Избалансираната исхрана е доста битна за растот и развојот на децата, а протеините се една од есенцијалните компоненти на таквата исхрана. Протеините се макронутриент што е витален за растот и развојот на детето. Сепак, истражувањата покажуваат дека секое седмо дете во училишна возраст не ги достигнува дневните потреби за протеини. Протеините играат есенцијална улога во повеќе телесни функции, меѓу кои и за обновување на ткивата во мускулите, ...

Ирина Шајк го покажа својот сексапил во нова фотосесија за списанието „Elle“, а во интервјуто се отвори за приватниот живот. 37-годишната манекенка зборуваше за ко-родителството со Бредли Купер и за извршувањето на работните обврски додека истовремено се грижи за ќеркичката Леа. Шајк сподели дека одлично се сложуваат со Бредли околу грижата за Леа и покрај тоа што ја прекинаа нивната врска во 2019 година. „Тој е најдобриот татко за којшто ...

Филип и Ена Талески организираа заеднички роденден за двете ќеркички. Македонскиот ракометар и неговата сакана сопруга славеа што нивната ќеркичка Марија наполни една година, а Софиа во јануари ќе наполни пет години. Малата Марија беше облечена во бело фустанче, додека Софиа изгледаше преслатко во фустан како принцеза. „Среќен роденден на нашите девојчиња. Им благодариме на сите наши пријатели што ги направија специјални нивните родендени“ – ...

Божиќните реклами на „John Lewis“ секоја година се очекуваат со нетрпение. Празничката кампања на британската компанија конечно пристигна, но наместо да ви ги насолзи очите, оваа година ќе ве разведри со интересна приказна. Видеозаписот следи момче кое ќе посади семе верувајќи дека од него ќе израсне совршената новогодишна елка. Но, наместо тоа, расте неочекувано растение. Како што поминува времето, се создава слатко пријателство помеѓу момчето ...

Синдромот на карпален тунел е најчеста форма на периферна компресивна невропатија, која настанува како последица на притиснат медијален нерв во карпалниот канал на рачниот зглоб. На тоа место, нервот минува низ многу тесен простор, ограничен со ситни зглобни коски, тетиви, фиброзни и ригидни карпални лигаменти. Најчесто пациентите со компресија/вклештен медијален нерв ги пројавуваат следните симптими: трнење, жарење, пецкање и болка во палецот, ...

Ким Катрал старее грациозно. 67-годишната актерка, позната по улогата на Саманта Џонс во „Сексот и градот“, зрачеше со суптилен сексапил на настан во Лондон. На доделувањето на наградите „Women of the Year“ од списанието Harper’s Bazaar, телевизиската ѕвезда пристигна со својот 53-годишен партнер Расел Томас. Ким носеше впечатлив краток фустан од Balmain. Ким и Расел се запознаа во 2016 година и оттогаш се во љубовна врска. Види повеќе » ...

Деновиве осамна една моќна и сплотена женска кампања под слоганот #ПовеќеОдУбава. Кампањата има за цел да ја потсети жената дека може да биде што ќе посака, кога и да посака. Таа е една уникатна, автентична и комплексна приказна која не може да ја дефинира ниту физичкиот изглед, ниту состојбите во кои што се наоѓа, туку начинот на кој што реагира на тие состојби. Авторката Ксенија Николова веќе препознатлива по нејзината транспарентност кога ...

Адријана Лима заблеска на настан во родниот Бразил. 42-годишната манекенка изгледаше атрактивно и заводливо во гламурозна креација на свеченост организирана од Bulgari. Во Сао Пауло се прославуваа 75 години од лансирањето на „Serpenti“ колекцијата на луксузниот бренд. За оваа пригода, убавата Бразилка носеше фустан со висок шлиц и длабоко деколте, а сосем очекувано, нејзиниот стајлинг беше надополнет со накит од Bulgari. Лима беше придружувана ...

Добрината на некои луѓе не познава граници. Наставник несебично ѝ го донираше бубрегот на своја колешка, спасувајќи го нејзиниот живот. Кога Мајкл Дејнман од Њу Џерси дознал дека колешката Лорен Крупи има потреба од бубрег, без многу двоумење одлучил да ѝ го даде „дарот на животот“. „Беше 1 јануари. Сопругот на Лорен ја објави на Facebook целата приказна и напиша дека бараат донор. Ми требаше само еден ден за да размислам за тоа. Во најголемиот ...

Зимата е на повидок, а како што температурите полека паѓаат, време е да ја извадиме зимската облека и да се подновиме со некои парчиња. Ова е одличен период да направите промени во вашата гардероба бидејќи се ближи Black Friday, па ќе можете да ги начекате најдобрите зделки и да се опремите со сите неопходни парчиња облека за сезоната. На овој познат шопинг настан, голем број компании нудат попусти и акции на огромен дел од својот асортиман, па ...

