Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик присуствуваа на гала вечер посветена на нивната заедничка театарска претстава „Plaza Suite“ во Лондон.
58-годишната актерка шармираше во свечен фустан со долги проѕирни ракави од дизајнерката Џени Пекам додека пристигнуваше на свеченоста со 61-годишниот актер.
Својот стајлинг, ѕвездата од „Сексот и градот“ го комплетираше со блескава чантичка и црни салонки со панделка во задниот дел.





Сара Џесика и Метју имаат три деца: 21-годишниот син Џејмс и 14-годишните близначки Табита и Марион.


