Втори се Албанците од Косово. Следуваат Виетнамците, Алжирците, Јамајканците, Еритрејците, Ирачаните и Сомалијците. Анализата сугерира дека стапката на затворање на странски државјани е за 27% повисока отколку на британски државјани. На 10.000 луѓе, 18,2 странци се зад решетки, наспроти 14 Британци. Најмалку ѓанси да се во затвор се државјаните на Германија, Италија, Индија, Грција, САД, Шри Ланка, Франција и Кина. Ова е прва анализа од ...

Ураганот Катрина остана во американското колективно помнење. Како еден од клучните настани за време на вториот претседателски мандат на Џорџ Дуплове Буш, обемот на уништувањето што ја погоди Луизијана - во комбинација со неспособноста за пружање помош, тој стана озлогласен настан и надвор од САД. Речиси 20 години подоцна, се случува уште една катастрофа без преседан: економската и човечката цена на ураганот Елена може да биде дури и поголема ...

Истата статистика вели дека секој петти пациент со срцев удар денес е помлад од 40 години. Се оперира со голем број фактори - дебелина, седечки начин на живот, лоша исхрана.... Но, тајмингот на овој пораст сугерира дека и ковид пандемијата одиграла улога. Самиот вирус предизвикува широко распространето воспаление во телото што може да го оштети срцето или да доведе до згрутчување на крвта. Депресијата, анксиозноста и стресот исто така се ...

Најновата статистиката на Шведска покажува дека во моментов има околу 780.000 луѓе на возраст меѓу 16 и 65 години кои се неписмени бројот постојано расте. „Секој месец ни пристигнуваат осум до десет неписмени ученици на различна возраст“, вели професорката Рита Сомаркранс. „Ако овој тренд продолжи, ќе имаме цела генерација млади луѓе кои се функционално неписмени“, напишаа министерот за образование и министерката за школски работи не ...

Тврдењето е на пензионираниот американски генерал-мајор Гордон Дејвис, кој своевремено работи и за НАТО заради неговата воздухопловна експертиза. Дејвис смета дека авионите веќе прават разлика на фронтот и дека како ќе пристигнат повеќе авиони така истите и повеќе ќе помогнат. Меѓутоа објаснува и дека моделите што ги добива Украина „имаат одредени проблеми со дометот и ранливоста“ и дека „дури и најдобрите системи да ги ставиме во тие авиони ...

Брус Хофман од американскиот Совет за надворешна политика вели дека „со сигурност може да се потврди дека веќе се извршени длабоки промени на воениот и политичкиот пејсаж на Блискиот исток со кои се менуваат и калкулациите за иднината на тој регион“. Хамас е воено разбиен, Хезболах е обезглавен а јеменските Хути не можат да го прошират својот домет подалеку од напади бродови во Црвеното море. Иран е еден од клучните елементи во равенката. ...

И покрај тоа што вкупна пазарна вредност, моментално, надминува 1.200 милијарди долари, и понатаму останува мистерија кој е човекот што го создаде биткоинот. Автор на документарецот е Кулен Хобак, истиот човек кој во својот претходен документарец „Q: Into the Storm“ ги откри авторите на КуАнон заговорот. Можното идентификување на Сатоши би го направило него потенцијално соучесник во бројни криминали во кои се користел биткоинот, но и еден од ...

Пластиката е добиена преку рециклирање, а хемикалиите таму се нашле откако протекле од електронските уреди од кои пластиката била рециклирана. Си-ен-ен пишува за студијата што ја спроведува Токсик-фри фјучр и во неа најопасни се противпожарните хемикалии што се додаваат на пластиките, и обично се користат во изработката на телевизорите и останатата електроника. Во истражувањето откриени се остатоци од декаБДЕ во црните пластични садови за ...

Дарон Ачемоглу е професор од МИТ кој сака да нагласи дека нема ништо против вештачката интелигенција, само дека математиките не излегуваат во нејзина корист. После сите апокалиптични сценарија за комплетно преземање на неброени работни места од страна на ВИ, Ачемоглу тврди дека на крај само 5% од работите се зрели да бидат префрлени на ВИ во следната деценија. И ова е добро за работниците, ама лошо за компаниите кои истураат милијарди долари ...

Џон и Џорџија Мекгинти - двојка од Њу Џерси во нивни 50-ти години, поднеле тужба против компанијата за превоз Убер лани во февруари, речиси една година откако претрпеле „сериозна физичка, психолошка и финансиска штета“ кога Убер возилото во кое се возеле се удрило во друг автомобил. „Постојат физички лузни и ментални лузни и не мислам дека тие некогаш навистина ќе можат да се вратат во полн капацитет какви што биле порано“, троа драматично ...

