
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Американците во последно време се бааги „даун“ со расположение, но така е секогаш кога цените на горивото одат нагоре а берзата надолу: Има една работа за која се верува дека луѓето може да ги напrави посреќни: парите. Во едно скорешно истражување, на прашањето „дали со парите може да се купи среќата“, 59% одговориле со „ДА.“ Најголем процент е кај миленијалците - 72%. Потоа ги прашале колкава плата би им требала да се чувствуваат среќни. Тука ...
Парите што Чарлс ги бара, освен од даноците очекува да дојдат и од приватниот сектор и НВО-а, за да може да се „мобилизираат илјадници милијарди долари што ни се потребни, околу 4,5 до 5 илјади милијарди долари годишно, за да ја направиме трансформацијата што ни е потребна.“ За перспектива, баснословната сума пари е некаде околу 20% од американскиот БДП, кој во 2022 изнесува околу 25,46 илјади милијарди долари. Чарлс не дал ни груба поделба кој ...
Поранешниот секретар на американската СЕК, Роберт Џексон, и експертот за инвестирање на берза, Џошуа Митс, изработија истражување во кое се сомневаат дека трговците кои ставиле пари против израелската берза најверојатно имале информација за претстојните напади. Тие го следат инвестирањето во ЕИС, која е хартија од вредност што се тргува на њујоршката берза, а се опишува како еквивалент на директно инвестирање во израелската економија. Во исто ...
За пролетниот семестар, професорката по англиски јазик на Харвард, Стефани Бурт, ќе држи предавања на тема „Тејлор Свифт и нејзиниот свет.“ До сега речиси 300 студенти од универзитетот се имаат пријавено за овој предмет. Програмата за предметот предвидува спојување на делата на Свифт со делата на други луѓе. Па освен пејачката на часовите пример ќе се изучуваат и книги од автори како Вила Картер или Џејмс Велдон Џонсон. За „домашна“ од ...
Риваси е пратеничка во Европскиот парламент уште од 2009, а својот последен мандат речиси целосно го посветува на „Фајзергејт“ аферата која се однесува на пораките кои Фон дер Лајен ги разменува со Алберт Борула околу преговорите за купување 1,8 милијарди дози на ковид 19 вакцини за ЕУ. ЕУ, а Фајзер уште помалку, до денешен ден ги немаат објавено условите на договорот за набавката на вакцините. Европскиот суд на правдата некаде на почетокот на ...
Периодов дел од западните сојузници на Украина почнаа да дебатираат околу воената и финансиската помош за Киев, додека на другата страна на фронтот Путин потпиша декрет за зголемување на бројот на војници за дополнителни 170.000 лица, со што вкупната руска војска ќе брои 1,3 милиони. „Војните се развиваат во фази. Ние мораме да ја поддржуваме Украина и во добро и во лошо време... ... Исто така треба да бидеме подготвени и за лоши вест,“ изјавил ...
Студијата спроведена од Универзитетот во Вухан покажала дека борбата против корупцијата најголемо влијание имала на БМИ-то кај јавни службеници кои авансно земале мито во споредба со оние по завршената работа. Кинеските научници заклучуваат дека еден од основните фактори кои придонеле за намалување на БМИ-то бил и дефицитот на гезмиња, односно, намалување на фреквентноста на пиење алкохол и јадење во ресторани, што пак се одразило на зголемено ...
Првата снимка е од 1957 година, од музичар од ЛА, Ричард Бери. Зборовите се на фејк јамајкански за да се залепат на популарноста на калипсо музиката (во тоа време Хари Белафонте растура на топ листите) а мелодичниот риф е од песната Ел Локо Ча Ча, снимена од американски-кубански бенд. Прво станува позната во областа на Лос Ангелес а потоа и долж западниот брег. Станува омилена во џубоксите и заради денсот: во тоа време не било финта да игра кој ...
Службите добиле наредба од Нетанјаху за изработка на план за лов на лидерите на Хамас во Либан, Турција и Катар. Во главниот град на Катар со години се наоѓа главниот штаб на политичкото крило на Хамас. И пред воопшто да се случи терористичкиот напад од 7 октомври, Израел со децении спроведува тајни операции за елиминирање на сите оние што Тел Авив ги смета за државни непријатели, без разлика дали тоа биле лидери на терористички групи или ...
„Голем број наши луѓе ја одржуваат традицијата на семејства во кои се растат четири, пет или повеќе деца. Сетете се дека во руските семејства нашите баби и прабаби имале по 7 и 8 деца. Да ја зачуваме и обновиме оваа традиција. Имањето многу деца, големо семејство, треба да биде стандард, начин за живот на сите луѓе од Русија,“ порачал Путин во говорот пред Светскиот руски народен собир. Се работи за средба која ја води првиот човек на Руската ...
