Студијата насловена како „Економската посветеност на климатските промени“ е повлечена откако се откри дека погрешните податоци од Узбекистан значително ги искривиле резултатите. Доколку податоците од Узбекистан се исклучат, прогноза за колапс на глобалното економско производство, од 62% би паднала на 23%. Дебатата за точноста на климатските прогнози трае уште од времето на Ал Гор и неговиот фамозен „хокејарски стап“ за алармантно загревање на ...

Грантовите се однесуваат за периодот од 2018 до 2016 година, но поголемиот дел - 175 милиони фунти биле обезбедени во првите две години од пандемијата. Вкупно 38 експерти побарале и добиле грантови од Wellcome Trust, но само 12 ја пријавиле врската како потенцијален судир на интереси во регистарот на SAGE. Граѓанската кампања UsForThem, тврди дека ова е класичен судир на интереси што отвора сомнежи дека производителите на лекови, вакцини и ...

Одлуката е реакција на Брисел на засилените протести на јавноста против засилениот притисок на миграцијата врз безбедноста, традиционалните вредности и злоупотребувањето на социјалната помош, што придонесе за политички подем на десничарските партии. Овие мерки ќе помогнат во поефикасното процесирање на барањата и ќе го намалат притисокот врз системите за азил. Тие испраќаат сигнал дека Европа нема да толерира никаква злоупотреба на своите ...

Неколку од пријавите на Мерц резултирале со претреси на куќи, како што во еден случај е со домот на примателка на социјална помош со попреченост од еврејско потекло на која ѝ бил конфискуван мобилниот телефон откако го нарекла Мерц „мал нацист“. Во друг случај (за „валкан пијаница“), судот отпосле го прогласил претресот за незаконски. Адвокатот на засегнатата страна докажал „незаконско самоволие“ и „претерана реакција на правниот систем“. Дури и ...

Во писмото до Стив Виткоф и Џаред Кушнер, украинските парламентарци Олекандр Дубински и Артем Дмитрук ги обвинуваат украинските елитите, предводени од претседателот Володимир Зеленски, дека систематски ги саботираат напорите за прекин на војната, со цел да продолжат да профитираат од конфликтот. Eлитиte околу Зеленски кои се поврзани со военo-индустрискиот комплекс во Европа се обидуваат да ја маскираат својата желба за продолжување на војната – ...

Дополнувањата на Законот за јавна безбедност и ред, усвоени во Берлин ѝ овозможуваат на полицијата на разни начини да пресретнува комуникации на телефоните или компјутерите пред да бидат шифрирани. Дозволено ѝ е да користи малициозен софтвер како што се „државни тројанци“. Кога оваа мерка во одредени околности не може да се спроведе од далечина, нов член во законот дозволува и тајно провалување во домовите и претресување на лични предмети, ...

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) побара од министрите за здравство на членките на Европската Унија да го засилат надзорот на евентуални случаи на H5N1 и да подготват капацитети во случај на ненадејно ширење на вирусот на птичји грип кај луѓе. Во изминатите неколку години H5N1 засилено се прошири низ популациите на птици, но и прескокна кај цицачи. За да се запрат епидемиите по живинарските фарми низ Европа беа ...

Вкупната стапка на невработеност на Американците е 4,4%, но процентот на оние со диплома од колеџ што бараат работа се искачил на 2,8%, во споредба со 2,3% во претходната година. На пазарот на труд има повеќе од 1,9 милиони невработени дипломирани студенти, кои обично гравитираат кон работните места што вклучуваат финансиски активности, професионални и деловни услуги, трговија на големо и мало, транспорт и позиции во федералната влада. Многу ...

Големите проблеми со кои се соочува Европа се активностите на Европската Унија и други транснационални тела кои ја поткопуваат политичката слобода и суверенитет, миграциски политики кои го трансформираат континентот и создаваат конфликти, цензура на слободата на говорот и потиснување на политичката опозиција, намалување на наталитетот и губење на националниот идентитет и самодовербата, се вели во документот од 33 страници. Новата безбедносна ...

Ширењето на зелените површини драматично го променил водниот циклус во Кина, зголемувајќи ги и испарувањата и врнежите. Резултатите од ново истражување покажале дека дел од водата е „изгубен“ во атмосферата, но се забележува дека ветровите можат да ја пренесат водата и до 7.000 километри од изворот на испарувањето. Во периодот помеѓу 2001 и 2020 година, промените во вегетациската покривка ја намалија количината на свежа вода достапна за луѓето и ...

Белгискиот премиер упорно ги предупредува колегите дека е огромен ризикот од руска одмазда за експропријацијата на нејзините суверени средства. Ако Москва добие правен спор, Белгија и депозитарот Евроклир во Брисел, кој ги држи средствата, ќе бидат одговорни самите да го вратат целиот износ. Тоа е сосема лудо, протестирал Барт де Вевер. Белгиската блокада беше поставена во критичен момент. Следниот самит на 18 декември е последна шанса за ЕУ да ...

Директивата, испратена како интерен меморандум е фокусирана на апликантите за H-1B визи за висококвалификувани работници, кои, покрај другите сектори, често ги користат технолошките компании. „Ако најдете докази дека апликантот бил одговорен или бил соучесник во цензура или обид за цензура на уставно гарантираното право на слободно изразување во САД, треба да заклучите дека апликантот не е подобен за виза“. Администрацијата на Трамп досега беше ...

Многу научни студии го поврзуваат консумирањето на трифлуороaцетна киселина TFA со болести на црниот дроб и репродуктивните органи, но ниту еден европски орган за безбедност на храната досега не го истражил присуството во производи врз база на житни култури, иако таму е концентрирана повеќе отколку во водата. Мрежата PAN Europe направила независна лабораториска анализа на 65 вообичаени прехранбени производи од жито во 16 европски земји. Траги од ...

Според новите стандарди утврдени од Трамп, потрошувачката на гориво за новите возила што ќе се продаваат во САД по 2031 година ќе мора да биде помала од 6,8 литри на 100 километри. Претходната администрација на Џо Бајден ја ограничи ефикасноста на возилата на 4,7 литри на 100 километри од идната деценија. Трамп најави дека ќе ги откаже и ограничувањата за дозволеното ниво на издувни гасови, воведени од Агенцијата за заштита на животната средина. ...

Европејците се вознемирени и загрижени дека нивните земји и Унијата во целост го губи компасот во историската геополитичка трансформација, покажува новата анкета Евробазука спроведена во девет членки на ЕУ - Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Белгија, Холандија, Хрватска и Полска. Луѓето најмногу се загрижени за технолошката и дигиталната безбедност (28%), повеќе дури и од воените закани (25%), како и за енергетската безбедност ...

Во потерницата за Украинецот Сергеј Кузњецов објавена пред неколку дена во Германија се тврди дека властите во Киев биле директно одговорни за разнесувањето на Северен Тек во близина на брегот на Данска и Шведска, но и дека Вашингтон бил информиран и ги прикривал доказите. Украински информатор ја известил администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден дека диверзантски тим од шестмина украински специјалци ќе извршат саботажа ...

Досега, европските ветувања за „изобилство сончева и ветерна енергија“ успеаја само во едно: намалување на емисиите на јаглерод за 30% во однос на нивоата од 2005 година (Во САД се намалија за 17%). „За среќа, европските семејства плаќаат храна со намалување на стакленички гасови, нели?“, иронизира Волстрит Журнал. Намалувањето на емисиите е единствената придобивка што ја има сегашниот план на Европа за уништување на доверливи јаглен и нуклеарни ...

За да се спречи растечката стапка на криминал, владејачките лабуристи бараат искуството од Лондон за препознавање ликови на луѓе „во живо“ да биде проширено во центрите на сите поголеми градови, а потоа и во секое населено место. Се планира полицијата да добие пристап и до базата на податоци за пасоши на 45 милиони Британци, на само на оние со досие, за да може да се споредуваат фотографии со снимки од камерите за јавен надзор. Според сегашните ...

Владината агенција Здравје Канада објави дека лани имало над 16.499 случаи на еутаназија, што претставува 5,1 процент од вкупните смртни случаи во Канада. Во извештајот се наведува дека тоа е мало зголемување од 0,4% во споредба со 2023 година. Во претходната година зголемувањето било 6,9%, а највисокото од 36,8% било регистрирано од 2019 до 2020 година, што се поклопува со пандемијата на ковид. Агенцијата забележува дека MAiD не се смета за ...

Нема човек навистина приврзан до својот домашен миленик што не посакал природата да ги дарувала кучињата и мачките со долговечност, за да трае пријателството што е можно подолго. Откако во 1997 година беше создадена овцата Доли – првиот успешно клониран цицач, технологијата продолжи да се развива и сега прераснува во голем бизнис. Американскиот рагбист Том Брејди пред неколку недели призна дека клонирањето му дало „нова шанса“ да се дружи со ...

