
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Законот за заштита на јавноста од содржини преку интернет во Британија воопшто не придонеле за да се блокира пристапот на деца до порно. Напротив. Нова анкета покажала дека малолетниците денес се многу повеќе изложени на порнографија отколку во 2023 година, кога беше усвоен законот. Поголема ефикасност се очекува од новиот степен на заштита, воведен во јули, кој им налага на технолошките компаниите поригорозни проверки на возраста на корисниците ...
Во врвот на својата моќ, Франц Чопја (33) и Ервис Чела (41) во Европа носеле десетици тони кокаин и заработувале милијарди евра. Го контролирале целиот синџир на трговија, од производството во латиноамериканските лаборатории, преку транспортот преку океанот до дистрибуцијата на европските пазари, се наведува во обемното обвинение на Специјалните албански полициски сили за борба против корупција и организиран криминал. Пресретнати комуникации ...
Постојат многу повеќе начини на кои мировeн процес може да пропадне отколку да успее. Но, за да се случи едното или другото, прво треба да се започне. А тоа често е најтешкиот чекор. Но, по неговиот голем самит во Белата куќа, Доналд Трамп се чини дека го изведе незамисливото: организиран е самит меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски на кој би започнале мировните преговори. Што беше потребно за да се стигне до тука? Иако прекинот на огнот ...
Илјадници жители, туристи и репортери од светот, дури и кралот Карл 16-ти Густав, пристигнаа во најсеверниот шведски град Кируна во Арктичкиот круг за да ја следат спектакуларната преселба на големата градска црква на нова локација. По утринскиот благослов, лутеранската црква од 741 тон на специјално конструирани платформи почна да лази кон новата локација, оддалечена 5 километри. Ќе стигне дури утре. Се движи со брзина од половина до еден ...
Ќелијата за легитимирање на израелските воени сили била формирана набрзо по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, пишуваат во заедничко извештај израелско-палестинскиот Магазин +972 и порталот на хебрејски Локал кол. Целта на единицата е да прави сè што може за да го зајакне имиџот на Израел пред меѓународната јавност за да не се прекине дипломатската и воена поддршка од клучните сојузници. Идејата е да се обезбедат услови ...
Британската влада најави дека ќе користи систем со вештачка интелигенција за да спречува криминал. Со постојана анализа на податоците од разни бази, системот ќе создава детални интерактивни мапи на кои ќе ги посочува местата во кои „најверојатно“ ќе биде извршен криминал. Алатката, која треба да биде целосно оперативна до 2030 година, ќе ги собира сите податоци што меѓусебно ги споделуваат полицијата, агенциите за безбедност, социјалните служби ...
Кога не можат по природен пат да го решат проблемот со наталитетот, Кинезите развиваат технологија буквално да штанцаат бебиња од машини. Компанијата Каива технолоџи на докторот Џанг Чифенг тврди дека во завршна фаза на развој е робот чија единствена задача ќе биде да им го преземе мајчинскиот товар на жените и да ги носи нивните деца во сопствената механичка утроба, од оплодувањето на јајце-клетката па до раѓањето на здраво бебе. Технологијата ...
Никој со здрава логика денес не верува во официјалната верзија за самоубиството на педофилот Џефри Епстин, кој беше пронајден обесен во затворската ќелија што била под присмотра. Иако на снимките од затворските камери наводно не се гледа ништо, Марк Епстин тврди дека неговиот брат бил убиен. Случајот е затворен, исто како што е и досието на ФБИ за човекот што им местел малолетни девојки на истакнати клиенти, а потоа ги уценувал. Уште поголема ...
Халива објаснува дека масовното убиство на Палестинците не би претставувало одмазда, туку „нужна лекција“ за идните генерации. Немаме избор во ова лудо соседство. Од време на време потребна им е Накба за да знаат која е цената, изјавил Халива, говорејќи за масовниот прогон на 700.000 Палестинци од нивната земја при формирањето на Израел во 1948 година. Според податоци од локалното министерство за здравство, раководено од Хамас, израелските сили ...
Нацрт-извештајот за подобрување на здравјето на американските деца не ги содржи строгите ограничувања на користење на пестицидите и ултрапреработената храна, на кои инсистира министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор. Мали се шансите извештајот да биде променет во конечната верзија. Усвојувањето би претставувало голема победа за земјоделците и редок пораз на иницијативата Да ја направиме Америка повторно здрава (МАХА) на Кенеди, кој е голем ...
