
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Лепа Брена одржа спектакуларен концерт во Бања Лука на првиот ден од новата година. 63-годишната музичка дива изгледаше како снежна кралица облечена во бела модна комбинација. Гламурозниот комбинезон таа го искомбинира со долга бунда и сребрени обувки, а како заштита од студеното време, додаде и топла зимска шапка. Настанот се одржа на платото пред спортската арена кај паркот „Младен Стојановиќ“. Фотографии: Facebook на Лепа Брена и општина Бања ...
Музичкото дуо Дупер има нов музички проект. Борис Какуринов и Илчо Нечовски ја објавија песната „Кажи ми во лице“, заедно со видеозаписот. Преку најновата песна, тие успеаја со поинаков пристап да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, а за аранжманот се погрижи Борис Какуринов. Спотот е снимен во ...
Калвин Харис и Вик Хоуп ги поминаа првите денови од 2024 година во Тулум, Мексико. Среќните младенци, кои стапија во брак во септември минатата година, беа фотографирани во костими за капење на плажа. 39-годишниот диџеј и 34-годишната презентерка на BBC се забавуваа, пливаа и разговараа во сините морски води. Калвин и Вик започнаа да се состануваат во јануари 2022 година, а на 9 септември 2023 година стапија во брак. Парот сè уште нема објавено ...
Понекогаш добиваме прекрасни можности да ги израдуваме оние кои нè пораснале. Чед Купер доби токму таква можност и ја изненади баба си Барбара Риеко. Тој тајно ја издаде книгата која таа ја напишала пред повеќе од 50 години, а потоа ја изненади подарувајќи ѝ копија од истата. Нејзината реакција е снимена, а видеото стопли многу срца. „Ова веројатно е најубавото нешто што некој го има направено некогаш за мене во целиот мој живот“ – вели таа. ...
Марго Роби ја започна оваа година со уште еден стајлинг инспириран од Барби. 33-годишната актерка, која ја има главната улога во мега-популарниот филм „Barbie“, пристигна на Филмскиот фестивал во Палм Спрингс облечена во кратко розово фустанче со црни точки. Креацијата е дел од колекцијата пролет/лето 2024 на Balmain, а Марго ја надополни со складни обувки. На црвениот тепих, убавата филмска ѕвезда беше придружувана од сопругот Том Акерли. ...
Памела Андерсон неодамна одлучи да ја фрли скапата декоративна козметика и да се посвети на негување на природниот изглед. 56-годишниот модел сними модна кампања за брендот Proenza Schouler, а на рекламната фотосесија се појави без грам шминка. Поранешната секс бомба самоуверено позираше во неколку креации од њујоршката модна куќа. Неодамна, Памела изјави дека не сака да ја брка младоста, бидејќи наскоро ќе наполни 60 години и го прифаќа својот ...
Двегодишно девојче родено без раце се сретна со омилената балерина, која е иста како него. Малата Сара од Бразил постојано паѓала додека проодувала и се фрустрирала кога не можела самостојно да направи нешто. За да ѝ ја зголеми самодовербата и да ѝ покаже дека ништо не е невозможно, нејзиното семејство ја запознало со балерината Виторија Буено. Виторија е инспиративна девојка која руши бариери и покажува дека со многу труд и посветеност, сè е ...
„Злобница“ беше една од најгледаните мексикански теленовели кај нас пред повеќе од две децении, а најверојатно сè уште ќе ги паметите главните ѕвезди. Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга се обединија повторно 25 години по емитувањето на телевизиската серија, а фотографија од нивната средба стана хит. 50-годишната актерка имаше двојна улога и во серијата се појави како Паола и Паулина, близначки кои беа разделени по раѓањето и во одреден период си ...
Селена Гомез и Бени Бланко го проследија натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит во Лос Анџелес. Новиот славен пар седеше во првиот ред и постојано беше во фокусот на објективите на фоторепортерите. 31-годишната пејачка носеше црно-бел кожен мантил, црни панталони и сребрени чизмички. 35-годишниот продуцент ѝ ја бакнуваше раката на саканата додека разговараа и се смешкаа заедно. Се претпоставува дека Селена и Бени започнаа да се ...
Видео од дочекот на новата 2024 година во Париз стана вирален хит, затоа што ја покажува реалноста во којашто живееме. Во него се прикажани последните секунди од старата и почетокот на новата година. Сите присутни ги држат телефоните со цел да го снимат огнометот кај „Триумфалната порта“, а никој не ужива во него. I normally don’t think much of these pictures showing people on smartphones but this video from last night in Paris is pretty wild. ...
