
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Највредниот цензор, барем по еден параметар, е пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, единствениот странски пребарувач што работи во земјата, вели извештајот на Citizen Lab на Универзитетот во Торонто. Биле испитани уште осум платформи кои имаат пребарувачки алатки: три пребарувачи, четири социјални мрежи и еден е-комерц гигант. Сите тие подлежат на обемни законски ограничувања кои цензурираат криминални активности, непристојност, порнографија, ...
Со години, и на истражувачи и на оние што ги чуваат дома им е јасно дека папагалите се меѓу најпаметните животни на земјата. Некои студии дури открија дека нивната интелигенција може да се спореди со она на малите деца. Едно ново истражување, во кое папагалите биле успешно учени како да прават видео-повици со други птици, покажува колку се извонредни овие пердувести пријатели. Студијата спроведена од истражувачи од три универзитети (МИТ, Глазгов ...
Иако се знае дека човекот испил повеќе од три литри пиво во текот на еден работен ден, фирмата не докажала дека заради таа количина тој бил „напиен, опиен или пијан“ или неспособен да ја заврши својата работа. Заради овој пропуст судот во Мурсија и наредил на компанијата или да го врати назад на работа вработениот или да му плати надомест од 47.000 евра. Исто така компанијата била опомената дека не го земала предвид влијанието што жешкото лето ...
Поради моментот на изненадување и медиумското влијание на Такер Карлсон, убедливо највлијателниот медиумски менаџер на политички содржини во САД, неговото заминување од Фокс со денови е топ тема. Политички форматираната публика се огласи на очекуван начин: неговите фанови го величаат како херој и прават видео спотчиња придружени од песната „Simply the Best,“додека хејтерите организираат тролачки добротворни прилози за „невработениот“ Карлсон. ...
Паузата во интервјуто траеше околу 20 минути, а на повторното вклучување Ердоган изјави дека деновите имал „сериозна стомачна настинка“ заради што размислувал и за откажување на разговорот. Подоцна портпаролот на турскиот претседател објави дека Ердоган се чувствувал добро. Во Турција моментално во најголем ек е кампањата за претседателските избори во земјата закажани за 14 мај, на која Ердоган се надева дека ќе го освои својот последен мандат. ...
Во март, Карлсон и неговата емисија имале во просек 3,2 милиони гледачи, Лемон нешто над 600.000. Дон Лемон страсно покриваше теми како што е расизмот, една од најбитните прашања за куќа како што е Сиенен. Сè додека не наидеше на тонч каков што наиде во муабетот со Морган Фриман: Почитуваниот Глен Гринвалд (од него види кај нас: „Перверзиите во бракот меѓу службите и медиумите“), на Такер Карлсон со кој воопшто не делат исти политички афинитети ...
Тиаби и екипата мислеле дека кога ќе најдат грешка, ќе му пишат на уредникот кој ја одобрил таа вест и готова работа. Не секогаш биле тоа апла лаги, меѓутоа честопати требало (во име на вистината) да се поправат неколку факти, да се уточни изворот и сл. Во фајловите имало неколку дузина дискретни инциденти околу кои и во самиот Твитер имало загриженост а верувале дека јавноста можеби ќе сака да знае за што се работи. На пример фијаското наречено ...
Уште во февруари, Вол Стрит Журнал обелодени дека надлежните етички тела предупредиле една третина од високите службеници на американскиот Департмент за енергетика дека тие или членови на нивните семејства имаат акции во компании кои се поврзани со нивната работа, што е класичен конфликт на интереси. Писма со предупредување добиле околу 300 вработени во секторот а десетици се оние кои имаат акции во гиганти како Шел и Ексон. Ништо од тоа, ...
Скандалот еруптираше деновиве откако на кинеските социјални мрежи се појавија видеа од саемот, на кое две Кинезинки од штандот на Мини им кажуваат на посетители етнички Кинези дека сладоледот им завршил, за неколку моменти подоцна да извадат сладолед од фрижидер кога кај нив ќе застане Западњак. По видеото се распали гневот меѓу кинеската он-лајн публика дел од која повикувала на бојкот на БМВ во земјата, обвинувајќи ја компанијата дека им ...
Првичната реакција на корпоративните медиуми на огромното протекување тајни документи за војната во Украина беше малку да се замати водата, да се каже дека дека во нив нема што да се види и целата епизода да се сведе на деполитизирана авантура на еден млад и незрел 21 годишен член на Националната гарда. И претседателот Бајден ги минимизираше протечените информации бидејќи не откривале ништо со „големи последици“. „Меѓутоа, она што овие документи ...
