Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
За време на панелот на FT викенд фестивалот во Лондон на кој гостуваше заедно со првиот човек на МИ6, Брнс откри дека по дознавањето на алармантните случувања во Крем, претседателот Џо Бајден итно го пратил во Анкара, на разговори со рускиот шеф на разузнувањето, Сергеј Наришкин. „Не можеме да си дозволиме некој да нè застрашува со звецкање со оружје, но мора да бидеме свесни за сите опции,“ рекол Бжарнс. Тој потсетува дека ненадејниот ...
Раритетен климатски настан се случува во африканската пустина во која со денови врне. Тоа се количини на вода кои не се импозантни за некои други делови на светот но за тамошни прилики се зачудувачки. Во септември ќе паднат пет пати поголеми количини отколку што е повеќегодишниот просек на пустината. Вакви врнежи таму ретко се случуваат, особено не во есен и обично се знак дека нешто се менува во атмосферскиот состав на Земјата, пишува ...
Како што и се очекуваше, Алтернативата за Германија (АфД) победи во Тирингија со близу 33% од гласовите, додека во соседна Саксонија беше втора со речиси 31%. Првпат по Втората светска војна, партија на крајната десница стана битна политичка сила во Германија. Другите учесници претходно долго вежбаа да не изгледаат шокирани од изборните резултати. Марио Волт, лидерот на конзервативните демохристијани во Тирингија, зазема поза на победник иако ...
Ре-криминализирање на дрогите е само првиот неопходен чекор за поправавање на штетите што ги предизвика претходниот закон на демократите, изјави лидерот на републиканците во законодавниот дом на Орегон. „“Видовме умирања од овердозирања, видовме како дроги се конзумираат по улици, криминал, бездомништво...“ вели Џеф Хелфрич жалејќи што неговите политички противници можеле сето тоа да го спречат но не сакале. Штотуку донесениот закон всушност ...
Минатонеделното протекување информации од презентацијата на компанијата CMG, маркетинг партнер на Фејсбук, Амазон и Гугл, детално го опишува нивниот софтвер „Active-Listening“ , кој собира податоци од луѓето со прислушување на нивните разговори. Софтверот за активно слушање може да се овозможи преку која било апликација на Андроид или Ајфон, а може да слушаат и други смарт уреди, објаснува ексепртот за безбедност на податоци, Ендио ЛоКаскио. ...
„Пазарот се покажа дека е неспособен да ги спроведе барањата од администрацијата на градоначалникот за да се осигури највисоко ниво на безбедност за граѓаните,“ порачуваат од градот. Мадрид е последниот од серијата поголеми европски градови на кои им е смачено од огромниот број електрични скутери на нивните улици, тротоари, паркинзи, влезови и најразлични јавни површини, и посебно нивното невнимателно возење каде ќе стигнат. Пред забраната ...
Дуров меѓу другото беше обвинет и затоа што не соработувал со француските власти при раководење и пуштање за користење на алатки за енкриптирани пораки. Едно е дека понуди енкриптирани технолошки сервиси „без сертифицирана декларација“, другото е дека увезол енкриптирана апликација за пораки „без претходна декларација.“ На страна Дуров и Телеграм, овие две обвиненија значат дека останатите големи технолошки компании што имаат апликации со ...
Оваа година најверојатно ќе биде најтоплата досега на глобално ниво, предвидување откако службата за мониторинг на климата на Европската унија (Коперник) го забележа најтоплото лето од почетокот на мерењата во 1940 година. Температурите беа натпросечни во поголемиот дел од Европа а југот на континентот долго се печеше на плус 40. Надвор од Европа, температури над нивниот просек ова лето имаа источен Антарктик, Мексико, Канада, североисточна ...
Сопственикот на последната куќа која Рио Тинто уште је нема купено во тоа место е подготвен да потпише купопродажен договор, рекол за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг директорот на проектот Јадар, Чед Блевит. „Нудевме и повеќе од фер цени,“ тврди тој. Репортерот на ФАЦ пренесува дека Рио Тинто плаќал по 700.000 евра за куќа со двор. Веќе купените куќи сега се заковани и без прозорци, обележани дека е забранет пристап. Според Блевит, Рио Тинто ...
Изминатите неколку години, Мелбурн се обиде да се трансформира во „smoke free“ град, постојано ширејќи ги зоните во кои е забрането пушење и вајпање. Во голема мера како резултат на овие и други напори, Мелбурн сега се наоѓа во канџите на тутунска војна. Во последните две години, повеќе од 80 бизниси - главно тобако шопови, но и ресторани, супермаркети и гранапи каде што на црно се продавале цигари - биле опожарени од ривалски банди. За среќа ...
