Ирански безбедносни функционери го помогнале планирањето на молневитиот напад на Хамас и дале зелено светло за него за време на минатонеделниот состанок што го имале во Бејрут со Хамас и Хезболах. Офицери на ИРГ уште од август работеле со Хамас на составување на планот за воздушен, копнен и поморски упад, а деталите околу операцијата биле договарани за време на состаноци во Бејрут. Наспроти изјавите од Хамас и Хезболах кои ги пренесува Вол стрит ...

Секоја година, возраста за пушење ќе се зголемува за една година, со тоа што никој роден после 2008 година никогаш нема законски да може да купува цигари. Така, неколку децении од сега, ќе може да се види како еден 45-годишник, пред трафика, моли 46-годишник да му купи кутија Ротманс. Ова е насоката во која се движи не само Англија, туку и светот. Факелот го држи Нов Зеланд кој, освен подигнување на возрасната граница, почна да ја намалува ...

Во водите кај Жангпу, Кина, од почеток до крај била инсталирана ветерница од 14,3 мегавати за само 30 часа. Со оптимизирање на неколку процеси кои одземаат време, убедени се дека можат и побрзо: „Преку стратегии како претходно склопување на роторот, модуларни дизајни, поефикасно откачување на алатот и слично, би можеле да ја подигнеме и за 26 часа, подобрувајќи ја вкупната ефикасност за 40%,“ соопштија од компанијата Годвин. Ова практично значи ...

Замисли дека САД не може или едноставно не сака да обезбеди уште значителна помош за Украина. Тоа можеби не е најверојатниот исход имајќи предвид дека во Вашингтон продолжува двопартиската поддршка за помошта. Но е веројатен исход имајќи предвид дека Конгресот успеа да го продолжи работењето на американската администрација само откако се откажа, за сега, од напорите за надополнување на брзотрошечката помош за Киев. Политиката околу помагање на ...

Во еден голем пресврт, администрацијата на Бајден го расчисти патот за изградба на нова делница граничен ѕид во Тексас, со цел да се забави имиграцијата. Планот е во комплетна спротивност со ветувањето на Бајден дека неговата администрација нема да изгради „ни една педа“ од ѕидот што поранешниот претседател Трамп почна да го дига долж границата меѓу САД и Мексико. Една од првите извршни наредби на Бајден беше да ја запре изградбата на ѕидот кој ...

Конкорд кетеринг го презема договорот за хранење на руската војска од РБЕ Груп. Сега договорот повторно се враќа кај РБЕ. Руски медиуми пренесуваат дека РБЕ се подготвува за обновување на договорот и почнал со вработување на менаџери и изнајмување деловен простор во Москва. Во 2013 по губењето на договорот од Конкорд, РБЕ Груп е присилена да отпушти 32.000 вработени, а во исто време руските власти започнаа истрага за раководителите на неколку ...

Во јуни 1970 година, месечникот Сканлан го објави „Дербито на Кентаки е декадентно и развратно“, од Хантер С. Томпсон, текст што се смета за почеток на гонзо новинарството, многу личен стил на известување што го става новинарот во центарот на приказната. Во тоа време, Томпсон не беше единствениот кој ги поместуваше границите. Тоа беше период на пошироки новинарски иновации, тн „ново новинарство“ во кое новинарите беа слободни да развиваат ...

Заштитата што ја имаат украинските бегалци, С статусот, важи за период од две до три години од почетокот на војната, што би значело до 2024 или 2025. Процените на Швајцарците се дека по истекувањето на С статусот околу 70.000 Украинци би се вратиле дома, од кои 80% би го направиле тоа доброволно, затоа што се работи за разделени семејства во кои мажите останале во Украина. Останатите 14.000 луѓе најверојатно ќе останат и по крајниот рок во ...

Џаелин Чејни зборувајќи за својата мисија објаснува, во име на дебелите, дека „ние заслужуваме средина што ги почитува нашите потреби и телесната разноликост.“ Во тоа име таа од хотелите бара да постават пошироки лифтови, да ги прошират ходниците со што би се олеснило движењето за поголеми индивидуи, и оние што користат инвалидски колички. Хотелите треба да поработат и на додавање ракофати во хотелите и кога купуваат да избираат посилни и ...

Од Ворлд акватикс (поранешна ФИНА) објаснуваат дека за ова првенство ја затвораат категоријата бидејќи немало никаков интерес, но таа останува како опција за следните натпреварувања. Коментарот на Шарон Дејвис, поранешната британска олимписка пливачка која го критикуваше вклучувањето на транссексуалците во женски категории, е „ако транс жените ја немаат физичката предност од натпреварување жени а не со други мажи, тие не се заинтересирани“. ...

