
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Доктор Чарлс Лајнвивер и Вихан Пател исцртале сè во универзумот и откриле дека тој по маса и структура е сличен на црна дупка. Сместиле сè што постои, од субатомски честички до супер-кластери, според масата и радиусот. Користеле тн лог-лог графикон за да може да сместат толку широк опсег на маси и големини. На графиконот, има области кои се „забранети“ од гравитацијата, а некаде квантната механика на објектот е толку мала и сложена што науката ...
Цел свет, дигитално орвелијанско Кратово Се најавуваат дигитални валути издавани од централните банки. Звучи супер модерно додека не влезете во деталите: тие дигитални пари ќе можат да се програмираат, односно да се одредува на што ќе можете да ги трошите а на што не. Во суштина, тоа веќе не се пари кои ги имате бидејќи сте ги заработиле, тоа се купони /ваучери со кои државата ќе ве тренира да бидете граѓани по нејзина мерка. Краток излет во ...
„Исклучувањето на интернетот во вооружени конфликти ги става цивилите во дополнителна опасност“, предупреди Дебора Браун од Хјуман рајтс затоа што во такви околности интернетот е драгоцена алатка преку која луѓето дознаваат или споделуваат информации кои можат да спасат живот. Многу малку луѓе во Газа можат да дојдат до интернет а компании и организации кои го мониторираат глобалниот интернет проток велат дека во појасот тој е редуциран од 80 до ...
Хрватските медиуми најавуваа дека Словенија планира да ја врати контролата на границата со Хрватска, што де факто би значело суспендирање на Шенген. Причина е зголемениот риик од тероризам. Не станува збор само за Словенија, во сите држави на ЕУ расте недовербата кон имиграцијата и отворените граници, кои се самото срце на постоењето на Унијата. Швеѓаните кои изминатите 30-тина години водеа исклучително либерална имиграциска политика, беа ...
По крвавиот напад на Хамас врз Израел, шефови во Белата куќа брзо почнаа да им се јавуваат на своите еврејски вработени, да прашаат како се, да нè имаат некој во Израел за кого се загрижени и слично. Фино. Но, како што конфликтот се прошири и насилството го смени правецот, со тоа што Израел започна кого -удрам-не-жалам воздушни напади врз Газа, некои муслимански, арапски и палестински Американци кои работат во администрацијата на Бајден се ...
Џош Пол, директор за конгресни и јавни работи во Бирото за политичко-воени прашања на Стејт Департментот, на интернет го објави своето писмо со оставка како редок чин на јавно несогласување со администрацијата на Бајден, во време кога, после посетата на Тел Авив, претседателот од Конгресот планира да побара досега невиден пакет воена помош за Израел. Пол, кој во Стејт департментот бил 11 години, го нарече одговорот на администрацијата на Бајден ...
Новинар: Зошто не би им верувале на фактите кои можат да се документираат а доаѓаат од самиот терен? Ева Бартлет: Меѓународни организации што се на терен? Кажете ми кои меѓународни организации се наоѓаат во источно Алепо? Ок, јас ќе ви кажам: ниедна. Тие се потпираат на тела како Сирискиот мониторинг за човекови права кој е стациониран во Ковентри, Велика Британија и е еден човек. Се потпираат на компромитирани организации како „Белите ...
Од времето на пандемијата, авторитарците најцинично ги прогласија „дезинформациите“ за најголем противник, во суштина за да цензурираат и да го задушат несогласувањето за сè, од ефикасноста на маските и вакцините до војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и лаптопот Хантер Бајден. Без оглед на нечија политичка наклонетост, оваа нова форма на контрола на говорот е закана за сите. Само со слободно дебатирање во ваков фрагментиран свет, ...
Никому не му треба кристална топка за да знае што ќе прави Бајден во Израел. Тој веќе обезбеди воена, финансиска, дипломатска и реторичка поддршка за израелската војска додека таа е ангажирана во правење парампарче на теренот. По првите неколку дена од масакрот, Бајден почна тивко да сугерира дека Израел „не треба да претерува“ но во ниту еден момент не навести дека воени злосторства врз палестинското население во Газа може да го загрозат ...
Дури и површен поглед на мапата е доволен за да се сфати безизлезната положба на Палестинците во појасот Газа: тесен, на еден дел проширен правоаголник, набиен меѓу Израел, Средоземното Море и Египет. Таа територија беше под управа на Египет до 1947 година, но не и нејзин составен дел. Градот Газа, по кој копното што се протега долж морето во форма на појас го добило своето име, уште пред нашата ера бил важно пристаниште и центар на ...
Да видиме дали го сфаќам ова како што треба. Ако Израел бомбардира цели на Хамас во Газа, со тоа безумно загрозува цивилни животи. Ако им даде фер предупредување на цивилите да се оддалечат од одредени области, тоа е етничко чистење. Ако фрла бомби во населените предградија, прави воени злосторства. Ако ги советува цивилите да ги напуштат тие населени предградија пред да стигнат бомбите, и тоа воено злосторство. Ако го нападне северниот дел на ...
„Демократијата победи“, радосно изјави Доналд Туск во неделата, откако дозна дека неговите ривали го губат мнозинството на парламентарните избори. Популистичката и евроскептична Право и правда доби најмногу гласови, но изборите отворија пат за централно-десничарската Граѓанска платформа на Туск да ја предводи новата коалициска влада. Туск не е единствениот што полските избори ги доживува како победа на демократијата. Официјален Брисел и огромен ...
Пред повеќе од една деценија, откако виде илјадници документи и видеа, Џулијан Асаж беше прашан што најмногу го има изненадено. Одговори дека тоа е големата слика на војната (пост 11 септември) и како толку голем дел од смртта не се должи на воените конфликти, туку доаѓа од војници кои случајно или намерно убиваат цивили во зоните кои ги контролираат. Тој опиша приказна за девојче во жолт фустан коe шеталo наоколу и им давала бонбони на ...
Кантри ѕвездата Пеисли и гитаристите на Рејџ, Антракс и Екстрим го снимија видеото како дел од кампања за промоција на луксузните линии на Game Of Thrones гитари. Од тогаш, видето го имаат видено 41 милион луѓе а Скот Иан неодамна откри дека на ниеден од нив не му било дозволено да ја земе гитарата на која свирел на видеото. Додуша, не се евтини парчињата: Ланистерот е 30.000 долари, Таргериан гитарата 35.000 долари. „Мислевме дека на крајот на ...
Помина една недела откако се случија ужасните напади на Хамас врз Израел, а формата на реакцијата на израелските вооружени сили е јасна и бескомпромисна. Една седмица израелските авиони вршат деноноќно бомбардирање на невоени цели во градот Газа. Станбени згради, болници и џамии се распарчени, без претходно предупредување и обид да се минимизираат цивилните жртви. На луѓето им беа фрлани летоци во кои им се кажува дека оние кои сакаат да ...
Снимката од животот на амазонското племе стана вирална на ТикТок, иако вакви стории тешко се верификуваат бидејќи формулациите „некаде длабоко во Амазон“ се новото „зад седум мориња и седум планини“. Вака оди: Во племето живеат три илјади жени и само седум мажи. Единствената обврска на овие седум величенствени е размножувањето, што, со оглед на односот на силите, воопшто не е лесна задача. За да се одбранат од жените, мажите често бегаат на ...
Мини студијата ја извеле на луѓе на кои им биле приклучени мерачи на пулс. Им го утврдиле вообичаениот ритам на срцето а потоа им мереле колку удари во минута им отчукува срцето кога паркираат паралелно. Во просек пулсот се качувал за 57%. Најлежерниот испитаник имал покачување од 22% а на најголемиот паничар пулсот му скокнал дури 84%. Стресови. Дури и „обичното“ паркирање во рикверц го зголемува пулсот во просек за 46%. Башка мерењето, 1.200 ...
Студијата што ја прават Кембриџ и Академијата на науки на Чешка, покажала дека веќе има пад во приносот на европски хмељ, кој инаку е една од четирите главни состојки за производство на пиво. Според нив од 1995 до 2018 количеството на посаден хмељ се намалува за една петина. Минусот на оваа култура се должи на посувото време кое најверојатно е последица на климатските промени, а и тој хмељ што се огледува има помало ниво на алфа киселини кои го ...
„Аналитичари изразија загриженост дека односите меѓу Србија и Косово, кои и во најдобри времиња се напнати, последниве месеци стануваат се понепријателски. Во септември во Северно Косово избувнаа насилства, а Белград одговори со трупање воени сили на својата граница. Сега стравот е дека насилствата во овој југоисточен дел од Европа би можело да се претвори во вооружен конфликт додека светот е зафатен со војната во Украина,“ анализира ...
Официјален Вашингтон: Толкаво е јажето за спас на Украина „Не можете да почнете да планирате долгорочна поддршка ако сте на крајот од вашето јаже. Во финансирањето на Украина доаѓаме до крајот на јажето. Денеска објавивме 200 милиони долари и ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина колку што можеме, но тоа нема да биде на неодредено време“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби. ****************** Вашингтон штотуку ја фрли Украина во ...
