
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Приватни контакти од ФБИ ѝ потврдиле на правната аналитичарка Алисон Гил дека близу илјада луѓе ги прегледуваат досиејата за Епстин и добиле инструкции да го пронајдат и да го обележат секое спомнување на актуелниот претседател на САД во документите. Во последните 24 часа добив неколку пораки, вклучително и од поранешен аналитичар кој беше назначен да ги прегледа документите. На задачата се назначени приближно 1.000 лица од Одделот за управување ...
Мајкрософт потпиша договор со компанијата Волтед Дип за да отстрани 4,9 милиони метрички тони измет од канализација, животински лепешки од фарми и земјоделско ѓубре, да ги напумпа во резервоари длабоко под земја и да спречи емисии на стакленички гасови. Технолошките гиганти се принудени на вакви проекти за да ги компензираат индиректните огромни емисии на јаглерод диоксид - од горењето фосилни горива за производство на струјата што ја трошат ...
Антибиотиците денес се единствениот начин за ефикасно лекување на тифус, кој е предизвикан од бактеријата salmonella enterica serovar Typhi (S Typhi). Современиот третман зависи од способноста антибиотиците да ја убијат бактеријата побрзо отколку што мутира. Бактеријата полека стекнува предност во трката, бидејќи нејзината отпорност расте секој пат кога ќе се прекине терапијата или ќе се препише погрешен лек. Брзината со која се појавија и се ...
На клиент во Атланта компанијата за рент-а-кар Hertz му наплатила 440 долари за трага на тркалото од удар во тротоар. Штетата била козметичка, но сумата била проценета од скенер со вештачка интелигенција. Згора на тоа, пресметани биле и 190 долари за „обработка и административни трошоци“. Друг корисник се пожалил на штета проценета на 350 долари од вдлабнатини со димензија на паричка, за кои се сомнева дека можеби биле и нечистотија што ја ...
Полскиот програмер Пжемислав Дебијак - Психо тесно го победил прилагодениот модел со вештачка интелигенција ЧетГПТ на светското првенство на AtCoder во Токио. Јапонската платформа што води глобални рангирања, првпат дозволи машина директно да се натпреварува со врвни програмери. Човештвото засега победи. Сосема сум исцрпен. Едвај сум жив, забележа по тридневниот маратон Дебијак, поранешен вработен во ОпенАИ. Дванаесетте најдобро рангирани ...
Новата студија изведена од страна на турски научници конкретно испитувала како вакцината влијаела на рожницата на пациентите, проѕирниот преден дел од окото преку кој влегува светлината. Биле мерени промените во внатрешниот слој на рожницата, наречен ендотел, пред пациентите да ја земат првата доза од Фајзер и два месеца по примањето на втората. Резултатите покажале дека земањето на обете дози од вакцината довело до подебели рожници, помалку ...
На локација десетина километри од брегот на Шангај, кинеската компанија Hailanyun во јуни почна изградба на подводен центар за податоци. Во проектот вложи 223 милиони долари и очекува да проработи веќе од септември. Дата-центрите за развој на вештачка интелигенција трошат огромни количини електрична енергија и вода поради загревањето на серверите што работат непрекинато. Топлината може да ја оштети опремата и да ги уништи податоците, поради што ...
Eсента 2023 година, украинскиот генерал Валериј Залужњи, врховен командант на вооружените сили на земјата, даде интервју за „Економист“ во кое кажа дека војната со Русија влегла во ќор-сокак. На Зеленски му беа потребни три месеци да го отпушти. Генералот, кој е најпопуларната јавна личност во Украина, еден месец подоцна, беше именуван за амбасадор во Лондон. Залужњи сега се смета за најверодостоен наследник на Зеленски. Упатени функционери во ...
Министерството за внатрешни работи на Британија бара законска рамка за да може да ги продава криптовалутите запленети од нелегално тргување со дигитални валути или од пирамидални измами на штедачи. Запленетите виртуелни пари во повеќето случаи им се враќаат на оштетените лица, но не е мал делот што останува кога ќе бидат исцрпени побарувањата. Лидерот на реформистите Најџел Фараж одамна повика на воспоставување национална резерва на биткоини, но ...
Отворањето можност за телепортирање квантни состојби преку постоечката инфраструктура претставува монументален чекор кон постигнување на квантно поврзана компјутерска мрежа, подобрена заштита на податоци или за создавање нови супермоќни сензори. Ова е неверојатно возбудливо бидејќи никој не мислеше дека е можно. Отвораме пат кон квантни и класични мрежи од следната генерација низ единствена инфраструктура со оптички влакна, вели Прем Кумар, ...
