
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Изборот на деца на училишна возраст е затоа што експертите процениле дека за да се надмине „фуј факторот“ потребно е потрошувачите да се фатат додека се уште се во ларвеста фаза, кога вкусовите на консументите се уште се формираат. Во име на производителите на инсекти работи асоцијацијата Швајцарски инсекти, која изминативе четири години ги обиколува швајцарските училишта држејќи предавања за користа од јадење инсекти на кои се презентираат и ...
Ако петте земји на Брикс сакаа да ја прекинат зависноста од доларот, ќе треба да направат повеќе од само да изберат друга валута за тргување. Тоа не е обична ставка од едно мени, како што сугерираше бразилскиот претседател Лула, прашувајќи „кој донел одлука доларот да биде светска резервна валута? „Тој и неговите колеги лидери на Брикс ќе треба да го променат начинот на кој комуницираат со остатокот од светот и еден со друг“, пишува Волфганг ...
„Многу време потрошивме гледајќи во ОпенАИ. Кој ќе биде следен што ќе има ново достигнување? Што ќе биде следниот потег. Меѓутоа непријатната вистина е дека ние не сме позициониран за да победиме во оваа трка, а не е ниту ОпенАИ. Додека ние се расправаме, трет играч полека ни го јаде лебот. Секако, зборувам за опен-сорс,“ пишува Лук Серно, во документот од април годинава. Гугл периодов е изразито под притисок да покаже дека знае да направи нешто ...
Анализата на Морган Стенли покажува дека швајцарската индустрија за часовници изминатава деценија значително се фокусирала на поскапи модели, кревајќи ги цените за да надоместат за намалениот обем на продажба. Иако е намалена продажбата од претходно, моментално Епл продава повеќ часовници за еден квартал отколку што целата швајцарска индустрија продава за една година. Во анализата се објаснува дека продажбата на смарт часовници го достигнала ...
Што да се каже за бојкотот на Бад Лајт? Она што пред неколку недели беше отфрлено како конзервативен бес кој брзо ќе се смири и нема ништо да постигне, за да испадне најуспешниот потрошувачки бојкот последните години? Во нашата ера на културни војни, во која дури и брендовите за алкохол и сладолед се чувствуваат принудени да ни предаваат како да размислуваме и живееме, оваа епизода навистина кажува нешто. Ако го пропуштивте сето ова - или ако, ...
Американската политика стана опседната со надворешните влијанија по приказните дека Русија се вмешала во нивните избори во 2016-та. Теза која досега неколкукратно е раскринкана со студии (види: Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати), дури и од тинк-тенкови на Пентагон. Истовремено, таа фама беше користена како маска за шпионирање свои граѓани, како во случајот со тинк-тенкот наречен „Алијанса за ...
Малку што друго е девалвирано во нашите јазици како терминот „незапамтено злосторство“, и кога штокавските весници објавуваат нешто како „незапамтено злосторство!“, тоа обично значи дека такво злосторство не се памети од минатиот месец. Заклал цело семејство, ја убил мајка си со секира, силувал деведесетгодишна старица, со калашников ликвидирал цело село, стрпал луѓе во подрум и ги запалил живи, ја бомбардирал градската болница со авион, го ...
Земјоделци на југот од Харков свесни дека украинските екипи за деминирање ги немаат ни од блиску потребните капацитети за справување со масовното минирање на земјата, фатиле сами да го чистат теренот за орање. Така сопственик на земјоделска компанија, во пример кој не е баш најпаметно да се следи, изработил деминирачки трактор, ставајќи му на обичен трактор дополнителен оклоп собран од уништените руски тенкови и уште нешто плус опрема која би ...
„Шојгу! Герасимов! Каде е муницијата? Тие дојдоа тука како волонтери и загинаа за вие да можете да се дебелеете во вашите канцеларии од махагони,“ гневно порача Пригожин. Пригожин објаснува дека неговите сили се согласиле да останат во Бахмут до 10 мај за да и дозволат на Русија да го прослави денот на победата (9 мај). Според изјавата, на 10-ти сите позиции на Вагнер во Бахмут ќе им бидат отстапени на единици на министерството за одбрана, а ...
Се работи за една кампања за што ја објави норвешкиот огранок на Амнести интернешнл а се однесуваше на протестите во Колумбија и полициската бруталност со која истите беа задушени. Освен осудата од хејтерите, добронамерниот совет од експертите беше дека користењето на вештачка интелигенција и создавање на слики од ништо, во крајна линија ќе го поткопа кредибилитетот на организацијата, која и онака си влече проблеми со обвинувања дека содржините ...