Вашингтон пост пишува дека генерал Кирило Буданов, првиот човек на украинското воено разузнавање, ХУР, му наредил на свој офицер „да се подготви за масовни напади на 24 февруари... со сè што ХУР има на располагање.“ Освен Москва се размислувало и за напад на пристаништето на Новоросиск на руска територија кој требало да го покаже капацитетот на Украинците да нападнат зад непријателските линии. Плус напад на припадниците на Вагнер групата кои ...
Центарот за контрола на болестите добил преку 16.000 поплаки на тинитус, односно ѕвонење во ушите, после примањето ковид вакцина но засега не утврдил поврзаност меѓу вакцинирањето и проблемот. Интересот за темата го поттикна и една Фејсбук група со над 4.000 членови која се легитимира како „про-вакцинална“ и наменета за луѓе кои веруваат дека развиле тинитус или други проблеми со слухот после вакцинирањето. Професорот Шаовен Бао, кој и самиот ...
Хјустонското предградие Алиф се надева дека садењето нови дрвја ќе помогне да се потсмират работите во таа населба. Областа наскоро ќе биде дом на преку илјада нови дрвја; оние што ќе ги садат очекуваат дрвјата не само да ги разубават улиците, туку и да донесат малку раат. Kако дрвјата можат да помогнат да се спречи криминалот? Студија објавена во „Журнал за јавна економија“ покажа дека кога температурите се зголемуваат, се зголемува и ...
Протечените документи од Пентагон откриваат дека уште во јануари американските воени стратези проценуваат дека шансите на Украина да го одбрани Бахмут се многу мали и ги предупредуваат своите украински сојузници дека „постепеното“ руско напредување од ноември „го загрозува украинскиот капацитет да го задржи градот“ и дека украинските сили веројатно ќе бидат во ризик да бидат обиколени, освен ако не се повлечат за еден месец. „Овие предупредувања ...
Заради сериозен баг, Мета преку ноќ им има трошено пари на луѓе, компании и агенции, многу над ограничувањата и параметрите кои ги имаат поставено. Некои од купувачите на реклами пријавија драстични зголемувања на потрошените пари, без никаква причина и оправдување кај перформансите на метриките. „Ова е најстрашното празнење што сум го видел. Некои акаунти од нашето портфолио преку ноќ потрошија 50.000 долари, со апсолутно нула сообраќај. Нашите ...
Поставена е сцената за пролетни и летни офанзиви при што двете страни се фокусирани на различни цели. На крајот и Украина и Русија ќе бидат исцрпени, со кусок муниција и во голема потреба од пауза, што значи дека ќе настанат услови за преговори. Западот се обврза да ја поддржи битката на Украина против руската инвазија, но што реално може Украина да очекува со својата претстојна офанзива? Дали Западот ќе ја продолжува оваа непобедлива војна за ...
Неколку дена по објавувањето на сторијата во Њујорк пост од 14 октомври 2020, на три недели пред претседателските избори, во јавноста е објавено писмо потпишано од 51 поранешни американски разузнавачки функционери, во кое се тврди дека сторијата за лаптопот „ги има сите класични обележја на руска информациска операција“. Меѓу потпишаните се и Џон Бренан и Џејмс Клапер директорот на ЦИА, односно Националното разузнавање, од времето на Обама. ...
Затворањето ќе биде дел од поголемо отпуштање на вработени во Базфид, кое на ниво на компанијата ќе изнесува околу 15% од вкупната работна сили или 180 вработени. „Иако отпуштањата ќе бидат низ речиси секоја дивизија, ние одлучивме дека компанијата повеќе не може да продолжи да го финансира Базфид њуз како засебна организација,“ порачал ЦЕО-то, Џона Перети во меморандумот до вработените. Перети порачал дека дел од отпуштените новинари ќе можат ...
“Uživaj opštu nemoć Moraju te gledati jer ne znaju Uživaj opštu nemoć Nešto ćeš promeniti” (Uživaj) Целиот албум: Водени од инстинктивното познавање на афроамериканската музика (блуз, фанк, соул) како и од разбирањето на целата историја на рокенролот, со панкот како најнова епифанија на тој феномен, Дисциплина кичме понудија визионерска реконструкција на смислата на реконролот, насетувајќи ја неговата иднина низ семплувањето, рапот кој ...
Доаѓањето на толку многу Руси во Србија, швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“ го карактеризира како „имиграциски бран од историски размери“ и проценува дека и само дел од нив да останат во главниот град, тоа ќе повлече големи промени. Во репортажата се наведува дека поголемиот број руски дојденци не се стигнати од политички причини туку од бизнис мотиви и дека неповратно го менуваат Белград. Не е првпат. Слично сценарио се има случено кога ...
