СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (02.04.2025) со почеток во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“ во продолжение по ул. „Димитрија Чупувски“ до седиштето на Стопанска комора, десно по бул. „Васил Главинов“ до ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев. На средбата се разговараше за потребите и капацитетите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните. При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков беше информирана од градоначалникот Колев за степенот на искористеност на овие ...

Полициски службеници од СВР Скопје денеска (01.04.2025) го лишија од слобода Б.Џ. (51) од Скопје затоа што денеска околу 11.40 часот на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје со патничко возило „тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала управуван од Р.У. (37) од Скопје. Р.У. е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „8 Септември“, а Б.Џ. е лишен од слобода, привремено му е одземено и возилото а против ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., ...

Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром. Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од ...

Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела – од 24 до 30 март, соопшти Институтот за јавно здравје. Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела. Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, регистрирано е вкупно 31 заболено лице. Бројот на заболени лица во ...

Двајца пациенти се враќаат, еден од Полска еден од Белгија. 80 остануваат во странските болници, 20 во домашните. Сите се стабилни и прашање на ден е кога ќе заминат на домашно лекување. Во странство тројца пациенти се во критична состојба. Надлежните се подготвуваат за следните фази на рехабилитација. Во Кочани има тимови од психолози и психијатри кои им помагаат на граѓаните за надминување на колективната траума, предизвикана од трагедијата. ...

Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче утре на прес-конференција ќе го претстави планот за лидерската средба што ја бара неговата партија. Детали за форматот и конкретно за темите, не се соопштуваат, но извесно е дека опозицијата сака да дискутира за реформи во судството, образованието, здравството и интеграциите. Пратеничката Тренчевска потврдува дека нејзината партија е согласна да се формира и анкетна комисија за пожарот во Кочани, ...

Сојузоот на Синдикатите на Македонија излегува на улица, на 2-ри април точно на пладне. Бараат повисоки плати и пристојна живејачка за работниците. Ќе се маршира од пред ССМ, кон Собрание, Стопанска комора до Влада. Претседателот на ССМ рече дека незадоволството на работниците ја прелеало чашата, а креаторите на политиките оделе во погрешна насока на штета на работниците. Сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ, ...

Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика, информираат од АД ЕСМ. Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 ...

Давањето оставка од страна на членовите на Судскиот совет, на кои македонското Собрание им изгласа недоверба, е личен чин, вели претседателот на ова тело, Александар Камбовски. Постапката пак, за утврдување одговорност и нивно разрешување, објаснува Камбовски, е сосема поинаков процес, од тој што се одвиваше во Собранието и е регулиран со Законот за Судски совет. Согласно него, за разрешување на член на Судскиот совет, потребни се најмалку осум ...

Под претседателство на премиерот Мицкоски, денес се одржа втората седница на Советот за реформа на јавната администрација, како највисоко координативно тело задолжено за управување со реформскиот процес во јавната администрација. Во фокусот на седницата беа анализата на спроведувањето на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, усвојувањето на годишните извештаи за 2023 и 2024 година, како и презентацијата на наодите од ...

Над 100 луѓе се повредени, а педесетина домови отштетни во пожар на гасовод во предградие на главниот малезиски град Куала Лумпур. Десетици од повредените се хоспитализирани со изгореници. До несреќата дошло откако пукнала гасоводна цевка по што настанала експлозија и пожар, принудувајќи ги луѓето да се евакуираат. Надлежните власти соопштија дека главниот гасовод е исклучен, но огнот ќе биде целосно изгаснат откако ќе изгори преостанатиот гас. ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ...

Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари, им порача премиерот Мицкоски на пензионерите во денешното видео обраќање. Нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери. Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат ...

Бројот на критични пациенти се намалува. А 93 од повредените во несреќата во Кочани закрепнаа и се на домашно лекување, информира министерот за здравство Таравари. Тројца се во критична состојба. Вкупно 20 се лекуваат на клиниките во Македонија, а другите 80 се во странство. Денеска се очекува од странство да се вратат двајца пациенти. За критичните пациенти, Таравари вели дека нивната состојба не е променета. До крајот на неделата има најави за ...

30 проценти од отпадот во земјава се остава на диви депонии. Отпадот во помалите општини се расфрла на земја, а надлежните отпор имаат за иницијативи за изградба на депонии. Решение ќе се бара во новаци каде треба да се гради центар за управување со отпад според сите европски стандарди за околните општини. Прилеп пак, проблемот го решава со доделување канти за селектирање на отпадот на домаќинствата. Европските претставници воочиле дека имаме ...