Екстремната пристрасност на вештачката интелигенција може да води до општа дискриминација на луѓето како општествена класа, ако на моделите со ВИ им се даде важна или апсолутна позиција при процесот на одлучување, се предупредува во студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките. Би било незгодно да се биде човек во економија управувана од вештачка интелигенција, забележува авторот на новата студија, Јан Кулвејт, компјутерски ...
Aмериканскиот економист Јуџин Фама, на почетокот на оваа година предвиде дека најраспространетата криптовалута, биткоинот, ќе стане „безвредна“ во следните десет години. Добитникот на Нобелова награда во 2013 година вели дека криптовалутите се „голема енигма бидејќи ги кршат сите правила на средства за размена“ и „немаат стабилна реална вредност“, а таквите средства, според него, „не можат да преживеат“. Но, од друга страна, постојат бројни ...
Африканската унија ја поддржа кампањата со која се повикуваат владите и меѓународните тела да ја напуштат Меркаторовата карта од 16 век, која ја искривува вистинската големина на Африка и таа да се замени со мапа со поточни проекции. Дизајнирана од картографот Герардус Меркатор за навигација, картата ги преувеличува регионите во близина на половите, како Северна Америка и Гренланд, додека ги намалува Африка и Јужна Америка. „Можеби изгледа како ...
За да дојдат до ваквата проценка, истражувачите од универзитетот во Минхен се потпирале на нови математички модели кои ги хранеле со податоци добиени на различни начини и методологии од разни делови на планетата. Податоците од Панама, на пример, кои биле добиени со систем на камери и дронови, сугерирале дека молњата знае да е „заразна“. Нејзиниот удар во една шума може да личи на „карпет бомбинг“: електричната енергија го преминува воздушниот ...
Ќе мора да се подготвиме за свет кој не ни е познат. Клучните вредности на човештвото како што се слободата, човечката поврзаност, одговорноста, реалноста и моќта се соочуваат со голем предизвик да бидат нарушени од вештачката интелигенција, вели Мо Гавдат, лидер на развојното одделение познато како Гугл икс. Тој вели дека првите знаци од дистопијата незабележано се појавиле лани. Ситуацијата нагло ќе се влоши во следните две години и ...
Раководството на Европската Унија ја разгледува можноста да ѝ даде на Молдавија поттик во нејзината кандидатура за приклучување кон блокот и првпат да биде чекор понапред од Украина, со која во ист пакет доби препорака за членство. Според сценариото што го проучуваат претставниците на ЕУ, европските земји би гласале за отворање на првиот преговарачки кластер за Молдавија по состанокот на министрите во почетокот на септември. Тоа се смета дека ќе ...
Во обид да откријат потенцијални нови антибиотици за отпорни бактерии, истражувачи од МИТ со помош од алгоритми со вештачка интелигенција генерирале повеќе од 36 милиони можни соединенија, на кои потоа им биле проверени антимикробните својства. На големо изненадување, оние што биле издвоени како најефикасни немаат никаква сличност со сите постоечки антибиотици. Применуваат нови механизми за нарушување на мембраните на бактериските клетки. Во ...
Ерик Принс, поранешен американски морнарички командос, основач на озлогласената армија за обезбедување Блеквотер и истакнат донатор во кампањата на Доналд Трамп, најави дека ќе испрати 200 елитни војници и експерти на Хаити за да ја засили борбата против криминалните банди во карипската земја. На покана од Порт-о-Пренс, компанијата Вектус Глобал на Принс во март го испрати својот прв контингент на Хаити, за да подготви терен за распоредување на ...
Развиена од истражувачи од институции низ САД, вакцината ELI-002 2P ги таргетира мутациите во генот KRAS, кои се поврзани со 93% од случаите на рак на панкреас и со 50% од колоректалниот карцином. Вакцините содржат систем што активниот агенс го испорачува директно до лимфните јазли. Ова е возбудлив напредок за пациентите со рак предизвикан од KRAS, особено рак на панкреас, каде што рецидивот по стандардниот третман е речиси стандарден, а ...
Новите статистички податоци говорат дека за само две години, од 2022 до 2024, од сиромаштија во Мексико биле извлечени повеќе од 8,3 милиони луѓе. Ова претставува пад од речиси 18% на сиромаштијата во земјата што долго време се бори со високи нивоа на економска несигурност и невработеност. Бројот на луѓе во екстремна сиромаштија се намалил за 23%, а на оние во „умерена“ се намалил за повеќе од 16%, според извештајот на мексиканскиот Национален ...
