
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Дел од средношколците државната матура ќе ја полагаат во своето училиште, односно спортските сали и холовите. Останатите кои учат во помали објекти ќе бидат тестирани на факултетите, вака одлучи Државниот испитен центар поучен од искуствата од минатите години. Голем број училишта во Штип, Битола, Прилеп, Скопје немаат просторни услови и наместо да се снаоѓаат ќе добијат точни насоки каде ќе се одржи матурскиот испит. Иако беше најавувано, ...
Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор. Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ). Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го ...
Со мнозинство од шест гласа Советот на јавни обвинители даде негативно мислење, односно се изјасни против предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Од деветтемина членови на Советот, предлогот на Владата за разрешување го поддржаа тројца членови на Советот, Кети Петкова, Ардијан Демири и Марјана Илиеска. На седницата не присуствуваше јавниот обвинител Коцевски. Дискусијата за предлогот за разрешувањето се ...
Речиси половина од судовите од државата лани биле неажурни – покажува извештајот за работата на судовите за 2024 година кој се разгледуваше на денешната седница на Судскиот совет. Од 34 судови, ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Судовите мината година ја почнале со нерешени 131.005 предмети, а примиле за работа нови 569.958 предмети, односно вкупно за работа имаме 700.739 предмети. Од нив ...
Владата не одлучи сама да го зголеми минималецот за 1.800 денари, како што обвинува Синдикатот, ги следевме законот и утврдената методологија по кои одлука требаше да се донесе до крајот на март, објаснува министерот за економија, Дурмиши. „Живееме во демократија. Секој има право да излезе на улица и да протестира, да го искаже својот револт, но јас пак ќе кажам дека на синдикатите им е истечен мандатот и веќе не се репрезентативни. Ние како ...
Советот на јавните обвинители даде негативно мислење за владиниот предлог за разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски. По трагедијата во Кочани, постапката доби сосема друг тек, откако Владата одлучи да ја прекине за да не ја загрози истрагата за пожарот во „Пулс“, која досега резултираше со 34 осомничени. „Со оглед дека одлуките се носат со мнозинство гласови од мнозинството членови, тоа значи дека Советот даде негативно мислење по ...
Во скопска Апелација се одржува јавна седница за Ласкарци, за автобуската несреќа од 2019-та, кога загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Ова следува откако Обвинителството поднесе жалба. Во пресудата која беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули доби четири години затвор, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари шест години, а тројцата вработени во станицата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на воспоставување нов облик на политички и општествен дијалог, кој ќе овозможи дефинирање на долгорочна стратегија за развојот на државата. Тој истакна дека е неопходно да се изгради систем што ќе функционира во следните децении, независно од тоа која партија е на власт, со јасни насоки во клучни области од општественото живеење. Филипче укажа на потребата од темелни реформи во правосудството, ...
Инхалаторните труења прават опструкции, со брза реакција ги одржавме во живот сите пациенти, вели директорот на Токсикологија, Андон Чибишев, потсетувајќи се на кобната несреќа во Кочани. Момче со мала изгореница на глава, со инхалаторно труење го хоспитализирале, земеле примероци за анализа, му дале терапија, се стабилизирал, станал прошетал и за миг почнале да го губат. Професорот Чибишев вели, наредните месеци ќе ги следат пациентите, бидејќи ...
Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, учествуваше и се обрати на конференцијата „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“, која се одржа денеска во хотел Александар Палас – Скопје. Конференцијата ги собра претставниците на синдикатите, работодавачите, меѓународните организации и експертите од областа за да дискутираат за можните насоки на реформата на законот за работни односи. Во своето обраќање, министерот ...
Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена ревијална изложба, избор на 45 дела од 45 автори, од колекцијата на МСУ, како и дела во сопственост на уметниците – наставен кадар на ФЛУ, почнувајќи од неговото основање до денес. Изложбата претставува централен настан и официјална прослава на јубилејот 45 години од основањето на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, со која симболично се прикажуваат ...
Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по ...
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето на Сојузот на средношколци, државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, информираат од Сојузот. Согласно оваа одлука, матурантите ќе полагаат во своите училишта, под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои не ги исполнуваат овие услови, Државниот испитен ...
Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, сеуште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот ќе одржи излагање во Центарот за европски политики (EPC) на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: македонска перспектива“, и ќе има брифинг со претставници на бриселски тинк-тенкови посветен на тековниот евроинтегративен процес. Муцунски ќе учествува и на состанокот на министрите за ...
Холивудскиот актер Вал Килмер почина на 65-годишна возраст. Килмер почина од компликации предизвикани од воспаление на белите дробови во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка, актерката Мерцедес Килмер, за „Њујорк тајмс“. Килмер со години се бореше со рак на грлото, кој му беше дијагностициран во 2015 година. Роден и израснат во долината Сан Фернандо, стекна слава со улогата на Том „Ајсмен“ Казански во филмот „Top Gun“ од 1986 година, каде што ...
Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денешниот ден, известува УХМР. Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со ...
Припадниците на Првата пешадиска бригада денеска во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец ќе го одбележат Денот на единицата. На одбележувањето ќе присуствуваат министерот за одбрана, Владо Мисајловски началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од МО и ГШ на Армијата, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата и други гости. Во рамки на одбележувањето на Денот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, ќе присуствува на отворањето на фабриката на странската инвестиција „Магна мехатроникс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Од Владата велат дека овој нов инвестициски проект кој ќе придонесе за економскиот раст и развој на регионот. Според најавите, „Магна мехатроникс“ ќе создаде нови 500 до 600 работни места и ќе обезбеди значителен економски бенефит за општината и државата, со оглед на технолошкиот ...
Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот е втора точка на дневен ред на 22. седница, која досега два пати се одложува. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на ...
Франција го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, амбасадорот Жером Бонафонт го предводи раководното тело. Агендата на Франција предвидува Советот за да се осигури дека ќе се занимава со војните во Украина, Блискиот Исток Африка и Хаити. „На Блискиот Исток ситуацијата е многу загрижувачка. Не само што конфликтот е во тек, туку не можеме да исклучиме регионална ескалација. Се очекува Советот да дејствува по голем ...
Денес се одржа седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која беше разгледан Предлогот за измени и дополнувања на Законот за медиуми. Во образложението објавено на официјалната веб-страница на Собранието, се наведува дека една од примарните цели на Законот за медиуми е да се гарантира „слободата на изразување и слободата на медиумите“. Целта на овој Предлог-закон, како што е ...
Војската на Кина ги продолжува вежбите околу Тајван. Според Пекинг, Маврите се фокусирани на усовршување на способностите за удари со долг дострел врз симулирани критични инфраструктурни објекти. Вежбите следат по зголемените тензии и се совпаѓаат со неодамнешната посета на американскиот секретар за одбрана Хегсет на Азија, каде што тој го критикуваше Пекинг. Тајван ги осуди маневрите, нарекувајќи ја Кина меѓународно признат креатор на проблеми. ...
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за напади на енергетската инфраструктура и прекршување на договорот за прекин на огнот со посредство на САД. „За нас одлучувачката акција е клучна. Зборовите не се доволни, со сета почит кон нашите партнери. Нам ни се многу важни санкциите. Разговаравме со Америка, а Русите тоа што го зборуваа постојано го кршат. Денес Украина, украинскиот народ страда. Затоа бараме чекори за санкции од Америка“, изјави ...
Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти денеска АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Белата куќа потврди дека претседателот на САД воведува нови царини, иако не го откри обемот на мерките. Трамп со недели го најавува 2-ри април како „Ден на ослободувањето“, кога ќе се воведат нови царини што ќе го преобликуваат светскиот трговски систем. Реципрочните царини кон земјите кои имаат мерки против американските производи ќе стапат на сила веднаш откако Трамп ќе ги објави, а царина од 25 насто за увоз на автомобили еден ден подоцна, на ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска од 10 часот во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На минатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. Претходно, беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи ...
Денеска во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата. Протестот предвидено е да почне пред Работничкиот дом по што присутните ќе се упатат пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши ...
Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што истата е излеана преку мостот кај населено место Љубош и низводно, и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија. Исто така пријавено е и поплавување на дел од булевар „Борис Трајковски“ кај населба Пинтија, каде исто така ...