Во извештајот во кој се дискутира за тоа колку многу луѓе станале „видливо разочарани со европскиот проект“ од тинк-тенкот решаваат да заклучат дека вината паѓа на тоа колку се бели пратениците избрани за Европскиот парламент во 2024. Порачувајќи дека ЕУ почнала да личи на Барбиленд, од ЕЦФР пресметале дека на изборите само 20 не белци пратеници од муслиманска вероисповест влегле во европскиот парламент, што е помалку од 3% од вкупниот број ...

Како што законите помогнаа во другите области на јавното здравје, така можат да помогнат и околу проблематичното однесување кое кај адолесцентите е предизвикано од играњето видео игри и дремење на социјалните мрежи, е очекувањето на Наташа Азопарди Мускат од СЗО. Мерките што таа ги предлага да се препишат од тутунската индустрија се ограничување на возраста, контролирани цени и забранети зони за користење. Ова би одело во пакет со едукација ...

Додека едниот командант кој учествува во одбраната на Покровск, објаснува дека во моментот е тешко да се замисли враќањето на границите од 1991 и дека негова главна задача сега е како да ги спаси своите луѓе, а не Покровск, другиот порачува дека е време за преговори, бидејќи ова веќе тера накај вечна војна. За офицер на 72-та Механизирана бригада, Украинците се готови ако САД решат да ја згаснат славината. ФТ пишува дека ова се најтешките ...

Двајцата свештеници заедно ја минувале вечерта во домот на свештеникот на север од Антверп, кога на британскиот гостин почнало да му се лоши. Кратко по ова била повикана Брза помош, која не успеала да го освести 69-годишниот гостин. Меѓу доаѓањето на британскиот свештеник и неговата смрт се случиле таблети, екстази и секс. „Се покажа дека двајцата мажи заедно користеле таблети и екстази и имале секс. Исто така биле најдени и уште две екстази ...

Наместо вработеност и чисто да биде, во фабриките се вработуваат само дузина локалци а пелетите се носат во Англија, во тамошните електроцентрали на Дракс. Имаат отворено 7 фабрики за пелети во САД и една во Канада. Таа кандската досега имала 189 прекршоци на законите и правилата за заштита на околината, повеќето од нив заради загадување на воздухот. Американските фабрики се казнувани со милионски казни за слични недела. Најгреота се луѓето ...

Билд пренесува дека секако е планирано формирање на „Совет за учество“, но за сега не е познато кој процент на администрацијата и судиите ќе им биде дедициран на мигрантите. Идентично не е познато по кој клуч ќе се делат мигрантите и дали процентот ќе ги опфаќа сите топтан, од сите држави, раси и вероисповест. Како што пишува Билд, планирана е „холистичка стратегија со конкретни мерки за поддршка, цели и мерки за културолошка промена.“ ...

Тешко дека некој поборник на либералната демократија може да симпатизира групи како Хамас, Хезболах или Исламски џихад. Сите тие со децении користат терор во обид да постигнат политички цели, не прават разлика меѓу непријателските војници и цивилите, а нивната основна агенда е уништување на државата Израел. Гледано на овој начин, убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрала од страна на Израел е сосема разбирлива одлука. И неговите ...

Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село - ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со износ по свој избор во рамките на сметката. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста за потребата за поддршка на децата од оваа ранлива група и да се поттикне индивидуалното донаторство – секој граѓанин да има можност индивидуално да делува и ...

Програмата беше едно од ветувањата на владејачката партија дека на 45 милиони луѓе ќе им подели по 10.000 бати (300 долари), што е столб на нивниот план за засилување на растот на економијата. Освен опозицијата, со планот не се согласува ни Централната банка која стравува за цената за финансирање на оваа програма. Планот ќе се исполнува во три фази, а во првата пари ќе им бидат исплатени на околу 14,5 милиони луѓе, вклучително и најранливите ...

„Оценки за поведение“ им дава овластување на училиштата да бутнат ученик чисто по основа на неговото однесување. Доколку ученикот добие оценка 5 или помалку (од 10), тој губи година и треба да ја повторува дури и ако има добри оценки по другите предмети. „Реформата оценки за поведение ја враќаат важноста на личната одговорност, даваат централна важност на почитта кон луѓето и јавното добро, и го враќаат авторитетот кај наставниците,“ порачал ...

„Дозволете ми да објаснам: Ако само и 1 од 20 илегалци станува граѓанин со право на глас годишно, нешто што Демократите го забрзуваат што е можно побрзо, тоа би биле околу 2 милиони нови легални гласачи за 4 години“, пресметува Маск. Некој додаде дека според сегашните права и регулативи, дури 9 милиони илегалци на црно влезени во САД ги исполнуваат условите за натурализација. Малку контекст: во САД постојат стандардни сини и црвени сојузни ...

