Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“, реагираат од МВР. Потенцираме дека станува збор за редовно обновување на лиценци за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството веќе повеќе од една деценија го користи за екстракција и анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други ...

МВР набавува сомнителен софтвер за прислушување и со тоа ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки, сметаат од СДСМ. Ова денеска на прес конференција го изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ, кој истакна дека тоа е повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта. Во изјавата на Костовски уште се посочува: На почетокот на мај оваа ...