Американска келнерка објави кафанска сметка на Твитер очекувајќи разбирање за нејзиниот гнев околу бакшишот што ѝ го оставиле гости од Европа. „Мразам Европјани“ вика таа откако ѝ оставиле „навредлив“ бакшиш од 70 долари за есап од 700 долари. Тоа е 10 посто од рачунот што кај нив се смета за премалку бидејќи и на самата сметка пишале дека бакшишот би требало да почне од 20% па нагоре. Дури и шефот дошол за да праша што не било добро со ...

Доктор Емануел најави дека кога ќе наполни 75 години, ќе престане да бара начини да ја надитри смртта па нема да бара лек за ниедна болест која доаѓа со староста. Значи, никакви антибиотици, хемотерапии, операции, стентови, длабински скенирања или вакцини. Во суштина, ќе избегнува секаков контакт со лекари. Вели дека попрво сака да замине на старомоден начин, од бруталната брзина на природата, отколку да трпи деценија или повеќе медицински ...

„Воопшто немаме никаков реален увид во плановите на кинеското лидерство или намерите на Кина,“ неодамна призна поранешен висок американски разузнавач. По две децении ловење на терористи, американската разузнавачка заедница која тежи 100 милијарди долари годишно тивко го преквалификува персоналот и пренасочува милијарди за обнова на скапата шпионска машинерија за да се фокусира на потенцијалниот конфликт со големите сили, Русија и Кина. Руската ...

Даноне во тој период го финализира договорот за напуштање на Русија кога изненадно Кремљ прогласува дека руската филијала на Даноне, заедно со онаа на Карлсберг, е ставена под „привремен надворешен менаџмент.“ Наспроти наглиот старт на чеченскиот менаџмент сведоштвата што од таму ги пренесува Фајненшл тајмс покажуваат дека тие речиси ништо не промениле и само ја раководат компанијата на име, додека речиси целото претходно раководство и понатаму ...

„Не те личи,“ му спомнуваа иксаџии на стариот монтипајтоновец, кои демек многу го почитуваат целото негово животно дело, ама, последново, ете, не го личи. Еве го твитот: Пет работи поради кои Хитлер е подобар од Трамп: 1. Тој се бореше за својата земја. 2. Никогаш не користел идиот (телепромптер). 3. Беше добар со кучиња. 4. Сам си ги пишуваше книгите. 5. Никогаш нема играно голф. 6. Не беше голема дебела мрза. Пет работи поради кои Трамп е ...

Покрај отворените војни, потенцијал за влошување на глобалната нестабилност во 2024 ја имаат и изборите во над 50 држави низ светот, вклучително Индија, Индонезија, Мексико, Јужна Африка, САД и 27-те членки на ЕУ. „Вкупно, на учесниците на изборната олимпијада 2024 отпаѓаат 60% од светскиот БДП,“ пишува Патриција Коен во текстот за Тајмс. Ова значи дека овие 60% од економиите ќе бидат под стрес и одлуки донесени во име на добивање подобри ...

Арнолд Шварценегер имаше три операции на срцето и тоа му остави доживотни последици. Бодибилдерот кој заработи седум титули на Мистер Олимпија и ја прослави „вакуумската поза“, призна дека веќе не смее да дига тешки работи. На прашањето како оди со фитнес режимот деновиве, Терминаторот откри дека му е дозволено максимум 45 минути на точак и некои лесни вежби. Да престане со дигање тегови бидејќи тоа не е добро за неговите срцеви залистоци му ...

Во основа се работи за џамбо вреќи кои се полнат со земја или песок, и можат да се редат како коцки за да оформат ѕид или заштитна бариера. Бидејќи содржат значителна количина земја и материјал, ХЕСКО ѕидот може да издржи значителна експлозија и да спречи речиси секој тип на куршуми. Без разлика што намената не им е трајна структура, вреќите можат да го задржат структурниот интегритет повеќе од една деценија. Иако создадени за контрола на ...

Награда за најдобар перформанс на Германец кој се преправа дека е претседател на Европа Победник: Урсула фон дер Лејен. „Секогаш кога ќе се обиде не само да покажува моќ, туку вистински да ја користи, претседателката на Европската комисија налетува на ѕид.“ Како пример за ова е обидот да крене израелско знаме пред канцелариите на ЕУ кога половина ЕУ и се качи на грб. Или инсистирањето на медиумите да ги добијат пораките што таа ги разменила со ...

Убедливо највпечатлив удар беше бојкотот на Бад Лајт откако за заштитно лице го ангажираа трансџендер инфлуенсерот (некои го викаат имитатор на жени) Дилан Малвени. Не беше само Бад Лајт. Во 2023 година, голем број компании открија дека „go woke, go broke“ не е само интернет меме. Во 2021 година, Викторија Сикрет изврши масовно ребрендирање почнувајќи кампањи инспирирани од различноста: бабачко жени, жени со попреченост, жени бегалци и, ...

