Време е за возбуда, еуфорија и позитивни промени. Во декември две планети ќе го прекинат ретроградното движење, а поставеноста на небесните тела ни гарантира посакувани животни трансформации, па задоволни ќе влеземе во 2024 година. Нептун, планетата на скриените намери, ќе го прекине ретроградното движење на 6 декември, ослободувајќи нé од непотребни и неосновани сомнежи. Конечно ќе си ја вратиме довербата во врските кои ни значат. Романтичната ...

Мерјем Узерли беше меѓу бројните филмски ѕвезди кои присуствуваа на отворањето на Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“. На манифестацијата во Џеда, Саудиска Арабија, турската актерка привлекуваше погледи во црвена креација од брендот Nour Fathallah. 40-годишната глумица кај нас е најпозната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“. На отворањето беше прикажан саудискиот романтичен филм „HWJN“, а Мерјем седеше покрај својот ...

Принцезата Кетрин изгледаше прекрасно на синоќешниот забавен настан Royal Variety Performance во Лондон. На настанот, кој обединува музика, танц, комедија и магија, 41-годишната припадничка на британското кралско семејство мамеше погледи во елегантна креација од брендот Safiyaa, која чини 1.600 долари. Кетрин и принцот Вилијам имаа сладок момент пред влезот на концертната сала „Ројал Алберт Хол“. Пред да зачекори на црвениот тепих, Вилијам ѝ ...

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Под слоганот Winter Wonders, вашиот креативен мол, Ви подготви програма која е чудесна за сите генерации. Овој петок во 18:30 часот единствена и уникатна можност ќе имаат посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледа осветлување на светилките од џиновската Новогодишната елка на омилениот трговски центар. Шоуто ќе започне со мјузикл изведен од групата Триангл, а посетителите ќе ...

Тамара Грујеска никогаш нема да го заборави начинот на кој беше дочекана од своите соученици по настапот на детската Евровизија. Кога македонската претставничка пристигна во своето училиште во Гостивар, доби аплауз и прегратки, а многу дечиња го извикуваа нејзиното име. „Ви благодарам од срце за прекрасниот и незаборавен дочек омилени мои соученици!“ „Благодарност до ООУ „Гоце Делчев” - Гостивар, директорката Гордана Мојсовска и омилените ...

Димитар Атанасовски со семејството присуствуваше на првиот роденден и крштевката на внукот Јаков. Неговата сестра Марија Атанасовска, која е мајка на слаткото момче, сподели фотографии од семејната прослава инспирирана од „Дарко Биберко“. На една од фотографиите, Марија со сопругот Алек и синчето Јаков позираат со Димитар, Сара Мејс и нивните деца Илина и Кирил. Марија и Алек споделија и фотографии од крштевањето на синчето во црква. Фотографии: ...

Јана и Никола Серафимови уживаа во заедничка дружба во Будимпешта. Македонската водителка и нејзиниот брат, кој е успешен фудбалер и дел од македонската репрезентација, се насладуваа на празничната атмосфера која преовладува во унгарскиот главен град и споделија фотографии на Instagram. Јана и Никола ја гледаа и балетската претстава „Оревокршачот“. View this post on Instagram A post shared by Jana Serafimova Petrovska (@janaserafimova) Види ...

Џенифер Лопез и Бен Афлек се позаљубени отсекогаш. Парот, кој во април 2021 година ја обнови романсата од пред 20 години, беше фотографиран додека си разменуваше нежности на прошетка во Лос Анџелес. Брачните партнери се бакнуваа додека прегрнати шетаа низ градот. 54-годишната актерка и 51-годишниот актер беа верени од 2002 до 2004 година, кога раскинаа. 20 години подоцна, тие повторно започнаа да се состануваат и стапија во брак во јули 2022 ...

Шенон Доерти со сите сили се бори за својот живот. Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс 90210“ отворено зборуваше за ужасните моменти низ кои поминува додека води тешка битка со ракот. За списанието People, славната актерка сними фотосесија и видео интервју во кое откри дека ракот ѝ се проширил на коските. Нејзината борба започна во 2015 година, кога ѝ бил дијагностициран инвазивен рак на дојка кој метастазирал барем на една лимфна жлезда. По ...

Џулија Робертс со широка насмевка пленеше на премиерата на нејзиниот најнов филм во Лондон. На проекцијата на „Leave The World Behind“, 56-годишната актерка привлекуваше погледи во модна комбинација од пролетната колекција на Гучи за 2024 година и невообичаени сребрени обувки. Робертс позираше со колешката од филмот Михала Херолд и режисерот Сем Есмаил. „Leave The World Behind“ веќе се прикажува во одредени киносали, а на Netflix ќе биде ...

