
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, во СВР Охрид од слобода бил лишен 40-годишен охриќанец. Тој претходно, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет повредил 39-годишен сограќанин. Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид. Ноќеска во 01.05 ...
Инцидентот како што соопшти СВР Охрид се случил синоќа во 21.40 часот. Во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р. (32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Повредената со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во ...
Despina Lounge Од 03.08.2024 - 21:00 до 03.08.2024 - 23:59 Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл ќе одржи концерт во „Despina Lounge“ во Охрид на 3-ти Август, сабота во 21:00 часот. На концертот ќе бидат изведени авторски песни на светски познатиот музичар Владимир Четкар кој периодов интензивно работи на новиот албум за чии потреби се снимаат и видео спотови. „Despina Lounge“ се наоѓа на крајбрежјето на Охридското Езеро со оддалеченост од само ...
По Аргентина и Канада, пласман во полуфиналето на Копа Америка обезбедија синоќа и фудбалските репрезентации на Уругвај и Колумбија. На четвртфиналниот дуел одигран во Парадајс, Невада, пред 55.700 гледачи, Уругвај го победи Бразил со 4-2 на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, додека Колумбија ја совлада Панама со 5-0 во Глендејл, Аризона, пред 39.700 гледачи. Со овој резултат Колумбија ја продолжи серијата без ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а UV индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9. Во Охрид сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 14, амаксималната ќе достигне 32 степени. Високи температури ќе имаме и во следните денови кога на места живата во термометрите ќе се искачи до 40-от степен Целзиусов. ...
Осминафиналната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта продолжи вечерва со три натпревари. Брумел ја совлада екипата на Вис Пој со 4:0, Виена Комерц загуби од Ресторан Станица Викса Пром 1:5, а во возбудлив меч Кафе Бар 9 ја совлада екипата на Рента Кар Кико со 3:2. Последните патници во четвртфиналето на турнирот ќе бидат познати во недела кога се среќаваат: Бел Мерцедес – Дипсакус Вевчани (21:00ч.) и Инекс ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз на денешните квалификации. Расел ја освои пол-позицијата на патеката Силверстоун со време од 1:25.819 минути. За британскиот возач ова е трета пол-позиција во кариерата. Расел беше 0,171 секунди побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон, и 0,526 секунди побрз од Ландо Норис во Мекларен. ...
Норвешкиот велосипедист Андре Дреге го загуби животот за време на денешната кралска етапа на трката низ Австрија, јавија локалните медиуми. Според организаторите, 25-годишникот велосипедист од тимот Coop-Repsol паднал додека се спуштал од највисоката австриска планина Гросглокнер кон Хајлигенблут и им подлегнал на повредите. Сè уште не се познати деталите за несреќата. Познато е само дека Дреге бил во водечката група, а сè уште не е јасно ...
Холандија е последниот полуфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во возбудливо четвртфинале во Берлин ја совлада Турција со 2-1 (0-1). Самет Акајдин ја донесе Турција во водство во 35 минута, а Арда Ѓулер на средина од второто полувреме пропушти голема шанса да го удвои водството, откако неговиот удар ја погоди стативата. Казната дојде на спротивната страна во 70 минута кога Стефан де Вриј го израмни резултатот. Само шест ...
Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на ЕВРО2024 совладувајќи ја вечерва Швајцарија на пенали со 5-3, откако четвртфиналната пресметка во Дизелдорф во регуларниот дел и по двете продолженија заврши нерешено 1-1. Швајцарија поведе во 75 минута со голот на Емболо, но само пет минути подоцна Сака донесе израмнување на резултатот. Откако во двете продолженија мрежите мируваа, третиот полуфиналист на ЕВРО2024 го ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции. Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени. Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ...
Полуфиналните пресметки на Европското фудбалско првенство ќе бидат комплетирани денеска по одигрувањето на двете преостанати четвртфинални натпревари меѓу Англија – Швајцарија и Холандија – Турција. Саботната четвртфиналната програма стартува во 18 часот со дуелот меѓу Англија и Швајцарија во Дизелдорф. Англискиот селектор Герет Саутгејт на дуелот против Швајцарија по јубилеен 100. пат ќе ја предводи Англија од клупата. Последниот ...
Ноќеска во 02.35 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода две лица од Скопјена возраст од 25 и 22 години. При преглед кај нив била пронајдена марихуана, а при претрес извршен по добиена судска наредба во камп приколка во Охрид, што ја користел А.Т., полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, грендер и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена ...
Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет. Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март. Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите ...