Мајка со текст ги потсетува родителите на убавите страни од животот со мали деца. Меган Лапорта вели дека и покрај тоа што мијалникот ѝ е секогаш полн, а деновите ѝ се преполни со активности, таа е среќна, а срцето ѝ е полно со љубов. Мијалникот е секогаш полн, колку и да се трудам. Без разлика колку време ќе поминам во обиди да го испразнам, без разлика колку збрчкани и мокри ми се рацете во текот на денот... Секогаш, секогаш е полн. Не можам, ...

Додека се шират гласини дека Бредли Купер се состанува со Џиџи Хадид, Ирина Шајк беше фотографирана насмеана со нивната ќеркичка Леа. 37-годишниот модел избра црна комбинација со високи кожни чизми и кожен мантил за излегување во Њујорк со 6-годишното девојче. Двете изгледаа среќно и весело додека се шетаа низ улиците ва Големото јаболко. Ирина ја доби Леа во 2017 година, за време на 4-годишната врска со Бредли Купер. Нивната романса заврши во ...

Флебавен е веноактивен лек од природно потекло, кој успешно се справува со болката во нозете и хроничната венска болест. Сепак, не заборавајте да бидете физички активни, да практикувате вежби за нозете, но и здраво да се храните. „Едвај се движам“, „Уфф... отечени ми се нозеве“, „Како да сум била цела вечерна високи потпетици... многу ме болат нозете“... Ова се само дел од фразите кои се многу често повторувани од голем број на девојки и жени. ...

Катерина Јовановска ќе ве инспирира веднаш да се упатите кон вашата кујна. Битолчанката со вешти раце создава торти и десерти кои се едноставни и брзи за подготовка и рецептите ги споделува на својот YouTube канал. „Kate’s Cooking Diaries” е катче кое таа го создала во јуни 2022 година и до денес има над 70 илјади следбеници. Креативната ентузијастка за готвење вели дека најмногу ужива кога приготвува чизкејк, а инспирација и идеја за рецептите ...

Течење на носот е едно од најчестите проблеми во детството. Кога ќе дојде есента, таа автоматски носи зголемена секреција од носната шуплина. Како ќе почната да жолтеат лисјата на дрвата, така родителите се подготвуваат и се опремуваат со марамчиња и капки за нос. Кои се најчестите причини за течење на носот и како да се ослободиме од него? Што е течење на носот? Растечен нос се карактеризира со секреција на слуз од носната шуплина. Постојат ...

Маж им помага на тинејџерите да си ги подобрат односите со мајките и да започнат повеќе да ги слушаат нивните совети. Џордан Тома е успешен на социјалните мрежи и постојано одржува мотивациски говори во училишта со цел да им ја зголеми самодовербата на децата кои поминуваат низ чувствителен период од животот, како и да им го зајакне односот со родителите. Како личност со дислексија и АДХД (дефицит на внимание), 34-годишниот татко на две деца ...

„На светот му требаат повеќе Дедо Мразовци, а секој од нас може да биде Дедо Мраз“ – е пораката на празничната кампања на Coca-Cola. Рекламното видео покажува свет полн со Дедо Мразовци кои постојано сИ помагаат еден со друг. Нивниот свет полн со љубезност симболира дека секој од нас со правењето на добри дела придонесува да живееме во подобра и посреќна околина. Разбудете го празничниот дух, бидете дарежливи и помагајте си меѓусебно. Види ...

Серена Вилијамс беше дел од славните гостинки на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). 42-годишната поранешна тенисерка, која се породи пред 3 месеци, привлекуваше погледи во невообичаена креација со волуменозни ракави и деколте дизајнирана од Том Браун, претседателот на CFDA. Серена ја прими наградата Модна икона која претходно ја имаат добиено и Наоми Кембел, Зендаја и Бијонсе. „Уште од мало девојче ја ...

Годините не ѝ можат ништо на Деми Мур. 60-годишната актерка ја истакна одличната фигура на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). На манифестацијата, која уште се нарекува и „модни Оскари“, легендарната холивудска ѕвезда носеше тесен сребрен фустан од колекцијата пролет 2024 на Carolina Herrera. На настанот, таа позираше и со креативниот директор на модната куќа Carolina Herrera, Вес Гордон. Види повеќе » ...

Шелби Хофлинг и нејзината баба Патриција имаат навистина специјална врска. 32-годишната девојка вели дека се длабоко поврзани и дека си кажуваат сè, па токму затоа едвај чекала да ѝ соопшти дека е во блажена состојба. Шелби ѝ приготви сладок подарок за да ѝ открие дека бремена, што било нешто за коешто зборувале целиот нејзин живот. „Беше многу специјално што таа беше тука за да го искуси овој момент за кој зборувавме целиот мој живот“ – рекла ...

