
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Саџан лично ги информирал канадските специјалци за локацијата на авганистанските Сики кои требало да ги спаси, а која ја добил од канадска Сики група која била во контакт со авганистанските сонародници. Потсетувајќи на комплетниот хаос и апокалиптичниот крај на американската окупација на Авганистан, извори на канадски Глоуб енд меил, објаснуваат дека: „Авганистанските Сики не се сметаат за оперативен приоритет за канадската војска бидејќи тие ...
Доналд Трамп се покажа себе си како значителна закана кон таа демократија - хаотична и самозаинтересирана фигура која не ја заслужува довербата на јавноста. Тој систематски се обидува да го поткопа интегритетот на изборите. Неговите симпатизери јавно ја опишаа агендата 2025 која ќе му даде моќ за извршување на неговите најекстремни ветувања и закани. Ако тој се врати во канцеларија вети дека ќе биде поинаков тип на претседател, кој не е ...
„Има огромни очекувања од овие авиони. И ние веројатно ќе мора да бидеме пореалистични. Ф-16 секако ќе имаат влијание, меѓутоа нема да сменат нешто драстично. Ниту месецов, ниту во претстојните месеци,“ изјавува командантот на данските воздушни сили, Јан Дам. Тој објаснува дека неопходно е долгогодишно градење на украинските воздушни сили, снабдување со правилна муниција и адаптирање на комплицирани воени мисии, пред авионите да бидат вистински ...
Завршната сцена од неодамнешниот воен удар во Боливија стварно личеше на сцена од филм на Серџо Леоне. Преку централниот плоштад Ла Паз, неколку воени возила упаднаа во просторот на претседателската палата на чии порти, водачот на пучот, сега сменетиот и уапсен генерал Хуан Хозе Зунига, се соочи очи в очи со претседателот по чие рушење беше дојден. „Јас сум ваш командант и ви наредувам веднаш да ги повлечете војниците, генерале!“, решително в ...
Обединетите нации во предупредија дека само 17% од нивните 169 таргети за подобрување на животот на повеќе од 7 милијарди луѓе во светот се на пат да бидат исполнети до крајниот рок до 2030 година. „Ова покажува дека светот добива неуспешна оценка“, заклучи генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Пред 9 години светските лидери усвоија 17 широки развојни цели кои беа конкретизирани во 169 конкретни цели. Речиси кај половина од таргетите има ...
Малдивската полиција објавила дека министерката ќе остане во притвор се додека не заврши истрагата. Не е познато што точно се барало со магијата. Министерството за животна средина е едно од поважните во земјата бидејќи островот е пред директна закана да биде потопен како резултат на глобалното затоплување. Црната магија не е кривично дело во земјата, но сепак за нејзе следуваат шест месеци затвор според исламскиот закон. Низ архипелагот на ...
26-годишната Ашли од Мисисипи прво прави домашен тест, па потоа и не-дијагностички ултра-звук, кои и покажуваат дека е трудна и дека најверојатно има близнаци. По ова таа оди на гинеколог кој и соопштува дека не се две, туку се пет, и тоа две машки и три женски. Ашли моментално е до 25 недела, а докторите се надеваат дека таа ќе издржи до 34, „бидејќи колку се подолго, толку е подобро“. Таа објаснува дека не само што не била на никакви лекови ...
Судирот меѓу германските бискупи и Рим се заостри во 2019 година, со основање на тн Синодален пат, прогресивно движење кое ја тресе Светата столица со „скарадни“ барања. Синодалниот пат станува сè повлијателен во северна Европа, особено во германските јазични подрачја, меѓу другото и благодарејќи на својата огромна финансиска моќ: надбискупијата во Келн во 2015 година обелодени дека вреди 3,35 милијарди евра, повеќе отколку што има Ватикан. ...
Ретро дигиталниот фотоапарат X100 на Фуџифилм постигна неверојатна популарност благодарејќи на што компанијата го ревитализираше производството на овие уреди, за кои побарувачката последните години сè повеќе тлееше. Чини 1.599 долари и со својот изглед и перформанси совршено го има погодено вкусот на 20-годишни и малку постари обожаватели на социјалните мрежи. Моделот X100V стана толку популарен што во фискалната година која заврши во март, ...
1. Фајзер ги користел своите договори за доверливост со американската влада за да прикријат, потиснат и изостават материјалните факти поврзани со вакцината за ковид, вклучително и за нејзината безбедност и ефикасност. 2. Фајзер одложувал финиширање на битна долгорочна студија за да скрие критични податоци - од јануари 2023 до февруари 2024 година таа се одложувала само затоа што 1 (еден) од 44.000 учесници се вакцинирал подоцна. 3. Федералната ...
