Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Креирани да отворат брз пристап до хумор и трендови, кратките видеа на интернет не се само непотребно одвлекување на вниманието на децата, туку стануваат основа на нивното однесување, создаваат здравствени проблеми и штетни навики. Спакувани се во бесконечни низи, длабоко персонализирани од алгоритми што ги следат навиките на корисниците. Најмладите корисници се најзависни, бидејќи им е најтешко да се контролираат. Кога ги користат по неколку ...
Во рамките на програмата „Визија 2030“, продажбата на алкохол се ограничува во дипломатски кругови во Ријад и во специјални комплекси на истокот на Кралството. Се воведува официјален систем, со строги правила и потенцијални санкции. Богати иселеници велат дека добиле дискретни покани за приватни церемонии на кои се достапни премиум жестоки пијалоци, вина и шампањ по цени како во луксузен хотел. Аналитичари сугерираат дека политиката го одразува ...
Новата нуклеарна централа Хинкли Поинт Ц, најскапата во светот со цена од 61 милијарда долари, треба да биде оперативна до околу 2030 година, но нема да добие дозвола за работа сè додека не биде најдено решение како да се спречи помор на рибите во системот за разладување. За да се одржуваат реакторите ладни, огромни пумпи за само неколку секунди од Бристолскиот канал ќе вшмукуваат вода колку што собира во олимписки базен. Рибите не само што ...
Поранешната американска администрација ја користела цивилната Агенција за меѓународен развој за да маскира опасни истражувања поврзани со одбранбени цели спроведени врз Украинци, изјави генералот Алексеј Ртишчев, началник во Министерството за одбрана на Русија, задолжен за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита. За да се обезбеди тајност, клиентите зад ваквите истражувања не биле војската или разузнавачите, туку цивилни агенции и невладини ...
Додека Европската Унија се тресе од руската инвазија врз Украина и сериозно нарушените односи со САД, социјалните медиуми во изминатите две години се преплавени со содржини на кои ЕУ е прикажана како нова Империја, Европска федерација или Соединетите Европски Држави. Критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги нарече европските лидери „слабаци“, и повиците на Илон Маск за укинување на ЕУ, уште повеќе ја засилија кампањата со ...
Користејќи сателитски податоци, истражувачи од универзитетите во Лестер, Шефилд и Единбург ги следеле промените во количината на јаглерод што се апсорбира од дрвјата и шумските области. „Импликациите од оваа промена се длабоки. Шумите во Африка служеле како ловец на јаглерод. Сега, тие придонесуваат за проширување на глобалниот јаз во емисиите на стакленички гасови“, се наведува во нивниот извештај. А тој јаз треба да се намалува ако се сака да ...
Оние кои се сомневаат во централното значење на минералите во стратегијата на САД, треба да го земат предвид неодамнешниот договор меѓу Вашингтон и Киев, со кој на американските бизниси им беше даден преференцијален пристап до минералните резерви на Украина како делумна отплата за помош во време на војна. Минералите несомнено се појавуваат како геополитичка валута. А Венецуела има минерално богатство - 1,36 трилиони долари, количина која според ...
Инјекциите за слабеење се поврзани со низа придобивки, вклучително и сериозно намалување на ризикот од смрт кај срцеви пациенти. Но, постои и друга страна на паричката. Губењето на чиста телесна маса, вклучувајќи ги и мускулите е особено опасно за луѓето на средна и постара возраст бидејќи ги изложува на ризик од општ пад на состојбата на на организмот. Оние кои ги земаат лековите без сериозно да зголемат тренинзи за одржување сила би можеле да ...
Новата проценка доаѓа од модели создадени од Институтот за здравствени метрики и евалуација на Универзитетот во Вашингтон и беше објавена во извештајот „Голкиперс“ од Фондацијата Гејтс. Таа покажува дека дополнителни 200.000 деца под петгодишна возраст може да умрат оваа година од болест што модерната медицина може да ја спречи, со вакцини или со други третмани. Смртните случаи може да се поврзат со голем број економски и политички фактори, од ...
Девет членови на судот, вклучувајќи шест судии и главниот обвинител на Хашкиот суд, беа санкционирани од американскиот претседател Доналд Трамп заради покренување истраги против официјални лица од САД и Израел, две земји кои не се меѓу 125-те земји-членки на Хашкиот суд. Ваквите санкции, обично резервирани за диктатори, автократи, шефови на банди и слични профили, можат да бидат девастирачки по секојдневието на засегнатите. Тие не само што им го ...