Потрошувачите нема да видат ќар од падот на големопродажните цени, објаснува претседателот на Бнетза, Клаус Милер, според кого „времето на евтина енергија е минато се додека продолжуваме да користиме големи количини на конвенционално добиена енергија.“ Милер објаснува дека и покрај поевтинувањето цената и понатаму држи над сумата пред руската инвазија на Украина. За него е оправдана и одлуката на германската влада за укинување на субвенциите за ...

Во 1940 САД имаат вкупно 458.365 војници. Како што им станува јасно дека ќе влегуваат во Втора светска војна, во октомври истата година САД почнуваат мобилизација. Во 1941, пред нападот на Перл Харбор бројот на американски војници достигнува до 1,8 милиони. Втората светска војна, во 1945, американските вооружени сили ја завршуваат со 12,2 милиони активни војници. Низ годините, овој број паѓа и најниската точка ја достигнува некаде пред ...

Освен водителката Мелтем Гунај, отпуштен е и неименуваниот режисер на вестите, а официјалното обвинение е дека со чашката во пренос се обиделе прикриено да рекламираат друга компанија. Од телевизијата порачуваат и „нашата институција ги знае чувствата на турскиот народ во однос на Газа и ќе ги брани до крај.“ Од почетокот на израелската офанзива во Газа, во Турција се води војна против сите меѓународни компании кои еднострано се прогласени за ...

На скорешната конференција за климатски промени во Дубаи, Кроутер ги истакна занемарените недостатоци на масовното садење дрвја, како што се задушувањето на биолошката разновидност и тоа што тоа сепак не е толку ефикасен заробувач на јаглерод како што некогаш се веруваше. Најлоша нус-појава на неговиот некогашен апел е што садењето дрвја се користи како изговор да не се направи ништо за намалување на емисиите. „Никој никогаш да не речеше „Ајде ...

Најмалку од септември Путин преку посредници испраќа порака дека е отворен за прекин на огнот по кој ќе се задржат тогашните линии на судир, што според Тајмс е далеку помалку од неговата амбиција да ја освои цела Украина. Весникот тврди дека оваа понуда е иста со онаа од есента 2022, кога Путин сред успешната украинска контраофанзива испратил порака дека е задоволен со територијата што тогаш и е оставена на Русија, главно истата што и денес ја ...

Со новата божиќна специјалка „Армагедон“ на Нетфликс, актерот и стенд-ап комичар веќе предизвика контроверзии поради шега за смртно болните деца (ги нарече ќелаици, не во свое име туку како дел од еден гег). Одма петиција да се забрани. Бргу ја имаа потпишано 13.000 луѓе барајќи од Нетфликс Џервејс да се канселира, тоест да се скине Армагедон. „Буквално во шегата велам дека јас не го правам тоа (да ги вика ќелаици и да им оди поболници)... Но ...

Наспроти официјалната верзија што ја соопшти Путин, дека во авионот била активирана рачна граната, истрагата на Вол стрит журнал покажала дека се работи за 2-месечен план организиран и раководен од еден од најстарите и најблиски соработници на Путин, Николај Патрушев, кој до сега не беше споменуван во врска со смртта на Пригожин. Извор на ВСЖ од европски разузнавачки служби кој цело ова време одржува контакти со Кремљ, изјавува дека по смртта на ...

Франција, Шпанија и Италија објавија дека се повлекуваат од Операцијата заштитник на напредокот, под образложение дека се подготвени за таква операција но таа да е под команда на НАТО и/или ЕУ, но не и директно под САД. Како дополнување на ваквото европско чаталење кон главниот гарант на безбедноста на стариот континент, Бајден бил предупреден дека „никој не го сфаќа сериозно“. Операцијата започна на почетокот од месецов откако Хутите почнаа со ...

„Се плашам од стравот, се плашам дека Европејците гласаат затоа што се уплашени. Научно е докажано дека стравот од соочување со непознато и несигурност лачи хормон кој активира безбедносна реакција. Тоа е факт,“ ги објаснил Борел своите очекувања од изборите во јуни. Процената на Борел е дека главниот страв кој ќе ги сврти Европејците кон десно е миграцијата и осиромашувањето на континентот кое го влоши нивниот животен стандард. „Имаме инвазија ...

Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Берн разгледува пилот-шема за да се дозволи продажба на наркотикот од А класа за рекреативна употреба. Швајцарија има едно од највисоките нивоа на употреба на кокаин во Европа, според нивото на недозволени дроги и нивните метаболити измерени во отпадните води, а Цирих, Базел и Женева се наоѓаат во првите 10 градови во Европа. ...

Фронтменот на Мегадет, Дејв Мастејн, ламентираше над зголемените трошоци на турнеите и нивните ефекти врз цените на билетите за нивните концерти. Тој се пожали дека екипа како Мегадет, еден ден на пат може да ги чини и 50.000 долари. „Имаме човек за светло, човек за звукот, за монитор. На сцена имаме техничар за тапани, техничар за гитара, техничар за бас и уште еден монитор. А зад сцена се возачите на автобусите, на камионите, луѓе од ...

