Блу Ајви прерасна во прекрасна млада дама. 12-годишната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи присуствуваше на доделувањето на Греми наградите заедно со своите родители.
На сцената, Блу Ајви му ја даде својата поддршка на татко си Џеј Зи, кој ја доби наградата Dr. Dre Global Impact.
Шармантната девојка носеше елегантна креација од Вивиен Вествуд, која ја искомбинира со мала чантичка и високи чизми.




Бијонсе од публиката гордо го следеше овој момент. Музичката дива беше облечена во модна комбинација од Луј Витон.
















