
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Како што американската помош од 60 милијарди е заглавена уште од крајот на минатата година, така се повеќе личи дека ЕУ е таа што ќе треба да ја пополни дупката со пари и тоа со многу пари. Освен овие 60 милијарди, како што се зголемува можноста за враќање на Доналд Трамп во Белата куќа, така се зголемуваат и шансите за целосно секнување на американската помош за Киев. 50-те милијарди ЕУ планира да ги испорача во рок до 2027, а во исто време ММФ ...
Најавеното интервју на Такер Карлсон со рускиот претседател може да резултира со санкции за него од Европската унија, му дојавиле на Њусвик сегашни и поранешни членови на Европскиот парламент. Еден од нив, Гај Верхофстад, иаку поранешен премиер на Белгија, побара Унијата да воведе и забрана за патување на американскиот новинар кого го опишува како мегафон на Трамп и Путин. „Зошто правиме интервју со Путин? Затоа што тоа ни е работа, во ...
Шулт работи како компјутерски инженер во Центарот за сајбер разузнавање на ЦИА и креира сајбер алатки кои можат незабележано да собираат податоци од туѓи компјутери. Освен стандардните обвиненија за секое протекување на тајни на САД, како нелегално собирање и пренесување на информации од националната одбрана и попречување на кривична истрага, американските власти на Шулт му накалемија и дека тој собрал „илјадници и илјадници видеа и слики од ...
Иако остава можност Украина или Русија годинава да имаат успешна воена офанзива, Џулијан Барнс во текстот за Тајмс пишува дека сепак најверојатен исход е фронтот во 2024 да заврши на истите линии на кои почна. Доколку изостане напредок, очекувањето е дека Украина ќе треба да се договори со Русија. Она што веројатно е прифатливо за Путин, задржување на територијата и Украина да остане неутрална, Барнс објаснува дека Украинците го сметаат за ...
Како што пренесува Дојче веле, според истражувањата на АРД, Зидојче цајтунг и Цајт, шведските власти планираат да ја сопрат истрагата за терористичката саботажа на Северен тек. Одлуката треба да се донесе оваа недела. Тие започнаа истрага за скандалот во Балтичкото море во септеври 2022 година затоа што една од цевките минуваше низ шведската економска зона. Од ваков потег на Шведска би можела да профитира германската истрага за истиот случај, ...
Еуроклиар во 2022 заработи 821 милион евра од замрзнатите руски средства, за годинава благодарејќи на растечките каматни стапки да земе над четири пати повеќе и 2023 да ја заврши со приход од 4,4 милијарди евра. На овие 4,4 милијарди собрани од руските пари отпаѓа најголемиот дел од заработувачката на Еуроклиар во 2023 која изнесува вкупно 5,5 милијарди евра. Во 2022 беше 1,17 милијарди. Рекордните суми што ги прави компанијата се должат на тоа ...
Големопродажната цена на природниот гас во Европа почна да расте над историскиот просек летото 2021 година. Следното лето достигна ниво за 2.000% повисоко од историскиот просек, а потоа драстично падна. Цената сега е само 30-60% повисока, па сепак, сметките за домаќинствата остануваат далеку над нивото пред кризата. Почнувајќи од јули 2023 година, типично британско домаќинство ќе плаќа околу 2.074 фунти годишно за енергија - речиси двојно повеќе ...
Инсистирањето на Трамп дека се уште имал претседателски имунитет судот го прогласи за опасно и неиздржано според Уставот на САД. Според судиите, заканата е дека обвиненијата за кои се товари Трамп („напад без преседан врз структурата на нашата влада“) се закана за демократијата доколку останат вон можноста за кривично гонење. Ова е една од неколку одлуки кои во текот на пролетва ќе решат дали Трамп својата кампања за претседател на САД ќе ја ...
Кон крајот на ланскиот ноември, 50 хуманитарни организации побараа од американскиот државен секретар Антони Блинкен да донесе одлука за сторени воени злосторства во Судан. Само шест дена откако го доби нивното писмо, Блинкен донесе таква одлука и ги прогласи суданската армија и една од завојуваните страни за виновни за воени злосторства, плус за етничко чистење и за злосторства против човештвото. За активистите за човекови права тоа беше фина ...
О'Нил објаснила дека периодов се менуваат многу работи и стари правила, заради што очекува во претстојната деценија да биде свикан референдум за обединување. Северна Ирска е отцепена од Ирска во 1921 во времето на оттргнувањето на Ирска од директна британска контрола. По ова на Северот започнува конфликт кој завршува дури во 1998 со договор кој предвидува можност за гласање за обединувањето на двете Ирски. Според договорот, британската и ирската ...
