
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Истражниот судија на Сплитскиот Жупаниски суд осуди на затворска казна 58-годишна Сплиќанка која прободела маж со кујнски нож во неговиот стан во Пујанке. Причината за нападот е бизарна. Жената во станот донела 30-годишно момче на шишање. Изгледа дека не била задоволна од тоа како мажот ја завршил работата, па грабнала нож од сталакот и го прободела во рамото, пренесува Далматински портал. На повредениот му е укажана лекарска помош во болница, а ...
Јавноста беше шокирана од веста дека поранешната филмска дива на СФРЈ Весна Пеќанац е корисник на националната кујна, а за тоа можеби не би се дознало ако српскиот патријарх Порфирије не ја посетил кујната на Верското доброволно старателство во Белград, па на фотографијата од тој настан се појави познатата актерка. На многумина не им беше јасно како сопругата на култниот режисер Живко Николиќ, која во текот на својата кариера играше бројни улоги ...
Огромни количини шифрирани податоци, вклучително и приватни, се собираат секојдневно без наша дозвола и се складираат во банки за податоци, подготвени за денот кога квантните компјутери на крадците на податоци ќе бидат доволно моќни да ги дешифрираат. Она што експертите го нарекуваат квантна апокалипса. Едноставно кажано, квантните компјутери работат сосема поинаку од компјутерите развиени во текот на минатиот век. Во теорија, овие компјутери на ...
Пред една недела, Европскиот Совет усвои препорака за координиран пристап за олеснување на безбедното и слободно движење за време на пандемијата со Ковид-19. Притоа предвид се зема значителното зголемување на стапката на вакцинација и брзото воведување на ковид сертификати, па се заменува досегашната важечка препорака. Препораката ќе стапи на сила на 1 февруари 2022 година, истиот ден како и актот за изменување на регулативата за ковид ...
Шведската модна групација „H&M“ објави повисок од очекуваниот раст на својот квартален профит и зголемени инвестиции за двојно зголемување на приходите од продажба до 2030-та година. Цената на акциите на вториот по големина светски продавач на модни производи се зголеми за 5% пред почетокот на тргувањето, откако рече дека ќе ја удвои својата инвестиција во 2022-ра година на околу 10 милијарди шведски круни (1,1 милијарди ...
Во Австрија од денеска со закон е задолжителна вакцинацијата за сите полнолетни граѓани. Неколку земји ширум светот воведоа задолжителна вакцинација за постарите граѓани или медицинскиот персонал, но Австрија е прва во Европа што усвои слични прописи. Австриската министерка за ЕУ и устав, Каролин Едштадлер изјави дека администрацијата е свесна дека ова е многу тешка мерка, но дека е неопходна. ,,Ние како политичари имаме одговорност да ја ...
Живееме во време кога Македонија ја има се помалку, а сиромаштијата се повеќе, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на седницата на Извршниот комитет. – Живееме во време кога за само дваесетина дена секое македонското семејство се задолжува за нови 200 евра од оваа иста влада која ги покачува цените на струјата и парното кое го има се помалку. Живееме во време кога корупцијата е широко распространета, кога ...
„Како фирма блиска до Рашковски зела тендери вредни 850.000 евра од ‘Дрисла’? Како во време на СДСМ, додека со ‘Дрисла’ управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата ‘Алпима градба’ на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис-партнер на Заеви и роднина на Рашковски, склучува договори за изнајмување машини со јавното претпријатие за што му се исплаќаат приближно еден ...
РКЕ информира дека е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година. Имено, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот ...
Нема промени во составот на заедничката историска комисија со Северна Македонија од бугарска страна. Луѓето кои повеќе не се во комисијата за Северна Македонија си заминаа доброволно и не се сменети. Чудно е да се бараат промени онаму кадешто одлуките ги носи само земјата која ги предложила релевантните претставници. Благодарни сме за добрата оценка на нашиот дел од работата на Мешовитиот комитет. Комисијата е научно тело, таа одлучува како ...