Што се невродегенеративни болести? Невродегенеративните болести опфаќаат низа тегоби и нарушувања кои главно го зафаќаат нервниот систем и предизвикуваат когнитивни нарушувања. Во оваа статија ќе објасниме кои се најчестите невродегенеративни болести, нивните карактеристики и важноста на улогата на негувателот кој се грижи за нив на дневна основа. Постојат повеќе од 100 невродегенеративни болести. Тие опфаќаат разновидна група на патологии кои ...
Понекогаш децата знаат да ги приредат најубавите изненадувања. Грижливо момче ја трогна до солзи мајка си подарувајќи ѝ ја омилената кукла од нејзиното детство. Во видеото објавено на TikTok, Рут Хагман е исполнета со емоции кога нејзиниот 8-годишен син ќе ѝ ја подари куклата „Моли“, која ѝ била омилена додека била мала, но ја изгубила при преселба во нов дом. „Ја носев секаде со мене. Бев опседната со неа. Сè правев со неа“ – рекла Рут. Таа ја ...
Блогерка која чекори во петтата деценија од животот ги пресоздава популарните стајлинзи од Pinterest. Кристин Брајант се инспирира од модните комбинации на блогерките кои имаа најмногу прегледи и допаѓања на популарната социјална мрежа. Потоа ги копира истите споделувајќи совети и насоки за купување. На сите оние кои допрва планираат да зачекорат во светот на блогерството, креативната Канаѓанка им советува: „Направете го тоа! Сега е многу ...
Не е лесно да се чека совршениот момент за да се запроси саканата личност. Јаков од Србија не можел да го дочека планираниот момент да ја побара за жена саканата Мина во Париз, па го направил тоа на летот дотаму. Со помош на капетанот, екипажот и патниците, вљубениот дечко ја изненади својата избраничка. Се разбира, таа рече „Да“, а видеото од моментот стана хит на профилот на Air Serbia. „Љубовта е во воздухот. Ова е најубавата новогодишна ...
Помалиот син на Бритни Спирс се заљуби. 17-годишниот Џејден беше фотографиран на плажа на Хаваи со својата девојка. Младиот пар уживаше под топлите сончеви зраци и се разладуваше во бистрите води. Тие беа во друштво на неговиот татко Кевин Федерлајн и неговата сопруга Викторија. Бритни и Кевин се верија во јули 2004 година по три месеци врска, а стапија во брак во септември истата година. Поголемиот син Шон се роди во септември 2005 година, а ...
Кристина Агилера ја покажа својата витка фигура на новогодишниот концерт во Лас Вегас. 43-годишната пејачка доби многу комплименти за изгледот откако долги години се бореше со вишокот килограми. На најновото шоу, музичката ѕвезда промени неколку атрактивни костими додека ја забавуваше публиката. Агилера ја зголеми својата телесна тежина по двете бремености, како и по тешките моменти по разводот од Џордан Братман во 2010 година. Второто дете ...
Постојат различни теории за влијанието на Месечината врз човекот. Неретко се прават истражувања кои потврдуваат дека Месечината влијае на нашето однесување или на ритамот на спиење. Но, постои и теорија дека положбата на Месечината може да влијае и на телесната тежина. Месечевата диета се состои од 24-часовно постење, т.е. консумирање само на течности во периодот кога Месечината навлегува во нова фаза. Што претставува месечевата диета? ...
Семејството Бекам во интимна атмосфера се веселеше за дочекот на новата година. Викторија и Дејвид во елегантни стајлинзи славеа заедно со ќерката Харпер и синовите Ромео и Круз, а заедно со нив беше и девојката на Ромео, Миа Реган. Славната дизајнерка носеше зелена долга креација од своето ателје, додека Дејвид зрачеше со шарм и харизма во темносин косум. Претходно, Викторија и Дејвид беа на вечера со нејзините родители, Тони и Џеки Адамс. ...
Во новата година, со нова промотивна понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка ги фиксираше каматните стапки за станбен и потрошувачки кредит на пониско ниво, обезбедувајќи ја финансиската сигурност на клиентите. Во рамките на новата промотивна понуда, Шпаркасе Банка ја намали и фиксира каматната стапка за Станбен кредит од 3,8% на 3,69% за првите десет години,со можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до ...
Близначиња дојдоа на овој свет во различни денови, па дури и години. Малиот Севен Морис се роди една минута пред полноќ на 31 декември 2023 година, додека неговата сестричка Сули се роди три минути подоцна во 00:02 часот на 1 јануари 2024 година. Двете бебенца биле тешки речиси три килограми. Лево: Сули Морис, десно: Севен Морис Мајката Алаја се породи во болница во Њу Хејвен, Конектикат. Од болницата изјавиле дека „семејството е супер и дека го ...