Технолошките гиганти последниве години трошат стотици милијарди долари за инфраструктура која сега почнува да ги истиснува „обичните“ уреди од синџирот на снабдување. Чиповите, меморијата и дисковите што некогаш се земаа здраво за готово одеднаш стануваат скапи и ретки, што значи дека и паметните телефони, лаптопи и други уреди ќе стануваат поскапи. Аналитичарите предупредуваат дека инфраструктурата со вештачка интелигенција веќе ги задушува ...

Шефот на ФДА, докторот Марти Макари побара од производителот Фајзер да спроведе дополнителни мерки и да претстави докази дека експерименталната вакцина за грип со информациска рибонуклеинска киселина (мРНК) ефикасно ги штити постарите лица. Клиничките истражувања не покажаа каква била корист. Нема само да удираме печат на нови производи што не функционираат и што потфрлиле на клиничките испитувања. Ако одобруваме лекови без податоци ќе значи ...

Од април 2028 година Британија воведува акциза за електрични возила (eVED), која ќе изнесува 3 пени за милја (по околу 5 пени за изминат километар) за колите со погон на струја, а ќе биде двојно пониска за оние со автомобили со хибриден погон. Постоечката акциза за дизел и бензин, која сега изнесува 0,53 фунти за литар, од септември ќе биде намалена за 5 пени и потоа ќе се прилагодува на стапката на инфлација. Овие мерки ќе ги приближат ...

При владината ревизија за откривање организиран криминал било откриено дека социјалната помош ја злоупотребувале близу 4.000 лица за кои полицијата веќе имала информации дека се поврзани со банди. Вкупниот износ на надоместоците за боледување или поддршка за невработени стекнати со измами е проценет на 3,6 милијарди круни (327,5 милиони долари). Таа сума им обезбедува стабилен приход за бандите, дури и кога уличниот криминал не им оди добро. ...

Зеленски денес е речиси исто толку осамен како и првиот ден по руската инвазија пред речиси четири години, кога се заколна дека нема да ја напушти земјата, туку ќе се бори. Но, постои голема разлика. Тогаш, Украинците се обединија за каузата, брзаа да се приклучат на борбените единици и покажаа огромен отпор и социјална солидарност. Сега, воениот напредок на Русија на исток се забрзува, Украинците дезертираат или избегнуваат мобилизација, а ...

Со лажна филантропија и манипулирање на науката се водела кампања за концентрација на моќта во невладини организации, фондации и шеми за корпоративно управување, тврди Никол Шанахан, која како сопруга на Сергеј Брин своевремено имала пристап до елитните кругови и самата давала донации со шестцифрени суми. Влијателни луѓе од големите технолошки компании всушност се изиграни, вооружени и контролирани за да ја туркаат агендата на Светскиот ...

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована ...

Населението во земјите од ОЕЦД забрзано ќе старее во идните 25 години и ќе ги оптовари пензиските системи, признава Организацијата за европска соработка и развој во својот нов извештај. До средината на овој век, на секои 100 работоспособни луѓе ќе има по 52 на возраст над 65 години. Сега тој однос е 33, а на почетокот на овој век бил 22... Овој тренд најмногу ќе ја погоди Кореја, како и Грција, Италија, Полска, Словачка и Шпанија, пишува во ...

Златните резерви на Италија од 2.452 тони се трети според големина во светот, по оние на САД и Германија. Со порастот на глобалните цени, пазарната вредност на овие резерви надмина 285 милијарди евра. Златото е во сопственост на Централната банка на Италија, која го чува заради зголемување на довербата во финансиски систем и во еврото. Но, пратениците од партијата Браќа на Италија на Мелони вршат притисок да се додаде одредба во претстојниот ...

ФДА ќе ја преиспита својата рамка за годишни вакцини против грип, ќе испита дали Американците треба да примаат повеќе вакцини истовремено и ќе бара од производителите на вакцини да спроведат потемелни и сеопфатни истражувања за да ја докажат безбедноста и вредноста на нивните производи. Агенцијата ќе има многу построги барања за овластување на нови вакцини за бремени жени. Производителите на вакцини против пневмонија ќе мора да докажат дека ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
82%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
68%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.44
84%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
91%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
81%
1016
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1016
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
87%
1023
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
95%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
93%
1019
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.58675

Калај

43.92

Кобалт

58.42

Злато

141766.89

Платина

67491.55

Алуминиум

2.93

Паладиум

56360.26

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Сребро

2219.66

Бакар

11.13

Иридиум

145787.60