Беркли, Калифорнија влезе во вестите во 2019 година кога донесе уредба со која се забранува употреба на природен гас во новите згради. Логиката зад овој потег беше еколошка, со намера да се намалат емисиите на стакленички гасови, а плинот учествува со 27% од таквите емисии во градот. Американската апелација деновиве ја укина таквата уредба, што е голема победа за Асоцијацијата на кафанџии кои застанаа да го бранат плинот кој им е позгоден и за ...
Проектот за национални приоритети открил дека најдебело платениот воен изведувач на Пентагон, фамозните Локид Мартин, од секој американски даночен обврзник извлекол 106 долари. За контекст: истиот тој обврзник, на обновливи енергии дал само 6 долари. Според истата анализа, просечен плаќач на данок во САД: * Платил 74 долари за нуклеарно оружје а само 43 долари за Центарот за контрола и превенција на заразни болести. * Потрошил 70 долари за ...
Калифорнискиот Дизниленд најави дека ќе го организира првиот „Прајд најт“ непосредно откако ДеСантис најави дека е можно да се изгради државен затвор до Дизни Ворлд во Орландо, Флорида. Прајдот ќе се одржи во ноќните часови од 13 до 15 јуни и ќе се слави LGBTQ+ заедницата и нејзините сојузници. Ова е настан башка од „Геј деновите“ кои под друга организација редовно се одржуваат во истиот Дизни Ворлд. Прајд најт за прв пат направи парискиот ...
Познато е дека животни како црви, ракови и мекотели можат да се вдомат на пластични остатоци. Животни го имаат преминато Тихиот Океан на вакви импровизирани сплавови по разорното цунами што ја погоди Јапонија во 2011 година. Но, ново истражување објавено во списанието Природна екологија и еволуција додава детали кои би можеле да бидат загрижувачки за постоечките екосистеми. На пример дека некои од овие видови почнале да се размножуваат иако не ...
Се работи за копија на изјавата на фелдмаршалот Ромел пред сојузничкото истоварување на Нормандија, кога тој проценува дека првите 24 часа ќе бидат најдолгиот ден и за Германија и за Сојузниците. „Ромен знаел дека почетната фаза од нападот често пати го оформува остатокот од борба, одлучува меѓу победа и пораз и го одредува стратешкото влијание на офанзивата,“ пишува Франц-Стефан Гади во анализата за Форин полиси. Најголемото шпекулирање сега е ...
Обвиненијата беа дека на ранчот се модификува оружје за што не постоеја физички докази. Наместо да го уапсат лидерот Дејвид Кореш во некоја од бројните прилики кога го има напуштано ранчот на кој беа сместени припадниците на неговата религиозна групација, ФБИ реши да го опколи, зашто овие одбиваа да дозволат претрес. Ова се имињата на настраданите кои се знаат: Mary Jean Borst, 49 at time of death Pablo Cohen, 38 Evette Fagan, 34 Lisa Marie ...
Разликата меѓу двете држави моментално е некои си смешни 3 милиони луѓе, па Индија титулата ја држи со 1,428 милијарди луѓе, наспроти кинеските 1,425 милијарди. Од овие 1,428 милијарди жители на Индија половина се под 30-годишна возраст заради што за нејзе се резервира и титулата најбрзо растечка економија во светот во претстојните години. Индија како трета по големина економија во Азија, моментално е дом на речиси една петтина од човековата ...
Во конгресно испрашување, поранешниот директор на американската разузнавачка служба, Џон Ратклиф, потврди дека директорот на Центарот за заразни болести, државниот секретар како и врвот на националното разузнување се согласиле дека ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторијата во Вухан. Контра ваквите сознанија, тие отстапија пред првиот човек на американската борба против пандемијата, Ентони Фаучи, кој таа верзија упорно ја етикетираше како ...
Пригожин е човекот кој никогаш не бил дел од руската влада, а постојано е дел од Кремљ барем од доаѓањето на Путин. За цело ова време, тој значително напредува како финансиски, така и со влијание. Ова второто го достигнува врвот со формирање на сопствената платеничка армија Вагнер група, која почна со работа за време на немирите во Украина во 2014, а стана светски озлогласена за нивната улога во новата војна во Украина. Негов последен потег е ...
Во два доверливи извештаи околу работата на швајцарската банка, објавени од американскиот Сенат, се тврди дека Свис до 2002 држела отворена сметка на нацистички командант осуден во Нирнберг по војната. Друга сметка што била активна и во 21-от век, била на аргентински функционер поврзан со нацистите, кој бил коминтент на Свис банк се до 2020. Во извештајот објавен од Комитетот за буџет на американскиот Сенат пишува дека во Кредит свис по 1945 се ...