Северна Кореја денеска објавила фотографии кои, како што тврди, покажуваат тестирање на нејзиниот најголем проектил во последните неколку години. Тестирањето на балистичките ракети со среден домет “Хвасонг-12” е реализирано во текот на вчерашниот ден, што било прв пат од 2017-та година Пјонгјанг да тестира ракета која има капацитет да носи нуклеарна глава, пренесува агенцијата “Reuters”, додавајќи дека ова била седма ...
Омикрон, новиот сој на коронавирусот исклучително брзо се шири, иако симптомите се поблаги, сепак тоа не ја намалува неговата опасност. Сега експертите дадоа одговор на прашањето колку долго личноста со омикрон сој е заразна и кога е најголемиот ризик на трансмисија. Експертите од американскиот Центар за контрола и превенција на болести откриле колку долго личноста заразена со оваа варијанта е заразна и кога е најголем ризикот да го пренесе ...
Почнувајќи од фалсификување тестови за ковид или изнаоѓање начини за подмитување на одредени лекари, некои луѓе на различни начини се снаоѓаат да стигнат до сертификат за вакцинација. Рубриката „Ти пријави“ на TopChannel доби пријава за страница на социјалната мрежа TikTok која рекламира сертификати за вакцинација со плаќање. Луѓето кои стојат зад овој криминален бизнис, со седиште во Каваја, за да привлечат луѓе, го поставија логото ...
Филмска брканица на улиците во унгарскиот град Дебрецин. Полицијата бркаше автомобил во кој се наоѓаа двајца Срби, кои претходно се обиделе да ограбат златарница. Полицијата веднаш по пријава за напад и обид за грабеж тргнала во потрага по сторителите, кои бегале со жолт автомобил. На социјалните мрежи се појави видео од брканицата. На видеото може да се види како полициските возила се обидуваат да го блокираат жолтиот автомобил од речиси сите ...
Победничката на изборот за убавина „Мис САД“ за 2019 година, Чесли Крист изврши самоубиство во центарот на Њујорк, објави „Њујорк пост“. Според полицијата, телото на Крист било пронајдено вчера наутро на улица близу куќата каде што живеела. Полицијата ги истражува причините за настанот. Крист оставила и белешка во која целиот нејзин имот ѝ го остава на нејзината мајка. Чесли Крист (30) од Џексон, Мичиген дипломиралa Право ...
Еуроникел Индустри инсталира соларна постројка чија енергија ќе се користи во финалните фази од производниот процес. Фотоволтаиците се со капацитет од 153Kw на час во пик и постројката ќе го напојува новоинсталираниот систем за сушење на финалниот производ – фероникел гранули. Постројката веќе е приклучена на внатрешната енергетска мрежа. Користењето обновливи извори на енергија во производниот процес е дел од обемните инвестициски планови ...
Македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков се договориле Бугарите да бидат впишани во Уставот на Република Северна Македонија, а останува во рамки на преговорите меѓу двете држави да се договори кога тоа точно ќе се случи. „Разговараме за тоа каков да биде рокот. Така ќе го направиме во преговорите, што тоа ќе биде факт – Бугарите во Северна Македонија ќе имаат еднакви права со другите“, рече бугарскиот ...
Македонскиот актер Лео Поповиќ, кој 26 години претходно го носеше името Долорес Поповиќ, неодамна на јавноста ѝ откри дека го променил полот, односно дека е транс лице. Поповиќ има 27 години, музичар е и има завршено на Факултетот за драмски уметности. Во последниов период се соочува со сериозни животни ситуации, откако конечно ја донел одлуката да стане маж, иако во моментов сè уште не направил операција за промена на полот. Лео на оваа ...
Како што растат тензиите во источна Украина, се поверојатно е дека рускиот претседател Владимир Путин ќе предизвика војна со НАТО, пишува британскиот таблоид Дејли експрес, повикувајќи се на земјите кои ќе бидат на страната на Русија во случај на вооружен конфликт. Ако Русија одлучи да ја нападне Украина, зад себе ќе има солидна група сојузници, оценува и објаснува британскиот таблоид. Имено, Организацијата на Договорот за колективна безбедност ...