Шпанија го расплака домаќинот Германија во огромна драма која траеше 126 минути за да се пласира во полуфиналето на ЕП 2024. Двата тима одиграа многу изедначено прво полувреме, во кое Шпанците ја контролираа топката повеќе од противникот, но според официјалната статистика силите во овој поглед беа изедначени. Пред двата гола недостигаа чисти шанси, а двајцата голмани мораа да одбиваат прелесни за нивните стандарди удари. Само шест минути по ...
Канадската фудбалска репрезентација во своето дебитантско учество на Копа Америка се пласираше во полуфиналето откако во четвртфиналето синоќа во Арлингтон ја совлада Венецуела со подобро изведување на пенали со вкупен резултат 5-4 (1-0, 1-1, 1-1). Канада поведе во 13. минута со голот на Џејкоб Шафелбург, а Венецуела израмни во 65. минута преку Саломон Рондон. Во пенал-рулетот по пет серии двете селекции постигнаа по три гола, а во шестата ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени. Во Охрид до 30 ...
Екипите на АСП ПАК, Сатеска и Др. Баткоски обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. АСП ПАК со 4:2 ја совлада екипата на Бомбаши, Сатеска со 3:0 славеше над Мешеишта, а со идентичен резултат екипата на Др. Баткоски беше поуспешна од Дооел Ноче. Осминафиналните пресметки продолжуваат во сабота, 6 јули, со уште три средби: 20:30 Брумел – Вис Пој 21:30 Виена Комерц – Ресторан Станица Викса Пром 22:30 ...
Шпанија го расплака домаќинот Германија во огромна драма која траеше 126 минути за да се пласира во полуфиналето на ЕП 2024. Двата тима одиграа многу изедначено прво полувреме, во кое Шпанците ја контролираа топката повеќе од противникот, но според официјалната статистика силите во овој поглед беа изедначени. Пред двата гола недостигаа чисти шанси, а двајцата голмани мораа да одбиваат прелесни за нивните стандарди удари. Само шест минути по ...
Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноевмври”, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Деновиве се поставува последнот слој асфалт по што ќе следува хоризонтално и вретикално обележување на улицата, објави на Фејсбук Пецаков. Поради градежните работи на улицата „7-ми Ноември“ до сабота, 6 јули, на сила ќе биде времен режим на сообраќај. Се упатува молба до учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат ...
На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишен охриѓанец, удрило во пешак (22) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи. ...
Директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска денеска на прес конференција информираше дека годинашната средна оценка на матурата е 3,25 и како што потенцираше, иако е пониска од претходните години, сепак е одлична во однос на објективноста. Таа напомена дека оценката од лани е 3,65, во 2022 година е 3,78, а во 2021 е 3,61. Ова, како што рече, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот ...
Локалната самоуправа најави дека на 9 јули ќе спроведе земјено запрашување против комарци. Општината ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид соодветно да ги заштитат истите. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник до 06 часот во среда. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река ...
Пријавувањето на екипи за учество на 19 турнир во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2024” е во тек и ќе трае до 14 јули, информира организаторот. Котизацијата за учество изнесува 3 000 денари по екипа, а првакот ќе инкасира 130 000 денари. Ждребката ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти на 14 јули во 19:30ч. Организаторот информира дека по истекот на рокот, нема да се пријавуваат повеќе учесници. Традиционалниот турнир во Велгошти е поддржан од ...
Со три натпревари од осминафиналето вечерва започнува елиминацисската фаза на 49 турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Први на терен ќе истрчаат играчите на актуелниот освојувач на трофејот АСП ПАК и Бомбаши. Следи средбата помеѓу Сатеска и Мешеишта, а вечерта ја затвораат Др. Баткоски и Дооел Ноче. Распоред 1/8 финални натпревари: Петок 05.07.2024 20:30 Асп Пак – Бомбаши 21:30 Сатеска – Мешеишта 22:30 Др. Баткоски – Дооел Ноче Сабота ...
На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишен охриѓанец, удрило во пешак (22) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи. ...
Турското претседателство официјално објави дека шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне во Германија на саботниот четвртфинален натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Турција и Холандија. Натпреварот ќе се игра во Берлин со почеток во 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот фудбалски репрезентативец Мерих Демирал за време на осминафиналето против ...
Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 43 седница. На дневен ред се 45 точки, меѓи кои и предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2024 година. Советниците ќе расправаат и за поставување на станици за електрично полнење на автомобили, а се разгледува и предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за времено користење паркинг простор. На дневен ред денеска ќе биде и предлог-одлуката за пренесување на ...
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Охрид до 28 степени. UV=8 Според УХМР, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 ...
Во петок 5 јули, во 20 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата Антологија 4. Оваа четврта едиција на изложбата Антологија е посветена на наивното сликарство и воедно претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во НУ.Завод и Музеј -Охрид. На изложбата ќе бидат претставени дела од : Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Изложбата ...