Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Европскиот совет усвои конкретни мерки за Украина, одбраната, климата и конкурентноста, а отворивме и нов циклус за политиката за домување, со што ќе продолжиме да испорачуваме за нашите граѓани, за нашата иднина и за нашето место во светот, порача доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на вчерашниот Самит на ЕУ. – На почетокот на овој месец по нашиот неформален состанок во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган. – Фондацијата Роналд Реган штотуку објави дека Канада измамнички користела реклама, која е лажна, во која Роналд Реган зборува негативно за царините, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth ...
Најмалку 20 луѓе загинаа откако автобус се запали по судир со моторцикл во јужна Индија рано утрово, соопшти полицијата. Инцидентот се случил на периферијата на градот Курнол во државата Андра Прадеш. Автобусот, кој превезувал околу 40 патници, бил на ноќно патување меѓу градовите Хајдерабад и Бангалор. – Идентификувани се единаесет тела, а девет допрва треба да се идентификуваат, изјави локалниот полициски службеник Викрант Патил. Осумнаесет ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. -Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг, рече тој. ...
Премиерот Сер Кир Стармер ќе врши притисок врз сојузниците да ѝ обезбедат на Украина повеќе ракети со долг дострел за да ги погодат руските цели на состанокот во Лондон во петок, пренесува Би-би-си. Тој ќе биде домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со таканаречената „коалиција на волните“, составена од повеќе од 20 сојузници на Украина кои се согласија да му обезбедат на Киев безбедносни гаранции откако ќе се постигне ...
Авиокомпанијата „Аљаска ерлајнс“ (Alaska Airlines) привремено ги прекина сите летови низ Соединетите Американски Држави откако дојде до дефект во ИТ секторот, соопшти компанијата денеска. Во соопштението е наведено дека проблемот настанал во примарниот центар за податоци и оти инцидентот не е резултат на кибер напад ниту е поврзан со други безбедносни настани. – Прекинот на ИТ системот влијаеше на неколку наши клучни системи кои ни овозможуваат ...
Новата јапонска премиерка Санае Такаичи, во обраќањето пред Парламентот по инаугурацијата, истакна дека Јапонија ќе продолжи да се стреми да склучи мировен договор со Русија, и покрај сложената ситуација во билатералните односи. – Односите со Русија во моментов се во тешка ситуација, но политиката на јапонската влада останува да го реши територијалното прашање и да потпише мировен договор, истакна Такаичи. Таа, се осврна и на глобалната ...
Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми. – Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите. Според информациите на медиумот добиени ...
Два руски воени авиона го нарушија воздушниот простор на Литванија. Авионите во литванскиот воздушен простор се задржале околу 18 секунди, соопшти литванската армија. – Двата руски авиони, борбен авион Су-30 и танкер Ил-78, се чинеше дека извршуваат мисија за обука за полнење гориво, кога ја преминаа границата на Литванија околу 18 часот по литванско време од правец на руската балтичка енклава, Калининград, се наведува во соопштението на ...
Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во ...
На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, побара од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали македонската влада во Велика Британија разговарала за можноста Македонија да прифати мигранти и да отвори мигрантски кампови. „Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на ...
Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, утрово на социјалните мрежи сподели дека добил покана за дебата на телевизија Телма. Тој соопшти дека ја прифаќа поканата за дебата, се наведува во соопштението од Левица. „Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток. Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат. Во духот на ...
Водечките асистенти со вештачка интелигенција погрешно ги претставуваат вестите во речиси половина од своите одговори, според истражувањето објавено денеска од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Би-би-си. Меѓународното испитување ги опфатило вештачкоинтелигентните асистенти „Чет-ГПТ“ (ChatGPT), „Копилот“ (Copilot), „Џемини“ (Gemini) и „Перплексити“ (Perplexity) – софтверски чет-помошници коишто користат ВИ и на кој било јазик во светот ги ...
По успешниот пат на уметничкиот проект „Поетроника“, кој со спој на поезија и електронска музика создаде нов сценски израз, авторите Оливер Митковски и Андреја Салпе го претставуваат своето ново, едукативно продолжение – „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба. Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку ...
Веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство поради неисплатената септемвриска плата го искажуваат со протест, блокирајќи ги двата влеза во ова претпријатие. Најавуваат дека ќе протестираат до петок, од 9 до 11 часот, со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од ...
Новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, беа убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск, Донецка област, на 23 октомври, објави регионалниот гувернер Вадим Филашкин, пренесува Кијив Индипендент. Нападот бил извршен со помош на руски камикази дрон „Лансет“, кој удрил во автомобил во кој се наоѓале новинарите, рече Филашкин. Храмова и Кармазин биле на задача во регионот кога биле убиени. Нивната ...
Рускиот претседател Владимир Путин нареди зголемување на бројот на редовната руска армија на 1,5 милиони, што ќе ја направи армијата на Руската Федерација втора по големина во светот. Оваа одлука, како што јавуваат британските медиуми, доаѓа по сè почестите напади на украински беспилотни летала врз клучните рафинерии и гасоводи длабоко на руска територија. Високо рангирани руски воени претставници изјавија дека ќе се обидат да користат ...
Во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Годинава за остварување во областа на културата ...
Сеопфатниот 19-ти пакет санкции кон Русија што денеска го одобрија лидерите на ЕУ, опфаќа дополнителни 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки насочени кон „клучните сектори што ја поттикнуваат руската илегална инвазија врз Украина, вклучувајќи ги енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс“. Како што соопшти Советот на ЕУ, со овој пакет се зајакнува контролата врз движењето на руските дипломати низ ЕУ и се преземаат ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија, информира Министерството за транспорт. Оттаму наведуваат дека Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи ...
До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати ...
Денот кога идеите се претворија во движења, а музиката стана револуција во џебот. Наука, технологија и космос — „Денот кога музиката стана мобилна“ На 23 октомври 2001, компанијата Apple го претстави првиот iPod, уред што засекогаш ја промени музиката и начинот на кој луѓето ја носат со себе. „1.000 песни во твојот џеб“ беше слоганот што го означи почетокот на дигиталната ера. Од тогаш, слушалките станаа симбол на лична слобода, а секој чекор ...
Светската здравствена организација (СЗО), за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни и повредени деца на безбедно место, јавува ДПА. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, објави на платформата X дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа. Сите пациенти се деца, рече портпаролот на СЗО, а поради „оперативни проблеми“, сè уште не може да се открие во кои земји ќе бидат ...
Израел и натаму им забранува на странските новинари да имаат слободен пристап до опустошениот Појас Газа, дури и по договорот за прекин на огнот во конфликтот во Газа, јави ДПА. Иако имаше расправа пред највисокиот суд во Ерусалим во врска со барањето од Здружението на странски новинари (FPA) да им се дозволи на новинарите да патуваат до затворената крајбрежна енклава, судот ѝ даде на израелската Влада дополнителни 30 дена за да презентира јасна ...
Деветнесеттиот пакет санкции кон Русија има многу јасни точки поврзани со енергијата и финансиските институции, чија цел е да се лиши Москва од можностите за финансирање на војната во Украина, изјави денска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на Европската Унија во Брисел. – Среќни сме и за пораките што доаѓаат од Америка во врска со санкции кон Русија. Тоа е важен ...
Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Британскиот премиер е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки за ...
Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е ...
По завршувањето на локалните избори, Македонија се соочува со засилен меѓународен притисок да ги усвои уставните измени, предуслов за отворање на нови поглавја со Европската унија. Лидерите на ЕУ и САД бараат јасен сигнал дека земјата е подготвена да продолжи по европскиот пат. По 2 ноември, Северна Македонија влегува во клучна политичка фаза поврзана со евроинтеграциите. Лидерите на Европската унија и стратешките партнери од САД бараат итно ...
Американските сили извршија уште еден напад во источниот Пацифик врз брод за кој се тврди дека превезувал дрога, при што загинаа три лица, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет доцна синоќа. „Нашите разузнавачки служби знаеја дека бродот бил вклучен во нелегален шверц на наркотици, минувал низ позната рута за трговија со наркотици и превезувал наркотици“, рече Хегсет во објава на платформата на социјалните медиуми X. „Тројца наркотерористи ...
Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез е околу 40 минути, а на „ГП“ Блаце околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува ...