Еден од проблемите со Бард за кои зборува Пичаи е што нивниот систем се научил себе си вештини кои не биле предвидени, нешто што во индустријата се нарекува „нови својства.“ Пример, една од програмите за вештачка интелигенција на Гугл, сама научила и одговорил на прашање поставено на бангладешки јазик и писмо, кои до тогаш не биле дел од неговата програма. На прашањето на Скот Пелеј од 60 минути на Си-би-ес, „сакаш да кажеш дека не разбирате ...

„По мое мислење, Германија не само што не треба да затвора нуклеарни централи туку треба и да ги проработи оние затворените“, рече лани ова време Илон Маск во интервју за Ди Велт. Германија не го послуша. Пред некој ден беше затворена последната нуклеарна централа во земјата. „Државитe се соочуваат со енергетска трилема: како да ја задржат енергетската стабилност и да ги намалуваат штетните емисии а истовремено да ја држат цената долу. Германија ...

Од 31 март, акциите на компанијата мајка на Бад Лајт паднаа за цели 4%, урнисувајќи ја пазарната капитализација од 132.38 милијарди на 127.13 милијарди долари. Сега пробуваат да го сменат наративот на кампањата за да ги ублажат штетите, откако нивниот потег да го најмат транс-џендер инфлуенсерот за свое лице наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи и повици на бојкот на пивото. Последната видео реклама им е со коњ како галопира по ...

Минатата недела американскиот NPR и канадскиот CBC, на Твитер добија ознака дека се медиуми финансирани од влада. CBC се побунија сметајќи го тоа како удар на нивниот медиумски кредибилитет и нафрлија дека помалку од 70% се финансирани од државата. Маск реагираше итно па на Твитер сметката им напиша дека се „69% финансирани од властите.“ До даљнег, CBC реши да паузира со активности на Твитер а во нивна одбрана застана канадскиот премиер Џастин ...

И покрај масовните отпуштања во Мета, Амазон и Алфабет, анкета на 678 инвеститори покажува дека и понатаму за американската индустрија најпобарувани се кандидатите со ИТ образование. „Најдобро платените работни места во изминативе две или три децении беа во финансискиот сектор, а сега технолошкиот сектор е вистински конкурентен, па се рамо до рамо,“ објаснува заменик претседателот за човечки ресурси на консултантската компанија ЦГЦ, Ендру ...

Бонусот на Вудс за 2022 се зголемил за повеќе од 2 пати заради што добива дополнителни акции во вредност од 11 милиони долари, а неговата директна плата е порасната за 10% и изнесува 1,9 милиони долари. Ваквиот исход по трансакциската на Вудс директно го отсликува ќарот што неговата компанија го има од скоковите на цените на нафтата. За референца, во јуни претседателот на САД го обвини Ексон дека направил „повеќе пари од Господ.“ За споредба, ...

Неколку месеци по продажбата, деновиве Бафет прв пат проговори за неговата одлука да ги продаде акциите во ТСМЦ кои ги купи само неколку месеци претходно за 4,1 милијарда долари. На кратко причината што ја кажува Бафет за повлекување е: ТСМЦ е добро менаџирана компанија но Беркшир има подобри места каде да го вложи својот капитал. Одлуката на Бафет да ги продаде акциите се актуелизира периодов паралелно со зголемувањето на тензиите во регионот. ...

Најголем протагонист на лажните информации за време на пандемијата беша владата на Соединетите Американски држави. Дезинформации дека ковидот се шири преку површини. Дезинформации дека вакциналниот имунитет е далеку подобар од природниот. Дека маските се ефикасни. Сега за тоа го имаме конечниот Кокреин извештај. Што правите за тој извештај? Кокреин со децении е најавторитетното медицинско тело; ќе го игнорирате, нема да зборувате за тоа? ...

Активистичката група Јudicial Watch добила 57 страници со силно редактирани (зацрнети) записи од американското Министерство за здравство кои покажуваат дека два дена пред одобрувањето на вакцината на Фајзер, во преписката меѓу американските и британските регулатори најважно било нагласувањето на нивниот „договор за меѓусебна доверливост“. Тема на преписката била загриженоста околу ризикот вакцината да предизвикува анафилакса, сериозна алергиска ...

„Украина претрпе масовна загуба на животи, територија и инфраструктура во војната, и можно е да се разочара ако очекува дека западните држави ќе ја платат сметката за реконструкција на земјата. Реалистична спогодба би вклучила Украина да се прогласи себе си за неутрална држава, а Русија да се согласи да го финансира реконструирањето со фондовите заробени од западните држави,“ пишува Даниел Ковани во текстот објавен од Саут чајна морнинг пост. ...

