
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Калиопи наполни 57 години, а роденденот го прослави во домашна атмосфера. Македонската пејачка сподели видео на кое блеска со широка насмевка, а потоа ги дува свеќичките со број 57. Песната која се слуша во видеото е нејзината песна „Ovo je dan ko rodjendan“. „Ви благодарам за секоја бездопирна прегратка, прекрасни луѓе“ – напиша музичката дива. @kaliopi_official Happy birthday to me! #kaliopi #birthday #happybirthday #fyp #viral #rodjendan ...
Вера Ванг и нејзините две ќерки блеснаа во гламурозни стајлинзи за божиќната вечера. 74-годишната дизајнерка носеше фустан во тиркизна нијанса од своето ателје додека покрај неа позираа 33-годишната Сесилија и 30-годишната Џозефин. „Јас и моите девојки. Многу сум среќна што сме заедно“ – напиша Вера, која постојано добива комплименти за младешкиот изглед. Сесилија и Џозефин се деца на Вера и нејзиниот поранешен сопруг Артур Бекер. Ванг ги ...
Памела Рајф ќе ве натера да го размрдате телото со енергичен тренинг. Убавата фитнес ѕвезда состави плејлиста со хит песни и сними божиќно видео во кое вежба додека танцува. „Танцувајте и не грижете се за ништо... Без разлика дали сте по пижами, џемпер или спортска комбинација, ова ќе ви го подобри расположението. Можете да дадете 100% од вашата енергија и да го претворите ова во тренинг или можете едноставно да уживате во забавен момент во ...
На свечена церемонија, претседателот Стево Пендаровски ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Актерите Гоце Тодоровски и Бајруш Мјаку, како и режисерот Коле Ангеловски, беа одликувани со Орден за заслуги. „Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на ...
Семејство од САД го доби најголемиот благослов за Божиќ. Четири сестри, кои беа бремени во исто време, се породија и се обединија заедно со своите бебенца на Божиќ. Џесика, Џордан, Џена и Џејден со бебенцата, нивните сопрузи и родителите се облекоа во пижами со Гринч и со широки насмевки го прославија овој специјален момент. „Добивањето мои деца беше уникатно искуство, но потоа ги гледав моите сестри како стануваат мајки истовремено... бев со ...
Анџелина Џоли ја посети продавницата која ќе го носи името на нејзиниот моден бренд, Atelier Jolie. Во Њујорк, 48-годишната актерка изгледаше софистицирано во целосно црн стајлинг. Заедно со неа беа три од нејзините шест деца кои ги има со Бред Пит. Ќерката Захара и синовите Нокс и Пакс ја придружуваа славната актерка која го лансираше својот бренд на почетокот од годината. „Привилегија е да се биде на ова место“ – рекла таа. Со ова ателје, ...
Мајката на Каролина Гочева го прослави својот јубилеен 70-ти роденден. Македонската пејачка сподели семејно видео од дувањето на роденденските свеќички на тортата на мајка ѝ Светлана. Во него, Каролина, сестра ѝ Александра и двете внуки Луција и Инес ѝ пеат „Happy Birthday“ на насмеаната славеничка. Каролина секоја година традиционално оди на одмор со женските членови на семејството и споделува фотографии од нивните авантури. Види повеќе » ...
Моника Белучи е ѕвездата која зрачи со сензуалност и го краси кинеското издание на списанието „Esquire“. Фотографот ХуанКр Зорила застана зад објективот за да ја фотографира италијанската убавица, која изгледаше одлично во неколку атрактивни стајлинзи. Тешко е да се поверува дека следната година Белучи ќе го прослави својот 60-ти роденден. View this post on Instagram A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel) Види повеќе » ...
Битола една вечер живееше во ритамот на Виена. Предновогодишниот концерт на Камерен Оркестар на Битола ја пренесе магијата и елеганцијата на виенската класика директно до својата публика, преобразувајќи ги срцата и душите на сите присутни. Публиката беше воодушевена и целосно предадена на маестралната изведба која ја приредија Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect, заедно со гости од Австрија: Димфна Мејтс и Ирена Крстеска, како и хорот ...
Мајките честопати имаат сомнежи дека татковците можат добро да ги чуваат децата кога ќе ги остават со нив дома. Тие постојано се јавуваат, пишуваат пораки или бараат фотографии како доказ дека нивните малечки се ОК. Кени Доус од Белгија пронајде начин како да се шегува со саканата секојпат кога таа ќе го праша дали децата се добро кога се со него. Со помош на Фотошоп, креативниот татко создава фотографии на кои нивните ќеркички се во опасни ...
Ким Кардашијан сподели божиќни фотографии направени во нејзиниот дом во Калифорнија. Пред празничната забава организирана од нејзиното семејство, 43-годишната ријалити ѕвезда позираше со своите четири деца кои ги има со поранешниот сопруг Кание Вест. Таа беше облечена во син фустан со крзно. Нејзините ќерки Норт и Чикаго исто така носеа светли комбинации додека синовите Сент и Псалм имаа црни стајлинзи. Ким позираше и со сестра си Клои и ...
Нина Бадриќ во одлично расположение го помина Божиќ. 51-годишната пејачка објави фотографии на кои зрачи со позитивна енергија, облечена во кратко жолто фустанче и бели чорапи од Гучи. Хрватската ѕвезда позираше покрај елката во својот дом и изгледаше фантастично. „Среќа, радост, снага, заедништво, спокој, мир, веселби, љубов.... Среќен Божиќ“ – напиша Бадриќ во описот на фотографиите. Бадриќ пред неколку дена сподели фотографии на кои блеска ...
Кога ќе седнат на маса неколку различни луѓе, максимумот кој може да се случи е истите меѓусебно да споделат различни видувања и идеи и разговорот би завршил за кратко. Но, кога на иста маса ќе седнат неколкумина со силна пасија кон различни работи тогаш разговорот не само што нема да заврши за кратко, туку ќе вроди со силна желба да го спои неспоивото и навидум обичниот разговор ќе го материјалира во дело кое ќе остане да инспирира генерации и ...
Непосредно пред Божиќ, Македонка која живее и работи во САД доби прекрасно празнично изненадување. Спасија Мушевска, која потекнува од Ниже Поле, Битола, не можеше да си ја сокрие возбудата која нејзини муштерии ѝ дадоа 2.200 долари како бакшиш. „Рацете ми се тресеа, за малку ќе го истурев кафето“ – рече таа за Femina.mk. Убавиот гест е дело на Филип Пизингрили, кој успеал да ги собере парите за да израдува една личност пред Божиќ. „Денес беше ...
Гоца Тржан отсекогаш отворено зборувала за големата желба да добие дете со сопругот Раша Новаковиќ. 49-годишната пејачка не ја крие својата борба со неплодноста и без задршки зборува за неуспешните постапки за вонтелесно оплодување. Гоца, која од 2015 година е во брак со 14 години помладиот Раша, тврди дека се во среќен брак и дека тој е нејзината вистинска љубов. Иако има една ќерка од претходниот брак, Тржан е категорична дека со Раша ...
Настасја Недимовиќ нè потсетува да се фокусираме на убавите нешта во животот и да го цениме тоа што нашите сакани се сè уште покрај нас. Инспиративната мајка од Србија, која се бореше со рак во бременоста, сега испрати моќна порака која треба да ја слушнат што повеќе луѓе. Знаете она кога ќе му се налутите на вашиот маж што не ги соблече чорапите од себе. Епа на некого тој маж му недостига. Знаете она кога ќе полудите што вашата жена нарачала ...
Самка Чериќ и Хатиџа Чолаковиќ се вистински модни икони кои инспирираат со стилот и желбата за дотерување. Невозможно е да не ги забележите дамите од Сараево. Иако едната има 81, а другата 70 години, тие се истакнуваат од толпата со нивните ведри и одлично смислени модни комбинации каде и да се појават. Модерното дуо вели дека сака да ги инспирира жените од Босна и Херџеговина да се грижат за нивниот изглед без разлика на возраста. За босански ...
Северина ги минува празниците во најубавото друштво. Денес, токму на Божиќ, хрватската пејачка објави фотографии на кои позира заедно со синот Александар, мајка си Ана и уште неколку роднини и пријателки. 51-годишната балканска музичка ѕвезда изгледаше елегантно во светол фустан, а нејзиниот 11-годишен син носеше празничен џемпер. Заедно со фотографиите, Северина објави и порака за да им го честита Божиќ на своите обожаватели: „Среќен Божиќ на ...
Дали го знаете тоа чувство кога не можете да најдете ниту еден единствен збор со кој ќе објасните што ви лежи на душата? Миговите кога имате бура од емоции, а сте неми? Можете ли само да замислите што чувствува едно дете кое одеднаш останало само? Раде имаше само 8 години кога дојде во СОС Детско село. Останал сам. Судбината си поиграла со него. Немо гледаше и молчеше. Во тие сини очиња во исто време се препознаваа страв, тага, бес, лутина… но и ...
Јелена Томашевиќ блесна во бело на концертот во Белград. 40-годишната српска пејачка настапи во рамките на фестивалот „Зимска бајка“, кој предновогодишно се одржува во Савски парк. Убавата сопруга на Иван Босиљчиќ изгледаше како снежна кралица облечена во бело палто со крзно и сребрени чизми. „Ви благодарам за незаборавната вечер и за љубовта што ми ја пружите“ – напиша Јелена. View this post on Instagram A post shared by ZIMSKA BAJKA ...