Иако Европската комисија пред три недели ја потврди целта за намалување на стакленичките гасови за 90% до 2040 година, тивко ја разводни иницијативата уфрлајќи флексибилности, особено на дозволата за членките на ЕУ да ги користат меѓународните кредити за емисии на ЦО2. Пред само неколку дена значително беа скастрени средствата за климатските амбиции од предлог-буџетот за периодот од 2028-2034 година, кој Фон дер Лејен го протурка низ комисијата, ...
Габард го обвинува лично Обама дека „поставил основа за долгогодишен пуч“ преку фабрикување разузнавачки информации што би сугерирале дека Русија настојувала да влијае врз изборите на кои Трамп ја победи демократската противкандидатка Хилари Клинтон. Претседателот и неговите соработници притоа го користеле досието подготвено од британскиот разузнавачки аналитичар Кристофер Стил, иако знаеле дека тоа не е веродостојно. Разузнавачките проценки ...
Една од најголемите приказни во науката тивко се одвива во светот на апстрактната математика. Лани беше остварен децениски сон кога беше докажана геометриската Ленглендсова претпоставка, која е дел од големата обединета теорија на математиката. Пошироката програма Ленглендс е чисто математичка, но има длабока симетрија во квантната физика. Доказот ветува дека ќе создаде мостови меѓу различни области, дозволувајќи алатките од една област да се ...
Делта Ерлајнс ќе се потпира на вештачката интелигенција за дополнително да ги зголеми своите профитни маржи со максимизирање на она што индивидуалните патници го плаќаат за билетите. „Ова ќе биде тотален ре-инженеринг на тоа како ќе ги одредуваме цените во иднина“, велат во компанијата . „На крајот, ќе имаме цена баш за вас, баш за тој лет, баш во тоа време“. Тој ја спореди вештачката интелигенција со „супер аналитичар“ кој „работи 24 часа на ...
Урсула фон дер Лајен е претседател на Европската комисија од 2019 година и повеќе од која било друга политичка фигура ги персонифицира империјалните амбиции и авторитарните инстинкти на ЕУ. Сепак, минатата недела, таа преживеа гласање за недоверба на нејзиното раководство и беше блиску до губење на власта, што ја одразува длабоката нестабилност на политичкиот блок што ја поддржува. Четирите парламентарни фракции што ја поддржуваат - ...
Германија падна на шестото место на новата ранг-листа на Светска банка врз основа на Паритетот на куповната моќ (ПКМ), кој ги зема предвид разликите во нивото на цените и трошоците за живот, па дава пореална слика отколку споредбата на номиналниот БДП. ПКМ на Германија, според податоци на Светската банка, во 2024 година изнесувал 6,04 билиони долари. Земјата сè повеќе се оддалечува од врвот на листата, на кој е Кина со 38,19 билиони долари. Зад ...
Samsung направи вистински бум со лансирањето на новиот Galaxy Z Fold7 кој ги комбинира најновите иновации на стилскиот дизајн и врвната продуктивност. За разлика од традиционалните мобилни уреди, Galaxy Z Fold7 ви нуди 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран кој се отвора фасцинантно и ви овозможува целосно ново искуство и поголем простор за работа, комуникација и забава. Преклопете го за да добиете уред кој лесно се вклопува во вашиот џеб или чанта, ...
Од сите замени за кравјо млеко за деца на возраст под пет години, веганските се издвоени како најштетни поради несоодветно внесување на некои микронутриенти, се предупредува во извештај на експерти за исхрана што ја советуваат владата на Британија. Пијалаците од растително млеко - соино, овесно и бадемово млеко, станаа попопуларни во последниве години. Со нив, во организмот се внесува и штетни дози на шеќер. Ризикот кај децата е поголем. ...
Издавачите се вознемирени поради намалениот сообраќај што е пренасочен кон нивните содржини преку Гугл, откако гигантот за пребарување почна да воведува резимеа со вештачка интелигенција во Discover, главниот канал за њуз-фид во апликацијата за пребарување на iOS и Android. Корисниците сега не ги гледаат насловите, туку само лого на издавачите на вести во горниот лев агол, проследено со резиме генерирано од вештачка интелигенција кое ги цитира ...
Линијата психоделични терапевтски средства има огромна предност ако се дава во клинички услови и ние работиме многу напорно за да се осигураме дека тоа ќе се случи во рок од 12 месеци, изјави неодамна пред членови на Конгресот министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Прифаќањето на психоделиците од страна на администрацијата предизвика возбуда, но и загриженост кај експертите. Тие предупредуваат лековите да не се поврзуваат претерано ...