Цената на сертификатот за поседување семеен автомобил во Сингапур скокна на ново рекордно ниво и сега чини 106.000 долари. Градот-држава воведе 10 годишни сертификати за поседување кола во 1990 година, како мерка против сообраќајниот метеж и закрчувањето на сообраќајот. Сертификатите се продаваат на државни аукции на секои две недели, а владата го контролира бројот на сертификати. Со даноците и увозните давачки, овој систем го прави Сингапур ...

Се сеќавате на БЛМ протестот во Бристол? Протестот на кој толпата фрли статуа во пристаништето? Деновиве на суд, еден од организаторите призна проневера откако исчезнаа 30.000 фунти донации од БЛМ. На овие донатори нема да им се верува, ама мислам нема да бидат единствени. Бидејќи, три години подоцна, имам чувство дека е правилно време за да се осврнеме на случувањата за време на лудото лето 2020 и да прашаме - што ни беше тогаш? Сите се ...

Вестите од Шведска се алармантни. Премиерот Улф Кристерсон размислува дури и да ги смени законите за да се овозможи „поголемо воено инволвирање“ во борбата против криминалот. Пораката доаѓа среде бран жестоки улични вооружени пресметки. Само во септември загинаа 11 лица. Во еден ден двајца во Стокхолм и една жртва 50 километри по на север. Била учителка, за нејзина несреќа, комшија ѝ бил некој од бандите кој бил означен за отстрел. Лани имало ...

Гневот кој глобално го предизвика громогласниот аплауз во канадскиот парламент за 97 годишниот СС нацист Јарослав Хунка, авторот Кир Гил тврди дека е производ на „дезинформации“ и „лаги“. Тој вели дека историјата е комплицирана и дека ако некој се борел од другата страна на СССР, не значи дека бил нацист туку дека само се нашол пред тежок избор кој од два зли режима да одбере. Едноставните наративи дека „сите во СС се виновни за воени ...

Се работи за компанијата АРЦ (American Roll-On Roll-Off Carrier) која превозот го врши со 5 (огромни) бродови, а споменатата опрема во најголем дел е за фронтот во Украина, и еден дел е за НАТО вежбата Атлантска решителност. Најголем од петте бродови на АРЦ е Ендуранс кој има капацитет „пренесе цела авијациска бригада во една тура“. Бродовите на АРЦ пренесуваат само опрема, возила и системи, но не и муниција или ракети, кои се префрлуваат со ...

За фабриката во Де Сото и обемот на нејзиното производство ќе биде неопходно да се обезбеди меѓу 200 и 250 мегавати струја за да може да функционира, што е отприлика исто струја колку што троши помал град. Ваквата потрошувачка на фабриката за батерии, со површина од 370.000 метри квадратни (37 хектари), ќе може да биде покриена само со помош на ближната електрана на јаглен која како дел од зелената агенда требаше да биде изгасена и пренаменета ...

„Сите земји-членки ќе треба да плаќаат повеќе и да добиваат помалку од буџетот на ЕУ; многу земји-членки кои во моментов во завршна сметка повеќе примаат финансиска помош отколку што придонесуваат во буџетот, ќе треба да станат нето-придонесувачи“, се вели во документот на секретаријатот на Советот на ЕУ, објавен во Фајненшл тајмс. Убедливо најскапо приклучување би било она на Украина која за седум години би сркнала 186 милијарди евра. Тоа се ...

И Кинезите и Американците отфрлаат дека во прашање е политика и заладување на односите, наспроти децениската пракса на „панда дипломатија“ во која пандите се даваат како награда за пријателски држави или се одземаат за да се казнат противниците. Одлуката за повлекување на пандите се случува во време кога односите меѓу двете држави се на најниско ниво и најголем дел од соработката е прекината. Не само американските, туку и која било зоолошка низ ...

Градежните работници имаат највисоко ниво на самопријавена среќа во споредба со која било индустрија, вклучително и оние преполни со бенефиции. Заклучокот е од истражување на БамбуХР, платформата за кадрово, кое опфаќа 57.000 вработени од 1.600 компании од цел свет. Истражувањето трае три години и за тоа време варира и среќата на работниците, меѓутоа кај градежниците константно била висока, во голем дел благодарејќи на растечките плати и ...

Руперт Мардок минатата недела објави дека се повлекува од челното место во Фокс и Њуз Корп. Реакцијата на многубројните непријатели на медиумскиот магнат може да се сумира со пресудата од „Новата Република“, журнал на американската левица. „Руперт Мардок го направи светот полош“, викаат во насловот пред да му посакаат среќен пат и да се пожалат дека нема исправање на штетите што тој ги има направено. „Не се залажувајте со тоа, на либералната ...

