Секој ден има по еден или два од сателитите на Старлинк што паѓаат кон Земјата, тврди истакнатиот астрофизичар од Смитсонијан, Џонатан Мекдауел. Тој предупредува дека овој број ќе продолжи да се зголемува поради тоа што илјадници сателити влегуваат во доба на пензионирање, а компанијата на Маск сè уште ја проширува својата мрежа. Само во текот на оваа година Спејс Икс лансираше повеќе од 2.000 нови сателити. Во трката се вклучија конкуренти што ...

Градскиот совет на Салцбург го одобри контроверзниот проект за изградба на подземна гаража во ридот под дворецот Пашингер Шлесл и за пробивање тунел од неа до центарот на градот. Волфганг Порше, сопственикот на дворецот, добил дозвола од Комисијата за градба и веќе почнале првичните градежни работи. За користење на јавното земјиште платил смешна сума од 48.000 евра. Волфганг Порше (82), е внук на Фердинанд Порше - основачот на познатата марка ...

Постојат две студии кои покажуваат дека децата кои се обрежани во најрана возраст имаат двојно поголема стапка на аутизам, што е многу веројатно, бидејќи им е даден Тиленол, му рекол Роберт Кенеди Џуниор на претседателот Трамп на состанокот на кабинетот во четвртокот. Министерот за здравство не објасни на кои студии се повикува. Во студија од 2013 година американски научници прв пат идентификувале корелација помеѓу неонатално обрежување со ...

На 70 годишнината од денес владеачката јапонска Либерално-демократска партија, за лидер беше избрана 64 годишната Санае Такаичи со што се отвора патот таа да стане првата жена премиер на Јапонија. Поранешната министерка и ТВ новинарка, а некогаш и тапанарка во хеви метал бенд, сега ќе се соочи со предизвикот да води не само партија која се бори да ја врати довербата на гласачите по скандалите и борбите со крајната десница - туку и земјата која ...

Користејќи Баесова невронска мрежа (која може да квантифицира неизвесности) „нахранета“ со милиони пакети податоци за црни дупки собрани од телескопот Event Horizon, италијански научници анализирале дали овие масивни тела може да обработуваат информации на начин сличен на биолошките мозоци. Во својот труд објавен во списанието Frontiers of Physics, тие тврдат дека забележале огромни сличности помеѓу космичката мрежа на галаксии и мрежата на ...

Дваесет и седумгодишната Шерјехон Османова официјално си го променила името во Шерје Шојгу, за да не се посомнева некој во нејзиното потекло. Шојгу е карактеристично презиме за етничката група Туван – турски народ од Сибир. За да биде измамата уште поверодостојна, и нејзиниот сопруг го променил презимето. Нејзината измама била класична. Ги убедувала своите потенцијални жртви е внука на министерот и дека нејзиното семејство поседува сопствена ...

Свињата од која бил употребен црниот дроб била генетски модифицирана за да се овозможи човечкото тело полесно да го прифати органот. Парче од органот бил пресаден на левиот лобус на 71-годишниот пациент откако му бил отстранет десниот, во кој се развил тумор со големина на јаболко. Организмот го прифатил трансплантот од свињата - функционирал, произведувал жолчка и имал улога за коагулација на крвта, објавија хирурзите. Тоа му овозможило на ...

Програмата им овозможуваше на мигрантите што „исклучително добро се интегрирале“ да добијат германско државјанство по само три години поминати во земјата. Вообичаениот период е пет години. Тој нема да биде променет. Гласањето помина невообичаено лесно, бидејќи предлогот на коалициската влада на канцеларот Фридрих Мерц беше еден од ретките што доби поддршка од најголемата опозициска партија Алтернатива за Германија, која сега има највисок рејтинг ...

Прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска попладне, откако договорот ќе го потпише израелската влада. Хамас веќе го прифати договорот, иако сè уште ги чека имињата на своите припадници што треба да бидат ослободени од израелските затвори. Со потпишувањето на договорот Израел ќе треба во рок од 24 часа да ги повлече сите свои копнени трупи на дефинираната „жолта“ линија за демаркација. Кога повлекувањето ќе заврши, почнува рок од 72 часа во кој ...

Комисијата исплаќаше оперативни грантови за покривање на секојдневните трошоци на здравствените невладини организации, вклучувајќи плати и режиски трошоци, во рамките на програмата EU4Health, сè до запирањето на исплатите претходно оваа година. Во 2024 година, програмата издвои 9,3 милиони евра за оперативни грантови за невладини организации. Укинувањето на системот за оперативни грантови принуди некои непрофитни организации да го намалат ...