Келси Хачер ги донесе на свет своите две мали чуда. Мајката од Алабама, која е родена со две матки и забремени истовремено во двете, се породи и роди здрави бебенца. 32-годишната Американка и нејзиниот сопруг добија две ќеркички, кои се родија во различни денови. Малата Рокси Лејла се родила на 19 декември по природен пат, а нејзината сестричка Ребел Лејкен се родила на 20 декември со царски рез. „Тие одлучија дека не е доволно што статистички ...
Барбара Поповиќ со енергичен настап ја разгори сцената на српското шоу IDJ Show и заврши на второто место. Во финалето на регионалниот музички натпревар, 23-годишната пејачка носеше црно светкаво боди додека на сцената ја пееше песната „Vatrena“, напишана од Дарко Димитров. За настапот, таа доби бројни комплименти, но не успеа да се искачи на челната позиција. Првото место ѝ припадна на Џана Смајо, додека Тома Миловановиќ заврши како ...
Непосредно пред божиќните празници, Хајди Клум и Том Каулиц отпатуваа на островот Свети Вартоломеј. 50-годишниот супермодел во црни бикини се забавуваше и си разменуваше нежности со сопругот, кој е помлад 16 години. Иако чекори во шестата деценија од животот, Хајди изгледа неверојатно, па јасно е зошто со години беше меѓу најплатените модели на светот. Клум е мајка на четири деца – ќерката Лени ја има од врската со Флавио Бријаторе, а ...
Бурак Озчивит е среќен што најубавите моменти може да ги прославува со најблиските. Турскиот шармер, познат по повеќе улоги во турските серии, на вечера со сопругата Фахрие и двете синчиња го одбележа својот 39-ти роденден. Фахрие, која сигурно ја паметите од серијата „Кога лисјата паѓаат“, сподели фотографии од малата прослава. „Среќен роденден љубов моја“ – напиша турската актерка во описот на фотографија со саканиот. Фахрие и Бурак стапија ...
Страницата „TasteAtlas“, која е водич за традиционални храни во различни земји, го прогласи македонскиот ајвар за најдобар во светот. На првото место на листата за најдобри мезиња застана нашиот ајвар, додека македонскиот пинџур го зазеде четвртото место во истата категорија. На листата се најдоа и „Pikliz“ од Хаити, „Lyutenitsa“ од Бугарија и „Zacuscă“ од Романија. „Македонскиот ајвар е најдоброто задоволство во светот за 2023 година. Овој ...
Константното надградување на знаењата и вештините е круцијално за постигнувањето на медицински успеси, а д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски се доказ за тоа. Македонските гинеколози непрекинато се едуцираат кај најистакнатите специјалисти во светот и ги пренесуваат најдобрите практики во болницата „Плодност“ во Битола. Нивната најнова обука беше во Франција во реномираната клиника „Клермон Феран“ (Clermont Ferrand). Станува збор за ...
Ријана ужива во животот како мајка на две момчиња и вели дека Ејсап Роки е одличен татко. Додека ја промовираше нејзината нова соработка на Fenty со Puma, 35-годишната пејачка и дизајнерка зборуваше за мајчинството, за двете деца и за партнерот. „Имам куќа полна со момчиња. Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња, но сум на момчиња. Го обожавам ова. Го обожавам“ – рече таа за ET, но додаде дека се надева дека следниот пат ќе имаат девојче. Кога ...
Над 100 бесплатни обуки „Вештини за успех“ се реализирани во рамки на дигиталната платформа Youth Empowered на Пивара Скопје. Скоро 8.000 млади и лица од ранливи категории ја имаат поминато обуката во просториите на Едукативниот центар на компанијата или по електронски пат, каде што имаа можност да ги усовршат своите комуникациски вештини, да стекнат знаења од областа на финансиите и деловното работење, да ги унапредат своите вештини за креирање ...
Зодијакот вистински ја инспирира Сетерех Хосеини. Талентираната мејкап артистка од Канада повторно ги оживеа хороскопските знаци со помош на шминка и ги одушеви своите следбеници. Главните карактеристики на секој знак се умешно доловени од четката на девојката со вешти раце, а резултатот е за восхит. Сите знаци се придружени со по една поема карактеристична за нив. Овен Обвиена со совршенство кое не можете да го скршите, ќе знаете дека таа е ...
Во пет општини со околу 40 основни училишта неколку илјади ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и за родителите. За секоја од овие образовни установи „Макпетрол“ обезбеди и ...