Кратко откако е испратено предупредувањето, дроновите на Хамас уништуваат дел од комуникациската мрежа на израелската војска и кулите за надзор на границата, со што ги „ослепуваат“ војниците кои далечински ја надгледуваат границата преку видео камери. Дроновите ги уништуваат и автоматите што далечински се управуваат, а кои Израел ги имаше поставено на ѕидот. Со тоа Израел ги губи клучните средства за спротивставување на копнената инвазија. Ова ...
Исходот од ова Вол стрит журнал го нарекува „јасен показател“ за ограничувањата на израелската стратегија за префрлање на сајбер капацитети, собирање разузнавачки податоци и модерно оружје за спротивставување на терористичките напади. „Вооружените сили беа фатени неспремни од релативно ниско-технолошки копнен напад,“ пишува Вол стрит журнал. Следните чекори на Израел, планот за инвазија на Газа, ќе мора да се потпрат на пешадија и артилерија, ...
Сега и Обединетите Нации им прават гаслајтинг на лезбејките, пишува Бев Џексон, ветеранка од ЛГБ Алијансата, алудирајќи на пораката на соодветната организација на ОН на Меѓународниот ден на лезбејките: „Запомнете, и транс-лезбејките се лезбејки.“ Терминот „гаслајтинг“ можеби и прекумерно се користи во последно време. Доаѓа од една од најпознатите улоги на Ингрид Бергман во филмот Гаслајт на Џорџ Цукор од 1944 година. Бергман ја игра Паула, убава ...
За планот се согласни и републиканци кои се за Украина да добие уште еден пакет помош, а и тие и колегите од демократите заклучиле дека речиси и нема да има проблеми низ Конгресот да протнат дополнителна помош за Израел, по упадот на Хамас. Од Националниот совет за безбедност порачуваат дека „и двете се важни, а ние сме доволно голема, економски способна и активна држава да можеме и двете да ги поддржиме.“ Американската администрација веќе ...
Самата Железна купола има капацитет да собори стотици ракети, а за време на конфликтот во 2021 Израелците тврдат дека таа имала 90% успешност во одбрана од илјадниците ракети кои беа истрелани од Газа. Во саботата, вон сите очекувања, Хамас успеа да надмине се до тогаш направено и во рок од 20 минути истрела 5.000 ракети кон Израел и Железната купола. Намерата беше да се засити ПВО на Израел, и успеаа во тоа. Тоа што се случуваше во воздух над ...
Изненадниот напад на Хамас против Израел е трагичен сам по себе: бројот на загинати Израелци, во споредба со популацијата, е седум пати полош од она што 11-ти септември беше за САД. Работите би можеле да станат многу погнасни ако Хезболах целосно влезе во борбата, соочувајќи го Израел со борба на повеќе фронтови и претворајќи го конфликтот во регионален. Сепак војната во Левант исто така е само дел од поширока и поинтензивна криза на глобалната ...
Наводно лидерите на Хамас имаат телефони и други уреди од кинескиот производител Хуавеи, што го спречило Израел и другите разузнавачки служби да имаат лесен пристап до нивната содржина. Се работи за поновите телефони на Хуавеи од периодот по ембаргото што им го воведе САД, кога кинеската компанија мораше од уредите да го тргне оперативниот систем на Гугл и останатите апликации од американски компании, и наместо нив да развие сопствени верзии. Со ...
Џорџ Орвел не се надеваше многу дека лагите на тоталитарците ќе бидат разобличени од слободните медиуми. Неговиот есеј „Слобода на печатот“ бил замислен како предговор за 'Животинска фарма', но објавен дури во 1972 година. Орвел обелодени дека Министерството за информации на Обединетото Кралство (формирано за време на Втората светска војна) го советувало издавачот на Орвел да не ја објавува 'Животинска фарма' бидејќи тоа би било „навредливо за ...
Откако рано наутро во саботата почна палестинската операција во Израел влегоа стотици палестински борци, над Израел беа истрелани над 5.000 ракети, убиени се најмалку 700 Израелци, а 2.000 се ранети. Во целата операција киднапирани се над 100 израелски заложници, што е еден од најголемите пленови за Хамас, кој поучен од случајот со Гилад Шалит, израелски војник кој во 2011 по пет години заточеништво беше разменет за 1.000 палестински ...
Израелските безбедносни сили (ИДФ) ова го нарекуваат Операција железни мечови. Комплетниот ИДФ и Шин Бет со сите нивни средства на располагање, нивните дронови, нивното следење, нивното човечко разузнавање, нивното изнудување на човечки извори, нивната вештачка интелигенција, генијалците од елитната СИГИНТ единица 8200 - никој немаше поим. Успехот на Хамас беше стратешки настан за израелската држава. Чувството на безбедност се распадна. ...