Најголемата борба се случува меѓу компаниите во Индија, која како најбројна држава на светот секогаш можеше да обезбеди кадар за ИТ индустријата. За оваа криза, предизвикана од трката меѓу најбогатите и најголеми светски технолошки компании, помош нема ни од Индија. Блумберг пренесува сведоштва за тоа како компании ја дуплирале платата на специјалисти за вештачка интелигенција кои преминале кај нив, или како на еден инженер му било понудено БМВ ...
ЈП Морган (компанија вредна 414 милијарди долари) би можела да одговара за тужбите од жените кои биле сексуално злоупотребувани од Брајан Епстин доколку се докаже дека поранешниот извршен директор на компанијата, Џес Стејли, од прва рака знаел дека Епстин се бави со трговија на малолетнички за секс. На таа тема постојат две тужби против ЈП Морган и Дојче банк а постои и тужба од Девствените острови каде Епстин злоупотребувал девојки на својот ...
Долгогодишната Демократка (за оние кои размислуваат политички бинарно) признава дека настаните во последните три години сериозно го нарушиле нејзиниот поранешен поглед на светот и дека она што е сега најважно е „Уставот, слободата (како liberty) и слободата (како freedom)“. Taa и Стив Банон регрутирале 3.500 научни и медицински експерти за да помогнат во анализа на десетици илјади документи што Фајзер ги има доставено до Агенцијата за храна и ...
Иако повеќе од пет компании изразиле интерес за купување на Вајс, шансите да се случи тоа се сè помали, изјавил за Њујорк тајмс еден од луѓето запознаени со постапката за отворање банкрот на компанијата. Најголемиот долг на Вајс е кон Фортрес инвестмент груп, која во случај на банкрот би можела да стане нов сопственик на компанијата. Во случај на продажба, Фортрес ќе биде првата компанија чиј долг ќе биде исплатен. По пикот во средината на ...
Моделот изработен од британските научници ги обработува снимките од компјутерска томографија и идентификува дали абнормалните израстоци снимени на нив се рак. Тимот научници од Ројал Мадсен фондацијата, Институтот за истражување рак и Кралскиот колеџ во Лондон, користат КТ сканови од 500 пациенти со големи израстоци на белите дробови за да го развијат АИ алгоритамот. По ова моделот е тестиран да покаже дали може прецизно да идентификува ...
Иако концептот постои уште од 19-от век, прилагоден на интернет ерата го има од 2012 година кога го започнаа двајца швајцарски претприемачи кои за глобално проширување на идејата мораа да почекаат неколку години. Станува збор за еден софистициран облик на стокова размена: наместо некому да му плаќаш пари за завршената услуга, му даваш временски кредити со кои тој може да добие сервис без плаќање од некој друг. Се вика Time Republic, гласи за ...
За овие пари забрзувањето и моќноста на моторите на Мерцедесите ќе биде зголемена за 20 до 24 проценти. Кај EQE, за кој претплатата е 60 долари, моќноста на моторот се зголемува од околу 290 коњски сили на речиси 350 коњи, со што развивањето од 0 до 100 паѓа од 6 на 5,1 секунди. Кај поскапата претплата, за EQS, можноста расте од 355 на 442 коњски сили, додека забрзувањето од 0 до 100 паѓа од 5,3 на 4,5 секунди. Наместо секој месец да се ...
Рајан Веб, инаку оженет маж и татко на пет деца, прогласот го дава чисто заради тролање на левицата, објаснувајќи го како обид да и покаже на левицата како изгледаат. „По многу размислување одлучив јавно признаам и конечно се чувствувам комфорен да го објавам моето вистинско автентично јас,“ пишува Рајан во пораката, во која сам себе се прогласува за веројатно „првата обоена жена лезбејка во историјата на Делавер каунти што служи во советот“. ...
Документацијата заборавена во Ветерспунс пабот се однесува на хидрауликата на новата подморница, која е задолжена за контролирање на отворите за торпедата, управување и пловност. Изворите што ги пренесуваат британски медиуми тврдат дека вечерта кога биле најдени документите, пабот бил преполн со гости. Документите имале обележје „чувствителни“ што според правилата на британската влада значи дека треба да бидат споделени само со лица „кои ...