Амбасадата во Скопје оценува дека во контекст на на договор кој го отвора патот за членство во НАТО и почеток на пристапни преговори со ЕУ, македонската влада на крајот би ги прифатила следните услови: -- Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia) -- Опсег: во сите меѓународни организации, плус билатерално од која било земја што не сака да го користи уставното име. (Иако не сме разговарале ...
На одложувањето му следуваше барање од Англија да поднесе извештај во однос на јурисдикцијата на МКС околу она за што се товари Нетанјаху. Со одлуката не само што и е дозволено на Британија да интервенира, туку таа значи дека и другите членки ќе имаат право да се вмешаат во процесот. МКС на Англија и на останатите држави им даде рок до 12 јули за да ги поднесат документите, за процедурата да не се одложи на неодредено време. Од судот одлучија ...
Доктор Џоана Затерстром-Шарп смета дека претпоставката дека млекото е клучен дел од човековата исхрана „може да се сфати како супремацистичка“ бидејќи луѓето вон Европа и Северна Америка имаат високи нивоа на нетолерантност кон лактоза. „Проектот ќе ги истражува и замислените и реалните аспекти на млекото откривајќи ја интимната и политичка природа на оваа секојдневна состојка,“ објаснуваат од музејот. Парите за истражувањето на расизмот во ...
Приходите од енергенси се најважниот извор на готовина за Кремљ и на него отпаѓаат една третина до една половина од вкупниот федерален буџет во изминатата деценија. По почетокот на војната Западот воведе санкции на руските енергенси со цел да ги намали нејзините приходи. Русија ова го компензира со пренасочување на своите енергенси кон Индија и Кина каде ги продава по драстично поевтини цени. Калкулациите на Ројтерс покажуваат дека руските ...
Штом на CNN ќе оценат дека настапот на Џо Бајден на соочувањето со Трамп во Атланта бил лош, слаб, катастрофален, дебакл.... јасно е колку е саат. Еден од нивните уредници рече дека уште од првите минути на дебатата, меѓу партиските стратези, избраните функционери и оние кои собираат донации за партијата завладеала паника. Дилемата е дали да му се оди на Бајден и во очи да му се каже да се откаже од изборна трка или пак влијателни Демократи да ...
Што точно тоа значеше не беше јасно, веројатно ни за Бајден. Но како човек кој генерално се восхитува на надворешната политика на Бајден, јас сакав да мислам дека претседателот сакаше да каже дека израелската инвазија на Рафа ќе доведе до прекин на трансферот на офанзивно оружје, но не и на дефанзивно оружје како проектилите за заштита од воздушни напади. Потоа во април Бајден повторно го прозва Нетанјаху и изгледаше како тој да повлече линија ...
1. Фајловите од Гвантанамо (2011) Викиликс објави доверливи проценки за злоупотреба на 800 затвореници во американскиот логор во Гвантанамо, откривајќи детали за нивното мачење и причините за нивното притворање. 2. Логови од ирачката војна (2010) Викиликс објави доверливи документи за американската војна во Ирак, откривајќи детали за 66.000 смртни случаи на цивили, прецизни досиеја за тортура, силување, злоупотреба и ужасни воени злосторства. ...
Туринговиот тест е дело на Алан Туринг, и според него ВИ треба да се смета за вистински интелигентна ако луѓе не можат да погодат дали зборуваат со човек или со машина. Според авторот на истражувањето успехот на Чатгпт „многу повеќе зборува за Туринговиот тест отколку за интелигенцијата кај модерната ВИ.“ Во спроведувањето на тестот, истражувачите побарале од 500 учесници да зборуваат со четворица различни агенти: три ВИ и еден човек. ВИ биле ...
Данокот ќе изнесува 16 евра по тон јаглерод диоксид произведен од стока, крави, свињи, овци итн. Договорот што го постигнуваат земјоделските здруженија, еколозите и данската влада треба да почне да важи од 2030. Науката тврди дека на испуштањето гасови од стока (прдежи + ждригање) отпаѓаат 11% од глобалните штетни гасови, а две-третини од нив доаѓаат од крави. Со договорот не се задоволни некои поголеми земјоделски здруженија, кои го критикуваат ...
Трудовите објавени во списанието Nature, сугерираат дека за време на спиењето, бавни електрични бранови ја туркаат течноста околу клетките од длабокото во мозокот кон неговата површина. Таму, софистициран интерфејс овозможува отпадните производи во таа течност да се апсорбираат во лимфниот систем и крвотокот, што ги носи до црниот дроб и бубрезите за да се отстранат од телото. Еден од отпадните производи што се дислоцираат е амилоидот, ...