„Се замислуваат себе си како големи вајари но рацете им треперат, материјалот се распаѓа, а резултатот е патетична пародија на нивната првична намера. Макрон, Стармер, Шолц и фон дер Лајен се политички квартет чија некомпетентност, незнаење и зачудувачка неспособност да водат, го тераат стариот континент кон брза маргинализација“, пишува Мохамад ибн Фаисал ал-Рашид во New Eastern Outlook. Емануел Макрон - Хамлет на тронот, или трагедијата на ...

Угледната ревизорска компанија Делоит призна дека користела генеративна ВИ како помош во изготвувањето на извештајот за владата на Австралија, но објави дека ќе ја врати само последната рата од договорот во вкупен износ од 290.000 долари. Сенаторката Барбара Покок побара Делоит да ја врати целата сума, а не само последната рата. Нејзината колешка Дебора О’Нил прашува која е ползата од големите ревизорски компании, ако ги префрлаат обврските на ...

Мијалгичен енцефаломиелитис, познат и како Синдром на хроничен замор (ME/CFS), ќе може да се открие со нова техника на анализа на крвта, тврдат научници од Универзитетот во Источна Англија и од Оксфорд Биодајнамикс. Досега немало тест и лекарите можеле да ги откријат само пациентите со тешки симптоми. ME/CFS е сериозна и онеспособувачка болест што се карактеризира со екстремен и долготраен физички и ментален замор кај луѓе без изразени ...

Берлин и Рим во заеднички меморандум до Европската комисија повикаа да се избегнат „несразмерни казни“ за производителите што не се придржуваат до распоредот за декарбонизација на горивата и бараат и по 2035 година да се дозволи регистрирање на возила што користат биогорива од обновливи извори. Треба да се дозволат возила со ниски и нулти емисии, освен електричните што се напојуваат со батерии. ЕУ треба да го прифати намалувањето на штетните ...

Ново истражување презентирано на конференцијата на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD) во Виена го поддржува феноменот наречен „дебел, но во форма“, и ја оспорува долгогодишната претпоставка дека послабото е секогаш поздраво. Храната не е само гориво; таа е основа на преживувањето. Кога телото е лишено од храна, тоа преминува во катаболна фаза. Тоа значи дека почнува да ги разградува сопствените ткива, мускули, масти, па ...

Ненадејната оставка на премиерот Себастијан Лекорну не им дава надеж на помладите Французи дека ќе живеат удобно како нивните родители. Нема доволно пари. Ова е последната станица пред провалијата, изјави Франсоа Бајру, претходникот на Лекорну, еден од петте премиери на Франција што паднаа во изминатите две години. На Бајру му беше изгласана недоверба откако претстави буџет со длабоки кратења на трошоци, вклучително и елиминирање на два ...

Првпат во историјата навистина е достигната квантна супериорност. Не како онаа на Гугл, кој се обиде да ја присвои титулата во 2019 година за својот модел Сикамор, кој за 3 минути и 20 секунди заврши пресметка, за која на класичен компјутер му се потребни 10.000 години. Машина од лабораторија за вештачка интелигенција во Шангај лани го собори тој рекорд и ја заврши задачата за 13 секунди. Но и Сикамор и неговиот импресивен кинески конкурент ...

Нешто помалку од една четвртина (24,1%) од Европејците постари од 15 година користат цигари и други тутунски производи, повеќе отколку во кој било друг регион во светот, покажуваат податоци на СЗО од 2024 година. На глобално ниво се проценува дека има околу 1,2 милијарда корисници на тутун. Стапката на пушење се намалува во сите региони на СЗО, но во Европа тој процес е најбавен. Студијата, исто така, за прв пат ги евидентираше глобалните стапки ...

До почетокот на оваа година здравствените власти препорачуваа годишни бустер дози за ковид-19 за сите луѓе, освен за бебиња до 6-месечна возраст. Целта беше да се зацврсти заштитата од коронавирусот, кој се уште е присутен и развива нови мутации. Со намалувањето на бројот на новозаразени лица кампањата за имунизација се фокусираше на луѓето постари од 65 години, кои се најмногу изложени на ризик од хоспитализација и смрт. Новиот министер за ...

Оваа година може да се смета за пресвртница во глобалниот енергетски систем, зашто ветерните и сончевите фарми, хидроцентралите и нуклеарките заедно првпат произвеле повеќе електрична енергија отколку централите на јаглен, покажува извештај на климатскиот тинк-тенк „Ембер“. Во првите шест месеци од 2025 година значително се зголемило генерирањето струја од овие извори, додека користењето на јаглен и гас се намалило во споредба со истиот период ...