„Колку е лоша соларната ситуација? Многу. Индустријата на ЕУ предупредува дека ѝ остануваат само неколку недели пред да пукне секторот“, пишува Политико. Весникот алармира дека кинескиот бизнис модел ги убива последните европски компании кои произведуваат соларни панели. Проблемот е во суштина економски и пазарен, но Политико успева да додаде и политичка димензија: повеќето соларни панели доаѓале од провинцијата Шинџијанг која имала особени ...
Верзијата на вработениот е дека добил видео повик од финансовиот директор кој јасно му кажал дека треба да ги исплати парите. Верзијата на финансовиот е дека тој никому не му се јавил, а уште помалку му кажал да исплати 25 милиони долари. Полициската истрага открива дека и двајцата се во право. Вработениот навистина имал видео-повик со директорот како дел од видео конференција со повеќе луѓе. Меѓутоа и директорот, и останатите учесници во ...
Зеленски смета дека се неопходни широки измени на военото и цивилно раководство на Украина за да можат одново да се стартуваат воените напори против Русија. „Неопходно е ресетирање, нов почетокот. Имам нешто сериозно на памет кое не се однесува на само еден човек туку и на правецот на раководењето со државата,“ изјавил Зеленски во интервју за италијанската Раи. Отпуштањето на Залужниј беше завршена работа уште минатата недела кога неофицијално ...
66 годишниот Аи Веивеи оцени дека денешното западно општество има станато толку уплашено што избегнува секакво промислување или дебата. Беше прашан за откажувањето на неговата изложба од галеријата Лисон во Лондон по коментарите на социјалните мрежи кои се однесуваа на конфликтот Израел-Хамас. Неговиот пост (подоцна избришан) сугерираше дека „чувството на вина околу прогонот на еврејскиот народ“ сега се злоупотребува против арапскиот свет. ...
Веројатно најголемите успеси на Украина летово воопшто не се случија на копно, туку беа во уништување на дел од руската флота во Црното море, а и тоа малку што беше постигнато на копно беше со огромни загуби и главно е поништено е зимското напредување на Русите. „Сега е јасно дека офанзивата пропадна,“ пишува Стефани Бидл во анализата за Форин афеарс. Причината за ова според нејзе треба да се бара во начинот на кој двете страни, а посебно ...
Организацијата е на Енхенсд гејмс, зад која стои Арон Соуза, адвокатот кој ја состави тужбата на Тиел против Гавкер медиа, и кои отворено ги поттикнуваат спортистите што ќе учествуваат на нивните игри да користат допинг. Детали околу планот Соуза ќе објави на 17 април, а намерата му е игрите и концептот да ги промовира за време на летната Олимпијада во Париз, која почнува во јули. Освен Тиел, игрите добија поддршка и од уште неколку милијардери, ...
Се работи за драстично поместување на британската надворешна политика, но еден од предусловите дадени од Камерон е дека такво нешто нема да може да се случи се додека Хамас е во Газа, а во меѓувреме и дека за признавањето нема да се чека на „решението базирано на две држави“ до кое треба да стигнат Израел и Палестина. Во разговор со новинари во Либан, Камерон објаснува дека признавањето на независната палестинска држава „не може да се случи на ...
Се работи за проширување на веќе постојната програма за самоубиство дозволено и предложено од канадската влада за терминално и хронично болни луѓе. Проширувањето предложено од канадската влада, кое е прилично контроверзно дури и за држава со веќе востановена пракса на самоубиства, дозволуваше на секого со неизлечива здравствена состојба да аплицира за самоубиство, дури и ако неговата болест не е терминална. Новите категории за еутаназија требаше ...
Огромна е нееднаквоста на приходите во Европа при што очигледна е една географска поделба: највисоките нивоа на просечен расположлив приход (оние пари кои можат да се тргнат на страна за трошење или штедење) имаат западните и нордиските земји, додека како се оди на југ и на исток, резервите стануваат сè поникакви. Споредбата во апсолутни износи не би била фер поради разликите во цените па оваа е правена по ППС стандард, односно паритет на ...
На шемата наречена Проект Детроит а покрената од градското тело задолжено за транспорт работат 157 луѓе а некои инженери добиваат над 100.000 фунти годишно, открива Телеграф. Проектот Детроит ќе биде унифицирана платформа за наплаќање надомест за користење на патиштата, при тој ќе пресметува извозени киломатри но и други постоечки патраметри како учество во сообраќаен метеж или возење во зони со ниски емисии, а ќе може да се надоградува и со тип ...