Марија Шерифовиќ со најубавиот подарок ја заврши 2023 година и со срце полно љубов влезе во новата година. Српската пејачка сподели слатка фотографија и призна дека е благодарна за своето синче, кое го доби со помош на сурогат-мајка. На фотографијата се гледа рачето на бебенцето Марио кое е облечено во новогодишна облека. Не знам како и од каде да почнам... Како да напишам рекапитулација на ваква година... Концерти, албум, спотови, патувања во ...
Со спектакуларни огномети во поголемите градови во светот беше одбележан почетокот на новата 2024 година. Дубаи приреди фантастично шоу на највисоката зграда на светот Бурџ Халифа, во Белград имаше вистински спектакл, Лондон го осветли „Милениумското тркало“, а Париз како дел од шоуто кај „Триумфалната порта“ најави дека оваа година ќе биде домаќин на Олимписките игри. Белград Дубаи Лондон Париз Сиднеј Рио де Жанеиро Хонгконг Тајпеј Види ...
Емра Куртишова наполни 38 години на чекор до новата година. Актерката, која во „Преспав“ ја има улогата на Исаура, сподели фотографија на која позира покрај сопругот Петар Стојанов и роденденската торта. Во рацете ја држи ќеркичката Лена која ја доби два месеци пред нејзиниот роденден. „Хепи брдеј ту ми, хепи Њу јир ту ол оф ју! Виш ју ол д бест“ – напиша таа во описот на албумот. На останатите фотографии, малата Лена позира со Дедо Мраз и со ...
Даниел Кајмакоски им даде можност на фановите да „ѕирнат“ во празничната атмосфера во неговиот дом. 40-годишниот пејач сподели фотографии на кои позира во пижами со исти новогодишни капи со сопругата Марина и синот Стефан. „Се надевам дека во целост уживавте во последните неколку денови од оваа година. Нека оваа година замолкне со силен тресок и сите ваши проблеми нека исчезнат во воздухот, за новата година да ве дочека полни со љубов и ...
Антониа Гиговска ги забавуваше гостите во хотел во Куманово за новогодишната вечер. 22-годишната пејачка настапи во разголен фустан кој ѝ го истакна телото само шест месеци по породувањето. Антониа објави фотографии на Instagram заедно со порака за она што ѝ ја одбележало изминатата 2023 година. „2023, можам да бидам само благодарна и на сè она добро, и на сè она (не толку добро) што ми се случи. Се изградив како личност, карактер, научив да ...
Јануари ни гарантира позитивен старт на 2024 година. До крајот на месецот сите планети ќе завршат со ретроградните движење, па ќе можеме да јуриме низ животот со полна пареа. Убавите вести почнуваат со Меркур, кој ќе го прекине ретроградното движење на 2 јануари. Очекувајте да исчезнат проблеми кои сте ги имале поради недоразбирања и изгубени документи. Младата месечина на 11 јануари ќе ни ја зголеми амбициозноста до максимум. Ќе се вратиме на ...
Благица и Александар Зикови од Штип снимија преслатка новогодишна фотосесија со четирите бебенца, кои се родија во октомври. Преслатките Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина позираа со родителите и со Дедо Мраз, а фотографиите топат срца. Парот доби четворка по 4-годишна борба со неплодноста, а сега ужива со своите чеда во празничната атмосфера. За Femina.mk новите родители споделија дека иако по доаѓањето дома од болница биле малку уплашени, брзо ...
Студените и снежни денови се вистински кошмар за бездомните животни кои низ улиците очајно трагаат по храна и засолниште. Скопски активисти поставија 10 слатки куќички низ скопските населби за да им пружат барем малку топлина на кучињата кои немаат каде да спијат. „Среќна нова скопски стритери. 10 куќички за вдомување на кучињата кои живеат по скопските маала. Куќичките се новогодишен подарок за кучињата и за Скопје од група урбани ...
Калиопи имаше возбудлив роденден. Нашата музичка дива, која вчера наполни 57 години, на Instagram раскажа дека денот го започнала со ларингитис, не очекувајќи дека неколку часа подоцна, ќе добие изненадување на концертот на Жељко Самарџиќ во Белград. View this post on Instagram A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official) What a day! What a birthday! Ова беше од оние најнеобични денови! Започна со акутен ларингит, болница, инфузии и еден топол ...
Драган Спасов-Дац ужива во улогата на дедо. 60-годишниот пејач и актер во топла прегратка ја држеше внуката Гаиа и објави фотографии на социјалните мрежи. Гаиа, која е ќерка на неговиот син Јаков, се роди во март оваа година. „Погледнете како дедо Дац се ‘топи’ кога е со својата внука Гаиа“– стои во описот на фотографијата објавена на официјалниот Instagram профил на Дац и Александар. View this post on Instagram A post shared by Dragan Spasov ...