Еван Елингсон прерано го напушти овој свет. Поранешниот актер, кој уште од мали нозе зачекори во филмската индустрија, бил пронајден мртов во спалната соба од неговиот дом во Калифорнија. Имаше само 35 години. Тажната вест ја потврди неговиот татко Мајкл, кој сподели дека Еван долго време се борел со зависноста од дрога, но дека во изминатиов период состојбата му се подобрувала. Елингсон најмногу се прослави со филмот „My Sister’s Keeper“, во ...

Мерјем Узерли го поддржа својот колега Арас Булут Ијнемли на премиерата на неговиот филм во Лос Анџелес. Турската актерка, позната по улогата на Хурем Султан, присуствуваше на прикажувањето на филмскиот проект на Арас со кого глумеа заедно во серијата „Величествениот“. На црвениот тепих, Узерли зачекори во гламурозна креација со црна основа од брендот Nour Fathallah. За следата вечер од настанот посветен на турските филмски уметници, Мерјем ...

Кортни Кардашијан се породи. 44-годишната риалити ѕвезда и нејзиниот сопруг Тревис Баркер му посакаа добредојде на нивното прво заедничко дете. Славниот пар доби синче, а среќната вест беше потврдена од нивни блиски личности. Според анонимен извор за People, Кортни е пресреќна што го има во рацете своето четврто чедо. Во последниот триместар од нејзината бременост, направена беше итна операција на фетусот за да се спаси животот на бебенцето. ...

Синоќа, Музејот на уметност на Лос Анџелес (LACMA) беше домаќин на гала-вечер посветена на артистката Џуди Бака и режисерот Дејвид Финчер, организирана во соработка со Гучи. На најновото издание на свеченоста присуствуваа многу холивудски личности, меѓу кои и Џенифер Лопез и Бен Афлек. 54-годишната актерка и 51-годишниот актер изгледаа среќно и заљубено додека си разменуваа погледи пред насобраните фоторепортери. И двајцата носеа креации од ...

Милош Биковиќ ѝ предложил брак на Ивана Малиќ, а среќната девојка веќе не го крие прстенот. Популарниот актер и атрактивната правничка се вериле пред неколку месеци. Во кратка изјава за српскиот „Блиц“, тој рекол: „Да, вистина е. Се веривме уште во летото“. Убавата Црногорка го покажа свршеничкиот прстен на неколку Instagram фотографии од кои се гледа дека е во понапредна бременост. Славната двојка го очекува првото дете. Според српските ...

Видео ги покажува последиците од Алцхајмеровата болест. Во него, Бети разговара со себе додека се гледа во огледало, не можејќи да се препознае. Таа му кажува на нејзиниот син дека ја познава жената која ја гледа, но не може да се сети на нејзиното име. @joshpet Betty is in the late stages of Alzheimer’s and doesnt recognize herself. #ENDALZ #alzheimers #alzheimersawareness #alzheimersdisease #alzheimer #dementia #alzheimersassociation ♬ ...

Се сеќавате на Емили Волтам од „Friends“? Станува збор за сопругата на Рос од Англија, која сигурно ќе ја паметите по скандалот на нивната свадба. Во таа сцена, додека ги разменуваа брачните завети, Рос наместо нејзиното име, го кажа името на Рејчел. Актерката Хелен Баксендејл ја одглуми Емили, која се појавува само во четвртата сезона од популарната серија. Деновиве, британската глумица беше фотографирана во Ричмонд додека го шеташе своето ...

Борко Ристовски среќно чекори во петтата деценија од животот. Поранешниот ракометен голман го прослави својот 41-ви роденден во друштво на семејството. Македонскиот спортист сподели фотографии на кои дува свеќички на роденденската торта, а покрај него се неговата сопруга Нина и двете деца Душан и Анастасија. „Мала торта за голема бројка на години. Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и ...

Моника Буске ќе ве инспирира да ги оставите зад себе изговорите и да започнете да тренирате. 61-годишната жена од Бразил постојано ги покажува мускулите на телото кои ги доби во текот на своето 7-годишно фитнес патување со цел да ги охрабри луѓето од постарата генерација да го направат истото. „Имам 61 година и ќе ве мотивирам да бидете здрави“ – пишува таа на својот профил каде споделува совети, вежби и насоки за сите оние коишто се стремат кон ...

Пар од Србија стана Instagram хит со маската за Халовин. Душан Петровиќ и неговата девојка Ема Лукетин ги ископираа свадбените фотографии на Викторија и Дејвид Бекам и привлекоа огромно внимание, па дури и самиот Дејвид го сподели нивниот пост. Заљубената двојка позираше во виолетови креации и во речиси исти пози како славниот пар. „Бакнежи од Пош и Бекс“ – стои во описот на фотографиите. View this post on Instagram A post shared by DUSAN ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1028
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
2.06
59%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.87
59%
1027
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
0.89
78%
1025
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
78%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
66%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1027
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71