Премиерот Еди Рама успеа да ги развесели светските лидери на самитот во Тирана со видео-пораката за добредојде, на која гостите со помош од вештачка интелигенција беа претставени како симпатични бебиња. Набрзо потоа, Рама најави многу посериозен план да ја впрегне вештачката интелигенција како алатка за искоренување на корупцијата и како советник на државата при исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Еден ден можеби ќе ...
Американскиот претседател ќе пристигне на самитот со Владимир Путин „вооружен“ со голем број понуди за заработка за Русија. Трамп веќе најави дека Украина ќе мора да прифати територијални отстапки ако сака мир, но планира на картата да прекројува и пристап до големите рудни резерви на Украина. Извори на Телеграф тврдат дека во подготовката на самитот бил вклучен и американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој ги истражувал економските ...
Мексико, земјата во чии градови има по едно убиство на 1.000 жители, ги предупредува своите граѓани да бидат на штрек во Британија. Во Лондон, криминалот е зголемен, особено во преполните места, на улиците и во јавниот превоз. Не изложувајте на погледи накит, фотоапарати, мобилни телефони или други вредни предмети, се наведува на веб-страницата. Објавени се и 16 практични совети како да се избегне ситен криминал на улица или во хотел. Во Лондон ...
Во екот на најголемата војна во Европа по двете светски војни, рускиот претседател Владимир Путин, по кого е распишана меѓународна потерница поради воени злосторства, ќе ги посети САД на територија што е речиси подеднакво далеку од Москва и од Вашингтон, а сепак ги спојува двете земји. Самиот избор на локацијата е израз за голема чест за гостинот – ќе биде примен во воена база во Енкориџ (единственото место со соодветени безбедносни гаранции) на ...
Супербактерии отпорни на антибиотици загрижувачки лесно се шират низ неухранетото население во Газа, кое нема пристап ни до основен здравствен систем, се предупредува во првата студија за ризик од зарази. Заканата од бактерии отпорни на лекови ќе ескалира ако продолжи израелската офанзива и намерното таргетирање на болниците, лабораториите и постројките за десалинизација на вода. Ова ќе значи подолги и посериозни болести и висок ризик од ...
Кога човек би се информирал за ситуацијата во светот само од новиот Извештај за човекови права на Стејт департментот, би помислил дека Израел не води сурова војна во Газа. Во скратениот документ за Израел исфрлени се цели глави со критики и воопшто не е спомната хуманитарната криза и убиствата на повеќе од 61.000 Палестинци. Извештајот е реструктуиран за да се подобри читливоста и повеќе не претставува обемна листа на политички пристрасни барања ...
Наставниците и професорите повеќе немаат ефикасен начин да проверат дали учениците самите ги решаваат домашните задачи или им ги оставаат на напредните алатки со вештачка интелигенција. Новите модели, како ГПТ-5, веќе достигнаа академско ниво на познавање на предметите и за нив се „боза“ математичките равенки и есеите на основците, средношколците, па и на студентите. Тоа ги ослободува од обврска и родителите, кои реално имаат помал капацитет на ...
Додека глобалното производство на облека се предвидува да достигне 200 милијарди парчиња годишно до 2030 година, Африка се соочува со уште поголема поплава од текстилен отпад, која веќе достигна ниво на еколошка криза. Испораката на носена облека, претежно од САД, Европа и Кина, е долготраен процес, но со ограничена инфраструктура за управување со отпад во африканските земји, оваа облека сè повеќе завршува на депонии, се гори на отворено или се ...
Секоја лото-комбинација носи повеќе приказни во едно. Секое осмислување на комбинација од 7 броеви е и забавен ритуал за поттикнување надеж низ забава проткаена со сонување и очекување на извлекувањето. Нема да згрешиме ако кажеме дека со уплата од 30 денари за една лото-комбинација од 7 броеви, ние си купуваме мигови исполнети со надеж. Самото размислување: Што, ако...?, нѐ воведува во мечтаење и ни побудува убави чувства. Од моментот кога ќе ...
При истражување на кратер со димензии од околу 300 метри западно од градот Перкинс во сојузната држава Луизијана било утврдено дека тој бил создаден од експлозија на масивно тело над површината, веројатно од огромно парче од комета. Екстремниот настан се толкува како доказ за теоријата дека пред околу 12.800 години нагли климатски промени збришале рана напредна цивилизација. Кратерот бил скениран со современи инструменти за радиометриско ...