Неверојатниот голман Беиранванд го сочува голот на Иран и донесе уште еден бод за азијците на Мундијалот. Вечерва во дуел со фаворитот Белгија, Иран ја сочува мрежата, извади 0:0 и останува во трка за место во следната рунда. Иран имаше шанса да извојува голема победа бидејќи играше со играч повеќе во последните половина час, но сепак не можеше да стигне до гол. Видовме бројни шанси во текот на 90-те минути игра, но голманите беа навистина ...

Белгија повторно киксна на Светското првенство, откако во второто коло од групата Г одигра само 0-0 против Иран и пропушти голема шанса да направи исчекор кон нокаут-фазата. „Црвените ѓаволи“ имаа повеќе од играта, напаѓаа и создаваа притисок, но не најдоа решение за цврстата иранска одбрана и расположениот Алиреза Беиранванд. Иранскиот голман беше еден од хероите на мечот, со клучни интервенции во моментите кога Белгија најсилно притискаше. ...