Професорката Џени Харис, денес на чело на британската Агенција за здравствена безбедност а втор човек на здравствените власти во времето на пандемијата, на сведочење објасни дека задолжителноста на маските не биле темелени на никаква научна реалност. Таквите политики имале ефект на пружање лажно чувство за безбедност, со што ја влошиле состојбата бидејќи мислејќи дека се заштитени со маските, луѓето влегувале во рискантни ситуации кои би ги ...
Пред да ги сецираме бројките, редно е да се каже дека се работи за конзервативен тинк-тенк кој е финансиран од нафташите Ексон, Шеврон и браќата Коч и упорно се бори против тн зелени енергии. Нивниот извршен лани твитна: „Денес, благодарен сум што живеам живот со висока содржина на јаглерод и посакувам и остатокот од светот да го може тоа. Енергетска сиромаштија = сиромаштија. Декарбонизацијата е опасна и смртоносна“. Според нивните пресметки, ...
На последната стадионска турнеја за поддршка на најновиот албум, 72 Seasons, за пет концерти продале 230.682 карти. Вкупниот приход, само од карти, им е 29 милиони и кусур долари, односно по 5,9 милиони долари за еден концерт. Тоа значи дека четворицата би добиле по 1,7 милиони за настап. Но, има тука и трошоци. Ако тие се проценат на 65% од приходите, на Металика од еден концерт им остануваат по 961.000 по човек. Плус имаат за делење по околу ...
Иако проблемите со регрутација има и на двете страни од фронтот, разликата е што Русите располагаат со три пати поголема популација од Украинците. Како што објаснува Блумберг одбивањето на Зеленски да го потпише новиот закон за регрутирање „потекнува од неговата желба да види јасен план што неговата војска сака да постигне со новиот повик, како новите регрути ќе бидат распоредени и како да се направи распоред за ротација на оние што се 21 месец ...
Тоа што ги преживеа 70-тите беше чудо. Тоа е деценијата кога бил стрпан на психијатриски оддел на 17-годишна возраст, а подоцна стана познат по тоа што ѝ даваше на девојка му да го гризе („Канибализам на свирка на Клеш“, гласеше наслов во НМЕ со фотографија од раскрварениот Шејн). Тоа што ги преживеа осумдесетите, неговиот најславен период како фронтмен на Поугс беше фасцинантно. Тоа што го преживеа својот повеќедецеиски алкохолизам и користење ...
Како што Европската комисија призна дека „времето за добивање дозволи за унапредување на мрежата е меѓу 4 и 10 години, а 8 до 10 години за висока волтажа,“ така германскиот регулатор одлучи да ја избегне потенцијалната криза преку мерки за намалување на притисокот врз мрежата. Германските снабдувачи со енергија во иднина ќе бидат „охрабрувани“ да го ограничат дотокот на енергија до потрошувачи како полначи за електрични возила и топлотни пумпи ...
Во нормални времиња, паркинзи беа правени за да се спречи автомобилскиот хаос. Во САД уште 20-тите години на минатиот век се воведени политики за обезбедување минимум паркинг простор за новите објекти од секаков тип - станбени згради, банки или трговски центри - за секој кој живее, работи или посетува да има каде да се паркира. Климатските воини сега тоа го свртуваат наопачки, водејќи се од податоците дека транспортот сочинува речиси една ...
Мејлот до вработените на ЦИА бил „едноставен потсетник за постојната политика“ што компанијата ја има околу објавувањето на социјалните мрежи. И покрај потсетувањето на правилото, вработениот не бил дисциплиниран за постот, бидејќи било проценето дека „немало намера да се изрази мислење за конфликтот.“ Истиот вработен имал објавено и пораки во кои се осудува антисемитизам. Заради постот ЦИА требаше јавно да се објаснува дека нејзините вработени ...
Електронската одбрана главно е составена од попречувачи на сигнал, кои ги блокираат ГПС системите на леталата и предизвикуваат тие да ја утнат зададената мета. Русите од почеток ги користат овие системи, меѓутоа ако во првите фази од војната тоа било за попречување на комуникацијата (мобилна / радио и дронови), откако западните ракетни системи влегуваат во Украина, руската опрема е пренасочена кон новите закани. „Бидејќи и ХИМАРС и Екскалибур ...
Гласањето било за пратеници во регионални и градски собранија. Кај првите дури 0,09 проценти од гласачите биле против предложениот кандидат, кај вторите процентот на несогласување бил незамисливи 0,13. „Меѓу гласачите кои учествувале во гласањето, 99,91 проценти гласале за кандидатите за пратеници во регионалните собранија... а 99,87 проценти гласале за кандидатите за пратеници во градските и околиските собранија,“ објавила новинската агенција ...