Агенцијата на ЕУ за азил во мај регистрирала 64.000 барања за азил, што е за речиси една четвртина помалку во споредба со истиот месец лани. Бројот на Сиријци што побарале азил драстично опаднал од 16.000 во октомври минатата година на само 3.100 пред два месеца. Соборувањето на режимот на Асад во Дамаск во декември придонело вкупниот број на баратели на азил во Германија да се намали од 18.700 на 9.900 за рок од една година. Германија беше ...
Во барање научни докази што би ја поткрепило закрепнувачкото дејство на супата при акутни инфекции на респираторниот тракт, како обичната настинка, грипот, дури и ковид-19, биле анализирани повеќе од 10.000 трудови. Издвоени биле четири висококвалитетни студии во кои учествувале 342 лица. Тестирани биле различни видови супи, вклучувајќи традиционална пилешка супа, јачменова и од мешавини од билки од зеленчук. Една од студиите покажала дека на ...
И покрај напорите на холандските власти за инвестирање во нови кабли и трафостаници, новите приклучоци во некои области ќе бидат достапни дури во средината на идната деценија, тврдат мрежните оператори. Холандија претерано се потпираше на своите гасни ресурси и надградбите на електричната мрежа не го следеа темпото. Компаниите се оддалечија од гасните извори по ценовната криза во ЕУ во 2022 година. Денес повеќе од 2,6 милиони холандски домови ...
Подготвуван со месеци и во голема мера чуван во тајност од комесарите на Фон дер Лајен, нацрт-буџетот за ЕУ во периодот од 2028 до 2034 година предизвика внатрешен отпор и во Брисел и низ Европа. Екстремно централизираниот стил на претседателката веќе го компромитира нејзиниот план за собирање 2.000 милијарди евра. Еврокомесарите со години се жалат дека донесувањето одлуки зад затворени врати ја водат ЕУ кон погрешни чекори. Завршните преговори ...
Четирите момчиња и четири девојчиња, вклучувајќи еден пар идентични близнаци, родени со новата постапка немаат знаци дека ги наследиле ризичните митохондријални мутации од своите мајки. Наскоро се очекува да биде родено уште едно дете чии гени биле модификувани на овој начин. Британските власти уште во 2015 година го променија законот за да дозволат ваква процедура. Технологијата била развиена на Клиниката за плодност на Универзитетот во Њукасл. ...
Звуците што ги испуштаат растенијата се надвор од опсегот на човечкиот слух, но можат да ги согледаат многу инсекти, лилјаци, па дури некои цицачи. Израелски истражувачи потврдиле дека некои инсекти ја разбираат пораката што ја испраќаат растенијата и соодветно реагираат. Во оваа фаза од истражувањето се уште е шпекулација, но сосема е можно дека некои инсекти и животни донесуваат одлуки врз основа на звуците што ги слушаат од растенијата, како ...
Тоа што некогаш за шпионите беа експлодирачките пенкала и пури од филмовите за Џејмс Бонд, денес се електронски уреди и дронови со вештачка интелигенција, заштитени телефони и квантни сензори. Тие не се произведуваат во владина работилница на Q, туку ги креираат независни стартапи ориентирани кон иновација. Од 2018 година Националниот фонд за стратешки инвестиции за безбедност (NSSiF) е напумпан со пари за да препознава и да поддржува развојни ...
Во време кога Европската Унија расправа за трговски санкции против Израел поради груби прекршувања на човековите права во Газа, Катарина фон Шнурбајн, баварска бирократка задолжена за борба против антисемитизам во Европа ги критикува хуманитарните акции за жртвите на израелската војна. Тоа создава атмосфера во која Евреите се чувствуваат неудобно, им кажала баронесата од Шнурбајн на претставници на ЕУ во Тел Авив, сведочат интерни дипломатски ...
Во фокусот на истражувањето на австралиските експерти бил протеинот SOD1 (суперкосид дисмутаза 1), чија улога е да ги чисти штетните молекули на кислород во клетките. Ако остане без доволно бакар, тој се претвора во токсин што се акумулира во ткивото во средниот мозок и го спречува лачењето на допамин – типичната причина за Паркинсоновата болест. Ова прогресивно невролошко нарушување, од кое страдаат десетина милиони луѓе низ светот, е ...
Војникот задолжен за проверка на барањата за азил во штабот на специјалните сили во Лондон случајно ја споделил табелата со имињата и основните податоци на авганистанските соработници во февруари 2022 година. Неговите контакти ги проследиле имињата до Авганистанци за да проверат дали навистина имаат право на азил. Но, со испраќањето на целиот документ, а не само на неколку имиња, ги загрозил животите на луѓето од списокот. Трошоците за ...