На 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание, јави дописникот на МИА од Софија. Петков додаде дека премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски една седмица е премиер и од овие осум дена, четири дена поминал со бугарската Влада и изразил желба да дека сака да има резултати со прашањето со ...
Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, смета микробиологот д-р Никола Пановски, кој во гостувањето кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“, ја спореди смртноста во светот со онаа кај нас. – Смртноста во светот деновиве премина 5,5 милиони смртни случаи. Кога светот би бил како Македонија ќе беа 33 милиони умрени. Значи, пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија, рече Пановски, ...
Случајот на еден од најдобрите ракометари на денешницата, Никола Карабатиќ, кој настапи за Франција во втората фаза на Европското првенство, и покрај позитивниот тест на ковид-19, внесе забуна во спортската јавност, а ги доведе во прашање и протоколите за тековното натпреварување, според кои предвидена е петдневна изолација во случај на позитивен тест на ковид-19. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја образложи одлуката да му се дозволи на ...
Првото медицинско истражување на светот во коешто е дозволено намерно изложување на испитаниците на новиот коронавирус SARS-CoV-2 бара доброволци поради развој на подобри вакцини против коронавирусната болест Covid-19. Истражувањето на Универзитетот Оксфорд е започнато ланскиот април, три месеца откако Велика Британија стана првата земја на светот којашто одобри испитувања во врска со Covid-19 кај луѓе. Неговата прва фаза, којашто сѐ уште е во ...
Неодамнешната корекција на цената на биткоинот имаше неколку жртви, а инвеститорите значително загубија. Иако биткоинот веќе прави мали добивки, бројот на оние кои имаа милиони драстично се намали во последните месеци. Според податоците собрани од Финболд, меѓу октомври 2021 година и јануари 2022 година, бројот на биткоин адреси со повеќе од милион долари е намален за 28.186 или 24,26 отсто. Во октомври бројот на адреси изнесувал 116.139, а во ...
Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, вчера преку писмо добил смртна закана доколку не биде запрена постапка за еден конкретен предмет. „Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021-ва година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за ...
Општината поднела барање до МВР да обезбеди зачестени контроли од страна на полицијата со цел да се превенира ваквото однесување, а во крајна линија и да се казнуваат несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на несоодветни места Општина Аеродром излезе со апел до граѓаните кои живеат на територија на оваа скопска општина, да ги почитуваат сообраќајните закони и правила и да не паркираат на места што не се наменети за тоа, како што ...
Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која мерките треба да се спроведуваат земајќи го предвид индивидуалниот статус, а не ситуацијата со заразата на регионално ниво. „Ова значи дека вакцинацијата на патникот, тестирањето или закрепнувањетоод Ковид-19, потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ, треба да биде клучна одредница“, се вели на ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во изградбата на модерен парк во населбата Припор, на местото каде што постоеше дива депонија. Во напредна фаза е оплеменувањето на просторот што се протега на површина од 4.000 м2, на кој, по финализацијата на проектот, ќе се нудат најразлични содржини за сите генерации. Покрај зеленило, дрвца, хортикултурно уредување, во паркот ќе има урбана опрема, клупи, летниковец, патеки ...
Се очекува „Apple“ да го одржи својот прв настан за 2022-ра година во март или април, при што ќе претстави нови производи. Сите очекуваат, а ова е најозборуваното, дека ќе биде претставена третата генерација на „iPhone SE“. Сепак, ова нема да биде единствениот производ што го подготвува компанијата од Купертино. Според Марк Гурман, доверлив „свиркач“ од екосистемот на „Apple“, претстојниот настан ...
Иако зимата веќе е во полн ек, неочекувано количество снег падна дури и на јужните грчки острови и во Турција. Суспензијата на летовите од аеродромот во Истанбул денеска беше продолжена поради обилните снежни врнежи, додека зимските временски услови го блокираа сообраќајот низ градот во кој живеат околу 16 милиони луѓе. Approximately 25 thousand people continue to be captive in snow at #Istanbul Airport.pic.twitter.com/FRdddGp2HD — ...