Доналд Трамп говореше за испраќање специјалци или започнување сајбер војна за таргетирање на лидерите на картелите. Републикански конгресмени предложија закон за ангажирање на американската војска за започнување војна против картелите, додека нивни сенатори изјавија дека се отворени за испраќање американски сили во Мексико за лов на нарко-лордовите дури и без дозвола од соседите. „На нив повеќе треба да гледаме како на ИСИС отколку како на ...

Една нова книга, „Цинични терапии: перспективи за антитерапевтската природа на критичката социјална правда“, уредена од психотерапевтот доктор Вал Томас, го прикажува активистичкиот пресврт што професионалната психотерапија го доживеа последниве години. Во 21 поглавје, британски и американски психотерапевти ги изложуваат алармантните промени што ги забележале во нивната професија. Тие покажуваат дека терапијата денес повеќе не е насочена кон ...

Апетитот за патување на Мишел и неизбежните приватни авиони дури и на кратки дестинации се добропознати во Брисел. Претседателот на Европскиот совет посебно се отвора по крајот на ковид-19, откога го има прошетано цел свет во сите правци. „Европските институции, дипломати и службеници се иритирани од скапите патувања на поранешниот белгиски премиер,“ пишува Ле Монд. Весникот пишува дека буџетот на претседателот на Европскиот совет, за 2024 ...

Полскиот премиер му порача на Макрон дека наместо создавање стратешка автономија од САД, треба да се работи на стратешко партнерство со САД. Политико пренесува изјава на анонимен источноевропски дипломат, кој вели „не можеме да ја разбереме позицијата на Макрон во овие тешки времиња. Ние како ЕУ треба да бидеме обединети. За жал оваа посета и француските изјави по неа не помагаат.“ За друг источноевропски дипломат сред геополитички промени е ...

Документ од почетокот на февруари открива сомнеж во шансите на Киев да успее во планираната контра-офанзива и дека реално може да се надева само на скромен напредок. Во документ од 23 февруари се укажува на присуство на 50-тина специјалци од Запад кои во моментот делуваат во Украин, без да се наведат нивните конкретни задачи. Се зборува и за потешкотиите на Киев да сочува клучни системи од против-воздушната одбрана и опасноста украинската војска ...

Израел беше речиси целосно блокиран од протестите во март кога владата предводена од Бенџамин Нетанјаху објави планови за целосна измена на столбовите на кои се темели тамошното судство, во кои владата би имала далеку поголема контрола во изборот на судии. Според протечените документи, во извештај од 1 март се тврди дека лидерите на Мосад „се залагале за функционери на Мосад и израелски граѓани да излезат и да протестираат против предложените ...

Кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година, беше вообичаено за новинарите и јавните интелектуалци да ги демонизираат и ругаат „невакцинираните“. „Њујорк тајмс“ објавуваше статии како „Бесен сум на невакцинираните“, Лос Анџелес Тајмс објави колумна со наслов „Зезање со смрт на анти-ваксер од ковид можеби е морбидно, ама е НЕОПХОДНО“. „Невакцинираните се ризик за сите нас“ се појави во Блумберг, а Вашингтон пост објави „Макрон е во право: ...

Во првиот квартал на 2023 популарноста на рускиот лидер меѓу Американците била на 21%, според ЈуГов. Речиси 6 проценти повеќе отколку во 2021 и 4 проценти повеќе отколку на почетокот на војната во Украина. Анкета на Галуп објавена на 13 март годинава, покажала дека и „постојното негативното мислење на Американците за Русија“ во изминатата година паднало од 15 на 9 проценти. Во оваа анкета речиси три од пет луѓе, над 60%, биле „многу ненаклонети ...

„Обвиненијата против Доналд Трамп во Њујорк дадоа дополнителни докази - иако не беа ни потребни - дека анти-Трампизмот останува многу поголема закана за слободата и демократијата од самиот Трампизам“, пишува во британски Спајкд Тој Слејтер. „Се чини дека наводните обожаватели на либералните норми немаат чуено за принципот на невиност додека не се докаже спротивното.“ Да не се надуени обвинувањата на ниво на кривични дела, она за што се обвинува ...

Александар, кој е претседател на Фондацијата отворено општество што ја наследи од татко му, последен пат бил во Белата куќа на почетокот од декември кога има 2-дневна турнеја. На 1 декември има состанок а подоцна вечерта присуствувал и на вечера организирана од Претседателот на САД во чест на Емануел и Брижит Макрон. Следниот ден Сорос помладиот имал други состаноци со неколку советници на Бајден, со кои соработувал и во претходните гостувања. ...

