
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Популацијата на бивалентни приматели била повисока од невакцинираните - 36.609 во споредба со 20.889 - а стапката на инфекција поголема: 3,2 проценти наспроти 2,7 проценти кај невакцинираните. „Бивалентно вакцинираната група имаше мала, но статистички значајно поголема стапка на инфекција од невакцинираната група“, велат авторите. Стратифицирајќи според возраста, јазот бил најголем меѓу затворениците постари од 65 години: 6,4 тсто кај ...
Кај Тони Блер. Поранешниот британски премиер кој како пудлица на Вашингтон и Буш има огромна лична одговорност за страдањата на ирачкиот народ во хаосот кој настана по окупацијата на земјата (бараа хемиско оружје, памтите?) во кој настрадаа милиони цивили. Му требаа 13 години да му текне да се извини и да каже дека згрешил, дека му е жал и дека се кае. Сана Марин ќе биде стратешки советник во Институтот на Блер кој се бави со лукративни ...
Кон крајот на август, Блумберг објави дека британско-холандскиот нафтен гигант Шел тивко се откажал од претходно објавениот радикален план за намалување на емисиите на јаглерод на компанијата. Во меѓувреме, Шел ќе ги зголеми инвестициите во изнаоѓање и производство на повеќе нафта и природен гас. Истиот медиум јави и дека кинеската влада одобрила изградба на повеќе нови електрани на јаглен отколку што моментално активни ги имаат САД. Новите ...
Откриено е дека домашните уреди за секојдневна употреба ги шпионираат семејствата, односно собираат информации многу повеќе од што им се потребни за да функционираат. Истражувања на британска компанија за заштита на потрошувачи покажуваат дека стандардни домашни уреди собираат и споделуваат приватни информации со големи технолошки фирми како Гугл, Амазон, Фејсбук и Твитер. Логично е да се претпостави дека ваквите гиганти и нивните деловни ...
Наспроти дебаклот на летната офанзива на Украина, американскиот државен секретар Eнтони Блинкен тркна до Украина за да потврди дека Америка ќе биде вмешана во војната „колку што е потребно“ и онолку смртни случаи колку што треба. Совршено темпиран за пристигнувањето на Блинкен, ракетниот напад во градот Костјантинивка во кој загинаа 17 лица, режимот на Зеленски го прогласи за руски напад. Посетата на Блинкен имаше за цел да испрати порака дека, ...
Со купување на првата дигитална свиња (pigNFT), стартуваше платформата GoAgro преку која секој ќе може да си „одгледа“ своја свиња без да замириса на свињарник. Во моментов се можни купувања со криптовалути, а за десетина дена во употреба ќе бидат и картички и плаќање со налог. Зад иновативната дигитална платформа стои свињарската фарма Агропорц и ИТ компанијата Beyondi. Се надеваат дека со неа ќе ги поврзат земјоделците на кои им се потребни ...
Документи анонимно доставени до Минтпрес откриваат дека „цивилната маска“ на ЦИА, фамозниот Национален фонд за демократија (NED), поставува темели за шарена револуција во Индонезија. Во февруари следната година, Индонезија ќе бира нов претседател. Актуелниот Џоко Видодо кој е нашироко сакан од Индонезијците, не може да се појави повторно а НЕД се подготвува да ја преземе власта по неговото заминување. Операцијата се спроведува и покрај тоа што ...
Од 1.681 курс (!) што оваа есен ги нуди Универзитетот во Монтана, најголем пораст на интересот има кај курсот за медиумска писменост, не заради содржината туку заради новото име на курсот: Calling Bull**** (ѕвездичките се ополитички коректна маска за 'shit'). Станува збор за онлајн курс кој се бави со темата зошто е толку лесно да се шират дезинформации и невистини и зошто е толку тешко да се бориме против нив, a истражува i што можат граѓаните ...
Рецензирана студија објавена на крајот на август во Journal of Clinical Investigation открила дека витамините можат да го стимулираат растот на нови крвни садови во клетките на ракот. Овие нови садови можат да му помогнат на ракот да расте и да се шири низ телото. Клетките на ракот бараат снабдување со кислород и крв богата со хранливи материи за да растат нови крвни садови. Процесот е познат како „ангиогенеза“, пренесува Ерусалим пост. ...
На ланската средба со Олаф Шолц, канадскиот премиер ја закопа идејата за извоз на течен гас во Германија порачувајќи дека Канада во тој дил нема „бизнис кејс“. Потоа германската влада и енергетскиот гиган РВЕ постигнаа договор да се размонтира дел од фарма за производство на обновлива енергија од ветар во Северна Рајна Вестфалија за таму да се копа јаглен. За возврат, компанијата се обврза постепено да го исфли јагленот до 2030 година, осум ...