„Смртната казна не смее да се применува во случаи во кои човечки живот не бил одземен“, гласи одлуката на американскиот Врховен суд (донесена во случајот Кенеди против Луизијана во 2008-ма година), на која гувернерот на Флорида сега ѝ пркоси, веројатно и како дел од неговата предизборна кампања за претседателски кандидат на Републиканците. Минатиот месец тој потпиша и закон со кој се намалува потребниот праг за изрекување смртна казна по кој ...
Министерот за одбрана на Украина, Резников, порачува дека армијата само чека да се среди времето и наредба од командантите за тргне. Британски офицери кои работат со Украинците тврдат дека тие се подготвени за офанзивата и уверени во себе. Наспроти нив се протечените американски разузнавачки проценки според кои не е веројатно дека Украина ќе постигне нешто повеќе од „умрени територијални придобивки“ против вкопаните руски сили. Додека ...
За цело траење на војната највисоките полски функционери отворено ја критикуваат Германија дека тешко се решава да испорача воена помош за Украина, а и кога ќе се реши, тоа го прави многу споро. Тие им памтат на Германците и тоа што изминативе две децении била игнорирана полската загриженост дека Германија станува премногу енергетски зависна од Москва. Пред Патриот да стигне во Полска, полските политичари инсистираа тој да биде испратен на ...
Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“. Наградата му беше врачена на Генералниот ...
Со одлука на австрискиот парламент, под важечкиот бизнис модел престанува да излегува печатеното издание на Виенер Цајтунг кој е во оптек уште од 1703 година. Во својата 320 годишна историја имаат покривано сè, од откривањето на младиот талент по име Моцарт, до абдицирањето на последниот хабсбуршки цар. Во сопственост на австриската влада е од 1857 година а весникот финансиски се одржуваше благодарејќи на законот сите јавни огласи да се ...
Овогодинешните ирски претставници на Евровизија, Wild Youth, неделава му дадоа отказ на нивниот креативен и денс директор, Иан Банам. Би било тоа банална вест, доколку не се знаеше причината за отпуштањето. Банам направил фатална грешка коментирајќи го трансродовиот криминалец Зара Џејд. Тој неодамна беше осуден на девет години затвор во Велика Британија, откако избоде жена, ја врза за стол и ја опљачка. Гревот на Банам беше тоа што сторителот - ...
Тргнувајќи од тоа дека „меката моќ“ е тешко да се измери, Економист се фаќа со нешто што е далеку полесно и веќе достапно - трендови и филмски рецензии на глобални филмови на кинескиот пазар. А овие трендови не се во корист на Холивуд. Економист се служи со бројките од социјалната мрежа Доубан, која главно служи како платформа чии корисници можат да оставаат рецензии и оценки на филмовите. Иако Кина има правило според кое во кино-салите во ...
Хју Пил објаснува дека имало „колебање да се прифати дека, да, сега на сите ни е полошо.“ Тој вели дека како реакција на повисоките сметки и цени вработените решиле да побараат поголемо зголемување на платите, заради што компаниите почнале да наплаќаат повисоки цени за своите услуги и производи. „Некако во Британија некој треба да прифати дека му е полошо и да престане да се обидува да ги одржува своите потрошувачки навики со тоа што ќе ги ...
Највредниот цензор, барем по еден параметар, е пребарувачот на Мајкрософт, Бинг, единствениот странски пребарувач што работи во земјата, вели извештајот на Citizen Lab на Универзитетот во Торонто. Биле испитани уште осум платформи кои имаат пребарувачки алатки: три пребарувачи, четири социјални мрежи и еден е-комерц гигант. Сите тие подлежат на обемни законски ограничувања кои цензурираат криминални активности, непристојност, порнографија, ...
Со години, и на истражувачи и на оние што ги чуваат дома им е јасно дека папагалите се меѓу најпаметните животни на земјата. Некои студии дури открија дека нивната интелигенција може да се спореди со она на малите деца. Едно ново истражување, во кое папагалите биле успешно учени како да прават видео-повици со други птици, покажува колку се извонредни овие пердувести пријатели. Студијата спроведена од истражувачи од три универзитети (МИТ, Глазгов ...
Иако се знае дека човекот испил повеќе од три литри пиво во текот на еден работен ден, фирмата не докажала дека заради таа количина тој бил „напиен, опиен или пијан“ или неспособен да ја заврши својата работа. Заради овој пропуст судот во Мурсија и наредил на компанијата или да го врати назад на работа вработениот или да му плати надомест од 47.000 евра. Исто така компанијата била опомената дека не го земала предвид влијанието што жешкото лето ...