Има нешто многу ретро околу посетата на Макрон на Кина. Таа доведе до сцени од пред сигурно многу векови кога странските полномошници патуваа до Средното кралство носејќи подароци и барајќи услуги од императорот. Тоа исто така беше и потсетување на некои поскорешни времиња во кои се уште можеше да се зборува за реформи во Кина а притоа да изгледаш сериозно. Кина на Ши сега е мрачно и репресивно место. Неговата растечка меѓународна агресивност, ...

Макрон ја повторил својата „омилена теорија“ за стратешка автономија на Европа, објаснувајќи дека континентот треба да избегне да биде вовлечен во судирот меѓу Кина и САД околу Тајван. Токму „стратешка автономија“ е она за што Макрон и Европа имаат најголема поддршка од Ши Џинпинг и Кинеската комунистичка партија. Процената на Политико е дека кинеските политички лидери се уверени во падот на Западот и дека слабеењето на врските меѓу САД и Европа ...

За Гуча: Ти знаеш што е Гуча. Луѓето опасно свират, овие нашиве Цигани. Знаат овде-онде да се раштимани ама коге ќе почнат да свират - тоа е грување. Едно време од дискографската куќа Ења Рекордс за која снимам со години, ми викаат, ти треба да свириш со нив. Му објаснувам на Екрем Сејдиќ дека продуцентот ми предложил да свириме заедно, тие да ме следат. Прашувам, би дошле ли во Минхен? Не, не чини то. А во Белград? Не, и тоа им е голем град. ...

Речиси 80 години, американскиот долар беше валута на светот. Немаше место на планетава каде би ви одбиле долари. Американската валута не беше универзална само затоа што се користеше во меѓународните трансакции и размени туку и затоа што се сметаше за долгорочно безбедно место за вредноста. Тоа беше добро за луѓето во Америка. Поради тоа што имаше многу долари во циркулација надвор од САД, позајмувањето пари внатре во САД беше вештачки евтино. ...

Браната на Ирпин е пробиена уште на вториот ден од руската инвазија, со што се поплавуваат над 13.000 хектари земјиште, некогашно мочуриште. Тука дел од руските оклопни сили заглавуваат и се обидуваат да најдат нови заобиколни рути до Киев. Ова им дава можност на Украинците да удрат по руската неподвижна механизација и во исто време да оформат две одбранбени линии околу Киев. Кога Русите веќе ги освојуваат Буча и Хостомел, сите мостови околу ...

„Ако успееме во остварување на нашите стратешки цели на военото поле и кога ќе бидеме на административната граница со Крим, тогаш сме подготвени да свртиме дипломатска страна и да разговараме за ова прашање. Тоа не значи дека го исклучуваме ослободувањето на Крим од страна на нашата армија,“ изјавил Андриј Сибига. Изјавите околу Крим во најголем дел се смирувачки за Западот кој е скептичен дека Украина има капацитет да го освои полуостровот, ...

Додека меѓу членките на алијансата има очигледни разлики околу ова прашање, кои треба да бидат испеглани до самитот во јули, Зеленски јавно кажа дека ќе се појави на самитот во Вилнус само ако таму на Украина и бидат дадени јасни чекори кон членство во НАТО. Алијансата уште во 2008 се согласи дека Украина некогаш ќе стане членка, но од тогаш нема ништо дополнето на таа тема. Во тоа време САД се залагаа за зближување на Украина кон НАТО, додека ...

Многумина од критичарите го обвинија Брег за политичка пристрасност, врз основа на неговата некогашна реторика, кога најавуваше дека има намера да тргне по Трамп уште додека се кандидираше за обвинител. Особено скокотливи се обвинувањата за неговите финансиски релации со мегадонаторот на Демократската партија, Џорџ Сорос кој со Трамп се амблеми за две различни Америки. Во мај 2021 година, прогресивниот политички комитет „Боја на промената“ го ...

Целата залиха на резервни делови и опрема што ги имал на руска територија, ЦИСКО ги уништил пред да ја напушти државата. Залихата се проценува на некои си 23 милиони долари. Како деловите така и сите возила, канцелариска опрема, мебел и демо примероци што ЦИСКО ги имал во Русија биле уништени. Руската агенција ТАСС ова го објаснува со законот за данок во Русија според кој фирмата добива даночни олеснувања (државата и враќа пари) за целата опрема ...

Се работи за Старлинк В2 мини сателити, од кои во понеделникот еден повторно влегол во земјината атмосфера и по пат се распаднал. Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард, кој ги следи сателитите на Спејсикс, забележал дека три сателити ја зголемувале својата висина обидувајќи се да стигнат до оперативната орбита, а еден започнал контролирана маневра за деорбитирање. Минатиот месец Спејсикс први забележаа дека новата пратка сателити полека ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
29%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
40%
1015
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
35%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
3.11
24%
1012
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 31ᴼ
0.51
37%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
6.26
38%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
18%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
29%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.6
37%
1012
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
7.72
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
61%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75