Даисуке Хори тврди дека последниве 12 години спие само по 30 минути на ден за да го дуплира својот живот минат на јаве и да ја зголеми својата продуктивност. И во воркохоличарската Јапониија, ова е исчекор. Јапонска телевизија го следела и снимала три дена за да ја регистрира неговата днеевна рутина и вели дека и покрај краткото спиење, човекот се будел свеж. Хори тврди дека ги тренирал мозокот и телото да функционираат нормално со минимален ...
Овие тврдења се базирани во фундаментално неразбирање на она што се случува во Газа. Тие се подгреваат од клишеа што ги шират политичките и воени ешалони за оправдување на своите постапки и добивање на поддршка од јавноста и легитимитет за продолжување на неуспешната војна. Всушност, ова се истите оние луѓе кои тврдат дека прекинувањето на непријателствата значи наш порази и предавање, со што ја водат војската поблиску до колапс а државата до ...
Жените во Авганистан живеат во дистописки кошмар. Тешко е да се најдат соодветни зборови за да се опише таква масовна малтретажа. Пишувајќи под псевдоним во Сандеј Тајмс, една Авганистанка порача дека се доведени до депресија и помисла на самоубиство. „Во средината на дваесеттите години од овој век немам никаква надеж и чувствувам дека ништо никогаш нема да се промени. Ниедна од нас не живееме, само преживуваме“. Ваков монструозен режим не ...
Она што во 2024 се смета за контроверзна изјава е дека во Шведска нема место на шеријат и дека Исламот мора да се адаптира на шведските вредности. „Исламот мора да се адаптира на шведските вредности. Муслиманите кои нема да се интегрираат мора да ја напуштат земјата. За убиства за чест, отсекување глави, каменување жени и шеријат во Шведска нема место,“ порачала Буш. Таа е на став дека секој треба да ја практикува својата религија на начин ...
Законот се носи заради се понејасните граници меѓу приватен и професионален живот на вработените, кон што сериозно придонесе и работењето од дома и потпирањето на дигитални комуникации од времето на ковид-19. Објаснувањето на властите е дека законот ќе го олесни притисокот што вработените го имаат вон работно време за постојано следење на телефонот и слободното време ќе го трошат на опуштање и на блиските. „Тоа што едноставно сакаме да го ...
Се работи за 44-годишна жена од грчкиот град Триполи, која доби казна затвор од 36 месеци и 1.000 евра. Казната не е за еден, туку за неколку пожари кои таа ги започнала, од кои два зафатиле поголема површина. Во соопштението за нејзиното апсење стои дека двата пожари зафатиле земјоделско земјиште, а поводот бил што таа очекувала по пожарот да се појават пожарникари, бидејќи сакала да запознае мажи во униформа. Властите почнале да ја сомничат ...
„Расплачената вработена изгледа го има присвоено ставот на 'моја вистина', популарна фраза чија намена е да се рационализираат верувањата на говорникот и тој да се заштити од критиките базирани на факти. Ти можеш да кажеш дека 1+1=2, но 'мојата вистина' е дека тоа е три. Пост-модернистите ваквиот начин на размислување го сметаат за софистициран. Кит Хајвард го нарекува детски. И во право е,“ пишува Економист. Хајвард, инаку криминолог од ...
Неверојатната загуба се должи на се поумерениот оптимизам што пазарот го има околу вештачката интелигенција чиј подем годиниве главно зависеше од чиповите што ги произведуваше Нвидиа. На еден ден пред крахот Нвидиа ја објави својата квартална прогноза која не ги исполни очекувањата на инвеститорите за идната заработувачка на компанијата. Претходно и акциите на Интел паднаа за 9% откако беше објавено дека раководството има намера да ги затвори ...
Торнхил кој прави интервју со Павел Дуров уште во 2015, две години по лансирањето на Телеграм, го пренесува неговиот став дека не постои разлика меѓу Хитлер и Сталин, и дека и двајцата подеднакво ги мрази. Првиот проект на Дуров е ВКонтакте, руската верзија на Фејсбук, која тој ја подава во 2014 на инвеститори поврзани со Кремљ. По ова ја напушта Русија а парите од продажбата, околу 300 милиони долари, ги користи за развивање на Телеграм со ...
„Не е важно дали ви е гајле за Бразил или не. Ризикот е што неговиот тоталитаризам има намера да се шири низ целиот свет“, пишува Шаленбергер, еден од обелоденувачите на шокантните сознанија опишани во „Твитер на платен список на ФБИ“. Ниту претседателот Џо Бајден, ниту потпретседателката Камала Харис, ниту кој било друг во американската влада официјално не ја осуди цензурата. Веројатно затоа што Бајден, Харис и демократите не само што ја ...