Има речиси 2 милијарди луѓе на планетава зависат и оправдано користат флаширана вода бидејќи немаат пристап до никоја друга. Како што пишува Британскиот медицински журнал, за сите други едноставно е полесно да купат вода во пластика, во добар дел поттикнати дека таа е побезбедна од водата од чешма. Научниците објаснуваат дека флашираната вода не секогаш е предмет на исти ригорозни провери и безбедносни стандарди како оние што ги минува водата ...

Кога британскиот бродкастер првпат објави за случајот во јуни, Секер беше наречен „таа“. По критиките на социјалните мрежи од страна на јавноста, некои новинари и адвокати, ова тивко се смени во „тие“ во неколку последователни известувања. Само што Секер е маж, а не „тие“. Тој е опасен човек кој силувал жена. Глупиот компромис со „тие“ не ги задоволи ниту неразумните барања на транс-лобито, ниту вистината. За среќа, на суд жртвата не беше ...

Целиот успех на помалку бројната украинска војска во овие две години војна периодов е засенет од стравот на искусните војници и нивните команданти дека не само што немаат доволно војска, туку и новите регрути што доаѓаат се со значително послаб квалитет и многу брзо се повредени или гинат на фронтот. Најтешко погодена од овие проблеми е пешадијата, која, што заради истоштеност, што заради слаб морал, сега е принудена да се повлекува и да им ...

Крис Кристоферсон е гигант на американската кантри музика чии песни имаат обработувано легенди како Џони Кеш (6 песни), Џенис Џоплин (со која се имаат забавувано a нејзината Боби МекГи е негова песна), Елвис Присли, Боб Дилан, Вили Нелсон, Џони Мичел, Таунс ван Занд, Гледис Најт.... На филмската лента има работено со Мартин Скорсезе, Сем Пекинпо, има добиено Златен глобус за улогата покрај Барбара Стрејсенд во филмот „Star is Born“ од 1976 ...

Во моментот кога со сигурност го лоцираат во подземниот команден центар во Бејрут, израелска војска исфрла 80 тони од специјални бомби направени за пробивање бункери. Според информацијата што ја објавува Ројтерс, телото на Насрала било без рани, па претпоставката е дека тој умрел од ударниот бран од експлозијата на бомбите исфрлени на неговиот штаб. Наводно израелското разузнавање веќе било свесно за сите движења на раководството на Хезболах, ...

„Oбидувајќи се да го подобриме животот во некој дел од нашата земја, се обраќавме до Обединетите нации. Нивниот тим доаѓаше и детално ги проучуваше нашите потреби неколку месеци. После тоа, се враќаа во Њујорк за да ја презентираат студијата. Овој процес обично траеше со месеци. Кога ќе завршеше дискусијата во комитетите на ОН, специјална комисија се враќаше на терен, за да ги проверат трошоците. Ако се донесеше позитивна одлука, пари ...

Огромното несовпаѓање во проценките и бројките кои ги објави весникот Билд предизвика бес во германската јавност иако министерството за труд на Хубертус Хајл од СДП соопшти дека објавените бројки не се разбирливи и методолошки се несоодветни. Накратко, дека дел од трошоците за сместување треба да бидат покриени од локалните власти и затоа не се релевантни за федералниот буџет. Но, бројките не ги демантираа. Огромните суми исплаќани за ...

Доста внимание денес се посветува на фактот дека големите јазични модели (LLM) што се користат за напојување на чет-ботовите понекогаш тотално утнуваат или пак „лупетаат“ чудни одговори на прашања. Хозе Хернандез-Орало од истражувачки институт за вештачка интелигенција од Валенсија и неговите колеги ги анализирале таквите грешки за да видат како тие се менуваат како што моделите стануваат сè поамбициозни- користејќи повеќе податоци за обука, ...

Британските вооружени сили се неадекватни, а не е сигурно и дека британската армија е подготвена „за растечката закана што доаѓа од Русија кон европската безбедност“, смета Комитетот за меѓународни работи и одбрана на Горниот дом на британскиот Парламент. Апелот на Комитетот е дека земјата треба да прифати „начин на размислување на нација која е пред вистинска закана.“ Телеграф пишува дека британската армија моментално е најмалку бројна од ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
50%
1025
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
53%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
60%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.65
71%
1030
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 12ᴼ
2.06
66%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
54%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
51%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
51%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
6.17
65%
1028
Currency

61.6417

Currency

52.1215

Currency

70.3089

Currency

37.0795

Currency

38.2017

Currency

67.8004

Currency

7.59994

Currency

0.67429

Currency

0.33434

Currency

0.5253

Currency

1.18786

Currency

0.57287

Сребро

2882.64

Платина

75972.21

Калај

53.83

Иридиум

212342.22

Бакар

12.31

Рутениум

45750.51

Паладиум

57839.19

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.15

Цинк

3.34

Злато

166739.88

Родиум

380986.35