Велигден е најголемиот празник на христијаните. Традиционално празникот масовно се одбележува во Охрид каде денеска реки народ се слеваа кон православните храмови. Верниците трпеливо во редови чекаа да влезат во храмовите на МПЦ да запалат свеќа и да се помолат за здравје и среќа. Таква слика денеска затекнавме и во црквата Св. Никола во Долна влашка маала која беше претесна да ги прими сите верници. Велигден традициоланло се слави три дена. ...
Биењето на камбаните во бројните православни храмови во Охрид точно на полноќ ја најавија радосната вест за воскресението Христово.Илјадници верници од градот и туристи од земјава и странство кои одмараат на охридската ривеиера за продолжениот викенд ги исполнија црквите. Централната богослужба во Охрид се одржа во храмот на Свети Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше епископ Велички Никола. Верниците со свеќи во рацете ,молитва и ...