Стејт департментот објави извештај според кој Пекинг годишно троши милијарди долари на своите напори за манипулирање на информациите, вклучително со купување на медиуми на „јавни и не-јавни начини,“ спонзорирање на инфлуенсери и обезбедување на договори за дистрибуција кои промовираат необележани содржини на кинеската влада. Според нив Кина има создадено сопствен информациски екосистем преку поврзување на странски политички елити и новинари, ...

Отава Ситизен напиша дека началникот на штабот на канадската одбрана, генерал Вејн Ејр, „одби да се извини за неговите овации“ за Јарослав Хунка од СС дивизијата одговорна за лов на антинацистички партизани, масакрирање на илјадници цивили и спалување на стотици живи полски селани. Нацисти не се далечна тема за генерал Ејр. Тој ги има обучувано, оние денешните, во Украина. Во 2017 година, украинскиот баталјон Азов на својата веб страница објави ...

Од американските НТЦ и ЈРТЦ (Национален тренинг центар и Заеднички тренинг центар за подготвеност) објаснуваат дека тоа што моментално е најголем проблем со денешната војна е „транспарентноста на военото поле“ и дека сите мора да научат како да оперираат во тој контекст. Маката е што на денешниот фронт немаш каде да се скриеш бидејќи „дронови, електронски надзор и сателити му дозволуваат на непријателот лесно да ги открива американските формации ...

Од 73.000 различни НФТ колекции анализирани за извештајот на Дапгамбл, 95% имаат пазарна вредност од 0 етереум коини. Процената е дека речиси 23 милиони луѓе имаат инвестирано во овие сега безвредни продукти. „Ова е застрашувачка реалност која би можела да служи за освестување од еуфоријата околу НФТ просторот. И покрај приказните за дигитални уметнички дела продадени за милиони и приказни за успех преку ноќ, лесно е да се заборави на фактот ...

Проблемот е што ваквиот тип на оклоп не е произведен за конфликт со интензитет на украинскиот. Како што пренесува Вол стрит журнал „голем дел од западниот оклоп не функционира тука затоа што тој не е направен за отворена војна туку за конфликт со низок или среден интензитет.“ „Ако него го ставиш во масовна офанзива, тој едноставно нема да даде резултати,“ објаснува воениот аналитичар од Кам бек алајв, Тарас Чмут. Негова препорака е Западот да и ...

„Ниедна друга земја во Европа не преживува вакво нешто,“ очајнички предупреди шведскиот премиер Улф Кристерсон, среде досега невидениот бран криминал, насилства и пресметки на банди кои ја зафатија земјата. Се случуваат многукратни убиства, а во еден час знаат да се случат и по четири експлозии, обично од кашикари од екс-југословенско, односно македонско потекло. Пo стапката на криминал, Шведска веќе е на четвртото место во Европа, после ...

Оземпикот е семаглутид а тој го имитира телесниот хормон GLP-1, кој ги регулира шеќерите и може да го намали апетитот. Иако лекот првично беше одобрен за пациенти со дијабетес, неговиот несакан ефект на губење на тежината брзо го направи сензација на интернет. Неговата популарност ја направи данската Ново Нордиск највредна компанија во Европа која вреди околу 430 милијарди долари, повеќе од данскиот БДП. Во Америка и други места е дефицитарен па ...

„Специјализираната дописничка за дезинформации“ на БиБиСи, Маријана Спринг, лажела во своето резиме, во неуспешен обид да работи со Кода Стори во 2018 година. Кода Стори се претставува како независен медиум, но е финансиран од Националниот фонд за демократија, што Грејзон го квалификува како огранокот за промена на режими непожелни за САД и ЕУ (види кај нас: Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија). Спринг поднела барање за ...

Огромното мнозинство од еколошките проекти кои најчесто се користат за да се компемзираат емисиите на стакленички гасови имаат фундаментални пропусти што сугерира дека на нив не може да се потпре за намалување на емисиите кои ја загревање на планетите, покажува анализата на „Корпорaтивна одговорност“ и Гардијан. Станува збор за глобална индустрија за доброволно тргување со тн. јаглеродни кредити која е вредна повеќе милијарди долари, а беше ...

Покрај стандардниот проблем со Џо Бајден и неговата когнитивна кондиција (на еден скорешен настап, во само неколку минути, повтори една иста приказна, од збор до збор), темата стана актуелна со неколку дементни епизоди на долгогодишните сенатори Мич МекКонел и Дајан Феинстајн, која деновиве почина. Првиот во неколку јавни настапи „изгуби конекција“ (види: Не ве слушам, стар сум), а 90 годишната Феинстајн беше збунета како воопшто се гласа и не ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.09
71%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.1
69%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
85%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
1.34
75%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
67%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1012
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.63
58%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52