Долго време западните дипломати на на шега кажуваа дека улогата на Индија во БРИКС е да ги следи Русија и Кина и да се осигури дека тие не се приближуваат премногу. Тоа се покажува како пуста желба на Западот. Економиите на БРИКС се веќе поголеми од економиите на Америка, Европа и Јапонија заедно, ако ги мерите според куповната моќ како што прави Светската банка. Според таа метрика, Кина е првата, а Индија третата економија во светот. Растат ...

Истражувачи од Кинеската академија на науките зајакнале човечки матични клетки со гени поврзани со долговечност, создавајќи „мезенхимални прогениторни клетки“ (SRC), кои се поотпорни на стареење. Како и сите клетки, SRC стареат и со времето престануваат да се делат. Уште полошо, тие испуштаат воспалителни молекули, сигнали од лузни на ткивото и други токсични сигнали што го забрзуваат стареењето во соседните клетки. Истражувачите се фокусирала ...

Американскиот претседател е убеден дека приливот на средства од зголемените царини ќе биде доволен за да се исплати огромниот национален долг на владата. Трамп смета дека националниот долг од 37.000 милијарди долари всушност е „многу мал, релативно кажано“ бидејќи владата прима „невидени суми“ од царини. Тие штотуку почнуваат да дејствуваат. На крајот нашите царини ќе носат над илјада милијарди долари годишно. Прво, го отплаќаме долгот, кој ги ...

Ликвидацијата го нарачал Тан Јухуи, локален кинески бизнисмен од Нанинг, кој ангажирал платен убиец за сума од 282.000 долари да ликвидира конкурент по име Веи, со кој имал судски спор за градежна парцела. Платениот убиец задачата му ја префрлил на колега од подземјето, кој прифатил да го изврши атентатот за половина од цената. Тој, пак, нашол трет „подизведувач“, кој му ја префрлил работата на четвртиот, а тој на петтиот. Последниот во синџирот ...

Бракот со прв братучед создава посилни системи за поддршка на проширеното семејство, а нуди и економски предности, наведе англиската Национална здравствена служба (НХС) во официјалната Програма за геномско образование, која веќе е повлечена од интернет. Во препораката се признава дека децата родени од први братучеди се соочуваат со зголемен ризик од наследни нарушувања, но се додава дека „многу други работи го зголемуваат овој ризик, како ...

Последниот извештај на Меѓународната федерација за роботика, глобална трговска група која ја следи индустријата вели дека кинеските фабрики само лани инсталирале речиси 300.000 нови индустриски роботи. За перспектива, Соединетите Американски Држави, најголемата економија во светот, инсталирале само 34.000. За секој нов робот што ќе рмба на американска производствена линија, Кина вклучила речиси девет. Вкупно, бројот на индустриски роботи што ...

55-годишниот музички могул беше уапсен на 16 септември 2024 година и обвинет за рекетирање, две точки за сексуална трговија со луѓе и две обвиненија за транспорт заради проституција. На 2 јули, Шон Комбс беше ослободен од обвиненијата за рекетирање и сексуална трговија со луѓе, но беше прогласен за виновен за транспорт за проституција. Судијата Арун Субраманијан го осуди Диди на 50 месеци затвор и половина милион долари казна. Иако случајот на ...

Министерот за одбрана Борис Писториус најави дека Германија ќе инвестира 35 милијарди долари до 2030 година за да ја зајакне одбраната на воените сателити од зачестените закани од Русија и од Кина. Тој бара развој на офанзивни капацитети во вселената, за да може да се одвратат непријателски акции. НАТО ја прогласи вселената за оперативен домен уште во 2019 година. Писториус истакна дека два руски шпионски сателити „Лукс Олимп“ постојано ги ...

Чарли Џавис, која беше меѓу 30-те најнадежни финансиери на листата на Форбс, е осудена на седум години затвор поради измама од 175 милиони долари. За тие пари во 2021 година на ЏП Морган Чејс им го продала својот стартап „Франк“, како платформа што им нуди помош на милиони студенти за пополнување апликации за федерална финансиска помош. Идејата на банкарите била да добијат пристап до милиони млади Американци спремни за колеџ и да им понуди ...

Откако Маск се приклучи на протестот против „воукизмот“ акциите на најпопуларната компанија за стриминг услуги изгубија 4,3% од вредноста. Пазарната капитализација на фирмата падна од 498 милијарди долари во средата на 482,9 милијарди во четвртокот, според податоците од stockanalysis.com. Нетфликс, кој има 300 милиони корисници, одамна трпи критики дека промовира „будна“ содржина, но проблемот ескалираше во отворен судир откако режисерот Хамиш ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1021
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
0.0
89%
1019
weather icon

Софија

10ᴼ / 4ᴼ
1.03
53%
1024
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.98
85%
1022
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
0.92
97%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
85%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1019
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
76%
1022
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
79%
1021
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1022
Currency

61.6117

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205