Руската војна против Украина трае повеќе од 18 месеци и доведе до над 500.000 жртви (ранети и убиени), вклучително речиси 200.000 убиени на двете страни. Минатиот март трошоците за обнова на украинската инфраструктура беа проценети на 411 милијарди долари. Сега се веројатно многу повисоки. Војната турна седум милиони Украинци во сиромаштија, создаде над шест милиони бегалци а на 17 милиони им е потребна хуманитарна помош. Освен 100.000 мртви во ...
Во рок од неколку недели по добивањето на втора Фајзер доза, децата почнуваат да развиваат прогресивно ослабуван имунитет што ги прави податливи домаќини за разни болести. „Нашата студија покажа дека кај децата, вакцинацијата со мРНК ги намалува реакциите на цитокините“, пишуваат авторите. А цитокините, се критични за соодветно имунолошко функционирање. Интерферонот, кој е само еден пример за цитокинскиот систем, му помага на телото да ги ...
Среде долготрајниот штрајк во Холивуд, компанијата Дизни бара луѓе за кризен ПР менаџмент и комуникациски експерти кои ќе помогнат да се среди имиџот на фирмата по катастрофалното интервју кое пред некое време го даде извршниот директор на фирмата. За една позиција нудат плата од 340.000 долари а се бара некој кој ќе го води тимот за односи со јавноста кој им помага на главните директори во нивните јавни настапи и интервјуата. Потрагата по вакви ...
Европа и САД се на работ на најзначајното свесно раздвојување во меѓународните односи во последните децении. НАТО победи во Студената војна, се прошири низ Европа, тоа е најуспешната безбедносна групација во модерната глобална историја. И може да се распадне до 2025 година, пишува во Атлантик. Причината за овој колапс би била длабоката разлика во погледите помеѓу популистичкото крило на Републиканската партија - предводено од Доналд Трамп, но ...
Се работи за околу 200 украински војници кои се обучуваа на полигоните во Германија, и кои ја минале и последната фаза од програмата. До нивното излегување на фронт војниците ќе останат во базата во Германија каде ќе продолжат со вежбање. Надежта е дека тенковите ќе им ја дадат неопходната предност на украинските сили за пробивање на руските линии. Од друга страна стравот е дека пратката доаѓа премногу доцна за годинешната контраофанзива и дека ...
Под мантија на грчката православна црква и други верски организации, Грците со децении пружаат отпор кон дигитализацијата. Уште во раните 90-ти одржуваа масовни протести на оваа тема, заради изоставање одредницата за „религија“ во новите документи, давање премногу контрола на државата врз граѓаните а се бара и ниедна исправа да нема комбинација од три шестки, што се смета за бројот на Ѓаволот. „Православните христијански здруженија од цела ...
Дивидендата што Онлифанс му ја има исплатено на сопственикот Леонид Радвински за 2022 е 338 милиони долари, со што основачот на платформата во изминатите три години има заработено 889 милиони долари. Сајтот заработува процент од парите на неговите креатори/ки кои задржуваат 80% од сите пари што преку Онлифанс ќе им легнат на сметка, а останатите 20% ги плаќаат за најразличните сервиси што тој им ги обезбедува од платформа, сервер и интернет, до ...
Бразилскиот центар за истражување и спречување на авионски несреќи „во интерес на подобрување на авионската безбедност“ објави дека ќе се приклучи кон руската истрага на несреќата доколку биде поканет и ако вештачењето се спроведе по меѓународни правила. Одговорот од руските колеги е дека не се заинтересирани за присуство на бразилскиот тим, ниту пак се должни да го поканат истиот. Ваквата одлука значи дека истрагата околу авионската несреќа ...
Подвигот што треба да го направат западните инструктори и украинските војници е во рок од 6 недели војник без искуство да го претвориш во војник кој може да управува со тенк на фронтот во Украина. Според еден од највисоките офицери задолжен за обуката, број еден проблем кој им се јавил се преведувачи, кои дури и кога ги има „често пати имаат проблем со неопходниот вокабулар“. „Главен проблем е превод на зборови што се користат во воен или ...
На средба која ќе се одржи на 13 септември во Вашингтон ќе слетаат Илон Маск, Марк Закерберг, Сундар Пичаи, Сем Алтман, Џенсен Хуанг, Сатја Надела, Бил Гејтс и Ерик Шмит. На форумот ќе учествуваат и граѓански групи и синдикати. Намерата е тешкашите од Силициумската долина „да ги образуваат американските законодавци околу рапидно еволвирачката технологија и да ги постават основите за нејзино регулирање.“ Последен пат кога беше во Конгресот, Сем ...
