголемен за 0.1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од ...

Во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, со што продолжува акцијата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Листата на производи, како што кажа Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. Тоа е многу ...

Премиерата на 3-та по ред детска театарска претстава на Детското драмско студио „Драмакидз“ со наслов „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ ќе се одржи во вторник, 10 декември, со почеток во 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. „ЦЕПЕНКОВ’N ROLL“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Плетвар. Слаб снег провејува во Тетово, Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово, велат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски учествуваше на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија, соседна Бугарија, каде учествуваа 966 натпреварувачи од 14 земји од Европа. Боите на нашата држава ги претставуваа 10 натпреваувачи кои и овој пат постигнаа успеси освојувајќи 2 златни и 2 сребрени медали. Се гордеам што имаме натпреварувачи од типот на ...

Под мотото „ВО ЗАШТИТА НА ХУМАНОСТА“ Црвен крст Охрид ќе го одбележи 5-ти Декември -Светскиот ден на волонтерството. На овогодинешниот ден акцент ставаме на оддавањето на признание на придонесот на нашите волонтери кои припаѓаат на сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на нашите активности наменети за најразлични корисници на услуги на Црвен крст Охрид, посочуваат. Во таа ...

Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места особено на северозападот од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови и ќе продолжат со помал интензитет и преку ноќта. На планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени. ...

Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што денес се промовираше во големата општинска сала. Ова големо по значење дело за мали ученици со заложба на градоначалникот Кирил Пецаков е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи. На промоцијата на книгата градоналникот Кирил Пецаков имаше пригодно обраќање во кое потенцираше дека станува ...

ГРК Охрид е пред нов суперлигашки предизвик. Во сабота „Гладијаторите” го пречекуваат тимот на РК Прилеп во рамките на 14 коло. Бодовите остануваат во Охрид. До крајот на годината не чекаат уште три натпревари. На секој од нив мораме да го покажеме нашиот квалитет и да ги искористиме за да ја подигнеме самодовербата и да изградиме тимски дух. Прилеп е добра екипа, но на нас е добро да се подготвиме за двата бода да останат во Охрид, вели ...

ЈП „Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад, 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства на улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска” и дел од ул. „Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул. „Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од ...

На 04.12.2024 во 00.05 часот на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 24 и 20 годишни лица, двајцата од Охрид. Тие го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 03.12.2024 во 09.25 часот во СВР Охрид е пријавено ...

Советот на Општина Охрид денешната одржа 50-та Седница ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2025 година. Се ставаат на јавен увид донесените нацрт документи, се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги достават до стручните служби на општина Охрид, велат во соопштението. Јавниот увид ...

Во рамките на одбележување на Неделата на борба против ХИВ/СИД денес со почеток од 20:00 часот Црвен крст Охрид во своите простории организира едукација на тема „Превенција од ХИВ/СИДА” предводена од д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Целта на ова предавање е да се подигне свеста кај јавноста за опасноста од ширењето на ХИВ/СИДА, да се поттикне редовното тестирање и да се подобри квалитетот на животот на оние кои го носат вирусот, но пред се ...

Малиот износ на средства предвидени за капиталните проекти во нацрт програмите за 2025 година говори дека и реализацијата на истите ќе се одложи повторно посочија советниците од опозицијата на денешната одржана 50-та седница на Совет. Велат продолжува трендот капиталните проекти да се ставаат во развојните програми. Од локалната уверуваат ветените проекти пред охриѓани ќе бидат реалзирани. Во Нацрт програмата од Секторот за комунални дејности ...

За новогодишното украсување на градот Охрид за следната година во Нацрт буџетот предвидени се 2 800 000 денари односно повеќе од 40 илјади евра беше соопштено на денешната одржана 50-та Седница на Совет. Од страна на советникот Ванчо Костоски беше упатено прашање што е предвидено во овој износ на средства со оглед дека години нананзад се говори Општината да купи украси кои ќе останат во нејзината сопственост за да не се трошат средства за ...

Проф. д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Биографијата на проф. д-р Павле Митрески се издвојува поради неговото големо високовредносно и величествено делување, темелно и темелито проучување на историјата, културата и традицијата на Охрид и Охридско. Проф.д-р Павле Митрески е неуморен раскажувач на минатото на Охрид и Охридско, неговата ...

Групацијата на граѓански организации „Збогум Буково” организира јавна панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“, која што ќе се оддржи утре во Касарна Хаб, Охрид. Панелот ќе понуди можност за транспарентно излагање на досегашните чекори спроведени според Планот за управување со отпад во Југозападен регион, пречките во неговото остварување, здравествените проблеми кои настануваат со ненавремено решавање на овие еколошки проблеми ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за ...

Со оглед на неодамнешниот пораст на биткоинот, платформата „BCHMiner“ претставува атрактивна можност за оние кои сакаат да заработат преку т.н. клауд мајнинг (рударење со криптовалути) Во оваа статија на „BCHMiner“, се објаснува како да започнете да ја користите платформата „BCHMiner“ и да заработите пасивен приход преку дневни награди. Придобивки од користење на „BCH miners“ ● Традиционалното ископување биткоин е високо конкурентно и бара ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
5.14
87%
1024
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
7.2
73%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
5.14
83%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
6.16
95%
1031
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.68
93%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
74%
1019
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1019
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
12.35
76%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
81%
1031
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
87%
1023
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Платина

73500.79

Калај

43.79

Сребро

2314.89

Цинк

3.09

Алуминиум

2.95

Бакар

11.33

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Злато

144308.60

Родиум

263636.12

Иридиум

145787.60

Паладиум

59028.77