Авганистански илегален мигрант добил дозвола за престој во Велика Британија и покрај тоа што одговорил „Не знам“ 158 пати кога бил прашуван за неговата возраст. По пристигнувањето таму, на службениците на пограничните сили им рекол дека е роден во 2007 година, што би значело дека во тоа време имал само 15 години. Судијата на Вишиот трибунал сега ја прифатил неговата наведена година на раѓање како точна, пресудувајќи во негова корист и покрај ...
Кондомите и средствата за контрацепција ќе бидат опфатени со новиот данок на додадена вредност од 13%, кој ќе важи од 1 јануари идната година. Државните медиуми не посветија големо внимание на промената, но на социјалните медиуми стана главна тема за потсмев. Треба да си луд за да не знаеш дека одгледувањето дете е многу поскапо од кондомите со ДДВ, коментираат Кинезите. Во посериозните коментари се укажува на реален ризик дека поскапите ...
Експертите од Стенфорд испитувале вакцини против ковид на Фајзер и на Модерна, но веруваат дека истиот проблем го предизвикуваат и другите вакцини со мРНК. Тие го покренуваат имунолошкиот систем да се концентрира на туѓата РНК од вакцината, па жестокиот одговор го оштетува срцето, а во многу ретки случаи може да има смртни последици. Во првата недела по вакцинирањето ризикот од срцеви проблеми предизвикан од вакцината е поголем во споредба со ...
Во документот од 48 страници Европол ги скицира ризиците што доаѓаат со автоматизацијата и опишува како спроведувањето на законот ќе треба да се справи со роботите и беспилотните летала. Како можно сценарио се наведува смирување протест на толпи отпуштени работници против машините што ги замениле на работните места. Или акции за неутрализирање роботи што поради дефект или хакирање ја откажале послушноста. Полицајците би интервенирале со муниција ...
Законот одобрен од Европскиот парламент пред две години практично ѝ налагаше на европската индустрија за само една деценија целосно да се префрли на производство на електрични возила, на пазарот на кој веќе доминираат Кина и САД. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен лично се ангажирала да ѝ помогне на автомобилската индустрија, која притискаше на укинување на забраната, тврдат изворите на Билд. Официјалниот договор и ...
Крвните групи се идентификуваат со антигени - соединенија од шеќери и протеини кои го алармираат имунолошкиот систем кога ќе откријат нешто туѓо во телото - и тие се основа на системот на крвни групи ABО поставен од Ландштајнер во 1901 година. Антигенот А го има N-ацетилгалактозамин како доминантен шеќер, во антигенот Б доминира шеќерот D-галактоза, а крвта од типот AB ги има двата антигени. Позитивната група О користи сосема различен антиген ...
Според новиот декрет на претседателот Шафкат Мирзијоев, во Узбекистан се забранува плаќање со кеш за сите владини услуги и за комуналиите за домаќинствата - струја, вода и гас. Безготовинските плаќања ќе бидат задолжителни за сите производи поскапи од 25 милиони суми (близу 2.000 долари), како и за акцизни стоки - алкохол и цигари. Кеш нема да примаат ни бензинските пумпи за продажба на бензин и полнење на електричните возила. До средината на ...
Стотици Палестинци во Газа умираа од глад поради израелската блокада, но страдале и од суровите настојувања на Хамас да ја продлабочи кризата за да изврши дипломатски притисок врз Израел. Палестинскиот активист и истражувач Ахмед Фуад Алхатиб, член на Атлантскиот совет во САД, објави снимки на кои се гледаат тони пакети со храна за бебиња фрлени на куп во магацин на локалното Министерство за здравство. Документирани се низа слични случаи. Во ...
Агенцијата за царинска и гранична заштита соопшти дека апликацијата за Електронски систем за овластување за патување (Esta) се усогласува со извршната наредба издадена од Доналд Трамп уште на првиот ден од неговиот втор мандат - да се обезбеди дека посетителите на САД „немаат непријателски став кон нејзините граѓани, културата, владата, институциите или основачките принципи“. Препораката се однесува на 42 земји, кои важат за безбедни и на чии ...
Пред да почне војната во Украина, Русија снабдуваше околу 30% од сите азотни и други ѓубрива што ги купуваа европските земјоделци. По инвазијата увозот се намали, а Европа воведе санкции врз голем број директори во руски компании за ѓубрива. Но, санкциите не се однесуваа на ѓубривото, па увозот почна да расте. До вториот квартал од оваа година, уделот на руско ѓубриво на европскиот пазар се зголеми на една третина. Во јуни земјите од ЕУ увезле 1 ...