Мејловите од единицата 8200 откриваат дека висок офицер кој ги разгледал разузнавачките податоци сметал дека опасноста од масовен изненаден напад од Хамас преку границата на Газа е „измислено сценарио“. Наводно Хамас дале имиња на приправените кибуци на кои се обучувале, вежбале за кревање знаме над синагога и имале планови за освојување на воените бази и убивање на сите во нив. Израелскиот Канал 12 објавува дека првичните предупредувања биле ...
„Секогаш кога ќе слушнете ЕБИТДА (заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација) само заменете ја таа кратенка со зборот „булшит“. Чарли Мангер На 29 години, жена му се разведува од него, му ја зема куќата, му ги остава децата. Практично останува шворц. Вози некој ужасен жолт Понтијак, кога децата го прашале зошто го вози тој крш, им рекол: - Да ги обесхрабрам спонзорушите. Брзо по разводот, дознава дека неговиот син има ...
Селдовиц некаде од 7 ноември почнува да ги малтретира продавачите на храна во Менхетен, фокусиран на Арапите, за да биде уапсен пред некој ден дури откако се рашири видеото за палестинските деца. Освен тоа дека не се доволни ни 4.000 убиени палестински деца, Селдовиц во едно видео му порачува на продавач со египетско потекло дека египетските тајни служби ќе го уапсат татко му и ќе му ги вадат ноктите еден по еден, за во друго да го опишува ...
Освен по социјални мрежи, видеото доби на внимание и од медиуми како Њујорк пост, пренесувајќи го како одраз на состојбата на американската економија. „И тоа станува се понеподнослив проблем за демократските политички стратези и економисти кои до сега не успеа да испратат порака дека на економијата всушност добро и оди,“ пишува Алисон Мороу во текстот за Си-ен-ен. Признавајќи дека периодов скокнале цените на сè и сешто, Мороу се обидува да ...
Фармацевтската компанија со седиште во Бостон, која пласираше една од првите мРНК вакцини против ковид и ги дистрибуираше во стотици милиони дози, решила и да вработи поранешни луѓе од законот за свој „оддел за дезинформации“ кој ќе ги следи реакциите околу вакцините. Еден нивен извештај бил насловен „Ѓоковиќ крунисан како антивакцинален херој по победата на УС Опен“ и бил посветен на случајот со светскиот тениски рекордер од Србија кому не му ...
За само 49 дена. Што значи дека: За контекст: Според Канцеларијата на комесарот за човекови права на Обединетите нации, војната во Украина за 20 месеци регистрирала 9.614 цивилни жртви. Со оглед на тоа што ова население е 22 пати помало од Украина, и дека зборуваме за само 49 дена (наспроти 20 месеци), војната во Газа е неверојатни 520 пати посмртоносна за цивилите отколку војната во Украина а жртвениот биланс на децата е поголем за 3.500 пати, ...
Од оваа позиција Киев треба да преговара сo Москва околу својот „суверенитет и територијален интегритет“, а според Билд овој план го координираат Белата куќа и кабинетот на Шолц. Спонзорите на Украина сакаат во овие преговори Зеленски да го реши и идниот статус на териториите окупирани од Русија. „Зеленски треба да разбере дека работите не можат вака да продолжат. Без надворешен притисок. Тој треба да и каже на нацијата за ова и да објасни дека ...
Буданова била хоспитализирана заради труење со тешки метали откако веќе некое време нејзиното здравје константно се влошувало. 30-годишната Буданова, која работеше како помошник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, била спасена од докторите и сега закрепнува. „Терапијата сега е при крај, и потоа ќе има уште една контрола од докторите. Овие супстанци не се користат во секојдневен живот и ниту за воени потреби. Нивното присуство покажува ...
Описот на работната позиција што тие ја замислуваат е „да кажува шеги, да муабети и да шири живост, неопходни за ‚позитивни чувства'“, а работното место ќе биде - човек за позитивност. 22-годишната Бела Роуз Мортел, инаку самопрогласена ЦВО (chief vibes officer), за Бизнис инсајдер објаснува дека нејзините претходни шефови биле благодарни за нејзината „енергија“ што за нејзе е „најпријатниот комплимент“ што го добила. Нејзиниот совет до ...
Амунди проценува дека руското БДП ќе порасне за 1,5% во 2024 и за 2% во 2025, споредено со 0,5 и 1,2 процента за еврозоната. „Тоа значи дека САД, Европа, Јапонија, Австралија, големите развиени држави, не можат ефикасно да ги спроведат санкциите врз земјата. Тоа е тоа што значи. Нас може нема да ни се допаѓа, но тоа е реалноста,“ порачуваат од фондот. Најголемиот видлив успех на санкциите е од замрзнувањето на имотот и иако тоа им наштетува на ...