Градски советник во јужниот бразилски град Порто Алегре ја избутка првата легислатива во земјата целосно напишана од ЧетГПТ. Самата уредба била намерно здодевна и лесна за усвојување - предлог да се спречи локалното водоводно претпријатие да им наплаќа на жителите за нови водомери кога ќе им бидат украдени од дворовите. Порто Алегре живее, поточно се гуши во неефикасност и корумпираност на локалните сервиси додека 36-те градски советници уживаат ...

На почетокот од филмот Хари (ликот на Пеши) му кажува на колегата Марв (Даниел Стерн) дека домот на Мекалистер им е главната мета во богатата населба. Куќата од филмот се наоѓа во Винетка предградието на Чикаго, една од најскапите населби во САД. Таа има доволно простор за да го смести Кевин и неговите 4 браќа и сестри, плус цела гунгула гости. Според економисти од американските Федерални резерви, куќата во 1990 би можеле да си ја дозволат само ...

Откако беше објавено дека Зеленски се подготвува да ја потпише регрутацијата на 500.000 Украинци, украинскиот министер за одбрана изјави дека таа ќе важи за сите мажи на возраст од 25 до 60 години, а за непочитување на поканата ќе следуваат казни. Меѓу повиканите ќе бидат и украинските мажи кои успеале да ја напуштат земјата а се регистрирани во други држави. Министерот Рустем Умеров, објаснил дека регрутите однапред ќе бидат известени како ќе ...

„Машки свет. Крв на асфалтот“ (во оригинал: Slovo Patsana. Krov na asfalte) е нималку нежен опис на некогашната перестројка и советскиот распад, полн со садизам и цинизам, приказна која следи група момчиња кои се принудени да влегуваат во уличните банди во градот Казан. Тоа денес е најгледаната телевизиска содржина во Украина, иако таму е забрането сè што доаѓа од Русија или е на руски јазик. Публиката, особено младите, епизодите ги наоѓаат на ...

Дедото, од централната кинеска провинција Шенси, додека ја разнесувал внуката на најразлични активности забележал дека таа не кревала глава од телефонот. Се погодило во колата да има и конус, кој се користи кај кучиња за да не си ја лижат раната, па му го намонтирал на девојчето. Кога девојчето се побунува дека конусот е за кучиња, дедото смирено и одговара, „не розев е, го купив за тебе.“ Во следните два дена секој пат кога девојчето ќе посака ...

Џени Џаст и нејзиниот сопруг сакале некако да ја научат својата ќерка која се занимавала со тенис, да ја чита нејзината противничка на теренот а не само да мисли на својата игра. Им текнало дека можеби покер може да помогне. Собрале уште 10 жени и девојки и почнале да ги учат на комар, забележувајќи брза трансформација кај нив: девојките кои прво меѓусебе наивно се прашувале која што да одигра, за брзо време станувале ајкули, решени да ја сотрат ...

Ши на состанок на кој присуствувале десетина американски и кинески функционери му порачал на Бајден дека Кина претпочита мирољубиво да го припои Тајван кон себе, а не со сила. Тој се обрнал и на јавните процени на американското воено раководство дека Кина планира да го нападне Тајван во 2025 или 2027, порачувајќи му на Бајден дека истите се погрешни бидејќи Пекинг се уште нема поставено временска рамка. Пред самата средба кинески функционери ...

Кога паѓа Берлинскиот ѕид, на истово прашање позитивно одговориле 78% од Германците, но од тогаш бројките постојано паѓаат, посебно за време на владите на Шредер и на Меркел. По групи најслободно се чувствувале Германците на возраст од 16 до 29 години, од кои околу 50% изјавиле дека можат слободно да зборат. Кај сите постари групи слободата ја чувствуваат само 36 до 38 проценти. Пример, мнозинството на лицата од 45 до 59 години, околу 51%, се на ...

Министрите на ЕУ се на пат да прифатат финансирање на релокација на мигранти во трети земји или друга форма на солидарност, како финансиски придонес за држави што имаат проблеми или плаќање на опрема. Промените се дел од нешто кое се нарекува Миграциски пакт кој е збир од документи што треба да ги постават новите правила за менаџирање со миграцијата. Еден од најдискутираните закони во рамки на пактот е РАММ (Regulation on Asylum Migration ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1012
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
51%
1007
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.0
77%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.19
57%
1016
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1006
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
73%
1020
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1017
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1008
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
62%
1021
Currency

61.535

Currency

59.207

Currency

74.1828

Currency

37.071

Currency

41.2408

Currency

65.1812

Currency

8.05477

Currency

0.55138

Currency

0.37398

Currency

0.52551

Currency

1.66898

Currency

0.68814

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

476 $

Никел

474839 $

Рутениум

14887 $

Калај

28 $

Сребро

961 $

Злато

84712 $

Бакар

8 $

Паладиум

289 $

Платина

29884 $

Цинк

92098 $