Србинка не можеше да си ги задржи солзите кога доби слатко изненадување од колегите за заминувањето во пензија. Анѓа Марјановиќ од Ужице доби испраќање какво што заслужи низ 40-те години работен стаж. Таа беше испратена со букет цвеќе и музика, па не остана рамнодушна на сето тоа. Нејзината реакција беше снимена во видео кое стана хит. „Убаво е да се дочека пензија, а уште поубаво е да се заслужи вакво испраќање и да се има ваков колектив. ...

Садек Маџед откри на што работеше изминатиот период. Либанскиот дизајнер со фотосесија ја презентираше новата колекција висока мода за сезоната есен/зима 2024 година. Свечените фустани од колекцијата насловена „Anemoia“ ќе ги примамат сите гламурозни дами кои секогаш сакаат да се истакнуваат од толпата. „‘Anemoia’ шепоти низ вековите, потсетувајќи нè на безвременската привлечност на винтиџ естетиката и трајната сила на женственоста“ – пишува ...

Кијара Ферањи и Федез го збогатија своето портфолио со недвижности. Славниот италијански пар си купи нова вила на Езерото Комо со прекрасен поглед кој смирува и одушевува. 36-годишната модна блогерка и 34-годишниот пејач со двете деца ќе уживаат во вилата Матилда, која се протега на 470m2 и е поделена на 15 соби. „Сакавме да создадеме топол дом совршен за големо семејство, наменет за одмор и релаксација“ – велат Кијара и Федез. Неодамна, Ферањи ...

Моника Белучи не се откажува од црните модни комбинации. За најновото гостување во емисија, 59-годишната актерка изгледаше одлично во омилената стилска формула. Во шоуто „Che Tempo Che Fa“, италијанската убавица пристигна во црн припиен фустан, кој го надополни со црни чизми со црвен ѓон од Кристијан Лобутин. Белучи го промовираше својот најнов филмски проект „Diabolik Chi Sei?“. Убавата холивудска ѕвезда старее грациозно и не крие дека не се ...

Дамијано Давид има нова љубов. Фронтменот на групата Måneskin, која победи на Евровизија во 2021 година, беше „уловен“ од папараците додека се бакнуваше со ѕвездата на Дизни, Дав Камерон. 24-годишниот пејач и 27-годишната актерка и пејачка си разменуваа нежности на плажа во Сиднеј, Австралија, потврдувајќи дека се во врска. Фотографиите прво беа споделени од италијанското списание Chi, кое подоцна објави и видео. View this post on Instagram A ...

Денеска навистина не ти е денот. Интернетот дома е исклучен и сите се бесни поради тоа. На бирото на работа ти останаа сметките за комуналии затоа што не стигна да тркнеш до банка за да ги платиш. И ти фалеше уште новата лична карта, која ја земаш наредната недела и повторно мора да одиш во банка за да ја пријавиш како нов личен податок. Дали навистина мора? Денот секако може да биде многу повесел и побезгрижен и ти го заслужуваш тоа. А, ...

Минатата вечер, присутните во Национална Опера и Балет доживеаа вистински спектакл кој траеше речиси два часа. MTV 80s & 90s: The Greatest Hits не беше само концерт, туку времеплов кој присутните во НОБ ги одведе назад во времето и ги оживеа златните моменти на 80-тите и 90-тите години. Овој настан, оваа година ќе остане запаметен како настан кој се распродаде за само 3 часа и во Битола и Скопје, и каде Камерниот Оркестар на Битола ...

Џенифер Лоренс во изминатите месеци честопати беше мета на коментари поради нејзиниот изглед. Многумина тврдеа дека си има направено пластична операција на лицето, бидејќи изгледала сосема поразлично отколку во минатото. 33-годишната актерка не остана имуна на тие коментари и им возврати на сите оние кои тврдат дека легнала под нож за убавина. Во интервју со Кајли Џенер, таа рече: „Неверојатно е што сè може да направи шминката. Мојот шминкер го ...

Во семејството на Серхио Рамос имаше голема прослава. Неговата мајка Паки го прослави 67-миот роденден и на забавaта се собраа најблиските членови од фамилијата. Шпанскиот фудбалер заедно со неговиот татко ја опсипаа Паки со бакнежи, а потоа позираа за фамилијарен портрет. На фотографиите се и сестрата и братот на Серхио – Миријан и Рене. По објавувањето на фотографиите, многу коментари посочија дека сопругата на Серхио, Пилар Рубио, и нивните ...

Роберт Билбилов присуствуваше на детската Евровизија во Ница. Македонскиот продуцент и композитор, кој беше дел од креаторите на песната на нашата претставничка Тамара Грујеска, сподели фотографии и видеа од подготовките за настапот и неговите прошетки низ францускиот град. Во Ница, Роберт беше придружуван од девојката Лејла Рамковска. View this post on Instagram A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska) View this post on Instagram A ...

