
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Три тела, на неидентификувани лица, се пронајдени по пожар во семејна куќа во Сараево, потврди денеска портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ. Пожар избувна во семејна куќа во Сараево синоќа по, како што јавија сараевските медиуми, експлозија која се слушнала и траела со часови додека не се локализирала. Според непотврдени информации, на трагедијата во семејниот дом во Сараево и претходел конфликт меѓу двајца браќа. ...
ЕУ мора да ја заврши својата домашна задача во процесот на внатрешни реформи, но исто така бара и од оние земји што сакаат да и се придружат да го спроведат нивниот дел во реформите за да постигнат напредок на полето на проширувањето, изјави претседателот на Европскиот совет. Ова како што посочи претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел е дел од Стратешката агенда на блокот за периодот 2024-2029 година, која заедно со одлуката за носителите ...
Шеснаесет голови на три натпревари видоа гледачите на турнирот во мал фудбал Петровден , што се одиграа синоќа во Мешеишта. Резултатити, четврток, 27.06. Кафе бар 9 – Волино 3:2 Инекс Олгица- Македонија 4:1 Виена Комерц- Рента кар Кико 4:2. Натпреварите на турнирот во Мешеишта продолжуваат во петок со нови три средби. Распоред на натпревари, петок, 28.06. 20:30 Дамјан Климент и Михаил – Хацеган Елит 21:30 Мешишта – Црногорци 22:30 Сатеска – ...
Кошаркарска историја е испишана на драфтот во НБА лигата, откако ЛА Лејкерс го избра во своите редови 19-годишниот Брони Џејмс синот на легендарниот Леброн Џејмс, со што првпат во историјата татко и син ќе играат во ист тим. Американските медиуми претходно јавија дека агентот Рич Пол наводно се заканил дека Брони ќе ја продолжи кариерата во Австралија, доколку не биде избран од ЛА Лејкерс. Брони Џејмс беше 55 избор на драфтот, а во НБА лигата ...
Владата денеска на првата седница ќе ја разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември. Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите е финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Охрид сончево со умерена облачно. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 ...
Од денес почнува да функционира ограничениот режим за движење во стариот дел од градот за време на летната сезона. Режимот и начинот како ограничениот режим на движење на моторните возила е регулиран е утврден со Правилник за издавање на картички за движење во стариот дел од градот, донесен на 11. 05. 2023 година од страна на Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори”. Во таа насока ги известуваме сите граѓани кои имаат потреба од дополителни ...
Денеска во 12.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека, од карпа, во водите на Охридското Езеро, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, паднало едно лице, кое се здобило со повреди. На посоченото место веднаш биле упатени полициски службеници од Полициската станица Охрид, како и од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. По преземените мерки, лицето е извадено и констатирано е дека се работи за 45 годишно лице ...
Повреденото лице во денешната несреќа при пад од карпа кај хотел „Десарет“ во Пештани е лоцирано и безбедно транспортирано за понатамошно лекување, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид. Интервентната екипа на ТППЕ Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис во близина на х. „Десарет“. Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување, велат од ТППЕ Охрид. Како ...
Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во ...
Несреќата како што дознаваме се случила денеска. Од засега неутврдени причини човек паднал од карпа во близина на хотелот “Десарет” во Пештани. Информацијата за Охридњуз ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски Димоски посочи дека на местото на несреќата упатени се екипи на полицијата, брза помош, спасители и други надлежни служби. Неофицијално се работи за државјанин на Холандија кој при пад од карпа се здобил со скршеница на долни ...
На 26.06.2024 година во 17.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица врз 82 годишно лице, сите од Охрид. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. На 26.06.2024 година во 21.50 часот, на улицата „Богомилска“ во Охрид, лишени од слобода се 28 и 36 годишни лица, двајцата од Охрид. При претходно извршен преглед, ...
Охридската гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“ од септември со нов концепт за работа – една смена во новата учебна година. Најава за новини во работењето на училиштето: работење во една смена за учениците од I до IV година, информираа од Гимназијата. Воедно посочуваат дека успешно е завршено првото пријавување на идните гимназијалци, а второто пријавување и доставување на документи е на 1. јули во периодот од 07:00 до 17:00 часот и на 2. јули ...
Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, истакнала министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи на која се дискутирало за актуелните состојби во образованието и ...
Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на полицијата, при што интервенирала противпожарната служба со осум пожарникари и две возила. Портпаролот на грчката Влада ...
Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, вечер ќе биде поставена изложбата на дела од познатиот охридски уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на ОСТЕН се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики. Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави неговото творештво кое ја однесе македонската ликовна уметност во светот. Вангел Наумовски е ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Охрид ќе биде претпладне сончево, попладне со услови за дожд. Минималната температура ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од еден процент. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше ...
Уште една ефикасна вечер на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта. Први играа Ајриш Паб Фајв и Брумел. Славеше екипата на Брумел со 1:4. Голеада донесе вториот натпревар во кој Др. Баткоски ја совлада екипата на Игор Бенд Бушиноски Со 7:4. Во последниот натпревар вечерва Еко Шпар го совлада Кутлеш со 3:0. Турнирот продолжува во четврток со три натпревари. Распоред на натпревари четврток, 27.06. 20:30 Кафе бар 9 – Волино 21:30 Инекс ...
Грузија направи вистински подвиг со освојувањето на првата победа на големиот турнир и обезбедувањето место во осминафиналето на ЕП 2024. Грузијците ја победија Португалија со 2:0 и завршија на третото место во групата Е со 4 бода, но продолжуваат како еден од најдобрите тимови кои завршиле на трето место. Головите на Хвича Кварацелија и Георгес Микутадзе од пенал им донесоа успех на Грузијците. Грузија во осминафиналето ќе игра против ...
Белчишта, Дебрца Од 22.06.2024 - 20:00 до 30.06.2024 - 20:00 Во сабота, на 22 Јуни, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 20.00 часот, свечено ќе биде отворена 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на делата и авторите на уметниците кои твореа во текот на изминатата колонија. Свеченоста, ќе се одржи во уметничката галерија која е отворена во 1985 година а ...
На Вевчанските извори денеска и утре ќе се одржи мултимедијален, локациски специфичен перформанс насловен „Алхемија на дивината“. Премиерата на перформансот ќе биде вечер од 19 часот, а втората и третата изведба ќе бидат утре од 12 и 19 часот. „Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ...
Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот –„Да ги овековечиме вредностите“. Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската меморија. Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на ликот на Григор С. Прличев – симболот на македонската гордост, истрајност и непокор, поетот кој со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека за зголемување на пензиите ќе треба да се чека ребалансот на Буџетот, за што тој и министерката за финансии, како што кажа, интензивно работат и кој е најавен за средината на јули. Најави две линеарни зголемувања и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март. Апсолутно. И од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат ...
Охриѓани и туристите и годинава ќе можат да уживаат во квалитетното вино, закуските и одличниот избор на музичките перформанси. Охридскиот фестивал на виното започнува утре и ќе трае до 29 јуни. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на денешната прес-конференција по повод манифестацијата истакна дека со Вино фестот практично се означува и почетокот на летната туристичка сезона пред која претстојат безброј настани. Имавме повеќе од успешни ...
Целосно се изработени проектите за пречистителни станици за македонскиот дел од Охридско Езеро, сега се потребни финасии за реализација, вели директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски на денешната прес конференција. Посочува дека со ова се решава деценскиот проблем за заштита на езерото. Во соработка и со локалната и централната власт, но пред се со нашите потреби како јавно претпријатие, фирмата ИДОМ изработи за нас проекти за ...
На 25.06.2024 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 24.06.2024 година околу 03.30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, едно лице физички нападнал 21 годишно лице од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 25.06.2024 година во 14 часот во СВР Охрид, 31 годишна жена од Битола, пријавила дека на локален ...
Граѓаните во земјава имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски, над половината очекуваат новата власт да биде подобра од претходната, третина имаат позитивно мислење за составот на новата Влада, а доколку има избори најголем број гласови би освоила ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС) спроведена телефонски на примерок на 1089 полнолетни испитаници во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година. На ...
Истрагата за смртта на американскиот глумец Метју Пери е при крај и полицијата верува дека треба да бидат обвинети повеќе луѓе, изјави полициски извор за списанието „Пипл“ (People). Ѕвездата на „Пријатели“ почина во октомври 2023 година. Првично се мислеше дека неговата смрт е случајна, но извештајот од обдукцијата покажа дека тој починал од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење. Според цитираниот извор, американското Државно обвинителство ...
Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешната средба со Данска и покрај неповолниот резултат. Србија синоќа во Минхен одигра 0:0 со Данска во натпреварот од 3. коло на групниот турнир на Евро 2024 година. Разочарани сме затоа што не можевме да го направиме чекорот што ни недостасуваше. Се играше рамноправно, сакавме да постигнеме гол, но, за жал, не успеавме. Горд ...