По повод големиот верски празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија“ 1 и 2 и „Галеб“, вечерта на 2 јули, вторник, ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по празнична цена од 300 денари. Карти за Св. Наум по празнична цена кои се во ограничен број, за вторник, можат да се купат денеска преку целиот ден и утре до 13 часот на Градското пристаниште. Поаѓањето за Св. Наум во вторник е во 19:30 часот од Градското пристаниште, додека ...

Оваа година на меѓународниот натпревар „Охрид опен 2024“ во ИТФ Теквондо, што се одржа неодамна во спортската сала „Билјанини извори“, учество зедоа 28 клубови од Бугарија, Србија, Албанија, Молдавија, Романија, Грција, Република Српска, Хрватска и Македонија како домаќин. Иако забележаа скромни резултати во Теквондо клубот “Мастер” од Охрид се задоволни од постигнатиот успех, дотолку повеќе што настапија со помал број натпреварувачи. ...

На 3 јули стартуваат активностите на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” како последни подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. За потсетување нашиот шампион Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони со тимот на Слован Братислава од Словачка. Ние како претпријатие во соработка со македонскиот фудбалски шампион максимално сме посветени во ...

Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на денешните вонредни внатрепартиски избори со над 9000 гласа од вкупно излезени 12600 гласачи или 54 отсто од запишаните 23 000. СДСМ доби нов претседател. Во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори Социјалдемократите го избраа др. Венко Филипче за претседател на СДСМ. По завршување на гласањето во 20 часот во 77 избирачки места пристигнаа прелиминарните резултати кои се 95 ...

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Охрид сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура се спушти до ...

Големи возбудувања и неизвесност донесе неделната вечер на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта. Во интересен натпревар екипата на Др.Баткоски ја совлада екипата на Еко Шпар со 1:0. Голема неизвесност имаше и на натпреварот помеѓу Дооел Ноче и Македонија кој заврши без победник 2:2, по што мајсторка ќе решава која од овие две екипи ќе се пласира во елиминациската фаза. Турнирот во Мешеишта продолжува во понеделник со 4 средби. ...

Англија го одржа својот сон жив бидејќи по неверојатни напори и многу среќа успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 против Словачка во осминафиналето на ЕП 2024. Како и на претходните натпревари на германско тло, тимот на Герет Саутгејт никако не ги оправда големите амбиции со своите настапи на теренот. Англичаните не можеа да се разбудат дури и откако заостанаа во резултатот. Иван Шранц казни грешка во одбраната на Англија во 25. минута ...

Фудбалерите и стручниот штаб на данската репрезентација со крената глава го издржаа испаѓањето од европското фудбалско првенство, иако Германија поведе со гол од пенал, за чија оправданост на големо се зборува. Многу гледачи не го видоа недозволеното играње со рака на Јоаким Андерсен ниту на забавената ТВ снимка, како што предвидуваат правилата во вакви ситуации во казнениот простор. Самиот дански фудбалер тврди дека не е виновен за пеналот, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Охрид сончево и многу топло. Минималната температура измерена во 7 часот изнесуваше 22 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени. Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а особено во ...

Швајцарија ја симна Италија од тронот и се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024. На Олимпискиот стадион во Берлин, избраниците на Мурат Јакин целосно ги надиграа „азурите“ и победија само со 2:0. Головите за големиот успех ги постигнаа Ремо Фрујлер во 37. минута и Рубен Варгас секунди по рестартот на играта. Од тимот на Италија, само Џанлуиџи Донарума се претстави добро, спасувајќи ја својата земја од пораз и тотален срам на ЕП 2024. Цели ...

Продолжуваат натпреварите на традиционалниот турнир во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта. Вечерта ја отворија Дипсакус Вевчани и Брумел кои одиграа ефикасен натпревар. Славеше Брумел со 7:1. Во вториот меч Вис Пој со 2:1 беше ппуспешен од Бел Мерцедес, додека мечот помеѓу Ајриш Паб Фајв и Велио Компани е регистриран со службен резултат. Резултати сабота, 29.06. Дипсакус Вевчани – Брумел 1:7 Вис Пој – Бел Мерцедес 2:1 Ајриш Паб Фајв – Велио ...

На Европското првенство во фудбал што се игра во Германија, по два дена пауза денеска почнува елиминациската фаза. Возбудувањата ќе кулминираат со 8 средби од осминафиналето, а две се играат вечерва. Актуелниот европски првак Италија од 18 часот игра со Швајцарија, а во 21 часот се среќаваат Германија и Данска. Меѓу шеснаесетте најдобри селекции на стариот континент се најдоа силните фудбалски нации, како и најпријатното изненадување во ...

63-тото издание на Балканскиот фестивал ќе започне во вторник, 2 јули, со изложба на фотографии насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески. Изложбата ќе биде отворена во 20 часот и истата ќе биде поставена во галеријата при НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид. Антонио Стојчески е роден на 16 декември 1999 г. во градот Скопје. Тој е млад професионален презентер на Македонската традиционална култура и најмлад колекционер на ...

Кандидатката за претседателка на СДСМ, Славјанка Петровска, ја повлекува кандидатурата на еден ден пред внатрепартиските избори. Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска вели дека сака да го заштити СДСМ од нелегитимен избор на претседател и бара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче. Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам ...

На распоред на традиционалниот турнир во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта синоќа беа три натпревари. Дамјан Климент и Михаил за бележаа победеда над Хацеган Елит со службен резултат 3:0. Во вториот натпревар Мешишта со 1:0 ја совлада екипата на Црногорци. Најефикасно беше на натпреварот помеѓу Сатеска и Бомбаши 5:2. турнирот во Мешеишта продолжува вечерва со нови три натпревари. Распоред, сабота, 29.06. 20:30 Дипсакус Вевчани- Брумел 21:30 ...

СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира меѓу еден од четворицата кандидати за претседател на партијата. Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади членови на партијата. Во трката за нов лидер на СДСМ се поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и ...

Министерството за одбрана на Украина денеска потврди дека украинските одбранбени сили го уништиле рускиот центар за вселенски надзор и комуникација на Крим, кој е под контрола на Русија. Во соопштението се наведува дека Центарот за вселенски надзор и комуникации на Крим е важна воена компонента во сателитскиот комуникациски и навигациски систем за Русите. Покрај тоа, вооружените сили на Украина успешно ги погодија јуришните авиони Су-25, ...

На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала 51 годишна жена од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта. Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди, инофрмираат од МВР. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи. ...

Со два натпревари денес во Германија ќе продолжи 17. издание на Европското фудбалско првенство. По два дена одмор по завршувањето на групната фаза, осминафиналните битки почнуваат со мечот меѓу Швајцарија и актуелниот освојувач на трофејот Италија во 18 часот по наше време, а вечер од 21 часот домаќините и Данска ќе излезат на терен. На „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, бундестимот ќе бара пласман во четвртфиналето, но најпрво треба да го ...

Екипи на ЈП Охридски Комуналец во насока на одржување на хигиената во градот спроведоа акција за машинско и рачно чистење на чаршијата во раните утрински часови. Охридската чаршија претставува една од најфреквентните пешачки зони во градот. Затоа одржувањето на хигиената на оваа јавна површина е од највисок приоритет за нашите служби. Во раните утрински часови, кога фреквенцијата на движење е минимална, се спроведе акција за рачно чистење на ...

Од понеделник, 1 јули, градскиот базен “Атина Бојаџи” ќе биде отворен за користење, информираат од ЈП “Билјанини Извори”. Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 часот во големиот базен и 13 – 17:30 часот во малиот базен. Утринските часови и дел на попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи, потенцираат. Дневниот билет за рекреативно користење, посочуваат, согласно правилникот за цени на ...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во деновите од викендот и во ...

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,208 денари за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 отсто. Новата малородажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 47,928 денари за килограм, ...

Натпреварувачите од таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид со бројни медали на Меѓународниот ИТФ турнир ОХРИД ОПЕН 2024. Клубот настапи со 19 натпреварувачи и осовои 2 пехари за најдобар поединец, 5 златни, 11 сребрени и 7 бронзени медали. За најдобри клубови на натпреварот се избрани: На турнирот настапија над 300 натпреварувачи од 31 клуб од Бугарија, Србија, БиХ, Албанија, Молдавија, Романија, Грција, Словенија и Хрватска. Изразувам ...

Од 2 до 5 јули во Охрид ќе се одржи 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“. Програмата започнува со изложбата насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески која ќе биде отворена на 2 јули. Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде и годинава со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ со почеток во 20:30 часот на сцената на „Долни Сарај“. Традиционално пред ...

Придобивките од мерката МојДДВ и натаму ќе ги ползуваат граѓаните, промени ќе се направат само во системскиот дел во рамки на Управата за јавни приходи. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на ТВ Сител. Мерката МојДДВ останува со истата сума за поврат кон граѓаните. Ќе се направат одредени корекции, што не се поврзани директно со граѓаните, туку системски во рамки на Управата за јавни ...

На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал 63 годишно лице од Охрид, излетал од патот. Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај 33 годишниот сопатникот од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот и вториот 61 ...

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази. Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Нагласи дека со тоа ќе се стави крај ...

Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. И во оваа пригода го истакнав значењето на овој културен настан за општината и изразив задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува. Во изминатите години создадени ...

Дваесет и петгодишен маж е приведен откако нападнал со нож навивачи во фан зоната во Штутгарт за време на натпреварот од Европското фудбалско првенство меѓу Чешка и Турција, јави денеска агенцијата ДПА. Три лица се повредени во инцидентот што се случил во средата вечер додека навивачите на голем екран во фан зоната го следеле натпреварот од групната фаза меѓу Турција и Чешка. Напаѓачот е обвинет за обид за убиство, соопшти обвинителството. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
0.0
82%
1009
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.3
89%
1010
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
95%
1011
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
54%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1010
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1010
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1010
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61