Марго Роби пресоздаде уште еден Барби изглед. На доделувањето на „Gotham Awards“, 33-годишната актерка се појави во црн стајлинг инспириран од „Black Magic Barbie“ од 1964 година. Холивудската убавица, која ја има главната улога во новиот филм „Barbie“, носеше фустан од Прада и обувки од Маноло Бланик. Во својот изглед таа додаде наметка од тул, елегантна чантичка, ракавици и бисерни обетки. Марго беше придружувана од сопругот Том Акерли, со ...

По бројните натпревари, Новак Ѓоковиќ отпатува на заслужен одмор за да помине време со семејството. 36-годишниот српски тенисер беше фотографиран со Јелена и двете деца на плажа во Марбеља. На фотографиите, славниот спортист се бакнува со саканата сопруга и се забавува со синот Стефан, додека ќерката Тара си игра во песокот. @DjokerNole with his family in Marbell#vacation@DjokerNole @jelenadjokovic @NDjokofan #Marbella #NoleFam ...

Зафатеноста често ги спречуваат мажите да живеат поздрав живот, односно да обрнат внимание на своето здравје. Но, тоа не мора да биде така. Затоа подготвивме неколку основни совети. Следењето на овие едноставни совети, ќе ви помогнат да се чувствувате посреќни, поздрави и подобро подготвени за максимално да уживате во вашиот живот. Консумирајте здрава храна Погрижете се вашата исхрана да се состои претежно од зеленчук, протеини, овошје, јаткасти ...

Реклама за осамен дедо стана вирален хит пред празниците, потсетувајќи нè колку е важно да бидеме љубезни со секого. Празничното видео на „Charlie's Bar“ од Енискилен разбуди силни емоции кај голем број интернет корисници кои не пропуштија да го споделат. Во него е прикажан осамен старец кој на почетокот посетува гробишта, а потоа лута низ улиците, сè додека не влезе во барот и не запознае љубезен пар кој ќе му се придружи на масата. „Тука нема ...

Еден, по еден, Џурни Кастиљо на само 3-годишна возраст ги посети сите 63 национални паркови во САД. Со тоа, малото девојче од Сан Антонио, Тексас, стана најмладата личност која ги има посетено сите национални паркови во САД. Родителите Валери и Ерик ја одвеле Џурни во Големиот Кањон кога имала само две недели и оттогаш започна нејзиното авантуристичко патување. Тогаш, брачниот пар си поставил цел да се погрижи бебенцето да има посетено 21 ...

Мараја Кери настапи со ќеркичката Монро на сцената во Лос Анџелес и им го разбуди празничниот дух на присутните. 54-годишната пејачка, која честопати е нарекувана „Кралица на Божиќ“, ја покани 12-годишната ќерка на сцената за време на нејзиниот концерт. Дотераните мајка и ќерка заедно ја изведоа песната „Jesus Born on This Day“, која во 1994 година се најде на нејзиниот божиќен албум „Merry Christmas“. Монро засвири и гитара покрај својата ...

Бијонсе организираше голем настан за премиерата на филмот за нејзината турнеја „Renaissance“, со која исполни многу сали и стадиони. 42-годишната музичка дива изгледаше привлечно во сребрена креација која ги истакна нејзините препознатливи облини. Фустанот, кој доаѓа од ателјето на Версаче, славната пејачка го надополни со сребрени ракавици. На настанот присуствуваа членките на поранешната група на Бијонсе, Destiny’s Child. Кели Роланд носеше ...

Сулејка Ривера наскоро ќе заплови во брачните води. Убавицата од спотот за „Despacito“ кажа „Да“ на предлогот за брак од DJ Luian. Основачот на Hear This Music минатиот месец ја запроси атрактивната Порториканка, а сега направија забава на која прославија со најблиските. Сулејка, која ја има титулата Мис Универзум 2006 година, зрачеше со сексапил во разголена креација од Јанина Азар. Таа е мајка на 11-годишен син од претходна врска. Види ...

Мартин Филиповски и Андреа Белеска уживаат на предновогодишно патување во романтичната Италија. 37-годишниот музичар од Next Time и 29-годишната ракометарка моментално престојуваат во Рим од каде споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Колосеумот и Фонтана ди Треви беа само дел од местата кои Мартин и Андреа ги посетија. Македонскиот пар стапи во брак во јуни оваа година. Фотографии: Мартин Филиповски и Андреа Белеска / Instagram Види ...

Како да ја префрлиме дискусијата од работи за кои не зборуваме кон работи за кои задолжително треба да зборуваме беше во фокусот на денешниот настан во Скопје за покренување на заедничката кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и семејството на Обединетите нации уште еднаш ги здружија силите за да ја подигнат свеста за долгорочното нарушување на ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
29%
1009
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
29%
1005
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
73%
1006
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
40%
1010
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.87
21%
1008
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
88%
1006
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
46%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
17%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
29%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1010
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
67%
1007
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
47%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641