Ален Берсе, генералниот секретар на Советот на Европа, признава дека Конвенцијата за човекови права создадена по Втората светска војна не ги покрива современите предизвици, наметнати од големиот мигрантски бран врз Европа. Тој најави дека на самитот во мај идната година во Молдавија ќе почнат активности на усвојување нова декларација, во која ќе биде појаснето како треба да применуваат одредбите, за да не бидат злоупотребувани. Во денешната ...
Само во текот на оваа година нафтените компании на чело со Бритиш петрол, Шел и Ексон-Мобил откажале или замрзнале повеќе од 60 проекти за производство на вкупно 4,9 милиони тони нискојаглеродно водородно гориво – четири пати повеќе отколку сегашниот глобален капацитет. БП пред една недела ги откажа инвестициите во водородни постројки во Оман и во североисточна Англија, а претходно и од постројка за „зелен“ водород во Австралија. Ексон во ...
Наспроти лавината тврдења дека е наменски направена за да оправда масовна употреба на тешки отрови во земјоделството, студијата „Евалуација на безбедноста и проценка на ризикот од хербицидниот преглед и неговата активна состојка, глифосат, за луѓе“ остана повеќе од 25 години во библиотеката на журналот „Регулаторната токсикологија и фармакологија“. Студијата конечно е повлечена по сугестија од Комитетот за етика (COPE), кој открил неетички ...
Потегот на австралиската лабуристичка влада беше пречекан со некритички и речиси едногласни пофалби. Не е за изненадување. Кој би сакал да го стават на тапет дека критикувајќи ја забраната се става во одбрана на онлајн малтретирањето деца? Сите - од опозициската Либерална партија до меѓународните медиуми како Би-Би-Си - се сигурни дека ова е добра работа. Конечно, велат тие, некој мисли на децата. Министерката за комуникации Аника Велс го опиша ...
Кога данскиот студент регистриран како „7069“ во 2005 година донирал сперма за паричен надомест не било познат ризикот од пренесување на ретката мутација. Донаторот ги поминал сите задолжителни здравствени контроли на Европската банка за сперма со седиште во Данска и со неговиот материјал во изминатите 17 години биле зачнати 197 деца преку 67 клиники за плодност во 14 земји. Дури неодамна било откриено дека мутација во неговата ДНК го оштетила ...
Кога руските трупи ја нападнаа Украина, западните сојузници на Киев барале начин како да ѝ дадат поддршка на владата да се бори против Русија, а да не дозволат парите да исчезнат во џебовите на корумпирани менаџери и владини функционери. Украина веќе важеше за една од најкорумпираните земји во светот, а виталните индустрии беа контролирани од државни претпријатија кои долго време служеа како каси за елитата. За да ги заштитат своите пари, САД и ...
Европејците сè уште се држат до оние идеи за крајот на историјата што го карактеризираа западното политичко размислување помеѓу 1990 и 2020 година. Европските медиуми и многу од нејзините интелектуалци се креации од тој период. Ја мразат МАГА и нејзините европски мутанти, но не разбираат зошто тоа се случува. Подемот на Марин Ле Пен и Најџел Фараж го гледаат како руски заговор, потпомогнат од големата и штетна технолошка индустрија. Постојано ...
На глобалниот список на приходи на Онлифанс за 2025 година, Македонија е рангирана на 84 место од 188 земји. Годинава сме потрошиле вкупно 2.869.784 долари, што е за речиси 370.000 повеќе од лани, со стапка на пораст од околу 15%. Според внатрешните пресметки за сумите усогласени по глава на жител, котираме нешто повисоко, со просек од 12.877 долари на 10.000 луѓе. Овие бројки се неспоредливо ниски во однос на другите земји од регионот. ...
На глобалниот список на приходи на Онлифанс за 2025 година, Македонија е рангирана на 84 место од 188 земји. Годинава сме потрошиле вкупно 2.869.784 долари, што е за речиси 370.000 повеќе од лани, со стапка на пораст од околу 15%. Според внатрешните пресметки за сумите усогласени по глава на жител, котираме нешто повисоко, со просек од 12.877 долари на 10.000 луѓе. Овие бројки се неспоредливо ниски во однос на другите земји од регионот. ...
Просечното работно време низ светот е 42 часа неделно, главно распоредени во пет работни дена, покажува ново истражување на Амори Гетин од Светската Банка и Емануел Саез од Универзитетот Калифорнија во Беркли. Но, авторите истакнуваат дека ова е глобален просек, во кој сè почесто има екстреми, под влијание на разни фактори – од степенот на економски развој на земјата, преку праговите на кои младите влегуваат на пазарот на труд, па сè до ...