4,3 милијарди долари лани биле потрошени на активности за лобирање, наведува Open Secrets, непрофитна истражувачка група која ги следи парите во американската политика. Тоа е рекордна цифра досега. Една година претходно, за лобирање се потрошиле 300 милиони долари помалку. Организациите или ангажираат фирми за лобирање или вработуваат свои лобисти за да градат врски со владини функционери, со намера да влијаат врз донесувањето одлуки кои ги ...
Германски Велт тврди дека за прв пат по речиси две години, членките на ЕУ увезле повеќе гас од Русија отколку од САД во текот на еден квартал. Како доказ за ова Велт ги приложува податоците од бриселската консултантска компанија Бруегел. Според податоците на Белгијците, во тримесечјето април - јуни 2024, ЕУ купила 12,7 милијарди кубни метри гас од Русија, а 12,3 милијарди од САД. Споредено со нарачките од првиот квартал на 2024, снабдувањето ...
Ставот на австралискиот милијардер Крис Елисон е дека индустријата во која работи, рударство, не може да си дозволи да продолжи по патот на флексибилно работење а дека инвестициите што биле направени во нивното седиште во Перт, биле за вработените да не ја напуштаат зградата. „Сакам цел ден да ги држам во заробеништво. Не сакам да ја напуштаат зградата... Не сакам да одат преку улица за шолја кафе. Уште пред неколку години сфативме колку чини ...
Додека Киев се уште треба да ја соопшти официјалната страна на приказната, Зеленски веќе го отпушти генерал Микола Олешчук, кој е втор по ранг сменет украински генерал по Валериј Залужниј. Зеленски кој ја соопштил смената на својот Телеграм канал, не дал причина за истата, иако таа се случува само еден ден по соборувањето на американскиот авион. Авионот беше соборен додека е во одбранбена мисија од посебно обемен руски воздушен напад. Самите ...
Трамп се уште му е гневен на Закерберг за неговите 400 милиони долари донации кои за време на минатите избори тој ги дава за финансирање на изборни канцеларии, конкретно за поттикнување на гласање по пошта. Помошта главно заврши кај демократски наклонети области, делумно затоа што републиканците ја одбија по наговор на Трамп. Тогашната процена на кампањата на Трамп е дека гласањето преку пошта ќе наштети на неговите шанси за избор. ...
Ова е војна која никогаш не требаше да се случи. Војна која Русија повеќекратно се обидуваше да ја спречи, под услови кои беа многу поволни за Украина и за нас. Главната работа што ја бараа од нас беше да го држиме НАТО настрана од Украина. Големите воени контрактори постојано сакаат да додаваат нови земји во НАТО. Зошто? Затоа што тогаш тие земји ќе мора да ги усогласуваат набавките на воена опрема со стандардите на НАТО. Тоа значи дека ...
Само девет проценти од тестираните "keyless" автомобили биле солидно заштитени и не можеле да се отворат со едноставен уред за продолжување на дометот на сигналот кој се користи за нивно крадење. Принципот е крајно едноставен: лоповите го фаќаат сигналот на оригиналниот клуч (најчесто во домот на сопственикот) и со еден уред го праќаат до друг уред покрај возилото. Тој уред потоа го репродуцира сигналот и се завршува работата. Потоа лоповите ...
Од денешната млада и кревка генерација која знае беспоговорно да слуша авторитети, особено во врска со здравјето, најмалку се очекуваше да се фати за цигара. Нема место за паника, бидејќи оние кои пушеле многу повеќе од нив, создале патишта, железници, книги и филмови кои уште се користат и во кои уште се ужива. Дали пушењето можеби е првиот знак на независност на „снегулките“ од естаблишментот? * во „Зошто млади и кул луѓе пак фаќаат да ...
Бројот на родени во Европа последниве десет години се има намалено за два милиона, додека Северна и Јужна Америка осцилираат во неколку стотици илјади новородени бебиња годишно. Поостар пад забележува Азија, која во 90-тите години имаше спектакуларен пик на новородени од 90 милиони годишно. Но, подоцна паѓа од 80 на 65,6 милиони. Тоа може да се припише на премин од земјоделски во индустриски сектор. Со растечки пораст е населението на Африка ...
Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, пред некој месец предупреди дека подводните кабли за глобална комуникација можат да станат легитимна цел за Русија. „Ако тргнеме од докажаното соучесништво на западните земји во минирањето на Северен тек, тогаш немаме никакви ограничувања - дури ни морални - да не ги уништиме кабелските комуникации на на нашите непријатели“, објави Медведев на Телеграм. Медведев, кој ...