Неодамна учествував во дебата на која еден од учесниците, уредникот на The Economist, Кенет Кукиер, го критикуваше мојот став за технологијата како непотребно песимистички. Тој самоуверено тврди дека треба да бидеме пооптимисти за технолошкиот напредок бидејќи таквиот напредок наводно ќе ни помогне да ја решиме кризата со климатските промени. Кукиер признава дека не е само оптимист, туку и непоправлив оптимист кога станува збор за технолошкиот ...
Моментално на постои никакво законско барање дека за федералните формулари за гласање потребен е доказ за американско државјанство, иако при гласање на федералните избори е нелегално да се тврди дека си државјанин ако не си. „Меѓутоа милиони мигранти со хуманитарен статус, бегалци или азиланти се квалификувани за бенефиции кои ги добиваат во канцелариите во кои се регистрираат гласачите. Националниот закон за регистрација на гласачи од 1993 им ...
Истражувачите во лабораторијата на биохемискиот инженер Анкур Гупта сконтале како ситните наелектризирани честички, наречени јони, се движат во сложена мрежа од ситни пори, откритие што би можело да го отвори патот за развој на поефикасни уреди за складирање енергија. „Со оглед на клучната улога на енергијата во иднината на планетата, бев инспириран да го применам моето знаење од хемискиот инженеринг за унапредување на уредите за складирање ...
Тој ги обвини најголемите движења на двете страни дека се залагаат за политики кои предизвикуваат тензии меѓу заедниците во земјата. Според него крајната десница проблемите со безбедноста во Франција ги сведува на религијата и потеклото на луѓето и затоа „ги турка луѓето кон граѓанска војна.“ Тие од другата страна пак „поттикнуваат облик на поделба за изборни цели,“ и исто така ги сведуваат луѓето на нивната религиозна и етничка група. Тука ...
Во исто време стапот/морковот за Москва ќе биде дека нивното одбивање да преговараат ќе резултира со зголемена американска помош за Украина. Според планот за време на преговорите, ќе има примирје базирано на постојните борбени линии. Ројтерс ја пренесува и изјавата на двајцата советници според кои Трамп позитивно реагирал на стратегијата „не велам дека тој се согласи со секој збор од неа, но задоволни сме од фидбекот што го добивме.“ Планот ...
Просечната температура во Париз на почетокот од август е 26 степени Целзиусови. Намерата на организаторот е собите на бидат на температура од 23 до 26 степени, а за разладување ќе има вентилатори и нешто налик подно ладење. Ваквиот план градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, го објасни со „сакам игрите во Париз да бидат пример за еколошка гледна точка.“ Наспроти ова е првиот човек на американскиот олимписки комитет, Сара Хиршленд, која порачува ...
Џули Аиткен Шермер, професорка по психологија на Западниот универзитет во Онтарио, Канада, спровела студија за луѓето кои ги модифицираат своите автомобили за да ги направат погласни. Користела стандарден попис на психолошки особини а очекувала да најде нарцизам. Меѓутоа, наместо тоа, утврдила дека постојат „врски меѓу наклонетоста кон гласни ауспуси и психопатски и садистички тенденции“. „Профилот на личноста што го најдов кај нашите гласни ...
Иако енергетските пијалаци содржат состојки како витамини и минерали кои се критични за раст на косата, консумирање на истите во претерана количина има контраефект, главно затоа што истите тие пијалаци имаат и блесави количини на кофеин, шеќер и адитиви. „Иако овие енергетски пијалаци се во ред во умерени дози, при претерување тие претставуваат поголем ризик за губење коса или врз севкупното здравје,“ објаснува хирургот за трансплантација на ...
Основачот на Викиликс се согласил да прифати вина за шпионажа по само една точка за обвинението, односно заговор за стекнување и пуштање во оптек на доверливи документи од американската национална одбрана. По ослободувањето од затвор тој е директно префрлен на аеродром и заминува од земјата. Во среда Асанж треба да се појави на суд во Саипан, американска територија на Пацификот, каде ќе биде осуден на 62 месеци, кои веќе ги одлежа. Неговиот ...
Кон крајот на ланскиот август, климатски научник Патрик Браун, заедно со седум коавтори, објавија студија во списанието Nature за поврзаноста помеѓу шумските пожари во Калифорнија и глобалното затоплување. Нивниот труд ги задоволувал високите критериуми на престижното списание: нурнале длабоко во мерењата на животната средина; се користело машинско учење и се евалуирале сложени климатски споредби; се заклучило дека климатските промени ги прават ...