Подкастот на Џо Роган и натаму ќе го има на Спотифај но отсега ќе можат да го следат и оние на Јутјуб, Епл и Амазон. Се зборува дека новиот повеќегодишен договор вреди околу 250 милиони долари а дека на Роган ќе му следува и парче од адвертајзинг колачот. Роган стана ексклузивец на Спотифај во 2020 година и се зборува дека тој договор му има донесено околу 200 милиони долари. Пред две години тој имаше и примамлива понуда од нашиот Крис Павловски ...
„Семејството го хранам од овој бизнис, ако не заработувам пари, што ќе правам? Попрво би променил нешто на менито ако тоа ми овозможи да останам отворен,“ изјавил Адонис Норузниа, сопственикот на некогаш веганскиот ресторан во британски Чешир. Норузниа, кој е веган, објаснува дека имал голема конкуренција од кафулиња, пабови и ресторани, кои се на иста улица како неговиот. Процената е дека како вегански ресторанот привлекувал само 5% од ...
Протестите се за намалување на евтиниот увоз, растечките трошоци и се поголемиот број зелени политики што Унијата им ги воведува на земјоделците и сточарите, вклучително и отворено инсистирање тие да го затворат својот бизнис и да се префрлат на друго. По повод самитот на лидерите на ЕУ, Брисел и зградите на Унијата беа опколени со земјоделци и трактори. За малку од малку да се смири народот, Европската комисија предложи ограничување на увозот ...
Чипот на Неуралинк наречен Телепатија е со големина на париче а деновиве беше вгнезден под черепот на човек. Има за цел да ја преземе контролата на вашиот телефон или компјутер, а преку нив и на речиси секој друг уред, само со размислување. Звучи одлично, сè додека уредот не го приклучува мозокот на луѓето во оној Матрикс кој цица време и внимание а го нарекуваме интернет. Тоа би бил чекор предалеку во „конектираноста“. Неуралинк е далеку пред ...
Universal го обвини TikTok дека уценувал обидувајќи се да плати само ронка од она што го плаќаат другите социјални медиуми за пристап до нивниот огромен каталог. Од своја страна, ТикТок тврди дека музичкиот гигант прикажува „лажна наратив и реторика“. Иако ТикТок - кој е во сопственост на кинеската компанија ByteDance - има над милијарда корисници, тој носи само 1% од вкупниот приход на Универзал, тврдат вториве. ТикТок се обидува да изгради ...
Целата работа е иницијатива на Викторија Нуланд која во посетата на Турција порача дека САД се подготвени да разговараат за враќање на Турција во „Ф-35 семејството“ доколку се реши прашањето за набавката на С-400. Пред почетокот на војната во Украина турската набавка на не-американски и не-НАТО, па плус тоа и руски, одбранбен систем беше повод за едно најсериозните влошување на односите меѓу САД и Турција, што резултираше со шутирање на Турција ...
Трамп бил клучен за постигнување на спогодбата потпишана во септември 2020 меѓу Израел и Бахреин и Емиратите, а подоцна слични договори Израел потпиша и со Судан и Мароко. Целта на договорите е нормализирање на односите меѓу Израел и арапскиот свет. Поранешниот американски претседател е номиниран од републиканската конгресменка Клаудија Тенеј чие објаснување е дека на Трамп му успеало тоа што на други „професионалци“ не им успева со децении. ...
Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за растот на рускиот БДП во 2024 година на 2,6%, од 1,1% како што му се чинеше во октомври. ММФ вели дека промената го одразува посилниот од очекуваниот раст во 2023 година поради високите воени трошоци и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите. Пред да ја нападне Украина и да се соочи со очекуваните санкции, Русија потроши години развивајќи економски план со имунитет од санкции, ...
Залужниј во понеделникот бил свикан во канцеларијата на Зеленски каде тој му кажува на украинскиот претседател дека процените на претседателските советници за состојбата на фронтот се повеќе позитивни отколку реалистични. Ова е прв пат по година и пол двајцата да се сретнат без присуство на советниците на Зеленски. Откако му го кажува ова, Зеленски бара од Залужниј да поднесе оставка. Кога тој го одбива истото, Зеленски му кажува дека ќе потпише ...
285 пожарникари од Мелбурн учествувале во студија која имала за цел да утврди дали од човековото тело можат да се отстранат таканаречените „вечни хемикалии“. Тоа се озлогласените PFAS кои се неуништиви и ги има насекаде, од тавчиња до облека, до вода, до почва.... * Ги нема само кај нас - затоа што не се мерат. За време на 12 месечниот експеримент, една група пожарникари донирале крв секои 6 недели, друга група донирале крвна плазма секои 12 ...