Полицаецот и бодигард на премиерот Мицкоски доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично дело оддавање службена тајна и е спроведен во затворот во Шуто Оризари. Беше фатен во акција на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во неговото „бе-ем-ве“ бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие ...

Постојаната промена на законските решенија е еден од предизвиците на сметководителите. Оние кои не можат да ги следат на почетокот на годината се соочија со дисциплински постапки и одземање на лиценците. Но, сепак им се дозволи да ги завршат завршните сметки на компаниите. Сметководителите се и прва брана за сивата економија која во земјава е на високо ниво од 40 отсто. Неопходно е усогласување со европските стандарди зад кои сериозно каскаме. ...

Еден од најголемите и најзначајни артисти на денешницата доаѓа во Скопје на „Skopje calling 2025“, објави Авалон продукција. Веројатно најбараниот и најпосакуваниот артист во Македонија, музичарот, поетот, писателот, композиторот, генијалниот уметник Ник Кејв, во склоп на својата соло турнеја доаѓа во Скопје, придружуван од басистот на Рејдиохед, Колин Гринвуд, на 22 август во срцето на Скопје – под ѕвезденото небо на зелениот стадион на АРМ. ...

Капините го намалуваат чувството на глад, а на тој начин помагаат за намалувањето на вишокот килограми. Тие се одличен извор на витамини, антиоксиданси и штитат од канцер. Антиоксидансите учествуваат во процесот на спречување на штетните влијанија на слободните радикали и на тој начин помагаат во заштитата од некои заболувања како што е канцерот. Го заштитуваат и кардиоваскуларниот систем, го успоруваат процесот на стареење на организмот, ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли на територија на цела држава вкупно беа издадени 2.508 платни налози за сторени прекршоци како по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така и по основ на Законот за возила. Така, заради непрописно паркирање издадени се 425 платни налози, по основ на непочитување на пропишаната ...

Во болниците во државава и во странство се лекуваат 100 пациенти, повредени во пожарот во Кочани. Во земјава моментално се лекуваат 20 пациенти, а во странските медицински центри 80. Од нив, тројца се во потешка здравствена состојба, изјави министерот за здравство Таравари по утринскиот состанок на кризниот штаб. Како што кажа тој, денеска се очекува враќање на двајца пациенти во земјава, од Полска и Бугарија, а до крај на неделава има најави за ...

01/04/2025 10:07 - МРТ - +4

Наставникот и тренер на кошарка и бејзбол Реј Кин (Џон Кјузак) е вдовец по смртта на неговата сопруга која починува од рак. Кога полицијата го апси неговиот син тинејџер поради пушење марихуана, Реј го поканува да кампува во шумата за да се зближи. Во меѓувреме, ФБИ е пред апсење на платен убиец Френк Карден (Морган Фримен) по сообраќајна несреќа. Додека Френк патува со придружба на агенти на ФБИ, неговите луѓе се обидуваат да го спасат, но тој ...

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2.500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада. Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино ...

01/04/2025 09:52 - МРТ - +25

Додека нејзиниот брак се распаѓа, судијата мора да одлучи за судбината на болното дете. „Законот за деца“ е дел од британската легислатива од 1989 година во која се вели дека благосостојбата на детето има предност пред сите други прашања, вклучувајќи ги и желбите на родителите или религиозните ставови. Фиона Меј е угледна судијка на Високиот суд во Лондон, чиишто пресуди за етички сложените случаи на семејно право се секогаш мудри и ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува и ќе се обрати на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, којашто ќе се одржи денеска во хотелот Дабл три Хилтон (DoubleTree by Hilton) во Скопје. Конференцијата се одржува во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и спроведуван од SALAR ...

Армијата на САД и литванските власти го истражуваат инцидентот со исчезнувањето на четворицата војници западно од границата со Белорусија за време на тактичка обука. Американското Министерство за одбрана објави видеоснимка од потрагата, откако соопшти дека тројца од четворицата војници се пронајдени мртви во нивното оклопно возило што беше извлечено од мочурлива област. Нуркачки тим на морнарицата е во потрага по четвртиот војник кој сè уште се ...

Израелската војска соопшти дека нападнала зграда во јужните предградија на Бејрут, чија цел била член на милитантната група Хезболах. Израелската одбрана продолжува со операции во северниот и централниот дел на Газа. Во акцијата 50 милитанти биле елиминирани. Израел го заврши примирјето со Хамас и ги обнови нападите од копно и воздух на почетокот на овој месец. Во поголемите градови продолжија протестите за враќање на заложниците. „Оваа земја е ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.68
46%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1019
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
37%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.02
36%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.0
86%
1019
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
30%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
45%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
43%
1015
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762