Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.
Од Основното музичко училиште „Боро Џони“ каде Ѓорѓиев беше вработен ја потврдија информацијата дека тој ќе биде погребан на градските гробишта во Струмица. Претходно, посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот, а утре во 10 часот вработените во музичкото училиште ќе одржат комеморативна седница.