Според новите наоди објавени од Global Witness, организација за заштита на животната средина, помеѓу јануари и јули оваа година, Европската унија купила 21,6 милиони кубни метри руски ЛНГ , што е мал пораст во споредба со истиот период во 2022 година. Но, кога бројката од 2023 година се мери со истиот период во 2021 година, пред одлуката на Кремљ да води војна со Украина, постои пораст од речиси 40 проценти (39,5%). „Тоа е е срамен процент за ...
Во моментов не се знае како и зошто се урна авионот во кој загина шефот на Вагнер и уште 9 лица. Во таа приказна има можности колку што може да се најдат во роман на Агата Кристи. Со оглед на тоа кој беше Пригожин, разумно е да се претпостави дека тоа не беше случајност. Западните медиуми и САД побрзаа да објават дека Пригожин бил убиен од Путин. По испробан и ефикасен метод, прво анонимен функционер на британската влада за Волстрит журнал ...
Кога на почетокот на јуни Украинците тргнаа во контраофанзива за прв пат во украинските редови на фронтот се појавија и германските Леопарди. За кратко време Украинците сфатија дека тоа е грешка, па Леопардите полека беа повлечени во позадина. „На почетокот од јуни, борците на Киев се обидоа да користат Леопарди и заглавија во минските полиња што Русите ги подготвија како дел од повеќеслојниот одбранбен систем,“ објаснува Марина Мирон од Одделот ...
Според нив, Кремљ до сега го има „одобрено“ 79-годишниот претседател на руската комунистичка партија, Генадиј Зјуганов, и лидерот на Либерал-демократската партија, Леонид Слутски. Од Медуза тврдат дека на анкетите главната забелешка на Русите за Путин била неговата возраст, а наводно дел од вработените во претседателската администрација веќе го нарекувале 70-годишниот Путин „дедо“. Опасноста што тука ја гледа Кремљ е дека „млад и активен ...
Во бројката е вклучен и учинокот на машините за правење снег, без кои бројот на критични ресорти се крева од една четвртина на една половина. Во текстот за скијачките центри Гардијан потсетува дека истражувањето е направено на покачување на просечната температура за 2 степена, а со моменталните мерки сме на пат просечната температура да се крене за 2,7 степени. Истражувањето објавено во журналот Климатски промени на природата, утврдува и дека ...
„Транспарентноста“ се смета за една од најголемите американски повоени реформи. Легислативата ја подготвува калифорнискиот конгресмен Џон Мос во 1955 година, воведувајќи акт што ќе стане еден од големите триумфи на американската демократија. Актот за слободен пристап до информациите ќе тргне по макотрпен пат да стане закон, на кој уште од самиот почеток се спротивставија речиси сите големи владини агенции. Конечно добива парламентарна поддршка ...
Се работи за генерал Олександр Сирски, чиј главен грев е што инсистира и успева на северот на земјата да повлече значителен број украински војници како би се одбранил од руските напади на Купјанск, а со тоа и на стотина километри оддалечениот Харков. Откако Украинците имаа повеќе од два месеца да направат позначителен напредок и пробивање на југот од земјата, периодов се повеќе американски медиуми објавуваат анонимни или протечени информации од ...
Грем ова го изјавува за време на посетата на Киев, каде со Зеленски разговара за дополнително испраќање воена помош. Зборувајќи како со 3% од воениот буџет на САД уништиле половина од руската армија, Грем изјавува: „Ова е најдобрата инвестиција за американската безбедност на сите времиња. Украина е фантастичен партнер - таков не сме имале уште од Черчил.“ Неговата критика за американското разузнавање е дека ја преценило силата на руската армија, ...
„Тие не можат да продолжат да го игнорираат најголемото злосторство, кое ја одразува човековата нечовечност кон друг. Тие не можат да продолжат да игнорираат. Обесштетување веќе е платено за други грешки и тоа многу побрзо, многу побрзо отколку обештетувањето за она што јас сметат дека е најголемото злосторство и криминал во човековата историја: трансатлантското ропство. Мислам дека Британија нема да може да го се спротивстави на ова движење кон ...
Два од најмоќните австралиски универзитети и технолошкиот гигант Мета воделе кампањи за замолчување на медиумското покривање на престојниот референдум за уставни измени со кои на Абориџините би им се дала поголема системска улога во државата. Истражување на австралскиот Скај њуз обелодени дека глобалниот систем за проверка на факти што го користи Мета е неусогласен со нивните сопствени правила за непристрасност и транспарентност. Во еден случај, ...